• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Payment Gateways

  • Ја почнал/а темата
  • #1

bojancho

Intern
4 февруари 2021
12
8
Здраво на сите, го прелистав форумот неколку пати, не најдов никаде одговор за Payment gateway кој е дозволен и достапен за Македонија, лично сакам да почнам dropshipping, но единствен проблем ми е тоа како парите ќе стигнат до моја сметка. Има многу дропшипери, па ете нека споделат која платформа за Payment Gateways ја користат или е достапна за МК. Гледам дека 2co е достапен во МК, ама и многу се жалат од него дека акаунтите им ги блокирале или не им ги одобрувале . Се надевам има луѓе на форумов кој ќе споделат искуство или ќе дадат добар совет. Ако не, фирма во Бугарија да отвараме хаха. Фала ви пред се :D
 

Pulse

Practice makes perfect
26 октомври 2014
1,396
1,468
127.0.0.1
petrov.mk
Во Македонија легално гејтвеј само со фирма/правно лице.
Не се ни обидувај на друг начин, зошто не постои за физички лица.

Преку странски акаунт/адреса/фирма има милион опции.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

bojancho

Intern
4 февруари 2021
12
8
Во Македонија легално гејтвеј само со фирма/правно лице.
Не се ни обидувај на друг начин, зошто не постои за физички лица.

Преку странски акаунт/адреса/фирма има милион опции.
Фирмата треба да биде регистрирана во странство или може со македонска фирма ?
Оти како што те разбрав пишиш преку странски акаунт/адреса/фирма.
 

Pulse

Practice makes perfect
26 октомври 2014
1,396
1,468
127.0.0.1
petrov.mk
За Македонски гејтвеј ти е задолжително Македонска фирма.

Ако бираш странски гејтвеј, можеш со странска фирма, а ти најди начин како од странска сметка да ги префрлиш на Македонска.

Кратко кажано, за средства да ти стигнуваат директно на МК сметка, мораш да имаш МК фирма.
 

Mr.Jack

Gaining Experience
9 февруари 2008
701
447
Stripe не е достапно за Македонија. Види Stripe Atlas како алтернатива. Ако користиш македонски гејтвеј тогаш види убаво дали може интерфејсот да биде на англиски. И не знам колку ќе биде добро од кориснички аспект кога некој од Америка ќе биде пренасочен на македонски домен и сајт за да се процесира плаќањето. Или па недај боже да види некаде денари наместо долари :D

Зачлени се у Dropshipping Balkan групата на ФБ. Многу луѓе на балканов го имаат тој проблем. Има повеќе предлози и опции и туторијали таму. Можеш да средиш и со e-residency некаде па да креираш страјп и пејпал преку тоа. Можеш и америчко LLC да направиш за некоја сума. Така ќе ти се отворат сите опции. Провери и прашај дали е дозовлено dropshipping кај пејмент гејтвејот, дури и македонски ако е.

Со среќа
 

AstroBoy

Intern
29 јули 2012
187
42
Ако сакаш за дропшипинг(за шопифи),и си македонски резидент единствена опција ти е 2checkout. Друга алтернатива нема.
Не се лоши и 2co ако продуктите и се со нив си е во ред, не би требало да те банираат.
За 2co не ти треба фирма, регистрацијата е straight-forward.


За другите платежни системи достапни во македонија, немаат документација за поврзување со Shopify така да скоро и невозможна мисија.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,517
Мислења
858,348
Членови
29,929
Најнов член
Jov4e
На врв Дно