1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

P2P и Т-Home споро?

Дискусија во форумот 'Телеком' започната од ARMac, 13 Септември 2012.

  1. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,803
    6,351
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Ајде вака, пошто веќе се знае унавелико дека т-хоум има проблеми (или ги прави) со P2P трафикот (torrent, emule итн) ме интересира:

    1. Од кој град/населба сте

    2. Кој пакет го користите и дали е адсл/оптика

    3. Во кој дел од денот има проблеми

    4. Дали сте се јавиле во техничка подршка

    За мене,

    1. Скопје/Центар

    2. Оптика (3 линии) две 3макс оптик една Бизнис офис про

    3. Претежно навечер и во саботи/недели

    4. Да скоро секој втор ден (подоле одговорите нивни)

    Што знам до сега.

    - Од техничка подршка велат дека нема никакви рестрикции и многу им е чудно што само на P2P има проблем. До сега имам вкупно 4 налози отворено. Проблемот е што не е спор цело време, па кога ќе се јават (најчесто во 3 попладне) интернетот лета.

    - Имам пробано сам на себе да бидам Seeder односно од една оптика да хостирам од друга да симнувам. Тогаш не паѓа брзината воопшто, а во исто време не симиња од странство. Затоа сум 90% сигурен дека не станува збор за traffic shaping

    - Ова почна да се дешава откако ги спуштија цените од пред некој месец.

    - Од трите локации на кој што имам оптики две се во Скопје/Центар, третата е во друга населба. Кога првите две имаат проблем, третата најчесто нема. Проверено во исто време.

    - Базната станица во Центар го опфаќа реонот од Соборниот храм до ГТЦ и од стара автобуска до рамстор. Кога еден корисник има проблем со брзината имаат сите во исто време. Проверено со 7 корисници на ист торент во исто време. Кога нема проблеми нема кај никој на истиот тој торент во исто време.

    Отварајте налози на 08012345. Ако се пријават доста со проблеми во темава ќе испратам копија до нив и ќе барам да се каже јасно дали е до нив или генерално гушење има.

    Моја претпоставка е дека нив им се гуши земјениот линк кон Германија и Србија, затоа што како што кажав нема проблеми со торенти со МК сидери.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  2. alek99

    alek99
    Gaining Experience

    443
    363
    28 Јануари 2008
    Машко
    И јас приметив дека нешто се случува. Кај мене е вака: Преку ден брзината е преку сила до 200к, а пополноќ после 02 часот иде до максумим ~700к (за торенти зборам). Ова се случува последниов месец, предходно беше ок. Уплоадот е стално максимален. Инаку call and surf 8Mbps/768k, реон Аеродром.
     
  3. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,217
    12,227
    2 Август 2012
    Машко
    2 пакети T-Home Call and Surf 8Mbs/768 едниот во Прилеп другиот во Битола (седам во двата градови наизменично)

    Нема успорување. Кога ми е сомнително почнувам да симнувам Ubuntu од официјалната страна (преку торент, нормално)
    Пред два месеци ова (како од ARMac) го искусив во Битола. Се јавив во support и нормано, ми рече дека нема проблем и не знае што е работата иако му реагирале и други корисници но некако насетив дека е до нив (спрема начинот на кој ми одговараше)

    Јас имам проблеми со сурфањето. Некако како да ми е споро откако ги спуштија цените.
    Оптика сакам! [:
     
  4. Chaeld10_8

    Chaeld10_8
    On your way to fame

    730
    525
    29 Март 2011
    780kb/s so Uklucen Tv Resiver So Isklucen 1005kb/s I Da Go Otepas Ne Mrda Pojke Ali Po Pravilo I Tolkava Mi E Brzinata :D Jas Su Zadovolen :D Ke Zabegam Nekoj Zbor Od Temava
    Ponekogas Se Restartira Sam Ruterot I Snemva Tv A Internet Ima
     
  5. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,481
    2,479
    14 Мај 2008
    Машко
    1. Од кој град/населба сте - Скопје, Козле

    2. Кој пакет го користите и дали е адсл/оптика - 3Max Start ADSL (1500 денари)

    3. Во кој дел од денот има проблеми - Преку цел ден. Навечер лета. Вчера во 2 поручек со пуштени 3 здрави торенти едвај крена 150кб/с тотал.

    4. Дали сте се јавиле во техничка подршка - Да, се јавив, беа зачудени и ми рекоа дека не се работи за обликување на торент сообраќајот и дека ќе пуштат налог за да се испита

    Другар мој што е на оптика ги има истите маки, еве ќе пишам и за него:

    1. Од кој град/населба сте - Скопје, Капиштец

    2. Кој пакет го користите и дали е адсл/оптика - 3Max Comfort+ Optic (2700 денари беше?)

