1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Overclock на AMD графички карти

Дискусија во форумот 'Overclock & Modding' започната од PilGriM, 27 Април 2009.

  1. PilGriM

    PilGriM
    Gaining Experience

    1,508
    444
    18 oктомври 2008
    Машко
    Developer
    ВИД НА OVERCLOCK
    Во продолжение ќе пишувам скратено, само OC за overclock. Не можам да најдам баш соодветен македонски збор, па затоа ќе го пишувам на англиски. Ако некој има добар предлог, ќе го сменам :)

    OC на една AMD графичка карта во себе содржи два дела:
    1. OC на графичкиот процесор или јадро.
    2. OC на нејзината меморија.

    Кога се прави OC на јадрото се зголемува фрекфенцијата на која што тоа работи. Кога се прави OC на меморијата се прави истото - се зголемува работната фрекфенција на меморијата. Повеќето го делат мислењето дека со OC на меморијата најчесто се добива повеќе отколку OC на процесорот. Очигледната причина за тоа е дека со OC на меморијата се зголемува меморискиот проток на графичката карта.

    РИЗИК ИЛИ НЕ?
    Мора да кажам дека било каков OC во себе вклучува ризик. Како што рекле старите: фрли рипче за да фатиш крапче. Ако се постапува безгрижно може да дојде до горење/расипување на графичката карта.
    OC постапката во најголем број на случаји не е вклучена во гаранцијата на графичката карта, но овој „проблем“ може да се избегне со преземање на многу едноставни мерки кои што ќе ги објаснам во текот на ова упатство.
    Многу луѓе тврдат дека не е оправдано да се прави OC на многу скапи графички, но постојат многу добри аргументи за спротивното. И се разбира, ако се направи се тоа правилно и внимателно, ризикот е минимален.

    ПОТРЕБНИ АЛАТКИ ЗА OC
    1. RivaTuner
    2. FurMark
    3. GPUZ

    ПРЕД ДА СЕ ПОЧНЕ
    За сите оние што не знаат, грешки настануваат кога твојата графичка карта има превисок OC или температурата е превисока (но не доволна за системот сам да се исклучи). Внимавај секогаш температурата да не надмине 105 степени, тоа е максимумот што денес скоро сите графички можат да го издржат. Најдобро е температурата да биде под 90 степени, за се да биде безбедно.

    TRIAL & ERROR
    OC е процес на пробување колку може да издржи твојата графичка се додека не се појават грешки.

    1. Инсталирај RivaTuner и стартувај ја програмата.
    2. Уклучи Hardware monitoring (најдесно од 5те икони).
    [​IMG][​IMG]
    Тука можеш да надгледуваш колку се моменталните работни фрекфенции и температурата на јадрото. Доколку при OC температурата надминува над посакуваната или дозволената вредност, кулерот од графичката можеш да го контролираш во Low-level system tweaks -> Fan.
    3. Уклучи Low-level system settings -> Overclocking.
    4. Штиклирај го Enable low-level hardware overclocking.
    [​IMG][​IMG]
    5. Зголеми ја фрекфенцијата на јадрото за 10MHz.
    6. Тестирај 5 минути со FurMark.
    [​IMG]
    7. Доколку не се појават никакви изобличувања и грешки на сликата, повтори ги чекорите 5 и 6. Кога ќе се појават грешки оди на чекор 8.
    8. Намали ја фрекфенцијата на јадрото за 20MHz. Тоа е максималната стабилна фрекфенција на јадрото.
    9. Зголеми ја фрекфенцијата на меморијата за 20MHz.
    10. Тестирај 5 минути со FurMark.
    11. Доколку не се појават никакви изобличувања и грешки на сликата, повтори ги чекорите 9 и 10. Кога ќе се појават грешки оди на чекор 12.
    12. Намали ја фрекфенцијата на меморијата за 20MHz. Тоа е максималната стабилна фрекфенција на меморијата.
    13. Направи валидација на OC со GPUZ па постирај го линкот од неа за да се пофалиш.

    ДАЛИ Е ПОТРЕБНО ДОПОЛНИТЕЛНО ЛАДЕЊЕ ПРИ OC?
    Да, препорачано е. Треба да имаш добар проток на ладен воздух во твоето куќиште. Секогаш е добредојдено да имаш кулер кој дирекно ќе дува на графичката карта. Запомни дека графичките карти можат да имаат многу високи работни температури, па ако нема добар проток на воздух целиот систем ќе има покачена работна температура.

    Тоа е се засега...Поздрав :bravo:

    п.с. фала на 386ка за сликите :nazdravje:
     
    4 « број на членови на кои им се допаѓа ова.
  2. 386ka

    386ka
    Gaining Experience

    2,365
    191
    22 Декември 2007
    Браво PilGriM, одличен туторијал! Ќе ти дадам реп кога ќе се раздавам на други. :bravo:
     
    1 person likes this.
  3. daci92

    daci92
    Gaining Experience

    2,120
    162
    4 Февруари 2009
    Машко
    Студент
    pozdrav odlicen tutorijal:bravo:
     

Сподели

Вчитување...