• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Паметен vs глуп часовник - што користите?

Паметен или глуп часовник


  • Вкупно гласале
    51

ARMac

Epic
2 октомври 2010
9.012
11.662
Скопје
androgaming.com
Што користите и зошто.

Јас лично пробав некое време со паметни, не ми правеа ќејф. Највеќе ме нервираше што не се always-on па пора да ја ставам раката во чек позиција за да видам време.
Додека класичен часовник го гледам од секој агол.

Секако си има свои предности, алармчиња, сензори итн. Ама најважната функција не ја постигнуваат подеднакво добро како обичен часовник.

Не сум колекционер ама имам 6-7 часовници што како што стареат добиваат и на вредност. Нешто што кај паметните не е возможно пред се ради батеријата.

Го сметате ли часовникот како моден додаток или само како наменски уред?

Ова користам моментално.
Лево Советска Слава позлатена со 26 Jewels (камења, како се вика на македонски?), механизам кој работи перфектно уште откако е направен при крајот на седумдесетите.
Casio MTP1834. Од секогаш сум верувал на JDM производи, ова не е исклучок. Одлична изработка. Одлично лежи на рака, не е скап за секој ден. (цената е околу 5000 ден.)

1663591718705.png 1663591749189.png

Следен најверојатно ќе биде Casio Edifice EFR-S108D во slim издание. Неверојатно тенок. 7.8 mm, нешто поскап (околу 200 усд) поради сафирното стакло.

1663592090644.png

Што користите вие?

*Оваа тема немаа да се користи во научни истражувања.
 

VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1.483
1.417
Скопје
Додај во опции, опција за двете (како ниеден) хаха

Еве јас како тебе до негде, почнав смарт часовникот да го носам само при спортски активности, планинарење, точак и сл. За цело време искрено јас не му најдов намена, нотификации и сл. не ми требаат на рака .. доста ми е што ме реметат на се друго веќе .. не ми треба и саатот да ми титка :D
Додека остатокот од времето носам "обичен" часовник .. најчесто G-Shock во последно време.
Мислењето е автоматски споено:

да не биде ај без слики еве ги двата што ги носам перидов

Garmin Vivoactive 4
G-Shock GWN-1000H

IMG_20220919_153117.jpg


p.s. G-Shock от е контра на Garmin от .. Tough Solar e и нема крај на батеријата (дур не умре бар на 8+ години или нешто така)
 
Последна промена:

ARMac

Epic
2 октомври 2010
9.012
11.662
Скопје
androgaming.com
p.s. G-Shock от е контра на Garmin от .. Tough Solar e и нема крај на батеријата (дур не умре бар на 8+ години или нешто така)

Не ме чуди. Јас DBC32 пред 11 год. купен уште работи. Моментално е на сервис зошто ремчето пукна, а батеријата не е менувана до сега.

1663595996830.png
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: mkd

tupacan

Unstoppable
10 септември 2007
1.678
2.235
Последниве ~4 години користам смарт.

Веќе една година користам Apple Watch 6, пред тоа околу 3 години користев Samsung Gear S3.

Последен традиционален часовник ми беше MVMT Chrono и не би се вратил пак на традиционален. Барем не во скоро време.
 

FiC DoGG

On your way to fame
17 април 2007
949
973
www.behance.net
FiC DoGG's setup  
Processor & Cooler
i7 2600k Noctua NH D14
Motherboard
Asus Sabertooth P67
Storage
840 pro 128GB + 500GB HDD + 1000GB HDD
PSU
CM Real Power 550W
RAM
2x4GB DDR3 1333
Video card
Gigabyte GTX 760 2GB
Case
CM Centurion 5
Mouse
A4tech X7
Monitor
2x Dell U2412m
OS
Windows 8.1 Pro
Јас 14 години носев Casio PAW 1200, супер саат ама маана им се ремчињата, 3-4 години макс издржуваат, така да сега кога ми се скина стана ептен тешко и неисплатливо да се најде ремче за него. Да не зборам што црно ремче за лек нема, се што најдов беше темно зелена варијанта.
Сега сум со Mi Band 5, со скоро се изгасено. Саатот претежно ми е за саат, аларм и штоперица, и вака со се исклучено тера и по 20 дена без полнење.