    3. Во кој дел од денот има проблеми - Преку ден, со тоа што другаров ми вика дека си ја има маката повеќе од месец дена.

    4. Дали сте се јавиле во техничка подршка - Незнам дали се јавил.
     
  6. architect

    architect
    Unstoppable

    1,889
    2,213
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    yup нешто не штима .
    Еве само што пуштив торент 350кб/с макс иде а користам 3макс комфорт ( обичен ) . :eek:
     
  7. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,775
    2,910
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Ресетирај рутер. Остави го 2-3 минути и пак уклучи. Кај мене функционира.... како да се презаситува, угушува после некое време од многу конекции. Кај мене работи вака 90%.
     
  8. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,803
    6,351
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Не е до тоа. Истото се дешава и на рутер од 400 евра. Нема никакво гушење кај мене имам логови од 2 гига да го докажам тоа ама не се влага со глава у ѕид, уствари у Т-Ѕид.
     
  9. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,663
    24,646
    4 Септември 2008
    Толку од супериорноста на T-Home, фирма со капитал, и инфраструктура како нив, не смее да си дозволи проблеми од овој тип, кои траат веќе недела + дури и Близу кога имаат проблеми истите траат само неколку дена, не 10-на.

    Ова е недозволиво за фирма со толку моќна инфраструктура, нивната опрема е едно 20 пати поквалитетна од сите други оператори, они токму со супериорноста од поглед на констатност на перформанси и стабилност, ги натераа корисниците за да одлучат за нив, така да ова е една голема иронија и е неопростливо.
     
  10. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,217
    12,227
    2 Август 2012
    Машко
    Пре-строг си! Ако си бизнис корисник со откупен линк и не ти оправаат дефектот ондак изјавава ти држи место.
    Вакви какви што се, без конкуренција, се супер.
    Кабловските оператери?? Можеби во Скопје ги поправаат дефектите но има ли маж сега овде и одма да каже како е во внатрешноста на Македонија? Не дај Боже дефект да настане во сабота или за нова година или за (пиши празник)

    @останатите
    Пробавте со симнување на Ubuntu?
     
  11. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,663
    24,646
    4 Септември 2008
    Не сум престрог, T home е дефиниција за стабилност, за која се плаќа премиум цена, доста повисока премиум цена.

    Така да за мене ова е недозволиво, мое лично гледиште на работите, што не значи дека не се сеуште најстабилни, ама ваков пропуст за мене е не-опростив.
     
  12. caki

    caki
    Gaining Experience

    459
    140
    1 Август 2010
    Во Велес барем за мојот интернет до пред една недела никогаш сум немал интернет повеќе од 2-3 часа. Тоа се случувало само кога нема интернет целата Близу мрежа. Пред недела дена се скина кабелот од интернетот и чекав едно 8-12 часа за да дојде слободна екипа, а воедно ова е и најдолго време без интернет од Близу.
     
  13. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,292
    2,861
    4 Септември 2008
    Јас, корисник на интернет од Близу, презадоволен. На една рака можам да набројам колку пати сум имал прекин комплетен или да падне брзина во последниве 2 години.

    Општа заблуда е дека кабловските не ги бива, умреа тие времиња кога шабански се работеше. Пример за тоа ќе ги земам Близу и една случка, на 31 декември во 6 поручек снема аналогна/дигитална телевизија, проблемот пријавен околу 8, значи контакт центарот не славеле сеуште. Другиот ден на 1 јануари во 10 сабајле дојдоа техничарите и го решија. Дежурна служба локална имаат 365 дена во година, може не е 24 часовна, но е од 8 сабајле до 8 навечер.

    Исти таков проблем во Т-Хоум да пријавеше каде техничари мораа да испаднат на терен ќе дојдеа ли на 1 јануари одма после пријавување од претходната вечер, ако плус се знаеше дека тој датум се паѓа во недела ?
     
    На caki му/ѝ се допаѓа ова.
  14. petre.dimov

    petre.dimov
    Gaining Experience

    961
    243
    27 ноември 2008
    Машко
    Software developer
    Додека сме кај T-Home , дека имаат проблеми имаат. Јас сум корисник на 3Мax Start и телевизијата едно 2-3 пати во дента закочува. Ќе се укопа, додека не смениш програм не се средува. Некња ми се случи ситуацијава, снема ТВ а интернет имав, ова траеше околу пола час. Вечерните часови се случува ова. И интернетот не е тоа што беше, се осети голема разлиак кога почнаа да ги менуваат пакетите. Барем беше стабилен, сега се случува 2пати во неделата да падне, а тогаш се немаше вакво нешто случено.
    Иначе сум од Кавадарци.
     
