• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Ова веќе ме нервира!

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

HocusPocus

On your way to fame
3 јули 2007
1,017
635
Како што знам ова е форум од областа на Информатичките технологии и овде треба да се даваат совети, помош и критики кон постовите што се пишуваат. Тоа е ок. Има многу такви постови кои нудат нешто интересно, кои даваат совети, помош, критики итн. Ама има уште толку непотребни постови каде многу од членовите јадат премногу банички, односно мене ми изгледаат како некои ИТ аматери, а не ИТ професионалци. Јас ретко ги прегледувам сите теми, но понекогаш ги отварам тие теми што ме интересираат, ама што да видам се едни исти мислења... Ме испровоцира темата за www.crnobelo.com каде што гледам дека сите јадат бурек, а не само таму туку на сите теми каде што некој има да сподели своја направена работа. Премногу цинични работи се пишуваат, премногу непотребни расправии, препукувања меѓу членовите, премногу офф-топик...

Пишувајте само доколку вашето мислење може да помогне на даденото прашање, или се совпаѓа/не се совпаѓа со даденото мислење, при тоа дадете аргументи зошто е тоа така....

Мислам дека сфативте која ми е целта со постов, Администратори и Модератори ве молам ставете малку ред и мир на форумот.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Види....за некои наводи си во право. Но, ако внимателно ги прочиташ сите постови во некои теми каде што се случува расправија (теми каде што некој промовира нешто свое и бара мислење, пред се), ќе приметиш дека тој што бара мислење НЕ МОЖЕ да проголта и критика. Баш како што реков во темата crnobelo.com.mk, ако бараш мислење, биди подготвен и некој да постира и дека не му се допаѓа, има забелешка, приметил слабост и сл.
Има расправии кои започнале и поради тоа, а не само поради цинични постови. Не дека немало и цинични, далеку од тоа.
Постов ти е ОК, и јас размислував некое време веднаш таквите постови да се префрлаат во Боречки Клуб каде би се отворила соодветна тема. Ќе го поставам ова на "дневен ред" пред другите администратори и модератори.
 
MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
да токму така

додека не можат да прифатат негатини критики како позитивни
ништо не бива од нив
да не се навреди некој но така е
понатаму во животот ке наидат на многу пречки

што ке биде ако отидат на интервју за работа и тој таму ке почне да ги малтретира

ке земат ке измаршират

не е така:)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

HocusPocus

On your way to fame
3 јули 2007
1,017
635
Во ред се критиките што го охрабруваат членот да се поправи во позитивна смисла, ама има многу непотребни постови кои само уште повеќе го охрабруваат ама во негативна смисла... пр: „да се откаже од бизнисот....“ итн
 
MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
не се секавам добро беше одамна :)

али мислим дека му кажа нешто да биде оригиналан да направи нешто што нема куде нас не само да копира други портали

нешто у туј смислу беше да не тражу сга

да имаше некои препукувања
али ја беше нешто друго зафатен и не мога да учествују :plachko2:

а само да знаесте колко беше расположен за карање

уффффффф

али готови воше искарасе и истепасе сас куче
еве га сг у куќарку седи и не мрда:))
 
M

Mr.Alien

Гостин
@ Extremex
Во ред е тоа, постови во стилот "откажи се од бизнисот" не се на место. Но, во таа конотација не би требало да се свати пост кој вели дека (ова само како пример, не инсинуирам ништо) веќе има куп слични портали/форуми/сајтови со исти или слични содржини, каде што вестите или цели статии се copy/paste.
Да укажеш на такво нешто не е страшно, нели? На некој начин, и тоа е смерница, совет во која насока да се работи. Ако веќе прашал за совет...
 
MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
и би додал уште нешто

таквите теми не велам сите туку горе доле скоро сите

се само ради реклама ставени тука

сакате предлози не објавувајте линк
во друг случај барем јас ги сметам за обична реклама :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

HocusPocus

On your way to fame
3 јули 2007
1,017
635
Да тоа и јас го гледам како реклама, ама кога човекот бара ваше мислење ок, напишете го мислењето... ама мислењето да биде како ИТ мислење (функционалност, дизајн,....), а не дека постојат многу такви сајтови... мислам дека целта на членот што бара мислење е да му кажете како ви се допаѓа страната, а не содржината.. :)
 
MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
да мислам дека е добро тоа да се воводе како подправило
да се стави printscreen и да се тргне линкот
за барање совети.
во друг случај и ги оправдувам членовите кои реагираа тааа
мислам дека во последнно време се множат такви сајтови како зајци

и сите одма отвараат тема на сите можни форуми
како бараат совети ова она
а бараат само реклама:)
 
AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
и би додал уште нешто

таквите теми не велам сите туку горе доле скоро сите

се само ради реклама ставени тука

сакате предлози не објавувајте линк
во друг случај барем јас ги сметам за обична реклама :)
Токму така. Донекаде разбирам ако некој отвори тема за мислења и критики за неговиот нов сајт, и ако има дискусија околу тоа. Ако создавачот на темата активно учествува во дискусијата и на форум.
Ама има доста случаи каде целта на темата е промовирање на сајтот. Чиста реклама за придобивање на посетители. Нов член се регистрира и прв пост видете го мојот сајт и давајте кририки, и повеќе никаде го нема. Никаде на форум. :ua:
Мислам WTF? :lut2:

Треба на сите да им е јасно кога на форумов постојат правила. Секој член треба да ги прочита пред да почне да постира. Еве мал извадок:
1. Строго се забранува било каков вид на спамирање.
Македонски ИТ форум не е место каде што ќе биде толериран СПАМ-от. Бесплатното рекламирање на Вашата компанија, сајт, фирми или било што друго проценето од модераторите/админите како СПАМ ќе биде отстрането и ќе се смета дека вршите злоупотреба на форумот за очајно рекламирање. Внимавајте како и на кој начин го истакнувате Вашиот вебсајт, компанија и др.
Не знам што не им е јасно на членовите кога некоја тема ќе биде избришана од причина што е проценета како СПАМ? :ha:
 
M

Mr.Alien

Гостин
Види, честопати покрај коментар за визуелниот изглед сакаат да чујат мислење и за содржината. Камо среќа некој да неведе - неме интересира мислење за содржината, само за дизајнот. Такви случаеви мислам имавме два или три до сега, што е раритет.
И, камо среќа да прифати (без кревање нос :p) и негативна критика.
Туку, ај да не испадне ова округло па на ќоше - да видиме и другите што мислат во врска со темава. Ајде pipl, навалете.
 
Stane

Gaining Experience
4 октомври 2007
2,497
77
Самиот член побара да се критикува сајтот,значи треба да е подготвен да прима добри и лоши критики.А тој на лошите критики почна да се расправува.И сум забележал некои членови
кои тука бараат критики за нивните сајтови,а исто така и на други сајтови,но критиките не ги примаат и не ги реализираат,што значи дека само сакаат да го рекламираат сајтот,ова треба да се спречи некако.
 
CyberSpic

Intern
14 април 2007
823
26
howtoformatacomputer.com
Во ред, во ред.
Под критика не се подразбира - не чини сајтот - и толку.
Конструктивно мислење кое ќе му даде некоја идеа на креаторот што да а што не.

А за сите безпотребни офтопик мислења - делете.
Немам време да читам нешто што некој го пишувал бидејќи имал вишок време, за на крајот да заборавам која била поентата на темата.
 
ipop

Баниран/a
20 август 2008
26
0
www.crnobelo.com
Како се „перете“ просто сте смешни.

Дајте ми еден пост каде што не сум прифатил критика, јас ќе ви вратам со 10 каде што се заблагодарив на критиките.

И уште нешто, дали ако постирам некој програм кој што сум го направил и тоа ќе биде реклама? Можеби ќе биде подобро да направам скрин-шотови од сите функции и да ги постирам нив за да не биде реклама? Смешни сте луѓе, смешни!

Модератори: Погледнете колку луѓе ве критикуваат и застанаа против вас? Па луѓе, модераорите треба да прават ред, а не новите членови да ги учат како треба!

Искрено, и јас почнувам да помислувам дека на форумов мнозинство се аматери, а не професионалци.

А, во врска со интервјуата за работа и не прифаќање критики, мислам дека не е во ред да се коментира за личност која не ја познавате.

П.С. И мислам дека во еден пост многу убаво се изјаснив дека СИТЕ критики се земени во предвид и им се заблагодарив на оние кои ги дадоа.

