1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

PC не се уклучува ни со ново напојување

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од intromkd, 25 Јуни 2011.

  1. intromkd

    intromkd
    Intern

    67
    11
    20 Јануари 2010
    Не се уклучуваше, воопшто. Не ни почнуваа да вртат кулерите, ни на напојувањето, ни на процесорот. Претпоставив дека е до напојувањето, па купив ново. Го поврзав новото напојување, и пак не сака да се уклучи. Кога ќе го стиснам POWER копчето, кулерот се сецнува (ко да сака да почне да врти), али одма престанува.

    P.S. Диодата на матичната не свети.

    Како да бидам сигурен дека е до матичната, за да не купувам нова за џабе, нели?

    Поздрав.
     
    На UnderMyRules му/ѝ се допаѓа ова.
  2. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,748
    27,426
    4 Септември 2008
    Дали си мењал нешто на компјутерот во скоро време, процесор? кулер за него? термална паста си нанесувал можеби?
     
    1 person likes this.
  3. goaty

    goaty
    Gaining Experience

    363
    189
    5 Февруари 2010
    Најсигурно, сервис, или да ги пробуваш сите делови одделно на друга машина.

    Според тоа што го опишуваш, најверојатно е матичната.
     
    1 person likes this.
  4. gokica

    gokica
    Модератор

    8,550
    10,639
    13 Јуни 2009
    Никако не може да бидеш сигурен се додека не го однесеш на сервис.

    Освен плоча може да е појдена и друга компонента (процесор, рам итн.) па така најдобро решение е сервис и тоа можеби кај тие што ти го продале напојувањето за да пробаш компензација во цената.
     
    1 person likes this.
  5. intromkd

    intromkd
    Intern

    67
    11
    20 Јануари 2010
    Го поврзав новото напојување на друг компјутер, работи како ново.
    Ги пробав CPU, HDD, RAM на друга машина, и тие си работат беспрекорно. Значи до матичната е.
    @psyside не сум менувал ништо, дури ни USB неам ставено во него последниве 3-4 дена.

    Не знам како, ниту кога цркнала матичната. Се си беше во ред, кога утрово, не сака да се уклучи. Но. тоа е што е. Технологија, релативност.

    Сепак, фала на помошта, момци.
     
    На UnderMyRules му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nakolce

    Nakolce
    Gaining Experience

    941
    87
    18 Септември 2009
    Толку ни е стабилна струјава во земјава па има зошто да се чудиш. Многу пати сме мереле и испаѓа 231, 229... Најпаметно ке ти биде да си земеш продужен кабел со осигурувач на него...
     
  7. goaty

    goaty
    Gaining Experience

    363
    189
    5 Февруари 2010
    Ја би земал регулатор на напон. Мојов што го имам (APC) е дополнително и surge protector.
     
  8. Nakolce

    Nakolce
    Gaining Experience

    941
    87
    18 Септември 2009
    До толку мислам дека не мора освен ако не е слаба струјата ептен. Од мојата куќа има 10-15 метри каде што поминува далновод кој иде за солун..... Кај мене струјата е одлична а кај комшијата што му поминува точно врз куќата струјата му е тапа. нон стоп му горат некои уреди...
     
  9. Vlatzki

    Vlatzki
    Gaining Experience

    1,265
    303
    1 Мај 2008
    Види, провери го копчето за палење да не се расипало. :) Направи краток спој на пиновите на матичната таму каде што е поврзано копчето. Ако пак не се уклучува компјутерот, тогаш матичната ти е со сигурност отидена.
     
  10. intromkd

    intromkd
    Intern

    67
    11
    20 Јануари 2010
    Малку подетално околу спојот ако може...
     
  11. Problemo

    Problemo
    Intern

    212
    7
    21 Мај 2011
  12. boro1

    boro1
    Practice makes perfect

    1,636
    1,301
    13 Август 2009
    Машко

    Таму на матичната каде што ги влучуваш работите од frontpanel ( обично се наоѓаат доле, десно на матичната ). Земи штрафцигер и таму каде што го вклучуваш кабелот за копчето за палење допри ги двете железца. Ваљда свати :) ако треба ке ставам слика утре.
     
    1 person likes this.
  13. intromkd

    intromkd
    Intern

    67
    11
    20 Јануари 2010
    Аха, таман работа да не сфатив, електротехничар сум :) Само мислев поопширно да ми објасниш за да не напраам некоја фрка :) Ај, уште тоа ми остана да пробам :D

    EDIT: Ништо, не сака да чуе за уклучување :D Нова матична it is.

    Фала на помошта, советите.

    Тоа беше првото нешто што го направив, тогаш не помислував дека НАПОЈУВАЊЕТО може да е рикнато, не па матичната. Но, еве сме сега. :) Поздрав
     
  14. boro1

    boro1
    Practice makes perfect

    1,636
    1,301
    13 Август 2009
    Машко
    А за каква матична се работи? Ако можеш убаво и детално сликај ја за да видаме дали има некои оштетувања. ( Подувани кондензатори и сл. , ама чим си електротехничар можеш и сам да видеш :)) )
     
  15. intromkd

    intromkd
    Intern

    67
    11
    20 Јануари 2010
    DDR2 @ 800MHz, Socket 775, 1333 FSB. Немаше ништо оштетено (јас не забележав ништо).
    New motherboard solved the problem!

    Фала на поддршка момци, поздрав.
     
  16. maci

    maci
    On your way to fame

    2,888
    649
    2 Април 2008
    и сега старото или новото напајање ќе го продаваш ли? што напајање зема и од каде?
     
  17. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,601
    5,175
    20 Април 2007
    Машко
    Каква врска има далноводот со струјата во целава приказна? :isplashen:
     
  18. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,748
    27,426
    4 Септември 2008
    :LOL::LOL:
     
  19. maci

    maci
    On your way to fame

    2,888
    649
    2 Април 2008
    па може наколче мислел дека над куќата на intromkd поминува далновод :) и затоа му се сјебала матичната:p
     
  20. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,603
    3,536
    11 Декември 2008
    Машко
    Нели има некои зрачења под далноводите кај што поминуваат? Знам по телевизија сум гледал многу емисии кајшто луѓе што живеат под далновод имаат големи здравствени проблеми а и растенијата не фиреат, се сушат итн.
     
  21. intromkd

    intromkd
    Intern

    67
    11
    20 Јануари 2010
    Да, го продавам старото... DELUX ATX-450W... Цена 400 денари.
     
  22. Soft

    Soft
    Баниран/a

    243
    27
    21 Јули 2011
    A ja prodavas rasipanata ploca?
    Ako ne ti treba bi ja zemal za 150 denari.
     
  23. intromkd

    intromkd
    Intern

    67
    11
    20 Јануари 2010
    Ќе ти ја шитнам, и неа и процесорот ако сакаш - Intel Celeron D347 SL9KN (512K Cache, 3.06 GHz, 533 MHz FSB)

    Матичната 150 ден
    Процесорот 800 den


    одговара?
     
    На UnderMyRules му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...