  15. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,095
    1,491
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    Во Скопје не се без конкуренција, blizoo сеуште не се на исто ниво но полека ги стигаат ... јас сум долгогодишен корисник на т-хоум интернет, нејќев да чујам за друго и бев спремен да плаќам премиум како што вика псисајд но кога променив локација ме тупеа дека треба да чекам месец за одјава па уште месец за да ми уклучат па секакви документи дека сум вработен плус чекав едно добри 2 часа во нивниот шоп само за да дојдам на ред! Ми пукна филм па реков ќе пробам на blizoo и кај нив добив 4 месеци бесплатно, неограничен оптички интернет со 10 мегабита симетричен аплоад и даунлоад (иако торентите ми идат и со 1.8MB во секунда), домашен телефон (кој никогаш нема да го користам :annoyed:) и дигитална телевизија со сличен квалитет со тој на т-хоум (без хд канали тоа се доплаќа) и сето тоа за 1300 денари!!! Нормално има и лоша страна на сето ова а тоа е дека на т-хоум никогаш не ми паднал интернетот а овде за 2 месеци двапати и ред други ситници но сепак не можете да кажете дека нема конкуренција или пак нема алтернатива ...
     
  16. architect

    architect
    Unstoppable

    1,889
    2,213
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    Мизерии .. 3max comfort .. немам симнато ни 100 gb ... недела дена веќе вака !!!
    [​IMG]
     
  17. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,217
    12,227
    2 Август 2012
    Машко
    Сеа... да не паметувам но во Македонија има и други градови освен Скопје.

    Која конкуренција? Во селата каква конкуренција имаат? Јас би се кладел дека 70% од корисниците на фиксен, интернет и телевизија на T-Home се од село.

    Овој шугавиот Speedport ми има прегорено 2 пати (сега користам трет)
    Ми ги менувале без апсолутно никаков проблем (имам приметено дека премногу е осетлив на грмење) и тоа во рок не поголем од 24 часа со достава дома. Сериозно!
    Која конкуренција го има ова? ONE ??? Koj има 24/7 подршка? Јас не велам дека интернетот од T-Home е најбрз туку дека заедно со се што наведов + стабилноста, која не е за подценување се едноставно најдобри.

    Се слагам дека понекогаш во нивниот support ставаат кретени кои ти велат "рестартирајте ја опремата и обидете се повторно" но... никој не е совршен.
    И за физичките дефекти се промптни! Се урна бандера кај мене во комшии и цело маало останавме без телефон/интернет. Утредента уште во 07:00 почнаа да работат а беа готови до 10. Екипите на „кабелците“ дојдоа кај 12:00 (се скинаа и нивни кабли) ......им жежеше, нервозни беа, па „кај сеа на оваа жештина у мичку патерин“ (средината на јули)

    Ситуација:
    Корисник сум на дигитална телевизија (со 10-ина HD канали) која е, нели, кодирана. Користам CAM модул (на некои им даваат ресајвери со скарт и им велат дека гледаат дигитала и ха-де канали!!!)

    За Нова Година (1 јануари) на телевизор ми се појави This Program is scrambled or cannot be decoded за сите странски телевизии (македонските беа во ред). Ѕвонам никој не се јавува! 2 Јануари никој. Дури на 3 се поправи дефектот
    Аналогната беше во ред но јас си сакам дгитална.

    Ах, па тој е со жена му на Нова Година со пансион во Бугарија! Се враќа на 3-ти
    Овој одговор го добив од стражарот кога го побарав одговорниот за дигитална телевизија. Останатите не се разбирале во овие работи. Толку од конкуренцијата.

    [edit]
    За да не пишувам нова порака. Вечерва за проба почнав да симнувам од пајрет беј и се е во ред. Ова на сликите е брзина која ја постигна „у трен ока“ :D
    Да не не ви работат магнет линковите. Имаше таков баг во utorrent.
    22.png
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,803
    6,351
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Во ред смирете се малце, темава ја отворив да соберам информации, не да се караме кој е подобар провајдер.

    Значи не се магнет линкови проблемот, не е уторент. Сум тестирал дури и со headless transmission и истите резултати се. брзината е заглавена или на 200 или на 300 кб/с на било кој торент, рутер или оперативен систем кога има проблем, а кога нема проблем го капирам 100 мегабитниот свич.

    Како што гледам не сите имаат проблем. Ова ќе да е локално во Скопје или во Центар. Така да ќе ги замолам уште еднаш тие што имаат проблем да напишат локација (не барам точна адреса таман работа).

