• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

PALIT 9800GT 1GB SLI vs AMD 4870 512MB?

  • Ја почнал/а темата
  • #1

zorandesign

Баниран/a
6 јуни 2007
1,618
674
Ме интересира рaзмислување во врска со оваа дилема.Цената на Palit 9800GT 1GB e 7100 ден,а цената на 4870ката е таа што е прикажана во anhoch.
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,762
14,841
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
Зависи од игрите кои ќе ги играш. Но имај на ум дека за да го искористиш потенцијалот на картицата(или картиците) ќе ти треба моќен процесор (C2D/C2Q на 3GHz).

Понатаму, имај на ум дека ако немаш монитор со висока резолуција (1680x1050/1600x1200 или повисока), практично воопшто нема да го искористиш бенефитот од картичката/ите.

За 2 картици, покрај ова ќе ти треба и матична плоча со 2x16 PCI-e кои можат да работат истовремено на таа брзина, како и моќно напојување со 2 независни 12v линии. Таквите матични плочи без разлика дали се со nVidia или Intel чипсет коштаат колку и двете картици од Palit 9800GT 1GB, а таквите напојувања од 40 евра па нагоре.

Понатаму од хардверски аспект, треба да сметаш дека две картици прават и повеќе бучава, гужва во куќиштето, повеќе греат и повеќе трошат енергија.

Од софтверски аспект, ќе се соочиш со некомпатибилност/нестабилност поради лоши драјвери и лоша оптимизираност кај некои игри, како и слабо скалирање кај некои игри кои може ќе ти бидат битни.

Па така, подобро да имаш една помоќна картица одошто две послаби, се разбира ако го занемариме финансискиот фактор. Две картици имаат смисла само кога ја имаш нај-јаката картица и сакаш уште поголеми перформанси.

Јас на твое место ако не ми се брза би почекал еден месец за да пристигнат 4870 1GB. Незначително ќе е поскапа (15~20 евра). Верзиите со 1GB треба да имаат поквалитетни чипови затоа што работат на повисока фреквенција, а трошат исто енергија. Во многу игрици има и бенефит од повеќето видео меморија.

Кога би ми се брзало би земал една 4850/4870 512MB. Па ако сакам подобри перформанси, би земал уште една подоцна(кога и ќе бидат поефтини). 2 картици во Crossfire имаат поголем коефициент на полезно дејство (зголемени перформанси во однос на 1 картица) одошто 2 картици во SLi. Со Radeon 4xxx можеш да правиш hybrid crossfire, т.е. да ставиш друг модел на Radeon 3xxx/4xxx картица.

BTW, прегледај ги следниве статии. Може тие подобро ќе ти одговорат на твојата дилема:
http://www.anandtech.com/video/showdoc.aspx?i=3415&p=3&cp=1#comments
http://hothardware.com/Articles/ATI-Radeon-HD-4870-X2--AMD-Back-On-Top/?page=1
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

zorandesign

Баниран/a
6 јуни 2007
1,618
674
@gOJDO
Ти благодарам на исцрпниот одговор.Всушност,не се работи за компјутер за мене,мојот братучед преферира да слушне и други мислења покрај моето,па секој одговор тука ќе влијае на неговата одлука.Мисле дека две 9800GT ќе бидат подобри од тоа што јас моментално го користам дома-4870 :)
 
Кај има Palit 9800GT? Глеам по другиве фирми 512ката на 9800гт е со таа цена, а 1ГБ верзијата е 9000ки. По некоја логика, продавницата што ги шитка Палит 1ГБ верзиите за 7100, би требало да ги шитка 512ките за поефтино. I'm interested.
 
M

Mr.Alien

Гостин
@ Sephiroth
Palit носеа TDK, не знам дали уште, мислам - да. Фирмата е до пекарата Златен Клас, близу раскрсницата на Рузвелтова кај школото.

