1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

“Пази радар“ – апликација која ќе ве предупреди на радарска контрола

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од tomi, 9 Мај 2012.

  1. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,340
    2,939
    4 Септември 2008
    Сабајлево ја тестирав:

    1. Незнам дали е до GPS-от и колку моментално има „закачено“ сателити или до самата апликација, али воопшто не е прецизна. Ставено 400 метри известување, поминуваш до камерите, а на апликацијата покажува дека има уште 800 метри до тие камери. Додека почнало да се намалува метражата ти се оддалечуваш и во еден момент почнува да се зголемува, што во принцип тие 400 метри-пред-известување воопшто и не си ги достигнал, утка од 400 метри минимум. Ќе пробам пак покасно да видам како ќе биде, но прво ќе го уклучам GPS на отворено за да фати повеќе сателити па да видиме дали така ќе се подобри прецизноста во самата апликација.

    2. Веќе ако го прават како што требало да направат предвидување по која рута се движиш, а не ти покажува 5 км. до камерите во Арачиново, 6 км. до камерите во Драчево, 5 км. до Автокоманда итн. Значи во радиус од 15 км сите можни камери ми ги прикажува во апликацијата и само повеќе те буни листата со локации.

    3. Нема звучно известување кога доаѓаш до некоја камера/радар, треба како будала да се ѕвериш во мобилниот... Каде е тука сигурноста при возење??

    4. Интерфејсот е за никаде, требале да се потрудат наместо да биде се во каки боја.

    Добра замисла, сега за сега лошо изведена. Апликацијава не е дојдена ни до верзија 1, пре би рекол бета, ако ја унапредат во иднина има потенцијал.
     
    На Kajsibebraat му/ѝ се допаѓа ова.
  2. zorandesign

    zorandesign
    Баниран/a

    1,618
    672
    6 Јуни 2007
    Dobro e sto nekoj od forumov ja testira.
    Nikade vo svetot vo prodazba ne se pojavuva aplikacija koja ne e vo finalna forma, odnosno ne se otstranat site greski, nedostatoci i slicno. Kaj nas od druga strana, ako ne gresam, ministerstvoto ja plati taa aplikacija pa duri i ja implementira iako ne e zavrsena i e nefukncionalna. Ako ova ne e perenje na pari togas sto e. :ua:
     
  3. shooter

    shooter
    Gaining Experience

    516
    312
    2 Март 2010
    Машко
    Мене ме исфрла од програм, не можам ни да ја уклучам (LG GT540 Andorid 2.3.3).
     
  4. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,826
    6,399
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Возев Центар - Ѓорче, батерија од 90% на 25%. Незнам што прави апликацијава ама нешто не е во ред. Исто и не ми дава делови од мапата.
     
  5. Fearless

    Fearless
    Gaining Experience

    748
    179
    22 Јули 2009
    Машко
    На ајфон проба некој?
     
  6. JimmyHoFFa

    JimmyHoFFa
    Gaining Experience

    273
    180
    6 Март 2012
    Машко
    а да си возите полека без смарт телефони и други тракатанци :geek:
     
  7. Fearless

    Fearless
    Gaining Experience

    748
    179
    22 Јули 2009
    Машко
    Абе апликацијава колку да се случува нешто :)
     
  8. lamja

    lamja
    Gaining Experience

    424
    181
    1 oктомври 2008
    Машко
    ja ima li za ajfon sea? daj link jas ke probam
     
  9. Fearless

    Fearless
    Gaining Experience

    748
    179
    22 Јули 2009
    Машко
    Ако имав линк јас ќе пробав :)
     
  10. gsarievski

    gsarievski
    Баниран/a

    105
    18
    13 ноември 2010
    Чекај бе па ти!:D За 5000 евра сакаш финална форма.За до финална треба уште 5 пати по 5000 евра:D
     
  11. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,340
    2,939
    4 Септември 2008
    Јас ја тестирав скоро саат време сабајлево, повеќе од 10% батерија не се потроши. Инаку тоа со мапата и кај мене не го прикажува, прво помислив да не треба да има уклучено интернет поради тоа што користи Google maps, али ни со GPS и интернет истовремено мапата не се лоадираше.

    Инаку дефинитивно апликацијава не е прецизна и не би се ослонувал на нејзе, има промашај од 400 до 600 метри за било која локација, што не е малце. Најверојатно кога ја програмирале и ги внесувале локациите ги внесувале по некоја си од МВР листа, улица таа и таа локација на почетокот од улицата, колку метри на почетокот или крајот мање битно. Сумљам дека некој испаднал и точно со координати на лице место ги обележал местата, за прецизно лоцирање.

    А да ќе заборавев има уште еден можен баг, поставуваш да те известува на 400 метри пред камерата или радарот, откако ќе ја исклучиш и кога ќе ја уклучиш повторно подесувањата за известување се на 300 метри. Пак стави 400 и пак се враќа на 300, или сакаат они да те поебат на тој начин, или е баг.
     
  12. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,826
    6,399
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Да не е до програмот што ми отишла батеријата, сум заборавил torrent-от да го исклучам хаха.
     
  13. deki1

    deki1
    Gaining Experience

    160
    57
    20 Јули 2011
    и јас ја пробав да ви кажам според мене најкорисно од таа апликација е да си испечатиш мапа на скопје со места каде има радари и да си знаеш, ова вака како што функционира е глупост жива
     
    На mariomako му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...