    Можам да отворам налог во корисничка подршка за клучни корисници, имам логови, имам 7 души со логови ми треба само повеќе инфо во кои делови се јавува проблемов. Многу е веројатно да и техничарите од телеком незнаат за ова ако е проблем некој рутер кон надвор.

    Исто не е до опремата во никој случај. Имам Cisco 1841 гигабитен рутер, firebox x700 со pfsense едната конекција е 90 мегабита, другите две се по 50. Преку VPN во Германија работи ок. Исто споро работи и преку Huawei-то.
     
  19. architect

    architect
    Unstoppable

    1,889
    2,213
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    Same here ... магично се поправи конекцијата , сега иде со 1.5mb/s !!!
    p.s. не користам магнетни линкови туку замунда !!!
     
  20. igor_xxxx

    igor_xxxx
    Practice makes perfect

    1,207
    1,182
    10 Септември 2010
    Истиот проблем и кај мене веќе неколку дена, адсл во ѓорче.Над 200-300 нема шанси да крене на било каков торент вкупно.Со download од страни директно нема никаков проблем.
     
  21. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,663
    24,646
    4 Септември 2008
    Во Влае лимитација на 100kbs - просек под тоа.
     
  22. MasteR_#0

    MasteR_#0
    Unstoppable

    2,665
    2,227
    14 Декември 2010
    Машко
    Скопје, Ново Лисиче
    Call&Surf Start пакетот, иде преку оптика
    Понекогаш знае да се спушти брзината на 100/200kbps, и да се врати послем некое време, но главно преку ден, навечер не, еве подоле слика од тазе пуштен торент. (ако начекам преку ден така да се спушти ќе постирам уште еден скриншот)

    Screenshot_1.png

    Иначе истото се случуваше и во стариот стан во Аеродром кога бев на бакар, и тоа почна летоска негдека јуни/крај на јуни.
    Не сум се јавил во техничка поддршка за ова.
     
  23. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,672
    1,720
    8 Мај 2007
    Машко
    на работа некој т пакет, торент заглавен на 300к и не мрда
    едно време мислев дека е до линковите, ама дома сум на оне и дома си иде се ок.
     
  24. The_Witch_Hunter

    The_Witch_Hunter
    Practice makes perfect

    798
    1,646
    23 Мај 2012
    Првпат слушам за ова, во Аеродром сум и до сега да не се урочам ама сум немал проблем со брзината на симнување, ниту пак ми се пожалил некој од другите што се исто на t-home. Дали биле торенти или директни линкови секогаш ми вадело максимална брзина во било кој период од денот или ноќта :carefree:
     
  25. flashgordon007

    flashgordon007
    Gaining Experience

    461
    498
    15 Септември 2012
    Машко
    1. Од кој град/населба сте
    Скопје, Карпош

    2. Кој пакет го користите и дали е адсл/оптика
    Call & Surf Start (8 Mbps / 768 Kbps - 1199 ден/месечно)

    3. Во кој дел од денот има проблеми
    секоја вечер после 21 часот, се ресетира рутерот повеќе од 5 пати дневно

    4. Дали сте се јавиле во техничка подршка
    да, го сменија рутерот (Speedport W 503V) и ништо значајно не се промени


    - сурфањето (отварање страни) е забавено во споредба со состојбата од пред година дена - од моментот на пишувањето на веб адресата до почнувањето на прикажување на содржината поминува подолго време од времето на Dial-Up :)

    - Ова почна да се дешава откако ги спуштија цените од пред некој месец.
    Се согласувам со констатацијата!

    - Базната станица во Центар го опфаќа реонот од Соборниот храм до ГТЦ и од стара автобуска до рамстор. Кога еден корисник има проблем со брзината имаат сите во исто време. Проверено со 7 корисници на ист торент во исто време. Кога нема проблеми нема кај никој на истиот тој торент во исто време.
    Не е базна станица - телефонска централа Центар е од Железничка станица на запад до Рузвелтова на исток и од Кале на север до средно Водно на југ...

    Отварајте налози на 08012345. Ако се пријават доста со проблеми во темава ќе испратам копија до нив и ќе барам да се каже јасно дали е до нив или генерално гушење има.
    Мислиш дека ќе го признаат проблемов? Ќе не мотаат во круг (и веќе го прават тоа) додека не стигне глас до CEO, CTO или незнам кого во телекомот

    Моја претпоставка е дека нив им се гуши земјениот линк кон Германија и Србија, затоа што како што кажав нема проблеми со торенти со МК сидери.
    Таму има многу проблеми, плаќаме за да не ни ги пренесуваа нас на корисниците...

    Дополна: сега пробав да симнам торент и брзината не надминува 200k... Срамота
     

Сподели

Вчитување...