• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Паметни часовници

  • Ја почнал/а темата
  • #1

xenon

Guru
15 јануари 2011
3,789
9,193
Erga Gomnes
xenon's setup  
Processor & Cooler
i7 5960X 4300mhz
Motherboard
Asus X99 Deluxe
Storage
intel 750 400gb / 2 x 8tb seagate, 4 x 6TB WD, 3 x SM951 512gb, 4 x 4TB WD
PSU
Antec 1300W
RAM
64GB DDR4 @ 3200mhz
Video card
SLI (2 x Asus 1080Ti Strix)
Case
Coolermater Cosmos II
Mouse
Sentinel III
Keyboard
Coolermaster Master Keys Pro L
Audio
Asus Xonar STX, Adam A7x (2), Adam A3x (2), TC Electronic BMC-2 (DAC)
Monitor
43" Samsung KS7500 4К HDR
OS
W10P
IFA 2013 во Берлин заврши пред неколку дена, и освен новите модели на мобилни кои беа најавени, (меѓу кои поинтересни се Samsung Galaxy Note III и Sony Xperia Z1) шоуто го "украдоа" најавите (повторно) од Сони и Самсунг за нивните модели на т.н. Smartwatches (паметни часовници..) кои би требало да функционираат синергетски со соодветните мобилни телефони.

Па еве мое кратко видување, базирано на импресии од читање и дигестирање на достапните информации и воедно сумирање на веќе објавените вести на ит порталот.

1. Pebble Watch (http://getpebble.com/)

- Достапност: Достапен / Достапен во МК
- Цена: 175 евра во МК

Веќе неколку месеци достапен на пазарот со E-Инк дисплеј технологија (монохроматска). Кај нас гледам веќе е донесен по цена од 175 евра. Овој часовник моментално ужива голема популарност заради фактот што има батерија која без цинцарење и штедење може да издржи околу 5 дена работа (значи Push-нотификации, нон-стоп Bluetooth on, итн итн.) што е многу повеќе од најавите кај конкуренцијата кои се движат околу 1 ден во просек.

Негативни аспекти и поплаки кај овој часовник се: ефтината конструкција / лимитираните опции.



- Спецификации:

• 1.26-inch дисплеј
• 144 x 168 pixel display - eINK
• Android & iOS compatible
• 3-axis accelerometer
• Up to 7 days battery life
• Vibrating motor
• Bluetooth 4.0 & 2.1 + EDR;
• 50 x 32 x 8.4 mm
• 38g

2. Samsung Galaxy Gear

- Достапност: Достапен Октомври 2013 на светски пазар / МК = ?
- Цена: Околу 250-300 евра во МК

Саатчево доби мешани критики, за пофалба е камерата, апликативната поддршка, дизајнот и конструкцијата донекаде - иако доживеа критики заради тоа рајата наводно очекуваше саатот да наликува како одредени концепти. Сепак, ова е уред кој лесно ќе биде засенет од дури и полуобид на Аpple во иднина заради очигледните фалинки:

- Многу кратко времетраење на батеријата (едвај 1 ден..)
- Премногу џиџимиџи и тракатанци
- Функционална зависност само од 3-4 самсунг уреди (за разлика од Pebble на пример кој функционира и со епл, и со голем број андроид уреди - дури и многу подобро со андроид)

(инаку, за саатов постоеа надежи дека ќе изгледа вака:


Но испадна вака:










- Спецификации:

• 1.63-inch дисплеј
• 320 x 320 pixel SUPER AMOLED display
• Samsung Compatible (Note III, Note II, Samsung Galaxy S4)
• 3-axis accelerometer
• 1d battery life
• 1.9 Mpixel BSI sensor camera
Bluetooth 4.0
• 36.8 x 56.6 x 11.1mm
• 78g
• Exynos processor 800mhz
• 4 GB Storage
• Android OS
• 315 mAH батерија




Pebble vs Gear II:



Mеѓу технофилите има разочарување од овој обид на Самсунг затоа што се очекуваше многу повеќе:
- Анандтек (http://www.anandtech.com/show/7273/the-galaxy-gear-preview-samsungs-first-wearable)
- Верџ (http://www.theverge.com/2013/9/4/4692824/samsung-galaxy-gear-features-specs-release-date-price)



3. Sony Smart Watch 2

- Достапност: наскоро (Септември / Окт 2013)
- Цена: Околу 200-250евра во МК

Саатчево доаѓа како втора генерација, првата веќе е на пазарот некое време со цена од околу 100тина евра. Го носи препознатливото Xperia копче за вклучување/исклучување, има солидна метална конструкција, метална каишка и е водоотпорен. Во однос на батеријата е помеѓу Pebble и Samsung Gear. Истовремено е најтежок, нема камера/микрофон но има NFC така да поврзувањето и синхронизацијата со различни уреди би требало да биде лесна и брза.


- Спецификации:

• 1.6-inch дисплеј
• Алуминиумска конструкција
• 220 x 176 pixel LCD
• 3-4 дена батерија
• Bluetooth 4.0 + NFC
• 9mm x 42mm x 41mm
• 122g тежок
• Water-resistant (IP57)


Истовремено е најавен модел на Qualcomm но тоа не е интересно за нашиот пазар.

Овие уреди се лансираат како одговор на шпекулациите дека Apple ќе излезе со свој т.н. iWatch - и доколку ова е се што конкуренцијата успеала да извади, не верувам дека Apple ќе има премногу проблеми да креира нова "револуција" и повторно да го измисли рачниот часовник користејќи некоја стилизирана изведба со рудиментирани функции.
 

masterficx

Gaining Experience
5 јули 2009
1,345
348
masterficx's setup  
Processor & Cooler
Intel Q8200 + CM Hyper 212+
Motherboard
GA-G41MT-S2PT
Storage
Spinpoint F3 1TB
PSU
CM Elite 460
RAM
8GB [email protected]
Video card
Gigabyte GT640 2GB
Case
DeepCool Tesseract Black
Monitor
LG 22" TN
OS
8.1 64-bit
Код:
http://www.imsmart.com/en/i-m-watch/overview



Ова е од поодамна издадено и достапно на пазарот ( за во МК не сум проверил ). Го меркав но цените беа малку нереални и мислам дека со вмешување на поголеми имиња во играта ќе се сменат цените од италијанскиов производител или пак другите ќе извадат некои поевтини/поисплатливи варијанти. Како и да е ова се супер вести. Инаку мене лично црниот ми е по-кул, белиот премногу ме потсеќа на едни часовници со дигитрон кои ги имаше порано...

најдов сличен таков на кој ме потсеќа белиот :)

 

kjosmofon

Баниран/a
7 октомври 2011
3,740
5,630
skopje
k2laptop.mk
Малку ми е чудно. Имате пц повеќето, па и лаптоп, ке купувате таблет, сигурно имате смартфон и уште паметен часовник, многу потреба од технологија. Незнам ......
 

D3N1EL

Practice makes perfect
10 август 2010
2,907
1,497
Нижни Новгород, Русија
D3N1EL's setup  
Processor & Cooler
I3 3220 | Stock
Motherboard
Asus P8Z77m-PRO
Storage
Kingston A100 128GB, WD 500GB Cavier Green
PSU
Aerocool VX-650W
RAM
2x Kingston CL9 HyperX Blu 4GB
Video card
Asus AMD 7750 1GB
Case
CoolerMaster Elite 430
Mouse
A4Tech G10-810F
Keyboard
Logitech K270
Audio
AKG K518 DJ
Monitor
LG Ultrawide 25UM58-P
OS
Windows 10
Кога си барав нов саат сакав Pebble да го зеам, но кога размислив поубаво - Useless, детска играчка. Не сум стигнал до тој степен на мрза, да го извадам телефонот од џеб, за да сменам песна, да се јавам, видам саат/ и тако даље.
 

тотето

On your way to fame
4 октомври 2011
694
687
Битола/Скопје
На кој му текна да стави процесор и меморија во часовник е навистина генијалец. Па уште и камера...