Проблемот е што од толку голема окупираност за да се мрчи и „стави капаче“ модераторите не ги прочитале.

П.П.С. Ова важи за оние кои се удираат во гради дека јас не сум прифаќал совети, а тие давале конструктивни коментари:

Прочитајте го постот на злочко:
http://www.it.com.mk/forum/showthread.php?t=5733

Ова ли се конструктивни коментари? ПФТ!
 
Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,362
1,054
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Според мене и тоа е добро. Не е негативно ако на некој му се каже да се откаже од тоа (бидејќи би требало да се потроши премногу време и труд), а резултатите се премногу неизвесни. Подобро своето знаење да го употреби попродуктивно. Многу е добро кога се примаат совети-насоки од повеќе луѓе, посебно совети-насоки кои произлегуваат од поискусни личности.
Кога се бара критика, се дава целосна критика (освен ако не е поинаку наведено).
Секоја критика е добра. Било тоа да е позитивна или негативна се додека критиките се добронамерни. Е сега зависи од личноста дали ќе ја прифати или не. И зависи која му била целта што барал критики.
А има и многу луѓе што не прифаќаат критики, а се знае, кога се бара критика треба да очекува секакви.
 
Се согласувам, ама сЕ што е претерано, нечини.
 
zlochko

Intern
23 мај 2008
140
7
www.linkedin.com
Презаситеност од вакви портали, веќе не ги ни листам кога ќе го видам концептот.
====
Дали уникатноста се покажа преку Joomla или пак преку "уникатните" наслови кои ги има на најмалку 10 македонски "забавни" портали (copy/paste)?
===
Професионален изглед и функционалност?
Мене ми е се некако пренатрупено и расштракано, а дизајнот, сив - буквално.
===
На кој факултет имаш завршено?
Многу добро ве научиле.

Како прво: Joomla користи секое друго дете.
Каако второ: Како што рече Taurus. Преко к.р од вакви портали. Дајте бре нешто поразлично, оригинално, доста со вакви портали.
===
hah. uste imeto koga ke go vidam, se mi e jasno. tocka.com.mk a sega pa zapirka.

p.s.
pretpostavuvav deka e nekoja Joomla. uste edno
===
nekoj da ti pomogne ?
hm. ne veruvam. kako mozete da bidete takvi idioti.
===
zs ?
epa ako dosega ne razbra ne ni planiram da pisam poveke
===
Аман бе луѓе од вакви сајтови, колку ли само "портали" излезеа у последно време.
===
Пак забавни сајтови?!
===
залудно трошите свое а и време на други со правење вакви портали
а највеќе залудно трошите веб простор
Господо драга. Вие... на форумов... имате проблем. И тоа голем. И верувајте ми - проблемот не е во суетата на одредени (нови) членови. Проблемот се наоѓа на друго место.
Она од горе... не беа советите кои што ги бараа ниту MILAN ниту ipop. Не беа ниту критики... Ова горе не сум сигурен ни дека може воопшто да влезе во терминот критика, а 90% од пораките беа такви.
За жал, голем број од членовите на форумот пишуваат само за да влезат у оној клуб „1000“. Или е така.. или оставаат таков впечаток. Голем број од нив, се тука само да тролаат и да мрчат и каде можат да стават свој потпис, а со можност последниот збор да биде нивни, те. они да удрат тенџере на капачето.
Ама знаете што... тоа се карактери... табиети... и нема лутиш. Ја кога имам проблем со такви особи, само ги замолувам да не ми се обраќаат понатаму на таа тема. И проблемот генерално е решен. Впрочем како и да не им се прости... та тоа се обични корисници.

Е сега... проблемот настанува кога така се однесуваат модератори. За жал дел од оние пораки горе се напишани баш од модератори. И верувале или не ... изговорот што вчера го чув на канал: „Аман Злочко, не се лути одма... та и модераторите се луѓе“ - не држи. Ниту пак држи она што тука некаде го прочитав, дека вие (модераторите) сте се заситиле постојано нови фаци да поставуваат такви барања за мислења/критики за некој нов забавен портал кој што, онака нескромно според вас, наскоро ќе исчезне. Вие, можеби навистина сте заситени и порталот можеби наскоро ќе исчезне, не велам не, ама тој нов корисник што дошол тука дошол да побара совет. И што е најважно - тој нов корисник, не ја знае историјата на форумот, ниту пак таквите претходни барања, а и нема потреба да ја знае. Оти... тој е нов... и е корисник.
Проблемот паѓа господо на вас. Вие сте модераторите и у ствари вие покажувате заситеност кон одредени теми... поголемиот дел од останатите корисници - како овци потоа ве следат. Епа.. не иде тоа така. Ако сте заситени, земете си месец дена одмор, наместо тука да го загорчувате животот на секој кој што не влага во вашиот концепт на тема или табиет.

