• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Payoneer картичка

NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.166
6.169
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 970 EVO Plus 250 GB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
16GB Kingston HyperX FURY DDR4 @ 3200 MHz
Video card
GIGABYTE GeForce GTX 960 4GB Windforce x2 OC Edition
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Genesis Xenon 210
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
Дечки, многу сте забегале со муабетот :)

Мојот коментар дека не смее да се плаќаат сметки беше врз основа на оваа листа:
Oдносно делот кај Financial Services - Bill Payment Services.

Доколку не е точно и некој плаќа сметки со Payoneer картица без последици нека ме побие.
Некој збор плус ?
Грешка си за сметките, колку шо знам. Обична платежна картичка е и секаде можиш да ја користиш (освен ако нема некоја промента). Тоа шо имаше на времето блокирани сметки, најчесто беа луѓе шо плаќале сметки од пејонир сметка, а не со картица. Ако не е така, кажуј, да не се изгорам (иако со месеци плаќам се ко шо треба).
 
TheGamerTeacher

Gaining Experience
9 декември 2016
232
168
Скопје, Ѓорче Петров
www.twitch.tv
Дечки, многу сте забегале со муабетот :)

Мојот коментар дека не смее да се плаќаат сметки беше врз основа на оваа листа:
Oдносно делот кај Financial Services - Bill Payment Services.

Доколку не е точно и некој плаќа сметки со Payoneer картица без последици нека ме побие.
Јас плаќам без никаков проблем веќе 6 месеци. И ги исконтактирав дирекно Пејонир, прикачив и слика погоре од чатот, кај шо потврдија дека нема никакви рестрикции за плаќање со картичката. Листата која ја постираш е за користење на платежниот систем на Пејонир сметките а не важи за платежните картички.
 
mac_mk

Gaining Experience
30 јуни 2017
115
168
Дечки, многу сте забегале со муабетот :)

Мојот коментар дека не смее да се плаќаат сметки беше врз основа на оваа листа:
Oдносно делот кај Financial Services - Bill Payment Services.

Доколку не е точно и некој плаќа сметки со Payoneer картица без последици нека ме побие.
Со години плаќам сметки со пајонир картици, не сум имал никаков проблем до сега.

Sent from my SM-G980F using Tapatalk
 
bugggg

Gaining Experience
21 јуни 2017
60
54
Не е дозволено како македонски резидент да имаш сметка во странска банка, освен извесни исклучоци под одредени околности. Пајонир е картичка од сметка во странство. Ако плаќаш режиски сметки (вода,струја итн.) оставаш трага преку врзување на странската сметка со твои податоци.. име, презиме адреса итн...
Не впуштам воопшто во морални аспекти, ризик од детекција или било какви други аспекти, меѓутоа ова е некој збор плус.
Нема вркса ова секој месец јас им пуштам на УЈП месечни извештаи од пејонир акаунтот за приливи , со години никој ништо не спомнал, само ми праќаат пресметки за плаќање данок... и Payoneer не се рачуна како сметка туку како PayPal нешто, сервис за е-плаќање или нешто слично. Има закон за тоа се си е регулирано.
 
TheGamerTeacher

Gaining Experience
9 декември 2016
232
168
Скопје, Ѓорче Петров
www.twitch.tv
Нема вркса ова секој месец јас им пуштам на УЈП месечни извештаи од пејонир акаунтот за приливи , со години никој ништо не спомнал, само ми праќаат пресметки за плаќање данок... и Payoneer не се рачуна како сметка туку како PayPal нешто, сервис за е-плаќање или нешто слично. Има закон за тоа се си е регулирано.
Сигурен сум дека има башка тема за ова ама, ова значи дека не мора да ги префрлам парите во македонска банка за да платам данок?
 
bugggg

Gaining Experience
21 јуни 2017
60
54
Сигурен сум дека има башка тема за ова ама, ова значи дека не мора да ги префрлам парите во македонска банка за да платам данок?
Не мора да ги префрлиш на МК сметка, по закон мора да ги пријавиш. Јас долги години ги пријавувам директно од пејонир, на ујп сајтот е-пдд им прикачувам месечен извештај и до сега не сум имал проблем никаков.
 
