• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Отворено претставништво на ИБМ во Македонија

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139


Заменик министерот за информатичко општество, д-р Мирјана Секуловска на 24 септември во Александар Палас во Скопје, со поздравен говор ја отвори церемонијата за свеченото отворање на Претставништвото на мултинационалната компанија ИБМ во Македонија.

Во говорот, д-р Секуловска, на претставниците од ИБМ им посака срдечно добредојде и среќа во работењето на македонскиот пазар при што истакна дека градењето на едно информатичко општество не би било целосно без присуството на мултинационалните компании од ИТ секторот.

“Влезот на ИБМ на македонскиот пазар, ќе претставува сигнал и зелено светло за сите други познати софтверски компании, дека Република Македонија е пазар на кој вреди да се работи, пазар кој во себе содржи големи потенцијали и на кој може да се сретне голема побарувачка за нивните производи. За ова говори и податокот за растот на македонскиот ИТ пазар, кој според МАСИТ, изнесува 40%. Ова го рангира македонскиот ИТ пазар како најбрзорастечки во Европа“, изјави заменик министерот Секуловска.
На церемонијата со свој поздравен говор се обратија и г. Горан Бабиќ, раководителот на преставништвото на ИБМ во Македонија како и заменикот амбасадор на САД во Македонија, Томас Навратил.

Извор: Министерство за информатичко опшество
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,542
Мислења
822,900
Членови
28,057
Најнов член
Iamdantes10
На врв Дно