1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Packet Loss на оптички интернет?

Дискусија во форумот 'LAN // WAN // MAN // PAN // CAN' започната од toplel, 19 Јули 2018.

  1. toplel

    toplel
    On your way to fame

    566
    574
    18 Август 2016
    Машко
    Од пред некое време ставив оптички интернет (40/40) од Телекабел и првите неколку дена беше супер. После извесно време почнав да имам мака со гледање стримчиња 1080/60,а во игри имав загуба на пакети од 3% до 15%. Добивав постојано "buffering" па решив да ги проверам рутиве и евентуално да утврдам во што е проблемот. Пингот е навидум во ред. Преку дијагностика од она шо колку-толку го знам ги добив следниве резултати (прикачени подолу). Пинг до рутер, до Google, следење на рута и слично.

    Контактирав многу пати со техничка служба, а од таму пак немаат решение за проблемов (за сега; работеле) па се надевам дека некој од овде поискусен со мрежава од технички аспект да ја објаснит или аку ништо друго барем да доприме блиску до тоа шо би можело да е потенцијален проблем. Дали се каблите во прашање? Пробав со форматирање на Windows, со целосен формат на LAN драјверите, нов Beta firmware за DD-WRT на рутерот (TL-841ND v11) пак истиот проблем.

    Споделете некое искуство и совет доколку сте имале ист или сличен проблем и како сте го решиле. Однапред фала на сите шо ќе се приклучат во дискусијава!

    EDIT: Да напоменам да проблемов е претежно после 17 сатот па цела вечер. Немам време да тестирам многу преку ден, ама прееска тестирав немаше никаква загуба.
     

    Прикачени датотеки:

  2. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,240
    6,372
    27 Март 2014
    Оптика и TP-Link.. И после губел сигнал, пинг со париз и назад.. Менувај тоа ѓубре.
     
    На gocetan и boro1 им се допаѓа ова.
  3. toplel

    toplel
    On your way to fame

    566
    574
    18 Август 2016
    Машко
    А зошто тогаш го имам истиов проблем и кога сум поврзан дирекно од модем на компјутер?
     
  4. Spawny

    Spawny
    Gaining Experience

    73
    68
    22 Декември 2013
    Машко
    Убавината на оптиката е што или ја има или ја нема. Затоа, загуба на пакети кај оптиката обично е одлика на лош сплајс или т.н. спојка на оптичкото влакно. Максимална загуба на сигналот (светлината) не треба да е повеќе од 0.15dB. Доколку е сплајснато набрзина влакното, или не го тестирале со OTDR да проверат загуба, можно е да има загуби на пакети. Проблемот може да е по должината на целата отичка линија, од Телекабел па до кај тебе дома. Обично се мерат со како што кажав OTDR уред кој што пушта сноп светлина и враќа телеметрија за загуба, но и при самиот сплајс може да се види прецизноста.
     
    Последна промена: 20 Јули 2018
    На bxxxn, alumen :), TexasUS и уште 2 други им се допаѓа ова.
  5. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,893
    6,512
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Добар рутер си е 841 не ти е до него пакет лосс сигурно. Си тера 100/100 оптика без проблем. Врати го на сток.

    Пакети ти губи телекабел. Нешто малце имаш губиток од кај тебе то централа што секако треба да се провери.
     
    На toplel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. toplel

    toplel
    On your way to fame

    566
    574
    18 Август 2016
    Машко
    Предлагаш да го тргнам dd-wrt и да го вратам на firmware од TP-Link или да го вратам dd-wrt на сток? Аку е за второво тогаш сѐ е на сток, ништо немам чепнато.

    Штом губи пакет од кај мене до централа тогаш можно е одговорот на @Spawny да е релевантен во случајов. Ќе се јавам во централа ќе кажам да проверат. Веројатно имаат таков уред.
     
  7. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,893
    6,512
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Мислев на сток фирмвер негов, да го отстраниш дд врт како потенцијален проблем. Затоа што имам и јас на една линија 841 со фабрички фирмвер и не прави проблем никаков стабилност 24/7.

    Иако искрено мислам дека не е проблем во самата индталација него во квалитетот на провајдерот.
     
    На toplel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. toplel

    toplel
    On your way to fame

    566
    574
    18 Август 2016
    Машко
    Ќе го вратам на обичниот (фабрички) firmware па ќе тестирам пак. И јас мислам дека не е хардверски туку е нешто по линија. Сепак, ќе ставам резултати доколку се сменит нешто.
     