Следно ќе биде некој Garmin Instinct , тој ми е најблиску до Casio-то што си го носев, плус има супер ГПС опции за хајкинг.
 

ARMac

Epic
2 октомври 2010
9.012
11.662
Скопје
androgaming.com
Јас 14 години носев Casio PAW 1200, супер саат ама маана им се ремчињата, 3-4 години макс издржуваат, така да сега кога ми се скина стана ептен тешко и неисплатливо да се најде ремче за него. Да не зборам што црно ремче за лек нема, се што најдов беше темно зелена варијанта.
Сега сум со Mi Band 5, со скоро се изгасено. Саатот претежно ми е за саат, аларм и штоперица, и вака со се исклучено тера и по 20 дена без полнење.

Следно ќе биде некој Garmin Instinct , тој ми е најблиску до Casio-то што си го носев, плус има супер ГПС опции за хајкинг.

Во било којa my time продавница остави го, оригинал ремче мењаат цената е околу 10 евра. И да нема на лагер порачуваат се чека месец од прилика. Овластени се за casio.
 

Stefanovi

Intern
17 септември 2022
3
6
Pred 1 mesec zemav Boderry od amazon za nekoi 170dolari,eden od poubavite casovnici sto sum gi imal(videl vo zivotot) kvalitet 100/10
i sega mi e smesno da go nosam stariot xiaomi pameten casovnik koga go imam ovoj.Pozdrav
unknown.png
 

Trtka

Gaining Сало
11 април 2018
326
405
Глупиот часовник секогаш ќе биде глуп, а паметниот после неколку години, ептен глуп.
 
Последна промена:

acikaaa

Gaining Experience
22 октомври 2018
373
363
Скопје
Јас сум за смарт часовник, незамелнив ми е Гарминот на рака, убаво си легна и така :) користам Garmin Venu го земав за возење велосипед ми требаше повеќе часови да држи во ГПС и сега не се симнува (освен за спиење) :) Ремчиња има мал милион на алиекспрес по долар-два и не му се замарам за тоа.
Инаку имам и Casio Edifice EF-539D-1AV и Casio G-SQUAD GBA-800-1A и уште некој друг часовник али Гарминот спие на рака и ми е незаменлив дневен детал :)
 

FiC DoGG

On your way to fame
17 април 2007
949
973
www.behance.net
FiC DoGG's setup  
Processor & Cooler
i7 2600k Noctua NH D14
Motherboard
Asus Sabertooth P67
Storage
840 pro 128GB + 500GB HDD + 1000GB HDD
PSU
CM Real Power 550W
RAM
2x4GB DDR3 1333
Video card
Gigabyte GTX 760 2GB
Case
CM Centurion 5
Mouse
A4tech X7
Monitor
2x Dell U2412m
OS
Windows 8.1 Pro
Во било којa my time продавница остави го, оригинал ремче мењаат цената е околу 10 евра. И да нема на лагер порачуваат се чека месец од прилика. Овластени се за casio.
Бев пред неколку години, ми рекоа аа дечко ова е американски модел ништо неможеме.
 

kolesk

Gaining Experience
6 февруари 2016
208
216
Јас се думам на еден шаоми банд 5/6/7. Само не знам кој. Мало и усклопно, а и телефонот мора на вибрации да ми биде, вака бар преку бендот, ќе го слушам. (Се надевам)
 

ARMac

Epic
2 октомври 2010
9.012
11.662
Скопје
androgaming.com
Бев пред неколку години, ми рекоа аа дечко ова е американски модел ништо неможеме.

