1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Overclock на NVIDIA графички карти

Дискусија во форумот 'Overclock & Modding' започната од PilGriM, 26 Април 2009.

  1. PilGriM

    PilGriM
    Gaining Experience

    1,508
    444
    18 oктомври 2008
    Машко
    Developer
    ВИД НА OVERCLOCK
    Во продолжение ќе пишувам скратено, само OC за overclock. Не можам да најдам баш соодветен македонски збор, па затоа ќе го пишувам на англиски. Ако некој има добар предлог, ќе го сменам :)

    OC на една NVIDIA графичка карта во себе содржи три дела:
    1. OC на графичкиот процесор или јадро.
    2. OC на шејдерите.
    3. OC на нејзината меморија.

    Кога се прави OC на јадрото се зголемува фрекфенцијата на која што тоа работи. Кога се прави OC на шејдерите се зголемува фрекфенцијата на која што тие работат. Кога се прави OC на меморијата се прави истото - се зголемува работната фрекфенција на меморијата. Повеќето го делат мислењето дека со OC на меморијата најчесто се добива повеќе отколку OC на процесорот. Очигледната причина за тоа е дека со OC на меморијата се зголемува меморискиот проток на графичката карта.

    РИЗИК ИЛИ НЕ?
    Мора да кажам дека било каков OC во себе вклучува ризик. Како што рекле старите: фрли рипче за да фатиш крапче. Ако се постапува безгрижно може да дојде до горење/расипување на графичката карта.
    OC постапката во најголем број на случаји не е вклучена во гаранцијата на графичката карта, но овој „проблем“ може да се избегне со преземање на многу едноставни мерки кои што ќе ги објаснам во текот на ова упатство.
    Многу луѓе тврдат дека не е оправдано да се прави OC на многу скапи графички, но постојат многу добри аргументи за спротивното. И се разбира, ако се направи се тоа правилно и внимателно, ризикот е минимален.

    ПОТРЕБНИ АЛАТКИ ЗА OC
    1. RivaTuner
    2. FurMark
    3. GPUZ

    ПРЕД ДА СЕ ПОЧНЕ
    За сите оние што не знаат, грешки настануваат кога твојата графичка карта има превисок OC или температурата е превисока (но не доволна за системот сам да се исклучи). Внимавај секогаш температурата да не надмине 105 степени, тоа е максимумот што денес скоро сите графички можат да го издржат. Најдобро е температурата да биде под 90 степени, за се да биде безбедно.

    TRIAL & ERROR
    OC е процес на пробување колку може да издржи твојата графичка се додека не се појават грешки.

    1. Инсталирај RivaTuner и стартувај ја програмата.
    2. Уклучи Hardware monitoring.
    [​IMG][​IMG]
    Тука можеш да надгледуваш колку се моменталните работни фрекфенции и температурата на јадрото. Доколку при OC температурата надминува над посакуваната или дозволената вредност, кулерот од графичката можеш да го контролираш во System settings -> Fan.
    3. Уклучи System settings -> Overclocking.
    4. Штиклирај го Enable driver-level hardware overclocking.
    [​IMG][​IMG]
    (Тука е штиклирано Link clocks. Кога се зголемува фрекфенцијата на јадрото, автоматски се зголемува и фрекфенцијата на шејдерите. Може да се прави посебен OC на шејдерите, но придобивките од тоа во споредба кога се поврзани се мали. Доколку некој сака тоа може да го направи за да извлече максимум од својата графичка. Само треба да се знае дека отприлика Shader clock = 2.5 x Core clock)
    5. Зголеми ја фрекфенцијата на јадрото за 10MHz.
    6. Тестирај 5 минути со FurMark.
    [​IMG]
    7. Доколку не се појават никакви изобличувања и грешки на сликата, повтори ги чекорите 5 и 6. Кога ќе се појават грешки оди на чекор 8.
    8. Намали ја фрекфенцијата на јадрото за 20MHz. Тоа е максималната стабилна фрекфенција на јадрото.
    9. Зголеми ја фрекфенцијата на меморијата за 20MHz.
    10. Тестирај 5 минути со FurMark.
    11. Доколку не се појават никакви изобличувања и грешки на сликата, повори ги чекорите 9 и 10. Кога ќе се појават грешки оди на чекор 12.
    12. Намали ја фрекфенцијата на меморијата за 20MHz. Тоа е максималната стабилна фрекфенција на меморијата.
    13. Направи валидација на OC со GPUZ па постирај го линкот од неа за да се пофалиш. :p

    Запомни дека NVIDIA графичките карти работат во 2D и 3D мод. OC се прави исклучиво во 3D мод на работа.

    ДАЛИ Е ПОТРЕБНО ДОПОЛНИТЕЛНО ЛАДЕЊЕ ПРИ OC?
    Да, препорачано е. Треба да имаш добар проток на ладен воздух во твоето куќиште. Секогаш е добредојдено да имаш кулер кој дирекно ќе дува на графичката карта. Запомни дека графичките карти можат да имаат многу високи работни температури, па ако нема добар проток на воздух целиот систем ќе има покачена работна температура.

    Тоа е се засега...Поздрав :bravo:
     
    9 « број на членови на кои им се допаѓа ова.
  2. daci92

    daci92
    Gaining Experience

    2,120
    162
    4 Февруари 2009
    Машко
    Студент
    Odlicen tutorijal ,se nadevam deka ke svatat tie sto ne znaat kako se pravi OC zatoa sto ovoj tutorijal e najlesniot sto nekogas sum go cital i videl
    Ps:Zasto ne raboti sistem za reputacija vrz PilGriM
     
  3. zorandesign

    zorandesign
    Баниран/a

    1,618
    674
    6 Јуни 2007
    :bravo: Како не те мрзеше само :D Одличен туторијал, со мала забелешка во точка 4-ако сакате подобар резултат,како што и самиот кажа, никогаш не правете го тоа истовремено, најдобро е посебно да се прави OC на јадро, посебно на шејдери. :bravo:

    @daci92

    Најверојатно ќе се блокира системот од преоптеретеност:LOL:
     
  4. dulemk

    dulemk
    Gaining Experience

    1,049
    53
    11 Јануари 2008
    Супер туторијал,:bravo: неможе да е повеќе изџвакано од ова, ако некој пише дека не му е јасно нешто нека фрли компјутерот у река.:p
     

Сподели

Вчитување...