• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Отварање на фирма во Македонија

VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1,409
1,352
Скопје
Моето е малце офф топик, твоето си е на место, правилно. За жал на луѓето (повеќето) им е тешко да сфатат што значи осигурување на живот, прво нешто кога им се спомнува се добива реакција - не дај боже :) Тешко е да ги убедиш дека тоа не дај боже е само бонус за не дај боже, главното е дека е штедење, долгорочно.
Фирмата што ја даде како пример не ми се допаѓа, т.е. сум налетал на неа и друг пат, ама не можам да ја сфатам сериозно со таков дизајн на страница од 2007ма ;)
тоа е проблемот што таков им е пристапот, они на врата доагаат со понуда за животно осигурување, така го пакуваат производот, for some reason они го стваат тоа во фокус, место да објаснат убаво што е инвестициски фонд и тн и тн. А не дека ако умреш фамилијата ке ги лапне парите :D
 
Mechanic

Gaining Experience
2 мај 2016
281
211
Стаж и здравствено да плаќаш у нашава посрана државичка нема никаква смисла, недај боже да ти затреба нешто од наша институција ... било што, од глупа работа како менување лична карта до посериозни работи поврзани со здравје.
Затоа и му пишав пред некој ден, на дел ќе се осигураат, а останатите ќе ги вадат само со персонален.
Ако знае да менаџира со финансиите, нема ни да помисли на пензија :)
 
Alek7

Gaining Experience
2 април 2020
42
63
Skopje
Здраво дечки,
Би сакал да ја искористам постоечкава тема, да не отварам нова тема.
Имам неколку прашања околу отварање на фирма во МК. Се надевам овде ќе добијам одговор на некои од прашањата.

Јас се водам како регуларен вработен во македонска ИТ компанија. И имам договор со друга МК компанија каде се водам како "времено вработен". Вторава компанија ме исплаќа на сметка на физичко лице, и тие го плаќат данокот на тие средства. Меѓутоа сега прв пат имам клиент од надвор, од UK, кој инсистира исплатата да биде B2B. Па претпоставувам дека имам 2 опции, да најдам фирма посредник и да платам за услугата, или да отворам фирма која би била без вработени (не сум сигурен дали може вакво сценарио) и би ја користел само за овој клиент. Целта ми е да си останам регуларно вработен во првата компанија, само барам начин како би било најлесно да извршам наплаќање кон клиент од странство (B2B).

  • Дали постојат фирми кај нас кои ја нудат оваа услуга, исплата на B2B фактура? Доколку постојат, ве молам набројте некои од нив. Колку наплаќат за оваа услуга?
  • Дали може во МК да се отвори фирма без активни вработени? Претпоставувам јас би бил управител на таа фирма, а би се водел ко регуларен вработен во друга компанија. Доколку е возможно ова сценарио, кои све трошоци би ги имал? Претпоставувам трошоци за отварање на фирма, месечни трошкови за сметководство, годишен данок на добивка, персонален данок кога би си префарлал пари од фирма кон мене,... други трошоци?
 
Авторска агенција? да прашаш .. 3-4% зимаат (барем порано коа користев)
 
Најверојатно ќе идам преку авторска агенција.
Прашав денес во една агенција, некаде 4% зимат на цела сума, и потоа имам 11.11% персонален данок, и уште конверзија фунта/евро во МКД.

А дали може да добијам инфо околу другата опција, за да може да направам споредба.
(Дали може во МК да се отвори фирма без активни вработени? Претпоставувам јас би бил управител на таа фирма, а би се водел ко регуларен вработен во друга компанија. Доколку е возможно ова сценарио, кои све трошоци би ги имал? Претпоставувам трошоци за отварање на фирма, месечни трошкови за сметководство, годишен данок на добивка, персонален данок кога би си префарлал пари од фирма кон мене,... други трошоци?)
 
Мислам дека можеш да бидеш управител на пола работно време со согласност од моменталното работно место.
Не може да бидеш на 2 места фул тајм.
Вработен може да бидеш само ти како управител.
Давачките со своја фирма се поголеми и од тие 4%.
Сметководител 50-70 евра, фирмарина, завршна сметка 5000ки мислам беше сега зимава, девизна и денарска сметка во банка + веројатно ќе сакаш електронско банкарство за да не се заебаваш на секое до банка (цирка 1000че), такса за објектот каде што е пријавена фирмата од Град Скопје (5-7 000).
Ќе мора да пуштиш барем мининална плата, нема да може да ги извадиш сите со 11%, што значи на еден дел со пензиско, здравствено, даноци ќе платиш 37%, а на другиот дел ќе платиш 11%.
Сума сумарум во најдоброто сценарио (со добар сметководител) ќе имаш 20% давачки на целата сума што ќе ти стигне од горе.
 
