• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Оверклокинг на Zen2 (Ryzen 3xxx)

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
1,788
2,446
Битола
Здраво на сите,

Неколку АМД корисници последниве неколку недели имаа забелешки и грижи во врска со однесување на нивните Ryzen 3xxx процесори. Необично високи волтажи на Idle, скокања на температурите лево десно, итн. Напишав некому накратко зошто е тоа така, меѓутоа не објаснив доволно, па сакав нов пост да отворам за тоа. Меѓутоа, наместо да должам јас, ќе постирам официјални и неофицијални ресурси од вработени во АМД и ентузијасти во оверклокерската заедница за зошто е тоа така. Ова се луѓе коишто го претставуваат брендот и/или имаат долгогодишно искуство со работа и “мачење“ на процесори.

1. The final word on idle voltages for 3rd Gen ryzen : Amd

- оваа е една од најдобрите сумации за однесувањето на Zen 2 чиповите и зошто она што го гледате во вашите системи е нормална операција на процесорот. Доаѓа од вработен во АМД.

2. https://www.overclock.net/forum/13-amd-general/1741052-edc-1-pbo-turbo-boost.html

- ова раскажува за мануелно оверклокување и за тоа како АПСОЛУТНО НЕ ТРЕБА ДА ПРАВИТЕ бидејќи процесорот деградира. Ryzen 3000 не се направени за мануал оверклокинг бидејќи многу брзо ќе ги деградирате. Тоа им се случи на мнозинството оверклокери почетните месеци откако излегоја процесорите.

3. Ова е консензус на администраторите (доста спремни батиња меѓу кои и Buildzoid којшто прави најдетални и најобемни видеа за се поврзано со оверклокинг посебно РАМ И CPU) на https://www.overclock.net/ (водечки форум за ентузијасти оверклокери):

"In recent findings a lot of people have been reporting degradation on various zen 2 chips north of 1.3V on load, in light of this, we can no longer recommend manually overclocking for daily and recommend following the recommendations of Kellz's pin. This has nothing to do with stock or PBO operations, it is strictly with the behavior of manual overclocks on the zen 2 platform."

- ова доаѓа после неколку месеци откако датата се собра и се увиде дека мануелно НЕ СМЕЕ да се оверклокова Zen 2 бидејќи Auto PBO ја врши таа функција повеќе од доволно.

4. Eве го упатството за добивање максимум од Zen 2 како консензус:

Ryzen Power Settings.png

5. Финално еве основно видео од Buildzoid за добивање оптимални перформанси од Ryzen 3000 (горенаведениот член којшто се занимава со РАМ И ЦПУ оверклокинг:

View: https://www.youtube.com/watch?v=0J3Iswsvdvc

6. Заборавив да го додадам ова МНОГУ КОРИСНО четиво од Steve за PBO итн.

Explaining AMD Ryzen Precision Boost Overdrive (PBO), AutoOC, & Benchmarks

Се надевам овие точки ќе помогнат некому да го максимизира својот Ryzen 3xxx процесор. И запомнете дека сега најмногу од порано е важно да имате што поефикасно ладење бидејќи повеќе ќе буста ryzen-от на што пониска температура. Поздрав.

EDIT: Тестирам некои нови сетинзи со последниот биос и чипсет драјвер. Ќе постирам лично summary подоцна.
 
Последна промена:
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
1,788
2,446
Битола
What's the fun in auto overclocking?
Нема фан. За тие што сакаат мануелно овие генерации треба со Интел да одат, бидејќи ете Зен 2 и Зен 3 (што ќе излегува) се направени така да му нудат максиум out of the box на просечните конзумери.

ДОДАТОК 1: Не се препорачува да се менуваат сетинзи во RyzenMaster во ниедна ситуација. СЕКОГАШ Сѐ да оди преку BIOS. RyzenMaster да се користи исклучиво за мониторинг на рам тајминзи, а за мониторинг на клок и температури HWINFO.
 
Последна промена:

Gaston

Unstoppable
9 февруари 2011
1,550
2,767
Gaston's setup  
Audio
AR
Чичко @Rikimaru убаво си ни го спремил четивово и постапив по истото и стварно е цедење до даска колку што мануелно на all core никад не можеш. Сполај ти.
Ја имам релативно добар примерок на 3700X и стабилен е на 4,375 GHz на сите јадра. Над тоа се крева Win, може да се гејма без проблем, али на бенчови крешува.
Ама вака, на овој начин, некои од јадрата над 4.5, мислам вчера 2 јадра на 4.66 летнаа, ама летаат и напоните брат. Над 1.5V идат.
Така да, убаво е ова да се знае дека може, ама ме плашат напоните иако викаат дека е нормално.