Anungunrama

Gaining Experience
5 февруари 2019
147
142
Дечки, многу сте забегале со муабетот :)

Мојот коментар дека не смее да се плаќаат сметки беше врз основа на оваа листа:
Oдносно делот кај Financial Services - Bill Payment Services.

Доколку не е точно и некој плаќа сметки со Payoneer картица без последици нека ме побие.
Со години плаќам сметки и купувам онлајн со картицата, нема никаков проблем.
 
29 септември 2022
8
0
Нема вркса ова секој месец јас им пуштам на УЈП месечни извештаи од пејонир акаунтот за приливи , со години никој ништо не спомнал, само ми праќаат пресметки за плаќање данок... и Payoneer не се рачуна како сметка туку како PayPal нешто, сервис за е-плаќање или нешто слично. Има закон за тоа се си е регулирано.
Околу пријавување на данок, комплицирана е постапката или лесно оди? Можам да си плаќам со Payoneer картичката данок онлајн?
 
bugggg

Gaining Experience
21 јуни 2017
60
54
Можам да си плаќам со Payoneer картичката данок онлајн?
не може
Околу пријавување на данок, комплицирана е постапката или лесно оди?
прилично едноставно е пребарај го форумов имаше мислам некој guide објавено
 
NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.166
6.169
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 970 EVO Plus 250 GB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
16GB Kingston HyperX FURY DDR4 @ 3200 MHz
Video card
GIGABYTE GeForce GTX 960 4GB Windforce x2 OC Edition
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Genesis Xenon 210
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
Јас објавив еден водич еднаш чекор по чекор ама кој да го најде, негде е закопан низ темиве.
 
Cypher

Gaining Experience
29 јули 2012
241
102
Ако го најде некој може да го ставиме во нова тема, сигурно ќе им се најде на многу
 
causevd

Gaining Experience
4 октомври 2011
472
422
causevd's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7-4790K 4.0GHz Quad-Core Processor
Motherboard
Asus Z97-DELUXE(NFC&WLC) ATX LGA1150 Motherboard
Storage
Western Digital Caviar Blue 1TB 3.5" 7200RPM & Corsair Force LE 240GB 2.5" SSD
PSU
Cooler Master 650W 80+ Gold Certified Fully-Modular ATX Power Supply
RAM
G.Skill Sniper Series 16GB (2 x 8GB) DDR3-2400
Video card
Asus GeForce GTX 980 Ti 6GB STRIX Video Card
Case
Fractal Design Define R5 (White) ATX Mid Tower Case
Mouse
MSI Clutch GM50
Keyboard
G Skill KM570X
Monitor
IIyama G-master GB2488HSU-B3
OS
Windows 10 Pro
Околу пријавување на данок, комплицирана е постапката или лесно оди? Можам да си плаќам со Payoneer картичката данок онлајн?

Пријавување на данок е лесно само неможеш со Payoneer картичката да го платиш данокот.

Јас напишав некаде во темава дека ако работиш како фриленсер преку Upwork или некоја друга страна е најдобро парите да ти стигаат директно тука во банка или можеш од Пејонир да ги повлечиш во банка. Имаш провизија при користење на Пејонир картичката при секоја трансакција, годишна членарина, провизија при вадење од банкомат.

Подобро ти е да ги повлечиш тука во банка, извади си дебитна картичка со која ке можеш да плаќаш онлајн и во сите продавници и да вадиш пари од банкомат без провизија.

Иначе данокот ти е 10%
 
29 септември 2022
8
0
Подобро ти е да ги повлечиш тука во банка, извади си дебитна картичка со која ке можеш да плаќаш онлајн и во сите продавници и да вадиш пари од банкомат без провизија.
Зар нема при секое префрлување на пари од Fiverr, Upwork и слични страни провизија за конверзија во денар; и додатна провизија за префрлање на пари од една (странска) банка во наша доколку не се врши трансакција преку платформа туку самостојно?
 
