• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

PayPal - Ултимативна тема за совети, упатства и општа дискусија

  • Ја почнал/а темата
  • #1

FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,607
14,615
Откако официјално дојде во Македонија редно е да се отвори ваква тема каде што ќе се одвива здрава дискусија во врска со PayPal.
Сите кои имаат потешкотии или им треба совет треба да се обратат овдека.
 

lynx

Unstoppable
4 септември 2008
3,531
3,285
Еве јас ќе пишам неколку Q&A.

1. Колку пари треба да имам на мојата сметка/картичка за можам да го верификувам PayPal акаунтот?
- На вашата сметка треба да имате сума од минимум 2 долари односно денари во противредност на долари.

2. Што откако PayPal ќе ми ги повлече парите за верификација?
- Откако парите успешно ќе бидат повлечени зависно од банката или начинот на кој ги проверувате извештаите (на хартија, електронски, прекус смс) на вашиот извод ќе ја пишува повлечената сума и од кого е повлечена (процедурата може некогаш да трае до 2-3 дена). Во извештајот каде пишува од кого е повлечена сумата ќе содржи 4 цифри кои треба да ги внесете на вашиот PayPal акаунт за да истиот биде верификуван.

3. Што со парите кои PayPal ми ги повлече за верификација?
- Парите ќе ви бидат ставени на PayPal онлајн сметката (значи нема да бидат вратени на Македонската сметка) и истите ќе можете да ги потрошите понатаму.

4. Преку која банка можам да имам сметка и картичка за да можам да користам PayPal?
- Во теорија сите банки треба да се поддржани што издаваат меѓународно поддржани кредитни/дебитни картички кои може да се користат за онлајн купување или трансакции во странство. За сигурно каква картичка ќе добиете и дали истата може да се користи за онлајн купување консултирајте се во вашата банка.

5
. Како функционира PayPal?
- PayPal е еден вид посредник помеѓу вас и трето лице (продавач, примач на пари). Пример кога сакате да купите нешто доволно е да имате пари на вашата сметка/картичка и со внесување на вашите PayPal податоци системот автоматски ќе ги повлече парите и ќе ја процесира трансакцијата.

6. Дали треба да ја надополнам PayPal сметката за да купувам?
- Не, не' треба такво нешто затоа што не функционира така. Доволно е да имате пари на вашата сметка и истите ќе бидат повлечени пари од страна на PayPal кои нема да се чуваат како кредит туку одма ќе се направи трансакција.
 
Последна промена:

temelk4

Gaining Experience
19 август 2013
196
104
Од која банка е најдобро и најлесно да се следи сметката преку интернет? Ваши искусвта ако имате. :)
 

lynx

Unstoppable
4 септември 2008
3,531
3,285
Од која банка е најдобро и најлесно да се следи сметката преку интернет? Ваши искусвта ако имате. :)
Од лично искуство Тутунска, онлајн системот им функционира таман. При самата транскација во рок од неколку секунди се добива СМС порака дали е направена успешно или неуспешно и кој ги повлекол парите (вака одма може да се добие код за верификација), а на онлајн извештајот одма може да се видат колку средства (денарски) се резервирани.

Инаку е-банкингот на Стопанка и Комерцијална е исто така добар така да истите услуги ќе ги добиеш и преку нив (само не сум сигурен прекув нив за смс известувањето како оди).

За другите банки незнам.
 

Gucci

On your way to fame
5 јули 2011
858
751
Ако некој го интересира, моментално на јади бурек е министерот за информатика.
 

kjosmofon

Баниран/a
7 октомври 2011
3,740
5,631
skopje
k2laptop.mk
Ако некој го интересира, моментално на јади бурек е министерот за информатика.
Фала за инфо да не уклучам по грешка, мада за сител ми треба пин за да го уклучам
 

tomi

Guru
16 април 2007
9,833
8,979
Скопје
Мислам дека е насловот на темата е убав и мислам дека е треба да ја ставам стики :)
 

lynx

Unstoppable
4 септември 2008
3,531
3,285
7. Како оди плаќањето ако сметката ми е денарска, а купувам преку PayPal во долари, евра, јуани итн.?
- При трансакција се прави конверзија од денари во валутата во која купувате по дневниот среден курс на Народна Банка.

Пример сакате да купите нешто во вредност од 23$, средниот курс на денот на купувањето е 44,57 денари што значи за да купувањето биде успешно на вашата сметка мора да имате минимум од 1025 денари.

8. Дали се наплаќа провизија за PayPal сметката или не?
- При купување PayPal не ви наплаќа провизија и исто така нема месечна провизија за одржување на акаунтот. Може да имате само месечна провизија за одржување на вашата трансакциска сметка во нашите банки.

9. Кој ги плаќа провизиите на PayPal?
- Провизиите ги плаќаат продавачите, значи во нашата ситуација ова не ве интересира затоа што можете да имате само акаунт како купувач.

Инаку провизија може да плати и испраќач на пари само доколку пушта директно пари на нечиј друг PayPal акаунт. Зависно од типот на транскација пред испраќањето на пари се одлучува кој ги подмирува провизиите.
 
Последна промена:

kjosmofon

Баниран/a
7 октомври 2011
3,740
5,631
skopje
k2laptop.mk
До сите кoи мислат да направат МАЈМУНЛОК на paypal
НЕМОЈТЕ!!!
Имаат договори со агенции за наплата, за проневера од 100 долари, комплет трошоци адвокати и сл ке ве кошта околу 2000-3000$ + пријава до јавно обвинителство кај нас, условна или до 1 год затвор па размислете.
 
