1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Паркинг подесувања на Western Digital Green дискови

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од FLEGMA, 20 Март 2013.

  1. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,366
    12,475
    2 Август 2012
    Машко
    Ова се однесува на корисниците на WD Green дискови од сериите EARS и EARX а донекаде и на EZRX (понатаму ќе објаснам зошто „донекаде“)

    WD во својата Green фамилија на дискови веќе подолго време, како дизајн, вградува опција за често паркирање на главите во неутрална позиција со цел на заштеда на енергија која, за жал, паркирањето го прави толку често што доведува до непотребно (и без причина) намалување на животниот век на дискот.

    InteliPark ги паркира главите на дискот на секои 8 секунди.
    Ова е пре-често паркирање и на почетокот доведе до бројни откажувања/рекламации на првите гринови - EARS а се чини дека на останатите, WD, го поправи ова самоубиствено однесување на нивните дискови.

    За илустрација - Јас имам два диска: Еден Blue 500GB и еден Green 2TB EARX
    Гледано во SMART:
    - Blue за време од скоро 11.700 работни часа паркирал вкупно 3903 пати
    - Green-от за време од 2400 часа паркирал неверојатни 14.000 пати
    11.png

    Додека за EARS дисковите беше и официјално потврдено и издаден алат за поправка за останатите производителот тврди дека проблемот е отстранет и баш нема воља за разговор на таа тема.
    После мои 5-6 e-mail пораки до нивната support служба добив шкрто објаснување:
    22.png

    Алатот за преконфигурирање на default паркинг времињата се вика wdidle3
    ЛИНК
    Напомена!
    Не го симнувајте од официјалната WD страна затоа што тоа е firmware!! а не DOS програма.
    За да си олесните овој алат го имате и на Hirens Boot CD во HDD Tools и на разни Ultimate Boot CD-иња

    WARNING! ACHTUNG! ALARMA!

    Прва и најбитна работа е (физички) да ги исклучите останатите дискови а да го оставите само тој што треба да го подесите.
    Кога сте во DOS опкружување пишете:

    Код:
    wdidle3.exe /R    
    за прикажување на моменталниот тајмер - default е 8 секунди
    Времето може да биде подесено од 8(најниско) до 300(5мин) секунди и може комплетно да се исклучи што никако не е препорачливо. Некои корисници на EZRX имаат пријавено пад на перформансите и други грешки во SMART затоа тајмерот го местиме на 5 минути и ич да не ни чуе.
    Затоа ја пишуваме оваа наредба:
    Код:
    wdidle3.exe /s300
     
    Максимално дозволено време од 300 секунди односно 5 минути.
    Што постигнавме со ова? Со местењето на 5 минути го намаливме агресивното паркирање на главите и со самото тоа шансите за дефекти.
    Зафатов е релативно безболен но морам да напоменам дека ризик постои особено ако ова го правите на диск кој е не во опишаната група.
    Јас го направив и не осетив никакви намалувања во перформанси ниту пак зголемувања на температури освен што онаа бројка на Load/Unload престана рапидно да се зголемува од ден на ден.

    Линкови
    (за корисниците на EARS официјален алат тука
    The S.M.A.R.T Attribute 193 Load/Unload counter keeps increasing on a SATA 2 hard drive )

    Дискусии:
    http://lime-technology.com/forum/index.php?topic=5992.0
    http://lime-technology.com/forum/index.php?topic=9584.30
    http://lime-technology.com/forum/index.php?topic=9851.0
    http://www.xlr8yourmac.com/tips/Disable_WDGreen_HeadParking.htm
    http://forum.qnap.com/viewtopic.php?f=182&t=28609&start=40
    http://forum.synology.com/enu/viewtopic.php?f=124&t=20521&start=30

    Do not run WDIDLE3 /D on the new Western Digital EZRX drives
     
    На turbiny, bobmkd, Lokvan и уште 17 други им се допаѓа ова.
  2. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,141
    1,524
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    wow одлична информација ... фала многу.
     