Изговорот дека пораките биле спамерски... е да ми простите глупост и воопшто не сакам да ја дискутирам. Да беа спам навистина, луѓето што ги отворија темите немаше да седат онлајн да чекаат мислења и потоа да дебатираат со коментаторите (и тоа и во двата случаја). Да беа спам... ќе ги напишеа пораките и потоа едноставно ќе исчезнеа.

Јас вчера бев „обвинет“ дека имам кавгаџиски карактер и дека одма рипам. Драга господо... вие во мојот случај, ја гледате последицата. Моето „рипање“ е последица... а причината еве ви ја горе, на почетокот на мојот пост.

И тука некаде завршува првиот дел од проблемот.
Вториот дел од проблемот е што вие г-да модератори, администратори... како и да е - немате „критериум за терање правдина“. Одлуките кои ги носите за тоа дали некој ќе биде опоменат, или шутнат не ви се базираат на објективни причини, туку по се изгледа си читате нешто меѓу редови или пак кога некој ќе ви ја каже вистината во очи и на конкретен начин ќе ви посочи дека логиката не ви е на место.... e tad... tad će da bude belaja!

Мене ми се случило вчера во доцните часови да бидам опоменат пред исклучување (а веројатно и на кратко исклучен од форумот) од г-дин Зоран Ивановски. Тоа што јас го добив по приватна пошта е следното:
Почитуван/а zlochko,

Вие добивте предупредување на Македонски ИТ форум.

Причина:
-------
Навреда спрема други членови

Ова е прва јавна опомена!
-------

Првобитен пост:
http://it.com.mk/forum/showthread.php?p=69621
Цитат:
Само ако те видам да дадеш на некого совет или насока за некој хардверски проблем.. ќе видиш убоо. Одма има да те измарширам ти тоа да го направиш а не само да делиш ум по форумов.

Кај сум потрошил време да седнам и да напишам нешто... ти се најде да ме кудиш, џанам ако сум толку паметен, што не сум го направил јас.
Епа еве.. ќе ти кажам зошто.. за таквите ко тебе да имаат за што да си праат муабет.

АМД_фан... се смеам се смеам.. еве...
Предупредувањата служат како потсетник до Вас за правилата на форумот, за кои од Вас се очекува да ги разберете и да се придржувате кон истите. Се најубаво Ви посакува, Македонски ИТ форум
Ајде сега.. наградно прашање... пронајдете ја навредата во мојата порака! Јас не ја најдов.. Зоки очигледно ја нашол. На ваше место... сериозно би седнал и би дискутирал и со него, а уште и со неколку други особи. Чоеков има проблем со објективност...

Згора на се... како исклучувањето и опомента да не сами по себе доволни кога се пратени во вид на приватна порака, овој драг господин, веројатно за да се напраи манга пред останатите... џанам да покаже кој е газда у тредот, ми ја пишува следната порака во самата тема:

http://it.com.mk/forum/showpost.php?p=69626&postcount=15
1. Марширај ти колку сакаш, само внимавај до каде и како ќе маршираш, со обичен или строев чекор, да не одмаршираш надвор од форумов.
2. "Кај јас сум седнал да напишам нешто....бла...бла...." - мислиш ли дека којзнае што си направил ако си напишал? Ајде бре, собери си ја суетата, да не се случи тоа под 1.
Дотогаш, еве ти мала пауза, да искулираш.
А сега и обраќањето: БРАОС ЗОКИ! ТИ СИ ГАЗДА! :bravo:
И пази сега... ТИ... ми даваш совет на МЕНЕ... јас да си ја соберам суетата?! Ти... ти ми даваш совет за суета... ти кој си автор на најсуетниот ИТ текст што било кога сум го причитал: тука
А да не ти кажувам па дека сметам оти не ти личи на годините... ниту расправијава со мене, а овој текстов - уште помалце.