  9. toplel

    toplel
    On your way to fame

    566
    574
    18 Август 2016
    Машко
    После две недели со обид да се отстранат пречките, пак не дојдовме до решение. Пробавме со:
    • Смена на модем
    • Stock firmware на рутер
    • Друг компјутер
    • 24/7 на мониторинг тврдат дека проблемот не бил видлив од нивна страна
    • Статична IP не помогна
    Од техничка се откажаа и викаат дека немаат појма кај е грешката. Тврдат дека по линија немало загуба. Не знам шо да речам... Имате некој предлог на што да им инсистирам доколку сите овие работи не се проблем? Се мислам дека аку беше спојката ќе имав проблем уште од прв ден. Дали е можно случајно да е оштетен кабелов до модем? Аку најдам некое решение сам од себе ќе известам.
     
  10. alumen :)

    alumen :)
    On your way to fame

    1,125
    596
    6 Јануари 2012
    Машко
    Џабе пробуваш со формати, други компјутери и слично, @Spawny ти го кажа проблемот. Јас не гледам друг проблем тука.
     
    На toplel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,368
    2,977
    4 Септември 2008
    Чим самиот оператор неможе да ти го реши проблем и уште ти викаат дека незнаат кај е грешката, тогаш е време да си бараш друг.
     
    toplel, alumen :), ARMac и на уште 1 им се допаѓа ова.
  12. toplel

    toplel
    On your way to fame

    566
    574
    18 Август 2016
    Машко
    Во право си @lynx . Не знам колкав квалитет имаат во техничката служба ама мислам дека при толку детали презентирани од моја страна и сите тие работи шо ги презедов за да им потенцирам кај е всушност проблемот па да можат полесно да го утврдат... тие сѐ уште да не можат ни причината да ја кажат шо е во најмала рака трагично. Значит го елиминиравме потенцијалот за хардверски/софверски проблем од моја страна со то шо самиот техничар дојде и на негов лаптоп го утврди истото. Техничарите од терен тврдат дека слајсовите на влакната се без никакви пречки и дека е измерено со соодветен алат.

    Рутата ја земаат од Неотел, а на неа имам најголеми латенции и загуба на пакети. Како можат да не исконтактираат со нив па нели имаат некаков си договор за квалитетот на услугата? За „буџет“ линии со технички недостатоци станува збор па одат со необврзувачки договори за да немаат обврска тие кон тебе? Да немам основа да се жалам преку АЕК? Па јас платив еднократен приклучок од 1500 денари и сега за два месеци ќе треба да платам 2,000 денари интернет, а ништо не видов од истиот. Претходниот оператор беше 25/1 коаксијален па можев без никакви пречки да гледам стримчиња 1080p 60fps, а со 40/40 ОПТИКА не можам да гледам ни 720p без buffering на секои пет секунди? Жално.

    Еве овде има техничари претпоставувам па отворено прашање до нив: Дали е можно да се има целосна софтверска контрола врз линијата од оператор до краен корисник и преку неа да се утврди загубава на пакети? Нема таква детална анализа во тие софтвери?
     
  13. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,893
    6,512
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Викни ги да ја измерат линијата, самата оптика.

    Ако губиш пакети како резултат на инсталацијата до тебе, одма ќе покаже проблем во јачината на сигналот.

    Речи им дојдете да ја измерите линијата. Речи им губам пакети пратете тим да провери. Не ги пуштај да си одат додека не средат.
     
    На toplel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. toplel

    toplel
    On your way to fame

    566
    574
    18 Август 2016
    Машко
    Па минимум 5 пати се дојдени кај мене дома и упорно инсистирам да измерат со тој алатот од кај мене дома и цело време тврдат дека немало никакви пречки во линијава т.е. дека веќе измериле. Аку имало лош контакт (сигнал) воопшто ќе сум немал интернет. Веќе мака ми е секој ден да ги викам без никаков ефект. Не знам колку им е комплицирано да земат соодветен алат и од моја страна да пуштат сноб светлина како шо сугерираше Spawny погоре. Дали од нестручност или не сакаат да признаат грешка по линија па да работат одново кај шо згрешиле.

    Во секој случај јас пак ќе инсистирам, ама веќе дефинитивно сум одлучен дека ќе го сменам операторов доколку не изнајдат решение. Многу лошо искуство.
     
  15. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,053
    1,287
    5 oктомври 2007
    Машко
    И не да мерат само пд кај тебе до кутијата во/пред зграда. Него и од неа до централа или следен сплит поинт. Кај мене кога местеа прес 2-3 години телеком имаа проблем при сама монтажа и одма си го најдоа дефектен линк од орманот пред зграда до главниот линк за населбата. Па ме турија на друго влакно а ова го прогласија во соработка со централа за дефектно и неупотребливо. Така да убаво вика Армац ги викаш и закључуеш врата или им викаш да потпишат дека веза немаат и ги мењаш.