Мене моментално ми менуваат од тие истите гумени/силиконски што и да се. Кога ќе го земам ќе сликам се надевам оригинал е. Инаку да не траат долго мене 6 години после како да се исуши гумата и испука.
 

cyberbaze

Gaining Experience
20 јуни 2009
279
238
Супер тема,

- Најпрво една опсервација: се сеќавам кога беше најавен првиот смарт часовик од Samsung и како во ИТ круговите зборувавме за можностите кои се отвараат со таков тип на уред.
Денешно време најголем дел од тие кои ги носат не се од ИТ профил.

Тоа ме води и да прашам зошто го купиле и како го користат.

Сосема ми е јасен фитнес делот.

Колку време трчал, колку време било потребно за еден круг, искачување (надморска височина)...

Но би поставил 2 прашања:

1. Што со тие податоци?
2. Доколку нема потреба од фитнес податоци за што се користи?

За нотификации?

Се заменува проверувањето на нотификации од телефон со паметен часовник? Дали тоа е помалку „некултурно“? :)

Ме интересира кој е „вистинскиот“ бенефит од паметните часовници?


Во контекст на веќе напишаното, не користам паметен часовник од таа причина што не можам да го согледам бенефитот во однос на потребните интервали на полнење на часовникот :)

Носам еден beater, еден vitnage и eden dress часовник, во завиност од пригодата.
 

Sharlovski

Unstoppable
28 јануари 2017
1.598
3.593
Ресен
Сосема ми е јасен фитнес делот.

Колку време трчал, колку време било потребно за еден круг, искачување (надморска височина)...

1. Што со тие податоци?
Ако се има цел напредок во фитнесот, не знам кој има кажано ама убаво е скоцкако “what you can measure you can improve“

2. Доколку нема потреба од фитнес податоци за што се користи?
Имам Гармин и можам да кажам дека е поглуп во однос на обичните паметни часовници дури најевтините 2000-3000 денари, спорт тргам на страна:

  • Тајмер, за мене е незаменлива опција, не знам како е кај другите, тука имаш можност за повеќе тајмери од еднаш.
  • Поважни нотификации, повици, не секогаш телефонот ти е во џеб или до тебе, знаеш дали треба да се јавиш/пишиш или може да почека.
Бираш кој апликации стигаат на сатот, на некои можиш и да одговориш со обични предефинирани пораки, да обиеш повик итн (некои имаат можност и да се разговараш преку сатот, не знам колку е ефективно тоа)
  • Аларм, на мобилен немам ставено
  • Виџет за музика, дали од телефонот или дирекно од сатот да менуваш/паузираш песни, подкасти итн. (Ама можиш и од слушалки, да, мене преку сат ми е полесно)
  • Здравје кое е поврзано со фитнес но не исто како стрес, пулс, HRV, спиење, тренинг итн

Сигурно има и други работи кои ги земам здраво за готово, не ми текнуваат во моментов.
 

Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1.655
1.850
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Саатчево го носам цело време освен кога се полни (а за жал се полни секој ден по 2 саати хаха).
Наместен ми е аларм на вибрации што е одлично за будење барем за мене.
Нотификации од телефон секогаш прво гледам на саатчето (кој ми ѕвони или порака кој пратил), па гасам или зимам телефон а ретко и зборувам преку саатчето. Ова е супер ако не сакаш да се мрднеш од кај што седиш а телефонот се полни или ако ти е телефонот во џеб.
И нормално пратам здравје. Пошто генерира нон стоп податоци а го носам 20+ саати можам да проверам каков ми е пулсот во мирување, колку сум вежбал, колку сум спиел и да правам неделни, месечни и тн. споредби. Свесен сум дека ова не е медицински апарат ама ако има значителни отстапувања значи нешто не е во ред. Е сега ова може и малку да те испаничи како во случајот со ковид, тие мерења од саатот беа ептен лоши па после 2 дена ковид го извадив да не си гледам пулс, спиење и тн. :)
Се случило и музика што ја кастувам на ТВ да менувам или стишувам ама ова ретко.
Се на се, без паметен саат се живее, ама не е бескорисен, напротив може да помогне во некои ситуации.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43.414
Мислења
900.375
Членови
32.127
Огласи
505
Најнов член
Medelin
На врв Дно