Па за шо ќе ми е 800MHz процесор на часовник, сакам само да видам часот, да сменам песна и неколку ситни работи без да го вадам телефонот.

Pebble успеа ова да го направи ова, и држи 7 дена бидејки цела работа е на телефонот, а часовникот служи само како далинско и дисплај. Негде читав дека дури и рендерирањето на она што треба да се прикажи на дисплај го прави телефонот, не дека треба многу да се изрендерира 2bit 144x168px, но сепак му помага да држи повеќе на батерија. Башка ова има и отворено API, па има секаков вид на апликаци.
 

The_Man

Unstoppable
18 ноември 2009
2,341
2,007
Паметниве часовници се чиста глупост. Освен педометарот се друго е useless. Што ако ја прочиташ пораката кога пак телефон вадиш да одговориш.
И Епл ќе извади како pebble некој + интеграција некоја со сири и модерен дизајн. И ќе се продава само ради дизајнот.

Уште нешто ...

Треба нешто што ќе помогне во секојдневието. Пример да го мери пулсот и да те предуреди кога е висок/низок , температура на тело, а не да ми ги покажува сликите од телефонот , имам телефон за тоа. Интеграција со уреди како клима , па по три далечински имам по дома,зошто да не би ја регулирал климата со часовник. Овие самсунг глупаците каква интеграција може да направат со уреди не се свесни. Еден епл со каталог од 15 уреди да е бољи од нив срамота е бе. .
 

Alucard

Шериф
22 октомври 2012
1,957
1,873
Скопје
белиот премногу ме потсеќа на едни часовници со дигитрон кои ги имаше порано...
Мислиш вакви:



Е ова е саат:





а не тоа џиџаните пластични играчки за мали деца...
 

тотето

On your way to fame
4 октомври 2011
694
687
Битола/Скопје
Паметниве часовници се чиста глупост. Освен педометарот се друго е useless. Што ако ја прочиташ пораката кога пак телефон вадиш да одговориш.
И Епл ќе извади како pebble некој + интеграција некоја со сири и модерен дизајн. И ќе се продава само ради дизајнот.

Уште нешто ...

Треба нешто што ќе помогне во секојдневието. Пример да го мери пулсот и да те предуреди кога е висок/низок , температура на тело, а не да ми ги покажува сликите од телефонот , имам телефон за тоа. Интеграција со уреди како клима , па по три далечински имам по дома,зошто да не би ја регулирал климата со часовник. Овие самсунг глупаците каква интеграција може да направат со уреди не се свесни. Еден епл со каталог од 15 уреди да е бољи од нив срамота е бе. .
На Pebble има дифолт апликација која можиш да наместиш со еден клик да враќаш кратки пораки како (ОК, се гледаме...) а има и апликации за пишење цели пораки. Исто и другите имат можност за пишење пораки.

За да мери пулс, притисок, температура цената ќе скокни. За контролирање на уреди дома е уште малце рано. Возможно е, но скапо. Прво сите удеди треба да се поврзани на накеква мрежа (wifi) за да можиш да ги контролираш. Веќе има некој релеа кој се поврзуваат на интернет и можиш да пушташ/исклучваш од кај било во светот. Кога климата ќе има можност да се прикличи на мрежа и да се контролира преку неа, со платформи за кој сите можат ра развиват апликации сигурно ќе се најди некој кој ќе направи апликација за контролирање на клими.

Сега за сега најдобро решение за проблемот со далинската ти е едно универзално далинско. Ги имаш така солидни за околи 50$.
 

The_Man

Unstoppable
18 ноември 2009
2,341
2,007
Не ми е поентата за даљинската или пораките(незнам кој ќе пишува порака на 1.2 инчи). Поентата е дека за овие работи имаш мобилен . Треба нешто што ќе го направи часовникот паметен, а не помошник телефон.
 

тотето

On your way to fame
4 октомври 2011
694
687
Битола/Скопје
Не ми е поентата за даљинската или пораките(незнам кој ќе пишува порака на 1.2 инчи). Поентата е дека за овие работи имаш мобилен . Треба нешто што ќе го направи часовникот паметен, а не помошник телефон.
Дефинирај „паметен“.
 