@zorandesign
Јас би избрал една подобра картичка, особено ако не користам монитор со дијагонала од 21" па нагоре. По мене SLI и CrossFire имаат смисол само со картички од највисока категорија.
И втора работа - што ако рикне едната картичка од SLI/CrossFire системот составен од две послаби картички, и не можеш да набавиш ист таков модел? Малку делува како крајност, но сепак е можно да се случи и треба да се земе в предвид оваа можност. Тогаш остануваш само со една послаба картичка.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

zorandesign

Баниран/a
6 јуни 2007
1,618
674
@ Sephiroth
Таа цена е дилерска.Доклку си заинтересиран,контактирај ме по email.Инаку фирмата што ги нуди е од Битола,и моментално во понудата нема модел со 512МВ.
 

TataMata

Intern
13 јуни 2008
115
1
Не се исплати SLI/Crossfire, барем засега а и мислам дека и ќе остане така. Едноставно нема економска логика, плаќаш дупло, добиваш само 50% од очекуваните дупли перфоманси. Во зависност од ситуацијата ќе ти треба и доста поскапа матична. Неисплаќањето важи и за т.н. спакувани SLI/Crossfire картици, како 4870x2.
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,762
14,841
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
Неисплаќањето важи и за т.н. спакувани SLI/Crossfire картици, како 4870x2.
Спакуваните картици се секогаш "top of the line" и имаат друга намена/цел и бенифиција.
Предност кај таквите картици е тоа што не бараат 2 PCI-e слота. Мана е што се многу големи и не секогаш ги збира во секое куќиште.

Што се однесува до 4870X2, излезе со 2GB gDDR5, додека 4870 беше само со 512MB. 4870X2 e во просек за 65% побрза од 4870, а разликата во цена е 90%. Тоа ја прави 4870X2 многу исплатлива затоа што перформансите никогаш не одат линеарно со цената. После одредена граница, т.н. sweet spot, цената оди квадратно со зголемување на перформансите.

Таков sweet spot кај графичките карти на nVidia е на пример 9800GT. 9800GTX+ e +60% поскапа, а само 20% побрза. GTX260 e побрза за 50%, но поскапа за +130%.

Sweet spot кај ATi е 4850. 4870 е 60% поскапа, а 20% побрза.
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,762
14,841
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows

TataMata

Intern
13 јуни 2008
115
1
Спакуваните картици се секогаш "top of the line" и имаат друга намена/цел и бенифиција.
Да најдат овци за стрижење.

Што се однесува до 4870X2, излезе со 2GB gDDR5, додека 4870 беше само со 512MB. 4870X2 e во просек за 65% побрза од 4870, а разликата во цена е 90%. Тоа ја прави 4870X2 многу исплатлива затоа што перформансите никогаш не одат линеарно со цената.
Добро бараташ со проценти. Кај си видел просек во проценти? Имаш некоја формула за пресметување? Или забораваш дека во некои игри ама и нема убрзање? Тогаш тие 65% не се баш важни? Ме сфати?
После одредена граница, т.н. sweet spot, цената оди квадратно со зголемување на перформансите.
Не. Експоненцијално. Во цел опсег. Кај најде квадратно? Мада математички гледано, и ти си донекаде точен.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #13

zorandesign

Баниран/a
6 јуни 2007
1,618
674
@TataMata
Коментариве ти се :ua: Читај што е topic,не туку соли памет тука:ua:
Просек во проценти-не знам што не ти е тука јасно.Најбитно е тоа што во тие игри како што е Crysis има забрзување бидејќи е оптимизирана и за работа со повеќејадрени процесори и за работа со повеќепроцесорски графички хардвер.Тие 65% и те како се важни.Пример,9600GT 512MB чини 4400 ден.и во секој случај се подобар избор од 9800GTX+.Инаку цената не зголемува ниту квадратно(што спаѓа во експоненцијално) ниту по геометриска прогресија ниту по аретметичка.Значи тука прашањето не ми беше да бараме како се менуваат цените со зголемувањето на перформансите.Post-от ти е целосно off-topic.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #14

zorandesign

Баниран/a
6 јуни 2007
1,618
674
Да дополнам тоа што сум пропуштил:
..."Пример,9600GT 512MB чини 4400 ден.и во секој случај ДВЕ ТАКВИ ВО SLI се подобар избор од 9800GTX+..."
 