causevd

Gaining Experience
4 октомври 2011
472
422
causevd's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7-4790K 4.0GHz Quad-Core Processor
Motherboard
Asus Z97-DELUXE(NFC&WLC) ATX LGA1150 Motherboard
Storage
Western Digital Caviar Blue 1TB 3.5" 7200RPM & Corsair Force LE 240GB 2.5" SSD
PSU
Cooler Master 650W 80+ Gold Certified Fully-Modular ATX Power Supply
RAM
G.Skill Sniper Series 16GB (2 x 8GB) DDR3-2400
Video card
Asus GeForce GTX 980 Ti 6GB STRIX Video Card
Case
Fractal Design Define R5 (White) ATX Mid Tower Case
Mouse
MSI Clutch GM50
Keyboard
G Skill KM570X
Monitor
IIyama G-master GB2488HSU-B3
OS
Windows 10 Pro
Зар нема при секое префрлување на пари од Fiverr, Upwork и слични страни провизија за конверзија во денар; и додатна провизија за префрлање на пари од една (странска) банка во наша доколку не се врши трансакција преку платформа туку самостојно?

Имаше на Upwork колку што знам, ако сакаш одма да ти легнат парите на Пејонир тогаш наплаќаа $1 или така нешто а ако сакаш да не го плаќаш тој долар тогаш парите ти легнуваат на Пејонир за некои 2-3 дена.

Иначе имаш лимит да наместиш на колкава вредност да бидеш исплатен на сметка од Upwork, на пример да бидеш платен секој месец, при заработена XXX сума, на 2 недели итн ... Нормално дека нема да вадиш пари во банка при заработени $100 и да плаќаш $20-$30 провизија или колку и да е.

Исто, кога ти стигнуваат пари на сметка во банка ти стигнуваат во таа валута што си платен (на пример долари), НЛБ има мултивалутна сметка така да при пристигнување на долари ти треба да ги конвертираш во денари (нормално ако сакаш да ги трошиш твоите заработени пари). НЛБ при конвертирање од долар во денар не зема провизија.

Најдобро ти е да наместиш секој месец да бидеш платен и да ти стигаат пари во банка одколку да одиш рута Upwork/Fiver -> Payoneer -> Банка.

При стигнување на парите во банка, ке треба да идеш до експозитура и да доставиш документ врз која основа ги примаш парите (ова можеш да го извадиш преку Upwork, незнам како е на Fiverr). Кога ке ти легнат парите на сметка, вадиш извештај од банка за девизниот прилив и одиш на страната на УЈП и го ставаш таму и плаќаш 10%. (За плаќање данок имаш објаснето на темата за е-данок).
 
29 септември 2022
8
0
НЛБ има мултивалутна сметка така да при пристигнување на долари ти треба да ги конвертираш во денари (нормално ако сакаш да ги трошиш твоите заработени пари). НЛБ при конвертирање од долар во денар не зема провизија.
Проверив сега дека и Комерцијална Банка има повеќевалутна сметка, таму земаат провизија при конвертирање?
Патем, ти го читам одговоров и навистина се замислив дали воопшто би ми била потребна Payoneer картица штом има поволни услови и со наша банка да се врши исплаќањето.
 
StefanPetrov

On your way to fame
5 април 2016
301
506
StefanPetrov's setup  
Processor & Cooler
12700F / Arctic Liquid Freezer II 240
Motherboard
MSI PRO Z690-A DDR4
Storage
1TB Firecuda 520 SSD / 500GB Kioxia Exceria SSD / 1TB WD HDD
PSU
Asus ROG STRIX 750W
RAM
32GB G.Skill Aegis 3200 MHz
Video card
EVGA 3080 FTW3 Ultra 10GB
Case
Modecom Volcano Amirani White
Mouse
Razer Deathadder V2
Keyboard
Cooler Master MK730 Brown Switches
Monitor
LG 32" 165Hz QHD
OS
Windows 10 / Ubuntu
Имаше на Upwork колку што знам, ако сакаш одма да ти легнат парите на Пејонир тогаш наплаќаа $1 или така нешто а ако сакаш да не го плаќаш тој долар тогаш парите ти легнуваат на Пејонир за некои 2-3 дена.

Иначе имаш лимит да наместиш на колкава вредност да бидеш исплатен на сметка од Upwork, на пример да бидеш платен секој месец, при заработена XXX сума, на 2 недели итн ... Нормално дека нема да вадиш пари во банка при заработени $100 и да плаќаш $20-$30 провизија или колку и да е.