TATA_MATA

Unstoppable
25 март 2013
1,934
2,464
И јас сметам дека навистина нема потреба од паметен часовник. ОК ке се најде не викам не, но за 200 евра не вредат.

Работата е што немаме потреба од толку забрзан развој на паметните телефони како што беше во последниве две години и сега мора да најдат нов начин на заработка. Што ке ни се сега за сега процесори побрзи од Снапдрагон 800 кога ниедна апликација не го користи ни приближно, што ке ни е 4к резолуција на 5-5,5 инчен телефон и сл и мораа да најдат сосема нова гранка од индустријата од која ке берат плодови.

Ако се прашувам јас, треба да се сконцентрираат на продолжување на векот на батеријата и на Smart Home, односно синхронизација на електронските уреди во домот, од телефонот до машината за перење.
 

RagingDemon

Unbeatable
24 март 2009
6,344
5,265
Јас не гледам поента во овие "паметни" часовници. Ко што кажа еден член погоре, детска играчка и тотално useless.
Од кога тоа да вадењето на телефонот за да се направи или одговори на повик стана НАПОРНА работа...
А пак настрана тоа што изгледаат неверојатно грдо и несериозно, баш како детски играчки, порано кога бевме мали се сеќавам имаше смоки во кои се паѓаа часовници, а дури и тие мислам дека изгледаа подобро. Од овие набројаниве само рендерот на тој од самсунг ми се допаѓа, али за жал е само рендер. А и цената им е турни ме да кинисам, 200-300 евра...
Не благодарам, ќе продолжам да се "мачам" да го вадам телефонот од џеб.
 

FiC DoGG

On your way to fame
17 април 2007
918
892
www.behance.net
FiC DoGG's setup  
Processor & Cooler
i7 2600k Noctua NH D14
Motherboard
Asus Sabertooth P67
Storage
840 pro 128GB + 500GB HDD + 1000GB HDD
PSU
CM Real Power 550W
RAM
2x4GB DDR3 1333
Video card
Gigabyte GTX 760 2GB
Case
CM Centurion 5
Mouse
A4tech X7
Monitor
2x Dell U2412m
OS
Windows 8.1 Pro
Уште првиот пат кога ги видов се прашував која функција ќе ја имаат овие па сега.
Тотално useless, сите функции се дуплираат од телефонот и нема шанси да бидат како алтернатива на телефон.
Да не навлегуваме во излгедот кој реално е лимитаран на екран со каишка, погрдо нешто секој ден да носиш на рака нема, и сето тоа со цена од добар mid-range smartphone.

За 200-300 евра ќе земеш прекрасен Casio Edifice или слично нешто, и ќе изгледаш како човек, не детуле/хипстер со уште едно џиџе на раката.
Ох, и ќе заборавев, заради ЛЦД екранот ќе треба да го полниш секој ден. Земи било кој Casio со солар и железна/титаниумска каишка и ќе го носиш цел живот и никогаш нема да мора да го вадиш од рака, дури и на бањање ако сакаш во секое време да знаеш колку е саат :D
 

alumen :)

On your way to fame
6 јануари 2012
1,121
587
Скопје
Кој би пишувал пораки од саат, од тоа 1" екран на тоа екранче едвај прсте од новороденче може да напише нешто, а не пак ние...
Што ќе ни се 800Mhz процесори, игри ќе играме?
Да се замислиме како би изгледале да сликаме со саат.
И на крај, секој ден да го полниме, па еден обичен нискобуџетен саат од пазар околу 500 денари, држи батерија од 2-3+ години. Ама они немаат LCD екрани и уште еден куп глупости на нив.
Веќе и ќе заборават што значи зборот саат.
@The_Man одлична идеја, но доколку го направат тоа (ако го нема) би било прескапо.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #20

