1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

“Пази радар“ – апликација која ќе ве предупреди на радарска контрола

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од tomi, 9 Мај 2012.

  1. tomi

    tomi
    Guru

    9,867
    9,111
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    На самиот почеток морам да истакнам дека во изминативе неколку години навистина бројни се активностите на Министерството за внатрешни работи во областа на сообраќајот и тоа без исклучок во сите негови сегменти, почнувајќи од нормативите, нивното спроведување, па се до мноштвото проекти и активности во делот на превенцијата, а сето тоа само заради една единствена цел – безбеден и квалитетен сообраќај по патиштата на територијата на Република Македонија. И оваа денешна презентација, којашто е плод на нашата тесна соработка со колегите од Министерството за информатичко општество и администрација, на апликацијата наменета за сите граѓани корисници на т.н. паметни телефони, именувана како “Пази Радар“, всушност претставува уште една потврда на мојата претходна констатација. Но ќе додадам дека таа е и аргумент плус во практиката на Министерството за внатрешни работи во насока - не само да ги казнуваме возачите, прекршители на сообраќајните правила и прописи, туку пред се да ги предупредиме, односно спречиме во прекршувањето на сообраќајните норми.
    [​IMG]

    [​IMG]


    Убедени сме дека со овој нов потег што го превземаме, преку промовирањето на апликацијата “Пази Радар“, ќе имаме дополнителни и значајни превентивни резултати. Впрочем, министерството за внатрешни работи, кога станува збор за овој дел од сообраќајната проблематика, уште во средината на минатата година јавно, преку официјалната веб страница на министерството, ги посочи сите радарски контролини точки на организационите единици задолжени за безбедноста на патниот сообраќај. А се работи за над двесте можни локации за сообраќајна радарска контрола како во урбаните така и надвор од урбаните средини, информација којашто и ден денес е достапна за сите граѓани на веб страницата на МВР.
    Овојпат со понудената апликација одиме за чекор понатаму и преку понепосредно информирање на граѓаните им нудиме можност да им биде укажано или ако сакате – да бидат благовремено предупредени во почитувањето на сообраќајните прописи. Така, не само што ќе се избегнат евентуалните казни, туку се спречува можноста од возење со брзини над дозволените, што пак за сите нас е од исклучителна важност, особено ако имаме предвид дека неприлагодените брзини на условите на патиштата се во самиот врв на причинители на сообраќајните несреќи во кои за жал добар дел имаат и трагичен епилог. Дури, бенефитите можеме да ги очекуваме не само во поголемата безбедност на патиштата, или во подоследната примена на законските прописи, туку индиректно, и во сферата на подобрување на сообраќајната култура на учесниците во сообраќајот.
    Токму затоа сметам дека оваа нова алатка, наменета за граѓаните, што денес се презентира овде во МВР, и тоа како ќе го најде своето практично место во сообраќајот и ќе има свој конретен придонес во генералното подобрување на состојбите во безбедноста на сообраќајот

    Превземено од МВР - www.mvr.gov.mk
     
  2. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,334
    5,245
    24 Март 2009
    Машко
    Интересна импликација :)
     
    На ARMac му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,255
    24,071
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Земал некој 5-6к евра гајле му е. ;)
     
  4. IntelAmd

    IntelAmd
    Gaining Experience

    740
    197
    18 Јануари 2012
    Ај тука малце офтопик прашање, кога пример на вас би дале да ја правите оваа апликација, колку време би ја правеле отприлика, онака грубо "истрескајте" колку пари би барале ?
     
  5. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,255
    24,071
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Па ако го правиш за државни потреби колку повеќе ќе можеш да извлечеш толку подобро.А ако го правиш за клиент не би требало да иде повеќе од 300-350е Мое мислење.
     
    На LaLi и IntelAmd им се допаѓа ова.
  6. fuUuUzZzZy

    fuUuUzZzZy
    Mr. Sensei

    4,828
    811
    14 Декември 2007
    Машко
    ^ Лично зависи од договорот.

    Доколку се договорам да работам временски, односно да бидам платен на дневница/неделна плата или како и да е, 3+ месеци.

    Доколку се договорам за фиксна цена на финален производ, тогаш недела/две во зависност од комплесноста кога ќе навлезам. Во превод би работел по некој си 8 саата на ден, а сумата би била неколку илјади евра (со оглед на тоа што се државни пари).
     
  7. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,500
    3,404
    11 Декември 2008
    Машко
    Колку што разбрав ќе работи само на паметни телефони.