Исто, кога ти стигнуваат пари на сметка во банка ти стигнуваат во таа валута што си платен (на пример долари), НЛБ има мултивалутна сметка така да при пристигнување на долари ти треба да ги конвертираш во денари (нормално ако сакаш да ги трошиш твоите заработени пари). НЛБ при конвертирање од долар во денар не зема провизија.

Најдобро ти е да наместиш секој месец да бидеш платен и да ти стигаат пари во банка одколку да одиш рута Upwork/Fiver -> Payoneer -> Банка.

При стигнување на парите во банка, ке треба да идеш до експозитура и да доставиш документ врз која основа ги примаш парите (ова можеш да го извадиш преку Upwork, незнам како е на Fiverr). Кога ке ти легнат парите на сметка, вадиш извештај од банка за девизниот прилив и одиш на страната на УЈП и го ставаш таму и плаќаш 10%. (За плаќање данок имаш објаснето на темата за е-данок).
Се точно, само не мораш до банка да одиш. Ко ќе ми стигнат мене, директно преку НЛБ апликацијата ми стигнува дека легнаја пари, и да ги распределам треба. Си селектираш шифра по кој основ (заборајв која шифра ја користам мислам 971?), му пуштат документот од трансакцијата од Payoneer, и по некое време ти ги одобруваат и ти легнуват во истата валута која шо ти стигнаја. После то во УЈП си ги пријавуваш заедно со фактурата од НЛБ кај шо се гледа дека си ги распределил и ти стигнале на НЛБ, и после чекаш ден-два од УЈП да ти одобрат рекаптилуцаија. Исто и неа можиш да си ја платиш по фолио број преку НЛБ апликацијата, и после само PDF од уплатницата му го даваш пак на УЈП страната. Толку е.
 
29 септември 2022
8
0
Најдобро ти е да наместиш секој месец да бидеш платен и да ти стигаат пари во банка одколку да одиш рута Upwork/Fiver -> Payoneer -> Банка.
Инаку, сега проверив и фактички доколку сакам директно да ми се префрлат парите на домашната сметка од Fiverr, Payoneer не може да се избегне, тоа е официјалниот начин преку кој Fiverr ти ги испраќа средствата на домашната (девизна) сметка, нека ме поправи некој ако грешам.
 
NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.166
6.169
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 970 EVO Plus 250 GB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
16GB Kingston HyperX FURY DDR4 @ 3200 MHz
Video card
GIGABYTE GeForce GTX 960 4GB Windforce x2 OC Edition
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Genesis Xenon 210
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
Инаку, сега проверив и фактички доколку сакам директно да ми се префрлат парите на домашната сметка од Fiverr, Payoneer не може да се избегне, тоа е официјалниот начин преку кој Fiverr ти ги испраќа средствата на домашната (девизна) сметка, нека ме поправи некој ако грешам.
Па ако е така направи си акаунт на Payoneer ама не зимај картица, така нема да мора да плаќаш 30 долари годишно за картицата, ниту 3,5% за конверзија на валута. Единствен трошок е што ќе ти зимаат 2% или минимум 15 долари при секое префрлање кон наша банка.

Се точно, само не мораш до банка да одиш. Ко ќе ми стигнат мене, директно преку НЛБ апликацијата ми стигнува дека легнаја пари, и да ги распределам треба. Си селектираш шифра по кој основ (заборајв која шифра ја користам мислам 971?), му пуштат документот од трансакцијата од Payoneer, и по некое време ти ги одобруваат и ти легнуват во истата валута која шо ти стигнаја. После то во УЈП си ги пријавуваш заедно со фактурата од НЛБ кај шо се гледа дека си ги распределил и ти стигнале на НЛБ, и после чекаш ден-два од УЈП да ти одобрат рекаптилуцаија. Исто и неа можиш да си ја платиш по фолио број преку НЛБ апликацијата, и после само PDF од уплатницата му го даваш пак на УЈП страната. Толку е.
Само да спомнам дека за да може ова да се прави треба да имаш активиран Стандард Пакет за НЛБ мКлик апликацијата кој кошта 70 денари месечно, а за секоја распределба на девизи преку апликацијата зимаат по 50 денари. Само ако отидеш во експозитура да ги распределиш лично не зимаат ништо.
 