Последна промена:

stefan_v

On your way to fame
3 мај 2010
1,424
596
macedonius.com
Дополнување:
Што треба да направам доколку имам PayPal сметка од друга држава(Словенија, Хрватска, Бугарија... итн) и сакам да отворам Македонска PayPal сметка?

PayPal го вика ова:
"PayPal allows members to have one Personal account and one Premier or Business account. However, each PayPal account must contain unique email addresses and financial information. You may upgrade your account at any time."

"Although PayPal lets you change your address when you move, you cannot change your address to one in another country, even if PayPal operates in that country. If you move abroad, you have two options. You can close your account and open a new one, or you can have two accounts -- one account in your old country and one in the new one. However, the two accounts must be of different types (premier, personal or business) and must each be linked to a different e-mail address and bank account."

-Со македонскиот PayPal може само да се купува(Personal е), со претпоставка дека досега имавте Premier акаунт(Personal+примање и повлекување пари) од друга држава, тогаш можете да си го задржите стариот акаунт и да си отворите нов доколку примате пари на PayPal. Доколку само купувате тогаш мојот совет е да си го затворите стариот и да си отворите Македонски "легален" акаунт.
Доколку не ви се ризикува тогаш едниот затворете го.
 

Gil Galad

Intern
14 јуни 2014
11
1
Скопје
Од која банка е најдобро и најлесно да се следи сметката преку интернет? Ваши искусвта ако имате. :)
Виза интернет на Стопанска. Со нејзе имам купувано од полно веб страници не прави никаде проблем и е - банкингот е супер, башка дебитна е колку ставиш толку трошиш.
 

ARMac

Орган
2 октомври 2010
7,827
9,257
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
И јас да потврдам дека во рок од 2 секунди се појави трансакцијата за верификација на онлајн системот на Шпаркасе. Никакви проблеми. Земаа колку што кажаа 1,5 евра т.е. 94 денари.

Мене ме интересира дали Маестро картичките работат (под mastercard нормално)
 

Gil Galad

Intern
14 јуни 2014
11
1
Скопје
Треба да работи и со мастер. Јас сум на Стопанска и за верификацијата ми резервирале средства од 1.5 евро и 1долар, други на Стопанска истото ви се направи?
 

stefan_v

On your way to fame
3 мај 2010
1,424
596
macedonius.com
Како што разчитав по интернетов, можно е веќе да не нудат Personal акаунти, ако сте отвориле Македонска сметка најверојатно е Premier. Ако е да, можете да дадете downgrade request на поддршката(а незнам зошто би).
Најверојатно PayPal во иднина ќе дозволи на сите акаунти примање пари, со што би најверојатно побарале повеќе верификации штом Personal го откажуваат.
 

Alucard

Шериф
22 октомври 2012
1,964
1,881
Скопје
Како што разчитав по интернетов, можно е веќе да не нудат Personal акаунти, ако сте отвориле Македонска сметка најверојатно е Premier. Ако е да, можете да дадете downgrade request на поддршката(а незнам зошто би).
Најверојатно PayPal во иднина ќе дозволи на сите акаунти примање пари, со што би најверојатно побарале повеќе верификации штом Personal го откажуваат.

И со Personal account може да се примаат пари, и со доставување на дополнителни информации после надминување на лимитот, истиот се трга...

https://www.paypal.com/mk/cgi-bin/webscr?cmd=xpt/Marketing/general/PayPalAccountTypes-outside
 

Gil Galad

Intern
14 јуни 2014
11
1
Скопје
За нови корисници од последниве два дена не може да се направи персонал акаунт. Пробај еве да направиш кликни сајн ап автоматски те води да пополниш пријава за премиер акаунт.
 

Alucard

Шериф
22 октомври 2012
1,964
1,881
Скопје
За нови корисници од последниве два дена не може да се направи персонал акаунт. Пробај еве да направиш кликни сајн ап автоматски те води да пополниш пријава за премиер акаунт.

Знам тоа, зборам општо за Personal account-ите... Инаку Personal повеќе нема да има, ова ми го кажаа уште пред неколку години, ќе има само Premier и Business, ама ваљда им треба време дур средат све...
 
Последна промена:

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,980
3,345
7. Како оди плаќањето ако сметката ми е денарска, а купувам преку PayPal во долари, евра, јуани итн.?
- При трансакција се прави конверзија од денари во валутата во која купувате по дневниот среден курс на Народна Банка.

Пример сакате да купите нешто во вредност од 23$, средниот курс на денот на купувањето е 44,57 денари што значи за да купувањето биде успешно на вашата сметка мора да имате минимум од 1025 денари.
За ова не сум баш сигурен дека е така. Конверзијата оди по продажниот (највисокиот) курс на банката за менувачко работење, затоа што банката всушност ти продава девизи во за да се изврши трансакцијата. А банката го добива износот веќе конвертиран во евра од платежната асоцијација. Конретно за виза, на овој линк може да се видат курсевите по кои се врши конверзијата од валутата во која.
 

lynx

Unstoppable
4 септември 2008
3,531
3,285
Јок, конверзијата е по средниот курс на банката, а банката секој ден го зима курсот од НБРМ.
 

ivsss

V.I.P
16 февруари 2012
337
670
И при примање на пари од Paypal конверзијата се врши по среден курс.
 

Vampo

Gaining Experience
24 октомври 2010
359
240
И при примање на пари од Paypal конверзијата се врши по среден курс.
Друже грешка си. Кога примаш пари примаш по „куповен“ курс, 100%, пошо ти на банката и „продаваш“ девизи. Баш вчера повлеков пари од PayPal и ми стигнаа парите по куповен курс од 44.7 денари на ХалкБанк.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,062
Мислења
861,339
Членови
29,919
Најнов член
ile009
На врв Дно