1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

PC Engines платформа

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од xenon, 22 Септември 2015.

  1. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,520
    15 Јануари 2011
    Машко
    PC Engines (http://www.pcengines.ch/) има интересна платформа базирана на dual core AMD Geode T40E процесор, 4GB DDR3 и 3 мини PCI-e слота. За тие што не знаат, овој производител кој работи најчесто наголемо, креира матични плочи за wireless рутери и други индустриски апликации. За разлика од Микротик, немаат сопствен софтвер па затоа користите разноразни UNIX-оди (freebsd, tinylinux итн.) со PFSense.

    Од лани имаат доста интересно моделче:
    PC Engines APU.1d4
    http://www.pcengines.ch/apu1d4.htm

    • CPU: AMD G series T40E, 1 GHz dual Bobcat core with 64 bit support, 32K data + 32K instruction + 512K L2 cache per core
    • DRAM: 2 or 4 GB DDR3-1066 DRAM
    • Storage: Boot from SD card (connected through USB), external USB or m-SATA SSD. 1 SATA + power connector.
    • 12V DC, about 6 to 12W depending on CPU load. Jack = 2.5 mm, center positive
    • Connectivity: 3 Gigabit Ethernet channels (Realtek RTL8111E)
    • I/O: DB9 serial port, 2 USB external + 2 internal, three front panel LEDs, pushbutton
    • Expansion: 2 miniPCI express (one with SIM socket), LPC bus, GPIO header, I2C bus, COM2 (3.3V RXD / TXD)
    • Board size: 6 x 6" (152.4 x 152.4 mm) - same as ALIX.2D13 and WRAP.1E
    • Firmware: CoreBoot (please contact support@pcengines.ch for source code if desired).
    • Cooling: Conductive cooling from the CPU and south bridge to the enclosure using a 3 mm alu heat spreader (included).

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Цена на уредот т.е.
    + Матична плоча
    + Куќиште
    + 12в адаптер
    + 16gb MLC SSD
    + каблиња
    + испорака до Скопје со R***CH
    e околу $190.

    На оваа цена треба да додадете 1 до 3 радија, конектори и антени (во зависност нови или половни тип и модел цената е од 8 долари па нагоре по радио).

    Maшинчево има доста моќен хардвер (за споредба, Routerboard плочите на Mikrotik се со 800mhz single core процесори и 256мб рам).

    Сепак не е се во хардверот. Микротик има цел еко систем, одлична поддршка, тотална платформска интеграција итн.
     
    IgorB, Necromancer и на HardCorec им се допаѓа ова.
  2. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,139
    4,353
    4 ноември 2013
    Машко
    Интересно парче хардвер, баш ме интересира како би се понашало на поголема опретеност, во смисла на стабилност.
     
  3. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,520
    15 Јануари 2011
    Машко
    Не сум читкарал стабилност но претходникот на оваа платформа (Alix) по форуми викаат дека е 20% побрз од RB433AH и 30% побрз од RB600A.
    Условна нестабилност би била заради прегревање па така посериозно ладење не е на одмет.


     
    На HardCorec му/ѝ се допаѓа ова.
  4. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,969
    25,197
    4 Септември 2008
    Се ова е тотален оверкил, освем ако немаш едно 10+ уреда дома, (и тоа модерни AC/5Ghz итн) и имаш гигабитен интернет. За нашите просечни пакети, 20-100 мегабита, ништо од ова не е потребно, мераклија сум и јас знаеш, али много је куме :D
     
    На Necromancer му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,185
    3,480
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    За на работа од пред неколку месеци земав Ubiquiti UAP-LR и сум доста задоволен, како од домет така и од стабилност. Цената преку Овернет беше околу 15.000 денари, или тука некаде, за 3 уреда. Искрено, за домашна употреба, а земајќи го предвид и погоре кажаното од @psyside, мислам дека е сосема доволно со нашите брзини на нет.

    Плус изгледа и доста културно.