xenon

Guru
15 јануари 2011
3,789
9,193
Erga Gomnes
xenon's setup  
Processor & Cooler
i7 5960X 4300mhz
Motherboard
Asus X99 Deluxe
Storage
intel 750 400gb / 2 x 8tb seagate, 4 x 6TB WD, 3 x SM951 512gb, 4 x 4TB WD
PSU
Antec 1300W
RAM
64GB DDR4 @ 3200mhz
Video card
SLI (2 x Asus 1080Ti Strix)
Case
Coolermater Cosmos II
Mouse
Sentinel III
Keyboard
Coolermaster Master Keys Pro L
Audio
Asus Xonar STX, Adam A7x (2), Adam A3x (2), TC Electronic BMC-2 (DAC)
Monitor
43" Samsung KS7500 4К HDR
OS
W10P
За продавање и те како ќе се продаваат џиџињава, западот е мртва дисоцијативна конзументска багра, истокот е исто само со празни џебови. И тие и ние немаме што со себе, начин да се мине време е да се оди на шопинг.

Тоа на страна, овие ќе ја подгреат климата и Apple ќе растури кога ќе го извадат својот модел. Очекувајте нешто вакво:



Ова ќе се троши како алва.
 

AlexM

On your way to fame
14 јануари 2009
966
538
City of Consuls
AlexM's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4570 Processor
Motherboard
Gigabyte H81M-DS2
Storage
Samsung 850 EVO 250GB
PSU
Elite 600W - V3 | Cooler Master
RAM
Kingston HyperX FURY 8GB Kit (2x4GB) 1600MHz
Video card
XFX AMD Radeon™ RX 580 GTS Black Edition 8GB
Case
DEEPCOOL TESSERACT SW
Mouse
Logitech М510
Keyboard
Everest Rampage KB-R88 Black
Audio
Logitech - 5.1 Surround Sound Speakers Z506
Monitor
LG LED IPS 22EA53 + Samsung S22F350 LED
OS
Windows 10 TP
Шабанизам!
Наџиџани со паметни телефони, паметни саатови, паметни наочари, "паметни патики" "папучи' (следно) кај ќе ни биди крајот :)
 

kjosmofon

Баниран/a
7 октомври 2011
3,740
5,630
skopje
k2laptop.mk
Шабанизам!
Наџиџани со паметни телефони, паметни саатови, паметни наочари, "паметни патики" "папучи' (следно) кај ќе ни биди крајот :)
Јас вакво срање не би носел никогаш, иам пц дома и смартфон не ми треба ни лаптоп ни таблет ни овие шабанскиве
 

тотето

On your way to fame
4 октомври 2011
694
687
Битола/Скопје
Кажав погоре што е smartwatch, а ова играчкиве може слободно да ги крсат watch phone .
Не ми е поентата за даљинската или пораките(незнам кој ќе пишува порака на 1.2 инчи). Поентата е дека за овие работи имаш мобилен . Треба нешто што ќе го направи часовникот паметен, а не помошник телефон.
Па дај одлучи се. И часовникот да има апликација за тие твој „паметни работи“, уште домашните апарати нема да можат да се поврзат на мрежа.
 

AlexM

On your way to fame
14 јануари 2009
966
538
City of Consuls
AlexM's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4570 Processor
Motherboard
Gigabyte H81M-DS2
Storage
Samsung 850 EVO 250GB
PSU
Elite 600W - V3 | Cooler Master
RAM
Kingston HyperX FURY 8GB Kit (2x4GB) 1600MHz
Video card
XFX AMD Radeon™ RX 580 GTS Black Edition 8GB
Case
DEEPCOOL TESSERACT SW
Mouse
Logitech М510
Keyboard
Everest Rampage KB-R88 Black
Audio
Logitech - 5.1 Surround Sound Speakers Z506
Monitor
LG LED IPS 22EA53 + Samsung S22F350 LED
OS
Windows 10 TP
На овие новиве генерации можеби вакви паметни часовници им се интересни пошто практично се растени во време кога се е дигитално околу нив, од 5год. се со мобилен во рака и од 3год дремат на компјутер и на фб и дома и на училиште.
Јас лично не гледам дека некогаш ќе имам потреба од паметен часовник.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,095
Мислења
838,341
Членови
29,012
Најнов член
Ivan1985
На врв Дно