  3. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,366
    12,475
    2 Август 2012
    Машко
    Уште една напомена.
    За зачестено паркирање односно зачестено будење на дискот може да придонесуваат разни програми. На пример кривец за тоа може да биде софтвер за набљудување на SMART* и дефинитивно speeedfan

    Speedfan по дифолт е конфигуриран да ги скенира дисковите при startup но прави и drive pooling на одреден временскии период за да може да ја прикажува температурата на дискот.
    Затоа, ако не ви е битно speedfan да ја прикажува температурата на дискот уредете го shortcut-от со дополнителен switch:
    Десен клик на кратенката > Properties > во полето Target пишете
    Код:
    "C:\Program Files (x86)\SpeedFan\speedfan.exe" /NOSMARTSCAN
     
    за 32-bit Windows
    "C:\Program Files\SpeedFan\speedfan.exe" /NOSMARTSCAN
    Со еден збор, секоја програма која е способна да ги отчитува температурите од дисковите, во овој случај, е „крива“ за тоа.
    Hwinfo, Everest, Aida....

    Друг workaround е ставање на sleep време од 20 минути па нагоре во Виндовсот. Проблем кај ова е што на дискот, откако ќе заспие, му треба време да се разбуди (оклу 3-5 секунди) а тоа може да биде иритирачко при стриминг или при пристап на некој фолдер/фајл на конкретните дискови.
    Пошто јас го користам како storage диск ова не ми смета.

    Епилог:
    Откако го наместив на 300 секунди сега дискот паркира околу 10 пати дневно за разлика од 100-ина на дневна база.
    Western Digital декларира милион циклуси на Load/Unload пред нешто воопшто да се случи. Приказните на корисниците на овие дискови особено употребени во NAS решенија се малку поинакви но без исклучок се позитивни искуства после потполното исклучување (imho, непотребно) или после местењето на 300 секунди (imo не прави чуда но значително го успорува трошењето на дискот)

    Вака се додека по нашите домови не завладеат SSD дисковите кои сеуште имаат неповолна цена по единица прстор за складирање - со груба математика цената е 1 евро по гигабајт простор.
     
    На Alucard, gremlin, shifty и уште 3 други им се допаѓа ова.
  4. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,763
    1,525
    22 oктомври 2012
    Машко
  5. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,366
    12,475
    2 Август 2012
    Машко
    Епа го ставив тој линк уште во првиот пост де.. :)
    Еве уште еднаш:

    Не си играјте играчки и не штелувајте ем чепкајте во WD RED дисковитe. Таман се!
    Ова е за Green дискови и тоа за моделите EARS и (не мора!) EARX

    Прашање:
    Имам Green модел EARS. Да го подесувам?

    Одговор:
    Ако е нов тогаш со било која програма да се следат вредностите во SMART. Ако се зголемуваат за по 200-300 дневно тогаш - Да!
    Ако е стар со ова го зголемувате векот на траење.

    Прашање:
    Имам ганц EARX. Да го чепкам?

    Одговор:
    - Одговорот е ист како претходниот со таа разлика што, се чини, новите модели од класата на EARX имаат по-релаксирана „политика“ на паркирање.

    Прашање:
    Со ова дискот ќе ми трае вечно?
    Одговор:
    НЕ!
     
  6. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,763
    1,525
    22 oктомври 2012
    Машко
    Линковите се конкретно до два поста од форумот :)

    1. I am here to tell you this information about "do not disable intellipark with wdidle3 /d on WD30EZRX drives" is INCORRECT. I just did this to 6 of these drives before installing in a new Synology DS1812+ box. The key is to remove power from the drive and then re-test. If you do not remove power from the drives after disabling Intellipark, they will not behave properly (as most of WD's other drives). I tested the drive right after setting it without removing power from it and it is slow (about 30 MB/s transfer rate and a flat transfer across the entire disk space). Once pulling power from the drive and re-testing.....it actually transfers data smoother and ever so slightly faster across the entire disk. See my verification images using HD Tune Pro here (notice how the transfer rate is actually smoother on the drive with "wdidle3 /d" applied). I did verify the drives have an 8 sec. park rate before modification. Just do it!