    [​IMG]
     
    На HardCorec му/ѝ се допаѓа ова.
  6. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,139
    4,353
    4 ноември 2013
    Машко
    Јас не се сложувам со тоа дека ова е оверкил... јас не сум некој голем љубител на PC-а, доволно ми е Winbox да имам на него и нешто онака сурфање, попрво би купил некој уред за да се играм со него по дома отколку да играм некој игрица (океееееј играм, маме32).
    Рутерот кој што го користам дома ме фати околу 310 долари или 278 евра (склопуван дел по дел) и искрено воопшто не ми е криво што сум ги дал тие пари за рутер а не за PC.
     
    prichina, xenon и на Necromancer им се допаѓа ова.
  7. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,185
    3,480
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Се е тоа супер, ќејфот тебе ти е тоа, некому нешто друго.

    Генерално, луѓево купуваат рутери од околу 1.000 денари и им е топ. „Ние“ малку поначитаните, ќе дадеме нешто плус (лично до 100 евра) за да биде сепак подобро од она најевтиното и најосновното, претпоставувам со Псај на истото мислевме.
     
    На psyside и HardCorec им се допаѓа ова.
  8. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,139
    4,353
    4 ноември 2013
    Машко
    Тоа ми беше зборот, Псај вели оверкил за ова а јас мислам дека оверкил е некој PC од 1000 евра :)
    1000 евра...колку микротик уреди има во тие пари :D
     
    moongose, xenon и на Necromancer им се допаѓа ова.
  9. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,520
    15 Јануари 2011
    Машко
    Мрежната опрема, посебно безжичната има особен шмек. За разлика од компјутер или телефон, каде си врзан на еден терминал, тука одиш веќе има елементи од просторна димензија, пропагирање на радио бранови, анализирање пречки, трансмисија, шум. И ништо од тоа не се гледа но мерливо е и каде/каде понаградувачки искуство него клокање бајати интелови чипови (процесорите се супер но клокањето последниве 5 е тиња).

    Исто и со механика и роботика, нешто што зема посебен замав последно време со платформите како Arduino, Raspberry и сл.
     
    На HardCorec му/ѝ се допаѓа ова.
  10. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,969
    25,197
    4 Септември 2008
    Со една разлика што оверклок перформансите прават разлика во игри, а и во доста програми. Додека ти со 1W сигнал или колку и да е ќе добиеш некоја минорна разлика затоа што веќе имаш одличен рутер.

    Јас преку 3 ѕида вадам 50 мегабита данлоад со WDR 3600@5Ghz, (смешка од продукт споредено со овие набројани во темата) што како за мобилен уред генерално се доволни и повеќе од тоа. И се додека не земеш гигабитен нет од Телеком, според мене нема голем бенефит, ама ќеифот нема цена па затоа подобро да си ќутам :D
     
    Последна промена: 23 Септември 2015
    На HardCorec му/ѝ се допаѓа ова.
  11. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,139
    4,353
    4 ноември 2013
    Машко
    Мене па не ми вреди тоа што се вадат незнам колку фрејма во игра, мене и онака интегрираната графичка на PC-то ми е многу повеке од доволна за маме32 :D, али затоа се играм со Dude и еден тон работи во микротикот... додека не го искусиш овај свет во кој што јас моментално се шетам џабе прајме муабет :)
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  12. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,969
    25,197
    4 Септември 2008
    Другар, проблемот е што за оваа опрема треба и соодветен нет, не викам јас ништо лошо за овие рутери, и јас за малце ќе земев еден од нив не така одамна (од оваа класа де) ама што кога не планирам да плаќам 120 евра на месец за нет.....генерално во сите соби имам некој минимум од 50-на мегабита, и добар сигнал. Е сега дали за 200 евра ми се исплати да добијам (потенцијално) 100 мегабита?
     
    На HardCorec му/ѝ се допаѓа ова.
  13. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,139
    4,353
    4 ноември 2013
    Машко
    Не не друже :) и јас немам 100 мега интернет, имам скромни 5 и сосема се доволно, мене ме влечи оваа технлогија, има што да се чепка и учи низ овие рутери, ако не ме интересираше ова нешто и ако ми беше рутерот само да го земам и да го оставам на биро и јас немаше да купам...xenon најдобро кажа:

    "има елементи од просторна димензија, пропагирање на радио бранови, анализирање пречки, трансмисија, шум. И ништо од тоа не се гледа но мерливо е и каде/каде понаградувачки искуство"
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...