Е сега, да се разјасниме јас и ти една работа. Ти благодарам што беше доволно доблесен да ми посочиш дека не сум направил кој знае што со тоа што сум извадил нешто од моето искуство и сум пробал на некого да му помогнам. Фала ти што ме стави на исто рамниште со оние коментарине најгоре у мојот пост.
Се потрудив јас со мојата последна порака до тебе да ти посочам каде грешиш во резонирањето. Искрено не знам дали сум успеал, ама со оглед на тоа дека добив веднаш после тоа од тебе уште една таква порака со опомена и по се изгледа некое темп. исклучување, веројатно успеав да чачнам кај што треба. Ама биди сигурен - дека ти чачна точно кај што требаше. Сега ќе играме вака:
Со оглед на тоа дека Зоки тука ми покажа дека џабе се трудам, дека постовите што ги пишувам според него треба да имаат исто рамниште како оние цитатине од погоре и дека секако он е газда (пали/гаси) у форум, ме принудува да идам на следниот чекор.

ДАМЈАНЕ ЧИТАЈ СЕА ВАМУ, ОТИ ТРЕБА ДА ТЕ ИНТЕРЕСИРА ОВА!
Верувал ти Зоки или не, ама јас моето време си го ценам... и вреди пари. Еднаш во еден пост кажав... не сум дојден тука да седам у скут кај останатите и да се лапам со нив... хм, добро...вчера со АМД нешо имавме на канал, ама тоа е меѓу нас (уф, срцка! многу е фин!)... дојден сум јас тука да дадам дел од моето знаење и соодветно да компензирам со тоа што ќе земам дел од вашето.
Со оглед на тоа дека ти Зоки ми стави до јасно дека моето знаење е... јебем ли га - непотребно, а по се изгледа и непожелно, јас :

1. Веќе немам намера да допринесувам во дискусиите. Од сега само ќе читам и ќе собирам знаење, но нема да возвраќам.

2. А доколку нешто напишам, ќе тресам глупости и ќе јадам трици како и 90% од вашите посетители. Ќе читате пораки без врска, кои содржински немаат никакво квалитативно значење, се долги по една до две реченици и најчесто имаат некоја саркастична замерка од типот „Преко к.р од вакви портали“.
Впрочем кога можеше модератор ова да го напише, зашто да не можам и јас?!

3. Дамјан, знам дека ти искажав заинтересираност за отварање на блог. И верувај ми - го направив тоа со најискрена намера. Ми се допаѓа идејата што ја согледав зад овој портал. Фер ќе беше... ти ќе добиеше квалитетни текстови, јас ќе добиев поголема посетеност на блогот отколку да отварав мој личен блог, па да се мачев да го пробијам, изрекламирам, итн.
Арно ама... после срањава од вчера, малку ми се подотворија очињата и мојата желба да учествувам тука ми спласна. Не ме сваќаj погрешно, навистина сакам на секој информатичар it.com.mk да му биде home page, ама одредени луѓе од тука не би можел да ги наречам колеги. Така што, ти благодарам - ама, не благодарам.

Не знам дали примети Дамјан, ама на форумов се беше регистрирал и претседателот на ИКТ на Стопанска Комора. Прати 3-4 поста. Последен му беше еден во кој што реагираше на однесувањето на еден од модераторите... и не знам дали собра 2 со 2, ама така ми делува, оти тоа ќе да му беше последниот пост. Мене по се изгледа малку поспоро ми грее бојлерот. Ја еве... задоцнив со заклучокот.
 