M

Mr.Alien

Гостин
Не се исплати SLI/Crossfire, барем засега а и мислам дека и ќе остане така. Едноставно нема економска логика, плаќаш дупло, добиваш само 50% од очекуваните дупли перфоманси.
Нашол кој да коментира проценти. Ај да те видам, како ти дојде до овие проценти? :LOL:
 

TataMata

Intern
13 јуни 2008
115
1
Мојот совет беше добронамерен. А тој е да не оди со SLI/Crossfire варијанта.

@zorandesign оди со 4870 и нема да згрешиш во однос на перфомансите. SLI варијантата е премногу зависна од драјверите и типот на играта.

@Mr.Alien знам дека си модератор но немој да ми се потсмеваш, не ти личи. Знам дека и мојот процент е утнат (зависи да речеме од играта) но служи како илустрација. Ај нека биде по твоја воља, реков глупост. Сеедно ми е.

А тоа со просечните проценти, е доста едноставно. Земете две игри, едната од 100 има подобрување на 110 (10%), а втората од 50 фрејма/с на 95 (90%), просечното подобрување колку е? Ај да не ставам и времеска компонента, т.е. како одат фрејмовите по време...Ај да не тупам.
 
M

Mr.Alien

Гостин
@ tatamata

Воопшто не ми беше намера да ти се потсмевам, само навистина не е на место да критикуваш нечиј пост за нешто што и самиот си го направил. Се надевам дека ме разбираш што сакам да ти кажам.
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,762
14,841
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
Да најдат овци за стрижење.
Како ти ќе кажеш, така е. Производителите сигурно го адаптираат пазарот на твојата волја.

Добро бараташ со проценти.
Да, учев од "Tеорија на веројатност - Монте Карло". Ти ваљда не си чул ни дека постои.

Кај си видел просек во проценти?
:LOL: Сегде.
За множества се учи уште во основно, а за просек и проценти се учи во средно. Или ти уште не си средношколец или пак си се откажал од наставниот процес порано штом ти е чудно кога некој изразува просечни подобрувања во проценти.

Просек, математички представува пресметување на средната вредност од едно множество броеви. Има разни математички методи за пресметка на просечната вредност, меѓутоа за пресметка на просечни перформанси на интегрираните кола се користи методото на аритметичка средина.

Кога се прави споредба помеѓу две или повеќе вредности, за да се занемари факторот на човековата абсолутна перцепција (на пр. 5/4 е поголем од 500/450, иако абсолутната разлика од 500-450 е многу поголема од абсолутната разлика 5-4) најмногу се употребуван процентуалниот начин на претставување на вредностите.

Во случај дане знаеш што е процент, тоа е 100-ти дел од некоја вредност и се бележи со знакот "%" после бројот на проценти. Пример 65% од 100fps се 65fps.

Имаш некоја формула за пресметување?
Ако X1, X2,....XN се членови на множеството X, а Xсредно е просечната вредност на тоа множество, таа вредност се пресметува со следнава формула:
Xсредно = (X1 + X2 + .... + Xn) / n

Или забораваш дека во некои игри ама и нема убрзање? Тогаш тие 65% не се баш важни?
Ништо не заборавам, се имам земено в предвид, а тие 65% се земени како просечна вредност од перформансите во многу игри на различни резолуции и различни сетинзи. Податоци се достапни на секој кој има пристап до интернет, just fuc*ing google it. Но за да ти олеснам во пребарувањата, од каде можеш да поченеш да истражуваш:


Не, и ова втор пат да не те сваќам! Некој од нас двајца мора да е глуп: или јас што неможам да сватам или ти што не знаеш да се изразиш.

Не. Експоненцијално. Во цел опсег. Кај најде квадратно? Мада математички гледано, и ти си донекаде точен.
Хаха, ок, овој аргумент го прифаќам. Експоненционално е подобар опис од квадратно, но ни тоа не дава вистински опис. Цените се зголемуваат по некое правило, кое го одредуваат фирмите производители, а потоа го до-одредуваат фирмите продавачи.

Поентата ми беше да кажам дека цените не одат линеарно и дека после одредена граница се зголемуваат многу повеќе одошто перформансите на производот кој го купуваш.
 