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
    На toplel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DemoUser

    DemoUser
    On your way to fame

    788
    722
    27 Април 2010
    Машко
    Значи секој рутер или модем за оптички кабел имаат одредена децибелажа до која работат т.е зависно какви превиткувања,сплајсања, и зависно на крај во завршната кутија какви конектори кориситат и дали добро се наместени.Ако модемот или рутерот е направен од фабрика да работи или најдобро кажано од до толку и толку децибели ова ви е пример RX Optical Power -27 to -8 dBm како што е рутерот на телеком.Оптичкиот кабел е најважен дел како е наместен бидејќи не трпи големи агли на превиткувања неправилни сплајсови и ред други ситници. На телеком -12,11,15,16,17,18,19,20 па дури и 21 нема да имате проблеми зависно каде се наоѓате во кои реони.Али овој дел не важи само до инсталацијата како е направена кај вас дома, туку важи и како се направени главните сплитери и доводните оптички кабли.Е сега ако телекабел си знаат колку треба да им е ако го пречекоруваат тоа или се блиску до границата можно е да има загуби на пакети и нестабилност али сепак тоа е до стручноста на нивните инсталатери како го спровеле оптчкиот кабел.
    Не ме сваќајте сериозно околу ова и не ме мешајте кога ќе ви дојдат дома.... ова ви го кажувам општо и не ме мешајте мене со стручњаците на телекабел бидејќи јас бев на разговор во кај нив за работа и видов колку знаат и умеат :) и затоа не работам кај нив.
    Ова објаснување ви го давам како едноставно решение бидејќи они ако се сигурни дека немааат проблем со нивниот оптички кабел тогаш е 10000% до серверот каде што си врзан т.е од каде што влечеш интернет.Така да треба да си проверат убаво детално или земи си и раскини си договор и кажи им кога ќе имате стручни лица да го средат проблемот пак ќе бидам корисник кај вас.
     
    На toplel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,893
    6,512
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Незнам што да кажам.

    Јас ради сличен проблем завршив на суд со нив. Само кај мене беа драми. 10 саати на ден имаше нет, 10 саати немаше, 4 губеше пакети. Така тераа 2 месеци и на крај решив да не ги платам двете сметки.

    Потегнаа присилна наплата преку извршител, на нотар ја стопирав. Основен суд СК1 на прво рочиште носи одлука во нивна корист (нивниот адвокат и судијата ги видов на кафе во мавровка) без скоро никаква дискусија. Ја обжалив пресудата па апелација ја врати на повторно судење. СК1 пак носи одлука во нивна корист, пак ја обжалив и апелација за среќа ја поништи тужбата комплет.

    Сакам да кажам иако имав еден куп логови и докази и слични глупости, ништо од нив не се зема в предвид на суд. Среќа добар адвокат имав и знаеше што да прави.

    Ова беше пред едно 8-9 год. сега незнам како е ама не верувам дека драстично се сменило нешто.
     
    На toplel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Can4sta

    Can4sta
    Gaining Experience

    314
    338
    19 Јануари 2008
    Packet loss imase i na obicniot internet pred mesec dena i kaj mene, nonstop.
     
    На toplel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. toplel

    toplel
    On your way to fame

    566
    574
    18 Август 2016
    Машко
    UPDATE

    Техничарите направија телеметрија на цела мрежа долж улицава и тврдат дека немале никаков проблем од нивна страна. Кај мене проверија со алатка налик оваа и добија сигнал од -22 dBm и нешто спомнаа 68 (можно е 0.68 не знам) ама не разбрав за шо. Можам само да кажам дека јас не сум единствен шо губи пакети туку и други корисници во Охрид и конкретно на мојава улица. Голема пофалба до теренската екипа стварно излегоја во пресрет на секое барање.

    Со ова кажано, се откажувам од нивниве „услуги“ заради крајно непрофесионалната техничка поддржка и неспремните мрежни администратори што не можат да го најдат изворот на голема и константна загуба на пакети веже месец дена. Мислам дека се работи за некоја буџет линија што е преоптоварена со сообраќај и затоа има тесно грло и загуба на пакети. Друго не знам што би можело да е со оглед дека не сум со доволна техничка спрема за да ги сфатам подобро комуникациските мрежи, а и не ми е приоритет да го сторам тоа.

    Се мислам дали да го пријавувам проблемов во АЕК, ама не знам ни како ниту каква е постапката. Во секој случај, би ги советувал сите шо ќе се одлучат да стават Телекабел во Охрид доколку имаат можност да си проверат кај други корисници во нивна близина за квалитетот на услугата. Интернетот не се користи само за Јутуб или да измериш колку брзина имаш на Speedtest. Квалитетот е најважната работа.
     

Сподели

Вчитување...