StefanPetrov

On your way to fame
5 април 2016
301
506
StefanPetrov's setup  
Processor & Cooler
12700F / Arctic Liquid Freezer II 240
Motherboard
MSI PRO Z690-A DDR4
Storage
1TB Firecuda 520 SSD / 500GB Kioxia Exceria SSD / 1TB WD HDD
PSU
Asus ROG STRIX 750W
RAM
32GB G.Skill Aegis 3200 MHz
Video card
EVGA 3080 FTW3 Ultra 10GB
Case
Modecom Volcano Amirani White
Mouse
Razer Deathadder V2
Keyboard
Cooler Master MK730 Brown Switches
Monitor
LG 32" 165Hz QHD
OS
Windows 10 / Ubuntu
Па ако е така направи си акаунт на Payoneer ама не зимај картица, така нема да мора да плаќаш 30 долари годишно за картицата, ниту 3,5% за конверзија на валута. Единствен трошок е што ќе ти зимаат 2% или минимум 15 долари при секое префрлање кон наша банка.

Само да спомнам дека за да може ова да се прави треба да имаш активиран Стандард Пакет за НЛБ мКлик апликацијата кој кошта 70 денари месечно, а за секоја распределба на девизи преку апликацијата зимаат по 50 денари. Само ако отидеш во експозитура да ги распределиш лично не зимаат ништо.
Е видиш не знаев дека е 50 денари, ама за мене и 200 вреди да не дремам пола саат во експозитура. А за пакетот да, треба да имаш, заборајв да спомнам.
 
causevd

Gaining Experience
4 октомври 2011
472
422
causevd's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7-4790K 4.0GHz Quad-Core Processor
Motherboard
Asus Z97-DELUXE(NFC&WLC) ATX LGA1150 Motherboard
Storage
Western Digital Caviar Blue 1TB 3.5" 7200RPM & Corsair Force LE 240GB 2.5" SSD
PSU
Cooler Master 650W 80+ Gold Certified Fully-Modular ATX Power Supply
RAM
G.Skill Sniper Series 16GB (2 x 8GB) DDR3-2400
Video card
Asus GeForce GTX 980 Ti 6GB STRIX Video Card
Case
Fractal Design Define R5 (White) ATX Mid Tower Case
Mouse
MSI Clutch GM50
Keyboard
G Skill KM570X
Monitor
IIyama G-master GB2488HSU-B3
OS
Windows 10 Pro
Проверив сега дека и Комерцијална Банка има повеќевалутна сметка, таму земаат провизија при конвертирање?
Патем, ти го читам одговоров и навистина се замислив дали воопшто би ми била потребна Payoneer картица штом има поволни услови и со наша банка да се врши исплаќањето.

Незнам како е во Комерцијална, најдобро е да му се јавиш и да прашаш или да отидеш во експозитурата и да прашаш што те интересира. И би те советувал да ја одбериш Комерцијална наместо НЛБ.

Се точно, само не мораш до банка да одиш. Ко ќе ми стигнат мене, директно преку НЛБ апликацијата ми стигнува дека легнаја пари, и да ги распределам треба. Си селектираш шифра по кој основ (заборајв која шифра ја користам мислам 971?), му пуштат документот од трансакцијата од Payoneer, и по некое време ти ги одобруваат и ти легнуват во истата валута која шо ти стигнаја. После то во УЈП си ги пријавуваш заедно со фактурата од НЛБ кај шо се гледа дека си ги распределил и ти стигнале на НЛБ, и после чекаш ден-два од УЈП да ти одобрат рекаптилуцаија. Исто и неа можиш да си ја платиш по фолио број преку НЛБ апликацијата, и после само PDF од уплатницата му го даваш пак на УЈП страната. Толку е.
Да ти кажам право понекогаш т.е почесто му се случува и тие незнаат што прават во НЛБ. Ќе потенцирам неколку работи.

