• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Отворен првиот Бизнис Инкубатор за поддршка на ИКТ бизниси

Статус
Затворена за нови мислења.
29 јануари 2008
2
0
www.yesincubator.org.mk
ПСМ Фондација го најавува отварањето на првиот ИКТ инкубатор во Скопје. ПСМ Фондацијата е основана од Норвешката истражувачка компанија СИНТЕФ [www.sintef.no] и од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија [www.soros.org.mk].
Што е бизнис инкубатор?- развојна организација која има цел да го забрза растот и успехот на компаниите преку низа ресурси за поддршка на бизнисот кои вклучуваат:
- канцелариски простор по бенефицирани ренти
- грант фонд
- поврзување со странски партнери
- промоција
- вмрежување со сродни претприемачи
- тренинзи и coaching
Главна цел на бизнис инкубаторот е да произведе успешни фирми кои ќе го напуштат истиот финансиски јаки и самостојни и зголемување на % на опстанок на иновативни почетни бизниси.

Можете да аплицирате на следниве начини:
e-mail: [email protected]
fax: 02 3103 670

или испратете ја по пошта:
ул. Архимедова бб (реон60), 1000 Скопје

За дополнителни информации посетете не на www.yesincubator.org.mk или директно контактирајте не на: 02 3103 660, 3103 675
 

D

Администратор
31 март 2007
3.522
2.947
www.iwmnetwork.com
А дали барате враќање на Вашата инвестиција и на кој начин и од каде поточно доаѓа вашиот капитал, од кои програми на Сорос и сл.?
 
29 јануари 2008
2
0
www.yesincubator.org.mk
Значи Бизнис Инкубатор како форма на организација е непрофитна организација која егзистира со помош на донори организации. Вие немате никаква обврска да ни враќате нешто за користење на нашите услуги. Секој инкубатор е непрофитна организација која финансиска не е самоодржлива туку функционира со помош на донори доколку сака да ја задржи својата примарна цел.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43.663
Мислења
889.183
Членови
31.504
Огласи
34
Најнов член
formula-1
На врв Дно