    2. I disagree with the topic. Mine were climbing like crazy until I disabled it. As others have noted you must power cycle the drive afterwards. Regarding /d vs /s300, all /d does is max out the sleep timer, it doesn't disable it altogether.
     
  7. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,366
    12,475
    2 Август 2012
    Машко
    Еве уште еден епилог од мојот зафат на EARX
    Постот сум го напишал на 20 март 2013 со 14.000 циклуси на паркирање

    Сега после месец и-пол има 14.900 - - значи, паркирал „само“ 900 пати. Толку паркираше на неделна основа
    Мислам дека е океј. Си правам бекап на најбитните работи на друг диск(ови) а за овој ..Боже здравје!
     
  8. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,175
    3,468
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Ова како изгледа? Скоро месец дена како е инсталиран. Load Cycle Count се гледа?

    hdtune_wd7500bpvt.PNG
     
  9. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,366
    12,475
    2 Август 2012
    Машко
    Се е супер. Ова е од лаптоп така?
    И немој да го акаш лаптопот пошто 6 пати се уклучила заштитата од пад/паѓање. Труди се ништо да не се случува кога го оставаш/одлагаш или прави го тоа нежно.
     
    На Necromancer му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,175
    3,468
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Ако ме видиш како го чувам лаптопов можеби ќе ме сметаш за мрднат. Не е воопшто паѓан, пуштен и слично.

    Почнувам да се сомневам да не е до caddy-то, бидејќи таму ми е инсталиран. Имено, приметив дека е ограничен тој IDE порт на Sata I, многу ниски пишувања има на него ~25-28 мега. Не ми пречи, онака ми стои, за простор и за некој даунлоуд.

    Еве тазе „скриншот“. Load cycle count се следи?

    20.05.2013.PNG
     
  11. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,366
    12,475
    2 Август 2012
    Машко
    Не знам као е за посовремениве дискови ама WD декларира околу 300.000 циклуси. Твојот модел не е засегнат
    Во оваа бројка влегуваат и „преклопувањата“ на екранот или одењето во sleep
    Болката кај Green сериите е што одат на спиење сами од себе односно без интервенција на OS или корисник
     
  12. gokica

    gokica
    Модератор

    8,382
    10,162
    13 Јуни 2009
    Мал апдејт:

    Само да знаете дека има WDIDLE3 и за Windows:

    http://translate.google.com/transla...log10.fc2.com/blog-entry-307.html&prev=search

    http://ux.getuploader.com/liliumrubellum/download/23/WDIDLE3_for_Windows_1.2.zip

    Работи под CMD и нема потреба од бутабилно ЦД, УСБ итн.

    Не мора да одштекувате дискови или да менувате IDE/AHCI туку може да посочите на кој точно диск во системот сакате да ги промените тејминзите за паркинг.

    Не ме прашувајте за команди и совети. Јас се помислив да го направам со гринот по дома но сепак арен ми е и не го чепкам. Значи лично не сум пробал.

    Она кое можам да потврдам е дека кај мој другар алатката функционира беспрекорно со WD20EARX.
     
    На FLEGMA и mmm121 им се допаѓа ова.
  13. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,355
    3,220
    12 Јануари 2016
    Машко
    Линкот за wdidle3 не работи. Го прикачив овде локално во случај да му затреба на некој, не беше баш лесен за наоѓање (ми требаа повеќе од 3 минути). :)
    Ставив и алатче за правење DOS бутабилен usb драјв со упатство.

    Патем, дисков овде на работа:
    :eek:
    upload_2016-11-8_1-11-38.png
     

    Прикачени датотеки:

    • wdidle3.zip
      Големина:
      170.3 KB
      Прегледи:
      0
    • USB_DOS.zip
      Големина:
      226.3 KB
      Прегледи:
      0
    На omegaRED и borcep им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. Ghost
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    785
  2. Enigma
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    458
  3. xenon
    Одговори:
    10
    Прегледи:
    726
  4. |USAF|
    Одговори:
    23
    Прегледи:
    1,739
Вчитување...

Сподели

Вчитување...