На некои му кажуваат дека при првиот девизен прилив мораш лично да идеш во банка. Јас кога го добив првиот девизен прилив се јавив лично кај нив и ги прашав дали може преку телефон да ми објаснат што треба и дали можам сам да си ги распределам девизните средства, при што ми беше кажано дека доколку се работи за прв девизен прилив морало лично да одам во банка, глупости невидени ... Па после првиот девизен прилив си ги распределувам сам преку НЛБ апликацијата.

Друга работа, до сега потпишувам документи 2 пати бидејки ми стигнуваат девизни приливи секој месец од ист клиент и да не ги распределувам сам туку автоматски да ми бидат распределени. Еве од тогаш поминаа веќе 3 месеца и повторно јас сам си ги распределувам, мува не ги лази иако сум се јавувал секој ден скоро недела дена за да го решат проблемот.

Понекогаш знаат да го држат девизниот прилив без да те известат. Мене ми се случни последниот месец да ми го задржат девизниот прилив без да ме известат која е причината. На крај кога отидов во експозитурата да се расправам и вработената се јави во службата и беше кажано дека ми ѕвонеле да ме известат иако не сум добил никаков повик од нивна страна. Наводно требало да доставам доказ врз кој основ ги добивам средствата, иако на почеток при првиот девизен прилив го прикачив договорот за работа што го имав склучено со фирмата ... И претходно добивав девизен прилив од истиот клиент веќе околу 6 месеци ...

Го имам активирано Comfort пакетот (120 денари месечно). Бидејќи девизните средства клиентот ги праќа преку Wise и имам увид до каде се парите. И секогаш при стигнување на девизниот прилив во банката, на НЛБ му треба 1 ден или 2 за да ми пратат порака на мобилниот дека има пристигнато девизен прилив. И покрај тоа што ми пристигнува девизниот прилив во банката јас одма си ги распределувам и дури нареден ден добивам СМС дека сум добил девизен прилив. Така да СМС пораките за девизни приливи секогаш им доцнат додека пак за плаќање онлајн со картичката, вадење од банкомат или шалтер или на ПОС терминал СМС секогаш добивам инстантно.

И за на крај, прво бев советуван од нивна страна да го пријавам девизниот прилив под шифра 250 (компјутерски услуги). Е сега, после 6 месеци неможело така туку морало под шифра 310 (плата и друг вид услуги), и сега наместо да ја прикачувам фактурата што му ја праќам на газдата секој месец, јас сега го прикачувам договорот секој месец при распределба на средствата во банка (бидејќи така бев советуван од нивна страна).

Не сум баш задоволен од нивна страна со начинот на комуникација така да размислувам наскоро да се префрлам во друга банка (ваљда Комерцијална).

Инаку, сега проверив и фактички доколку сакам директно да ми се префрлат парите на домашната сметка од Fiverr, Payoneer не може да се избегне, тоа е официјалниот начин преку кој Fiverr ти ги испраќа средствата на домашната (девизна) сметка, нека ме поправи некој ако грешам.

Ако Fiverr не дозволува директно да повлекуваш во банка тогаш регистрирај се на Пејонир и нека ти легнуваат парите таму па после од таму повлекувај ги во банката наша. Само како што ти кажа членот погоре, не се лажи да ја зимаш Пејонир картичката, не ти треба.

Директно оди на рута Пејонир > Банка (извади си дебитна картичка) и крај на приказната.
 
StefanPetrov

On your way to fame
5 април 2016
301
506
StefanPetrov's setup  
Processor & Cooler
12700F / Arctic Liquid Freezer II 240
Motherboard
MSI PRO Z690-A DDR4
Storage
1TB Firecuda 520 SSD / 500GB Kioxia Exceria SSD / 1TB WD HDD
PSU
Asus ROG STRIX 750W
RAM
32GB G.Skill Aegis 3200 MHz
Video card
EVGA 3080 FTW3 Ultra 10GB
Case
Modecom Volcano Amirani White
Mouse
Razer Deathadder V2
Keyboard
Cooler Master MK730 Brown Switches
Monitor
LG 32" 165Hz QHD
OS
Windows 10 / Ubuntu
Незнам како е во Комерцијална, најдобро е да му се јавиш и да прашаш или да отидеш во експозитурата и да прашаш што те интересира. И би те советувал да ја одбериш Комерцијална наместо НЛБ.

