• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Отворете ги прозорците

  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
Визија: Да изградиме свет каде што технологијата им овозможува на сите целосно да ги искористат своите способности.

Мисијата на Отворете ги прозорците е Промоција и Олеснување на Пристапот до Информатичка Технологија за Лица со Хендикеп.
Принципот според кој се раководиме е Нашето Верување дека Информацијата и Знаењето треба да бидат достапни за сите!

Отворете ги прозорците е регистрирано како здружение на граѓани во Република Македонија од август 2005 година.

Тимот на Отворете ги прозорците се наоѓа во Скопје, Македонија но ќе изведува активности низ сите делови на земјата. Во втората фаза како што се развиваат активностите на здружението Управниот одбор може да ги реплицира истите низ Балканскиот регион за поддршка на Движењето на лицата со хендикеп во Југоисточна Европа.

Отворете ги прозорците се единствени во своето поле и промовираат нови и оригинални идеи за пристапна Информатичка технологија за лица со хендикеп. Целна група се индивидуалци, организации на лица со хендикеп, образовни институции, дневни центри и др.
Овој пристап ќе отстрани дел од социјалните, економските и информатичките бариери кои постојат денеска во нашата средина.
Подобрувањето на пристапот до Информатичка технологија, како и зголемување на компјутерското знаење на лицата со хендикеп ќе резултира со нови перспективи. Тие ќе можат да изведуваат специфични работни задачи и да работат во соодветни организации и фирми, со што ќе си овозможат самостојно живеење и ќе бидат ценети како лица кои придонесуваат во општеството.

http://www.openthewindows.org/
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,569
Мислења
823,606
Членови
28,075
Најнов член
GGPPkorcula
На врв Дно