M

Mr.Alien

Гостин
@ zlochko
Очигледно, долгиот јазик ти е најсилното оружје, а тоа и такво оружје го користат сите оние кои се несигурни во себе како личности.
Немам против да искажеш свое знење, но начинот на искажување понекогаш ти е....ај, да го наречам погрешен, да не употребам друг збор кој ќе те погоди во жичка и натера да рипаш.
Второ, критики за мојот карактер прифаќам, но од личности кои имаат навистина силен и изграден карактер, цврст, со строго дефинирани ставови, релаксирани, воздржани.....ти ниту оддалеку не си таков карактер, затоа твоите критики упатени на сметка на мојот карактер можат само да ме насмеат и да ми предизвикаат сожалување за тебе. Кога ќе прочитам такви глупости.....
Велиш, кога екој не ти одговара го замолуваш да престане да комуницира со тебе на таа тема. Бегање, линија на помал отпор.....или суета? Што е твојот проблем? Не можеш да истрпиш критика? А бре дај седни, преиспитај си го карактерот и ставовите, имаш доволно години да можеш да седнеш и размислиш за тоа. А тоа веќе до сега си морал да го сториш.
Велиш нема да споделуваш знаење тука на форумов. Па, од сите твои досегашни постови и немаше особена корист. Велиш ќе седиш и ќе собираш знаење....седи, твоја работа како ќе се однесуваш на форумов. Велиш ќе тресеш зелени - па, нема да ти биде прв пат.
За нас модераторите....не ми е јасно како може сите модератори да не чиниме, а само ти да си во право? Очигледно, работите стојат поинаку.
Ако моите ставови не ти се допаѓаат, не ги читај моите постови. Никој не те присилува на тоа.
А велиш дека би имале муабет да истераме. После овој твој пост, не гледам дека со тебе би имал богзнае што да муабетам.
 
MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
Дајте ми еден пост каде што не сум прифатил критика, јас ќе ви вратам со 10 каде што се заблагодарив на критиките.
бидејќи до сега имаш 20 поста така да имаш повеќе од 2 поста каде велиш
ова она па што ако има пуно да не вадам сега цитати

и ако се заблагодариш за критиките тоа не е на тој начин
постои нешто и помеѓу редови

а тоа тука има аматери ова она како да го ставиме
тоа некој ти кажа дека има доста такви сајтови аман бе више со вакви сајтови, и ти одма аматери ова она. тоа ли ти е начин на заблагодарување

И уште нешто, дали ако постирам некој програм кој што сум го направил и тоа ќе биде реклама? Можеби ќе биде подобро да направам скрин-шотови од сите функции и да ги постирам нив за да не биде реклама? Смешни сте луѓе, смешни
ова ти е едноставно вадење сега
сите добро знаеме зошто си дојден тука
едноставно само реклама

можеби грешам но времето ке покаже
едноставно е многу доволни ти се само 2-3 printscreen ти го препорачувам FireShot
и наведи што е намената на сајтов, порталот инт, што се ке има ставено на него
и за која маса на луѓе е
просто е само 2-3 реченици

така ке добиеш подобри критики

А, во врска со интервјуата за работа и не прифаќање критики, мислам дека не е во ред да се коментира за личност која не ја познавате.
друже таа реченица тотално погрешно си ја разбрал
ја не те критикував тебе туку реков општо
доколку се наоѓаш самиот себе тамо јас не сум крив

П.П.С. Ова важи за оние кои се удираат во гради дека јас не сум прифаќал совети, а тие давале конструктивни коментари:
па да прифаќаше добронамерни совети немаше да дојде до ова што е сега

За жал, голем број од членовите на форумот пишуваат само за да влезат у оној клуб „1000“. Или е така.. или оставаат таков впечаток..
мислам дека ова се однесува на мене бидеќи јас бев последен.

избегувам колко можам сега не можам нонстоп да се воздржувам
да влегувам во преуцување, колко толку.

и гледам да давам колку толку квалитетни постови.
доколку администрацијата мисли дека немам квалитетни постови или дека нонстоп се карам
може слободно да го избрише корисничниот профил и сите постови и теми отворени
нема ич да се љутам:)
 
D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
ДАМЈАНЕ ЧИТАЈ СЕА ВАМУ, ОТИ ТРЕБА ДА ТЕ ИНТЕРЕСИРА ОВА!
Верувал ти Зоки или не, ама јас моето време си го ценам... и вреди пари. Еднаш во еден пост кажав... не сум дојден тука да седам у скут кај останатите и да се лапам со нив... хм, добро...вчера со АМД нешо имавме на канал, ама тоа е меѓу нас (уф, срцка! многу е фин!)... дојден сум јас тука да дадам дел од моето знаење и соодветно да компензирам со тоа што ќе земам дел од вашето.
Со оглед на тоа дека ти Зоки ми стави до јасно дека моето знаење е... јебем ли га - непотребно, а по се изгледа и непожелно, јас :

1. Веќе немам намера да допринесувам во дискусиите. Од сега само ќе читам и ќе собирам знаење, но нема да возвраќам.