Да ти кажам право понекогаш т.е почесто му се случува и тие незнаат што прават во НЛБ. Ќе потенцирам неколку работи.

На некои му кажуваат дека при првиот девизен прилив мораш лично да идеш во банка. Јас кога го добив првиот девизен прилив се јавив лично кај нив и ги прашав дали може преку телефон да ми објаснат што треба и дали можам сам да си ги распределам девизните средства, при што ми беше кажано дека доколку се работи за прв девизен прилив морало лично да одам во банка, глупости невидени ... Па после првиот девизен прилив си ги распределувам сам преку НЛБ апликацијата.

Друга работа, до сега потпишувам документи 2 пати бидејки ми стигнуваат девизни приливи секој месец од ист клиент и да не ги распределувам сам туку автоматски да ми бидат распределени. Еве од тогаш поминаа веќе 3 месеца и повторно јас сам си ги распределувам, мува не ги лази иако сум се јавувал секој ден скоро недела дена за да го решат проблемот.

Понекогаш знаат да го држат девизниот прилив без да те известат. Мене ми се случни последниот месец да ми го задржат девизниот прилив без да ме известат која е причината. На крај кога отидов во експозитурата да се расправам и вработената се јави во службата и беше кажано дека ми ѕвонеле да ме известат иако не сум добил никаков повик од нивна страна. Наводно требало да доставам доказ врз кој основ ги добивам средствата, иако на почеток при првиот девизен прилив го прикачив договорот за работа што го имав склучено со фирмата ... И претходно добивав девизен прилив од истиот клиент веќе околу 6 месеци ...

Го имам активирано Comfort пакетот (120 денари месечно). Бидејќи девизните средства клиентот ги праќа преку Wise и имам увид до каде се парите. И секогаш при стигнување на девизниот прилив во банката, на НЛБ му треба 1 ден или 2 за да ми пратат порака на мобилниот дека има пристигнато девизен прилив. И покрај тоа што ми пристигнува девизниот прилив во банката јас одма си ги распределувам и дури нареден ден добивам СМС дека сум добил девизен прилив. Така да СМС пораките за девизни приливи секогаш им доцнат додека пак за плаќање онлајн со картичката, вадење од банкомат или шалтер или на ПОС терминал СМС секогаш добивам инстантно.

И за на крај, прво бев советуван од нивна страна да го пријавам девизниот прилив под шифра 250 (компјутерски услуги). Е сега, после 6 месеци неможело така туку морало под шифра 310 (плата и друг вид услуги), и сега наместо да ја прикачувам фактурата што му ја праќам на газдата секој месец, јас сега го прикачувам договорот секој месец при распределба на средствата во банка (бидејќи така бев советуван од нивна страна).

Не сум баш задоволен од нивна страна со начинот на комуникација така да размислувам наскоро да се префрлам во друга банка (ваљда Комерцијална).

Ако Fiverr не дозволува директно да повлекуваш во банка тогаш регистрирај се на Пејонир и нека ти легнуваат парите таму па после од таму повлекувај ги во банката наша. Само како што ти кажа членот погоре, не се лажи да ја зимаш Пејонир картичката, не ти треба.

Директно оди на рута Пејонир > Банка (извади си дебитна картичка) и крај на приказната.
Знаев за то инфо дека првиот пат демек лично ќе мора да одиш, ама јас диркетно преку НЛБ си средив. Иначе мислам дека ги внесвам под 971 или така нешто, ќе ти кажам точно шифра ако сакаш. Не се замарај многу со то, ниту тие не се замарат да знајш. Се дури ги распределиш и после си платиш во УЈП, на никој, ама апсолутно никој не му е гајле.

Имаше памтам еден член тука од форумот шо кажа дека од НЛБ (или некоја друга банка) му рекле да си ги пиши парите под некоја шифра демек дека се приход од медицински услуги за да не плати данок LOOOOL. Му рекол тој абе како така, со програмирање се занимавам и јас веќе плаќам данок сакам само да е легално, и дечките му рекле ти салам си да плаќаш данок? Хахахахах
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43.891
Мислења
912.331
Членови
32.612
Огласи
840
Најнов член
yeyeyeye
На врв Дно