Сето ова кажува само едно - AMD e бест бај точно, ама уште може курот да му го пуши на Intel и да го моли да голтне за да прими нешто знаење од него.

Извинете за вулгарноста, ама еве и ја се пребацив на AMD (3700X на X470) и стварно е мало дете за Intel.
Мислам, don't get me wrong, одлично е се, стабилно, можда некои софтвери сеуште немаат full support за AMD (ќе се надмине за некое време), се на се, се работи за одличен систем.
Ги пцујам AMD за клокање и за некои други работи (во продолжение). Што би рекле Охриѓани - Врска немат!
Самото тоа што цело време го копираат Интел за се, кажува дека уште му коленичат.
Мислам ало бре, мора ли да се именуваш како интел???
Смени Интел со Prescott именување на процесори со некакви бројчиња и ознаки, одма и АМД прешалтаа именување иако во тоа време беа бољи од интел.
Сеа пак се бољи од интел пак користат негова номенклатура:
i3 - R3
i5 - R5
i7 - R7
i9 - R9
U процесор за лаптоп демек low power става интел, и овие мораа истата U ознака да ја стаат.
Навивам за AMD цело време, ама ало бре? Имате ли вие образ ко прво и прво?
Рано им е изгледа, ама ај да се надеваме дека ќе ги биде.
Што би рекле Охриѓани - Врска немат!

И сеа во стилот на @xenon C:\>end rant
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
1,788
2,446
Битола
@Gaston Барем ти помогна. Инаку автоматски PBO си оверклокува како што треба нема што да те плашат напоните, системот сам си одлучува дека е безбедно. Инаку потегот од една страна им го разбирам, ги направија СИТЕ процесори отклучени и лесни за бустање (автоматски) за да се одделат од интел на тој начин. Да имаше интел ќе требаше да купуваш К верзија и мануелно да подесуваш (има задоволство и во тоа). Вака е полесно за конзумерите. А за маркетингот немам коментар. Важно ми е крајниот производ да нуди тоа што се рекламира и да е најдобар за парите во споредба со други брендови и процесори па како сака нека се нарекуваат. xD
 

Gaston

Unstoppable
9 февруари 2011
1,550
2,767
Gaston's setup  
Audio
AR
@Gaston Барем ти помогна. Инаку автоматски PBO си оверклокува како што треба нема што да те плашат напоните, системот сам си одлучува дека е безбедно. Инаку потегот од една страна им го разбирам, ги направија СИТЕ процесори отклучени и лесни за бустање (автоматски) за да се одделат од интел на тој начин. Да имаше интел ќе требаше да купуваш К верзија и мануелно да подесуваш (има задоволство и во тоа). Вака е полесно за конзумерите. А за маркетингот немам коментар. Важно ми е крајниот производ да нуди тоа што се рекламира и да е најдобар за парите во споредба со други брендови и процесори па како сака нека се нарекуваат. xD
Морав да измрчам, иначе супер е системот стварно.
И ме изненади твојов водич. Многу добри финтици за оние со Асус матични. Не видов дали има адаптирано за други брендови.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
1,788
2,446
Битола
Морав да измрчам, иначе супер е системот стварно.
И ме изненади твојов водич. Многу добри финтици за оние со Асус матични. Не видов дали има адаптирано за други брендови.
Целта ми беше да се запознае народот со тоа како функционира Зен 2 бидејќи има нови курци палци и малку конфузно е на почеток. Инаку не е само за Асус, сите тие сетинзи можеби под слично или друго име ги има кај сите брендови, само треба да се најдат кои се што се.
 
Последна промена:
  • Ја почнал/а темата
  • #11

Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
1,788
2,446
Битола
The Zen 2 FAQ : Amd

Овде имате многу добри информации за Zen2 во форма на Q&A со одговори од официјални АМД техничари.
 

Mao

On your way to fame
5 јуни 2007
1,227
975
Mao's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 3900X + BeQuiet Dark Rock Pro 4
Motherboard
Asus Rog Strix B450-F Gaming
Storage
Samsung Evo Plus 970 M2 nVME SSD
PSU
CM 850W M2 Silent Pro
RAM
Kingston Predator/Fury 32GB 3200Mhz
Video card
Asus Rog Strix 1070 8GB
Case
DeepCool Mattrex RGB
Mouse
Logitech G502 Hero
Keyboard
Cooler Master MK750
Monitor
Alienware 25" 240hz
OS
Win 10 Pro
На темава пин да се стави
 
  • Ја почнал/а темата
  • #13

Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
1,788
2,446
Битола
1usmus Unveils ClockTuner Performance Boosting Utility For AMD Ryzen 3000 CPUs

Нова алатка за вадење уште повеќе перформанси од Zen2 процесори.