    Тие што имаат паметни телефони, имаат и подлабок џеб и не им проблем да платат казна, нека ја направат апликацијата да праќа известување по SMS порака на најобични телефони, за да не плаќаат само сиромасите :D
     
    На RagingDemon му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,589
    5,109
    20 Април 2007
    Машко
    Јас ова го гледам како глупост на министерството :)
    Прво поставувам радари, па правам апликација...
    Свашта...
    Исто као у стилу, правиш вирус и потоа правиш анти вирус...
    Или онаа шемана на Сашко Коцев :


    View: http://www.youtube.com/watch?v=GORlvBOkevM
     
    * ILE *, olikomerc и на RagingDemon им се допаѓа ова.
  9. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,820
    24,934
    4 Септември 2008
    Kаква глупост е ова неможам да поверувам, што е работата, договор со Apple? со неколку производители на мобилни? што е поентата да им дадеш шанса на тие што возат на лудачки начин да останат неказнети?
     
    olikomerc, Kajsibebraat и на RagingDemon им се допаѓа ова.
  10. AlexanderMK

    AlexanderMK
    Practice makes perfect

    1,144
    1,787
    19 Мај 2011
    Машко
    ЈАс мислам малце поинаку :) за да ја користиш ќе ти треба 3Г 100% + се разбира ќе видат и кој број е внатре (мн полесно да те фатат ако ја летнеш на семафор дур ти е упалена апликацијата) :innocent: ... Да не излезе ова на крај да плескаат полесно казни :D
     
  11. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,334
    5,245
    24 Март 2009
    Машко
    Импликацијата ке покажува дека на секои 100 метри има радар и ке мора да возиш полека :)
     
  12. tomi

    tomi
    Guru

    9,867
    9,111
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Najak e sasko kocev toa e toa :)
     
    На Kajsibebraat му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,340
    2,937
    4 Септември 2008
    Европската регулатива налага сите контролни радарски места или камери да бидат видно означени. Значи не е целта да се скрие некој цајкан позади дрво и да те чека по секоја цена за да те казни, туку свесно да знаеш каде се тие контроли, да ја намалиш брзината и да возиш безбедно.

    Тоа е целата замисла на ова, исто се планира по патиштава наши да се направат контролни пунктови каде видно ќе бидат означени местата и полицијата само таму ќе стои. Значи ќе знаеш дека има полиција и радарска контрола на таа делница од патот.
     
    На deki1 и psyside им се допаѓа ова.
  14. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,820
    24,934
    4 Септември 2008
    Е тоа е веќе друго, ако е по стандард кој се преферира низ светот тогаш ок, не го знаев ова, фала ти.
     
  15. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,827
    5,008
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Добар начин за зработка на пари, оваа ќе биде задолжителна апликација да се купи така? :)

    btw, разбравте дека ќе ставаат златни коњи во жена парк? :D
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  16. zorandesign

    zorandesign
    Баниран/a

    1,618
    672
    6 Јуни 2007
    Ајмо перење пари, расфрлање со народни пари изволте!
     
    На RagingDemon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,255
    24,071
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Во тој случај мора да се означат и камерите на семафорите,немонекој да те снима без народот да биде информиран за тоа.
     
  18. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,340
    2,937
    4 Септември 2008
    Ќе ги означат, затоа на некој начин е и оваа апликација, ако сакаа да ги скријат немаше ни да ја направат.

    Инаку ова истото важи и за јавни објекти и фирми, доколку има видео надзор во објектите, на влезот мора да се постави знак дека тој објект е под видео надзор.
     
  19. lamja

    lamja
    Gaining Experience

    424
    181
    1 oктомври 2008
    Машко
    i dobro sea moze da se simne aplikacijava ili uste ne e pustena?
     
  20. Fearless

    Fearless
    Gaining Experience

    748
    179
    22 Јули 2009
    Машко
    Ovaa jas uste ne ja najdov, ali zatoa ja koristam Trapster. Na nea obelezani se poveketo kameri a moze i samite da prijavuvame ako gi nema nekoi obelezano na mapata
     
  21. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,825
    6,393
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Ни фали само едно гооооолемо магаре (ова нека биде сербрено. Немаме сребро ич) на кровот на МРТВ да не гледа од горе и да ни се смее.

    Имаме златни коњи во жена парк, камери, бронзени лавови, војници, фаланга бре еееееј. Абе све си имаме.

     
  22. Fearless

    Fearless
    Gaining Experience

    748
    179
    22 Јули 2009
    Машко
    Мозок немаме
     
  23. mariomako

    mariomako
    Гостин

    Достапна е апликацијата за инсталирање?
     
  24. AlexanderMK

    AlexanderMK
    Practice makes perfect

    1,144
    1,787
    19 Мај 2011
    Машко
  25. Fearless

    Fearless
    Gaining Experience

    748
    179
    22 Јули 2009
    Машко
    На apple market изгледа ја нема уште... или јас неможам да ја најдам :S
     

Сподели

Вчитување...