386ka

Gaining Experience
22 декември 2007
2,365
193
Хахааха, сака уште некој да си поигра со gOJDO? Брате еве ти еден реп од мене :))
 

TataMata

Intern
13 јуни 2008
115
1
Просек, математички представува пресметување на средната вредност од едно множество броеви. Има разни математички методи за пресметка на просечната вредност, меѓутоа за пресметка на просечни перформанси на интегрираните кола се користи методото на аритметичка средина.
Да. Ама погрешно пресметуваш. Една е методата за пресметка на просечна вредност, мада има различни форми во зависност од природата (има на пример статична просечна вредност).
Во случај дане знаеш што е процент, тоа е 100-ти дел од некоја вредност и се бележи со знакот "%" после бројот на проценти. Пример 65% од 100fps се 65fps.
Процент е само друго име на дропка. Штом е дропка тогаш не може да се поврзе со аритметичка средина, туку со можеби геометриска или хармониска. Пример, земи две вредности А1 и Б1, зголемени за одреден процент. Тогаш

ПА = (А2 - А1) / А1 процент без множење со 100
ПБ = (Б2 - Б1) / Б1

И сега ако пресметаш средна вредност на процентите ќе добиеш:

П = (Б1*(А2-А1) + А1*(Б2-Б1))/2 * А1 * Б1

Нешто личи на геометриска средина, хармониска.

Но во суштина е

П = (А2 + Б2 - А1 - Б1)/(А1 + Б1)

Гледаш дека процентите „мамат“.

Ако X1, X2,....XN се членови на множеството X, а Xсредно е просечната вредност на тоа множество, таа вредност се пресметува со следнава формула:
Xсредно = (X1 + X2 + .... + Xn) / n
Освен ако тие членови припаѓаат на множеството. Како можеш да споредуваш перфоманси во Crysis, Call of Duty и Half Life 2. Не можеш. Не можеш да ги редиш во ист кош, па да вадиш од нив севкупно некаква средина. Можеш да речеш, да тоа и тоа е 50% проценти побрзо во Crysis, а 20% во Wow. Но не смееш да речеш (како што ја реков) во просек е 50% побрза.

BTW, ти не кажа како го пресметуваш просечниот процент...Ако е како горе, тогаш си грешка.
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,762
14,841
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows

On average, Wolfdale ends up being just under 5% faster clock-for-clock than Conroe.
http://www.anandtech.com/cpuchipsets/intel/showdoc.aspx?i=3069&p=3

The performance gain compared to the former –and now older – generation wasn’t overwhelming (59% on average over a 9800 GTX
http://www.tomshardware.com/reviews/radeon-hd-4870,1964.html

On average, 200MHz increase in the memory controller and L3 cache frequency generates about 1% improvement in most benchmarks
http://www.xbitlabs.com/articles/cpu/display/phenom-x4-9850_4.html#sect0
Гледаш за останатите 6 миљарди луѓе на планетава, освен тебе, не е проблем да сватат што значи просечно подобрување во %.

И во еден од претходните постови ти напишав дека гугл ти е пријател. Погуглај "Average improvement in %" да видиш колку резултати ќе ти даде.

Ако неможеш да сватиш што е "просек во проценти", тоа е твој проблем, решавај си го. Јас немам време да ти држам приватни часови по математика за основно и средно училиште.

BTW, најди си друг со кого ќе си контрираш. Мене не си ми повеќе интересен.
 

maci

On your way to fame
2 април 2008
2,972
686
Цитат:
Ме сфати?

Не, и ова втор пат да не те сваќам! Некој од нас двајца мора да е глуп: или јас што неможам да сватам или ти што не знаеш да се изразиш.

se iskinav od smeenje...gojdo e car.

gojdo e edinsteniot na koj mu veruvam koga ke kaze nesto.znam deka ima napraveno analiza i go potkrepuva so fakti.vaka kako sto citam forumi od drugi mak.web strani,gojdo ima najfer komentari. :bravo:
p.s.mi nema plateno za da go falam :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,565
Мислења
823,425
Членови
28,072
Најнов член
josimovskii
На врв Дно