1usmus е русин програмер, OC ентузијаст, tech ентузијаст и креатор на DRAM Calculator за Ryzen 3000. Кон крајот на месецов ќе го извади и најновото: Ryzen ClockTuner којшто автоматски ќе вади повеќе перформанси од вашиот Zen2 процесор преку undervolting.

Досега undervolting се правеше рачно и земаше многу време да го најдиш правиот баланс. Отсега и лаиците ќе може истото да го направат со програмчево.

Која е логиката на добивање повеќе перформанси преку пуштање помала волтажа? Zen2 перформансите директно зависат од термалниот headroom на процесорот. Precision Boost 2 ќе буста повеќе што поладен е процесорот. Преку намалување на волтажата, вие го зголемување тој thermal headroom и процесорот буста повеќе. На тој начин, го продолжувате векот на траење на вашиот процесор (помала волтажа) и ќе го држите поладен и побрз.

Се постигнува околу 7 проценти буст на перформанси зависно процесорот.
 
Последна промена:
  • Ја почнал/а темата
  • #14

Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
1,788
2,446
Битола

Кој е на Zen2 ајде кркајте екстра перформанси. На 3900x, со еден клик на дугмето,1usmus добил + 10 проценти повеќе перформанси на намалена волтажа ако е за верување. Ќе тестирам дополнително и ќе ве известам што придобивки сум добил.

Download тука: https://drive.google.com/file/d/1w7Zl-Sryn1N8jf002kciL7XOooeRhVRX/view

Guide тука: ClockTuner for Ryzen (CTR) Guide by 1USMUS

ЕДИТ: Успешен прв тест кај мене. Добив 7 проценти повеќе перформанси на 3800x после потребните подесувања во БИОС. Прелесна е за употреба. Буквално две дугмиња кликате. Ќе тестирам дополнително и ќе постирам резултати.

Имајте на ум, следниве фактори играат големма улога во тоа колку бонус перформанси ќе добиете:

1. Квалитетот и распределеноста на VRM-от
2. Квалитетот на ладењето
3. Силиконската лотарија

1usmus ветува дека ќе го апдејтира софтверот и за Zen3 (Ryzen 5xxx) еден месец откако ќе излезат, а тоа е сега за некоја недела.
 
Последна промена:

dantemkd

Intern
21 јули 2020
11
3
Едно прашање не ми ги покажува сите кора и сте јадра на ryzen 9 3900x
покажува 6 кора и 12 треда до биосот ли е проблемот или до процесорот?
 

Astro

Epic
20 јуни 2012
7,211
10,140
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64

DarthJe5us

Practice makes perfect
2 јануари 2012
1,770
1,314
Види да не е нешто од ова.

https://www.reddit.com/r/Amd/comments/ccrcmx View: https://www.reddit.com/r/Amd/comments/ccrcmx/ryzen_master_only_shows_6_cores_on_the_3900x/

Using game mode places a cap on cores used.

Only 6 cores enabled 3900x
Okay I fixed it by resetting the ryzen master software back to default. Kinda strange, but might be something worth looking at if you end up with the same problem as me

И поради некоја причина ова

nyks, the most likely cause of this, seen many times, is not installing a fresh copy of Windows after changing the processor. Enjoy, John.
 
Последна промена:

dantemkd

Intern
21 јули 2020
11
3

Update на ClockTuner на 1.1 којшто решава BSOD issues.
Благодарам
Мислењето е автоматски споено:

Како да памти некој сетинг од претходно кога си имал 6 јадрен процесор. Провери во БИЈОС.
Благодарам ќе погледнам.
Мислењето е автоматски споено:

Види да не е нешто од ова.

https://www.reddit.com/r/Amd/comments/ccrcmx View: https://www.reddit.com/r/Amd/comments/ccrcmx/ryzen_master_only_shows_6_cores_on_the_3900x/

Using game mode places a cap on cores used.

Only 6 cores enabled 3900x
Okay I fixed it by resetting the ryzen master software back to default. Kinda strange, but might be something worth looking at if you end up with the same problem as me

И поради некоја причина ова

nyks, the most likely cause of this, seen many times, is not installing a fresh copy of Windows after changing the processor. Enjoy, John.
windows не би требало да е затоа што е свежо инсталиран.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,589
Мислења
821,356
Членови
28,245
Најнов член
slavkovski
На врв Дно