Propeller
Gaining Experience
- 5 февруари 2015
- 199
- 194
Имам еден проблем на кој наидов кога е во прашање работа.
Воглавно, во компанија во која имам интервју, ми кажаа дека начинот на исплата мора да оди единствено на компанија во Македонија, и дека треба да отворам своја компанија (најверојатно трговец - поединец) преку која ќе можат секој месец да примам бруто плата и натаму на мене е да си ги покривам давачките.
Бидејќи ова прв пат ми се случува во мојата работна кариера, и до сега никоја компанија немала проблем да ме исплаќа на мојата физичка сметка во банка, па потоа јас да си плаќам овде данок како фриленсер.
Во разговор со една вработена од компанијата, која е од Србија ми кажа дека проблемот го решила на тој начин што отворила своја "виртуелна компанија" преку која ја врши исплатата, но ниту знае да ми објасни кско, ниту дали истото е можно во Македонија.
Дали сте наишле на оваков проблем до сега? Како сте го решиле?
Дали кај нас има можност да се отвори виртуелна компанија (можеби преку Native Teams) или како да се реши оваа ситуација затоа што со отворање на сопствена фирма, не знам колку би ми де исплатило да ја прифатам работата, бидејќи ми се усложнува самиот процес, давачки, а и проблем е истата да ја затворам еден ден.