2. А доколку нешто напишам, ќе тресам глупости и ќе јадам трици како и 90% од вашите посетители. Ќе читате пораки без врска, кои содржински немаат никакво квалитативно значење, се долги по една до две реченици и најчесто имаат некоја саркастична замерка од типот „Преко к.р од вакви портали“.
Впрочем кога можеше модератор ова да го напише, зашто да не можам и јас?!

3. Дамјан, знам дека ти искажав заинтересираност за отварање на блог. И верувај ми - го направив тоа со најискрена намера. Ми се допаѓа идејата што ја согледав зад овој портал. Фер ќе беше... ти ќе добиеше квалитетни текстови, јас ќе добиев поголема посетеност на блогот отколку да отварав мој личен блог, па да се мачев да го пробијам, изрекламирам, итн.
Арно ама... после срањава од вчера, малку ми се подотворија очињата и мојата желба да учествувам тука ми спласна. Не ме сваќаj погрешно, навистина сакам на секој информатичар it.com.mk да му биде home page, ама одредени луѓе од тука не би можел да ги наречам колеги. Така што, ти благодарам - ама, не благодарам.

Не знам дали примети Дамјан, ама на форумов се беше регистрирал и претседателот на ИКТ на Стопанска Комора. Прати 3-4 поста. Последен му беше еден во кој што реагираше на однесувањето на еден од модераторите... и не знам дали собра 2 со 2, ама така ми делува, оти тоа ќе да му беше последниот пост. Мене по се изгледа малку поспоро ми грее бојлерот. Ја еве... задоцнив со заклучокот.
Во ред, твоето мислење си е твое мислење.
 
zlochko

Intern
23 мај 2008
140
7
www.linkedin.com
@ zlochko
Очигледно, долгиот јазик ти е најсилното оружје, а тоа и такво оружје го користат сите оние кои се несигурни во себе како личности.
Немам против да искажеш свое знење, но начинот на искажување понекогаш ти е....ај, да го наречам погрешен, да не употребам друг збор кој ќе те погоди во жичка и натера да рипаш.
Второ, критики за мојот карактер прифаќам, но од личности кои имаат навистина силен и изграден карактер, цврст, со строго дефинирани ставови, релаксирани, воздржани.....ти ниту оддалеку не си таков карактер, затоа твоите критики упатени на сметка на мојот карактер можат само да ме насмеат и да ми предизвикаат сожалување за тебе. Кога ќе прочитам такви глупости.....
Велиш, кога екој не ти одговара го замолуваш да престане да комуницира со тебе на таа тема. Бегање, линија на помал отпор.....или суета? Што е твојот проблем? Не можеш да истрпиш критика? А бре дај седни, преиспитај си го карактерот и ставовите, имаш доволно години да можеш да седнеш и размислиш за тоа. А тоа веќе до сега си морал да го сториш.
Велиш нема да споделуваш знаење тука на форумов. Па, од сите твои досегашни постови и немаше особена корист. Велиш ќе седиш и ќе собираш знаење....седи, твоја работа како ќе се однесуваш на форумов. Велиш ќе тресеш зелени - па, нема да ти биде прв пат.
За нас модераторите....не ми е јасно како може сите модератори да не чиниме, а само ти да си во право? Очигледно, работите стојат поинаку.
Ако моите ставови не ти се допаѓаат, не ги читај моите постови. Никој не те присилува на тоа.
А велиш дека би имале муабет да истераме. После овој твој пост, не гледам дека со тебе би имал богзнае што да муабетам.
Луѓе знаете што. Зоки е у ствари у право...
Јас имам проблем со суетата. Искрено многу се нервирам кога некој ќе ми каже дека од моите 100тина поста до сега, ама ниту еден не нашол особено корисен. Стварно почнувам да се чудам што правам тука... Веројатно јас да го кажев на некого тоа - ќе ме избаниравте без око да ви трепне. :muahaha:

Јас навистина имам проблем кога некој ми пишува дека нема да ми биде прв пат ако тресам зелени.
Почнувам да се прашувам дали тој воопшто прочитал некој од текстовите што ги имам напишано.

Јас навистина имам проблем кога некој очајнички се труди да си ги привлече колегите близу до себе со тоа што ми бутка зборови во уста, работи кои јас никогаш не сум ги кажал. :muahaha:
На пример ова: „не ми е јасно како може сите модератори да не чиниме, а само ти да си во право?“. Никаде јас не реков дека СИТЕ модератори не чинат, а јас сум во право. Јас велам дека ЗОРАН не чини... а stojic (мислам така беше), напиша работа која не доликува на модератор, а за која мене ме опоменувате. :muahaha:

Имам голем проблем, со суета и со све остало, кога на толкав пост, некој место со контра аргументи - ми одговара со псохолошка анализа, па оценува изградени и неизградени карактери кои се сигурни или несигурни како личности. Абе Фројд! Впрочем, исто како во точка 1: јас ова да го напишев - ќе добиев исклучување додека трепнам. Впрочем јас по се изгледа сум добил исклучување и за мн. поситна работа од оваа без ни најмалку изразени квалификации кон дадена личност, како овие од тука. :muahaha:

Многу имам проблем со суеатата кога некој директно ми се обраќа со реплика и ме споменува, а потоа ми вели: „епа ако не ти се свиѓа - не го читај“. :muahaha:

И на крајот навистина многу имам проблем со суеатата кога некој ми тврди дека моето избегнување на конфликтни ситуации во кои што сум проценил дека џабе се убедувам со некого, дека џабе трошам енергија и време некој го цени како бегање, те. линија на помал отпор. :muahaha:

Ќе оставам јас на вас да се разберете со особава. Јас по линија на помал отпор, ќе побегнам од понатамошна комуникација со него, а со цел да немам понатамошен проблем со суетата.
:LOL:

„Фројд е жив... а ти си неодолив... тра-ла-ла-ла ла!“.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Јас навистина имам проблем кога некој ми пишува дека нема да ми биде прв пат ако тресам зелени.
Почнувам да се прашувам дали тој воопшто прочитал некој од текстовите што ги имам напишано.

Јас навистина имам проблем кога некој очајнички се труди да си ги привлече колегите близу до себе со тоа што ми бутка зборови во уста, работи кои јас никогаш не сум ги кажал. :muahaha:

Многу имам проблем со суеатата кога некој директно ми се обраќа со реплика и ме споменува, а потоа ми вели: „епа ако не ти се свиѓа - не го читај“. :muahaha:

И на крајот навистина многу имам проблем со суеатата кога некој ми тврди дека моето избегнување на конфликтни ситуации во кои што сум проценил дека џабе се убедувам со некого, дека џабе трошам енергија и време некој го цени како бегање, те. линија на помал отпор. :muahaha:

Ќе оставам јас на вас да се разберете со особава. Јас по линија на помал отпор, ќе побегнам од понатамошна комуникација со него, а со цел да немам понатамошен проблем со суетата.
:LOL: Hopeless.......

„Фројд е жив... а ти си неодолив... тра-ла-ла-ла ла!“.
....realy......
 
Blagojce

Gaining Experience
26 декември 2007
890
70
Прилеп
Blagojce's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5-3570 3.40GHz
Storage
2 TB
RAM
8 GB
Monitor
ASUS 24" LED Full HD
OS
Windows 10
offtopic:
Да ја преместевте темава во боречки клуб затоа што не наликува ова на сугестија за форумот, туку лично препукување.:)
Кој каква суета или карактер има нас не треба да не интересира, а и да не интересира тешко дека некој преку постови ќе му го смени карактерот(однесувањето). Затоа темава не води некаде и да биде преместена пак нема да има happy end:LOL:(крај).
 
zlochko

Intern
23 мај 2008
140
7
www.linkedin.com
И особено има мпроблем со суетата, кога некој ќе си земе мој текст... и при цитирањето комплетно ќе го извади од контекст, како примеров погоре.
:bravo:
 
ipop

Баниран/a
20 август 2008
26
0
www.crnobelo.com
:LOL: Hopeless.......

....realy......

Поради вакви препотентни односи на модератори и администратори пропадна еден многу популарен македонски веб сајт.

Тие што не се од вчера, знаат за што говорам.

А со вакви „ит професионалци“ како Г-дин Ејлиен, би рекол дека не ви претстојува светла иднина...

Од мене толку на оваа тема, на вас останува да размислите зошто толку поплаки се собраа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,565
Мислења
823,421
Членови
28,069
Најнов член
Na$sko
На врв Дно