@Mechanic ти благодарам за информаците
 
Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1,483
1,621
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
@Alek7 од лично искуство (освен ако не се променило нешто во овие 5-6 години) бев управител во фирма без вработени и работев на друго место. Бев на нотар да потпишам изјава дека продолужувам со обврските како управител на фирмата меѓутоа во исто време ќе работам со полно работно време во друга фирма.
 
kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,561
3,857

Потврдувам. И единствен начин да се одвработиш ако си самовработен управител е да најдеш работа на друго место и да ги известиш. Никако поинаку.
 
goce03

Unstoppable
20 јануари 2015
1,185
2,116
Skopje
goce03's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-10500
Motherboard
ASUS PRIME B460M-A
Storage
SSD Kingston NVMe A2000 1TB /HDD Toshiba P300 2 TB
PSU
Cooler Master MWE 600W White
RAM
2x8 DDR4 Kingston HyperX Predator
Case
CoolerMaster Case K350
Monitor
HP EliteDisplay e232
OS
Win 10
Најверојатно ќе идам преку авторска агенција.
Прашав денес во една агенција, некаде 4% зимат на цела сума, и потоа имам 11.11% персонален данок, и уште конверзија фунта/евро во МКД.

А дали може да добијам инфо околу другата опција, за да може да направам споредба.
(Дали може во МК да се отвори фирма без активни вработени? Претпоставувам јас би бил управител на таа фирма, а би се водел ко регуларен вработен во друга компанија. Доколку е возможно ова сценарио, кои све трошоци би ги имал? Претпоставувам трошоци за отварање на фирма, месечни трошкови за сметководство, годишен данок на добивка, персонален данок кога би си префарлал пари од фирма кон мене,... други трошоци?)
Ако е за еден клиент за ограничен период, не се исплати отварање на фирма.
Види преку авторска агенција, има повеќе агенции за привремени вработувања, сигурно има и други кои наплатуваат помала провизија.
За фирма без вработен управител, веќе пишаа погоре постои опција, ако си вработен во друга фирма.
 
Potop

Gaining Experience
26 декември 2013
261
271
Здраво дечки,
Би сакал да ја искористам постоечкава тема, да не отварам нова тема.
Имам неколку прашања околу отварање на фирма во МК. Се надевам овде ќе добијам одговор на некои од прашањата.

Јас се водам како регуларен вработен во македонска ИТ компанија. И имам договор со друга МК компанија каде се водам како "времено вработен". Вторава компанија ме исплаќа на сметка на физичко лице, и тие го плаќат данокот на тие средства. Меѓутоа сега прв пат имам клиент од надвор, од UK, кој инсистира исплатата да биде B2B. Па претпоставувам дека имам 2 опции, да најдам фирма посредник и да платам за услугата, или да отворам фирма која би била без вработени (не сум сигурен дали може вакво сценарио) и би ја користел само за овој клиент. Целта ми е да си останам регуларно вработен во првата компанија, само барам начин како би било најлесно да извршам наплаќање кон клиент од странство (B2B).

  • Дали постојат фирми кај нас кои ја нудат оваа услуга, исплата на B2B фактура? Доколку постојат, ве молам набројте некои од нив. Колку наплаќат за оваа услуга?
  • Дали може во МК да се отвори фирма без активни вработени? Претпоставувам јас би бил управител на таа фирма, а би се водел ко регуларен вработен во друга компанија. Доколку е возможно ова сценарио, кои све трошоци би ги имал? Претпоставувам трошоци за отварање на фирма, месечни трошкови за сметководство, годишен данок на добивка, персонален данок кога би си префарлал пари од фирма кон мене,... други трошоци?

Можеш да отвориш фирма каде ти ќе бидеш основач и управител. Трошоци за тоа имаш само адвокатски за припрема на документација и регистрирање во Централен регистер.
Фирмата не мора да има вработени. Ниту ти не мора да бидеш вработен во фирмата ниту на пола работно време ниту на 20 часа.
Управителот мора да биде пријавен било каде и државата не ја интересира кој за истиот плаќа придонеси (ќе си останеш во моменталната фирма).
Ќе ти треба сметководител нормално и секако трошоци во однос на сметка одржување, такса, завршна сметка... но нема да имаш дополнителни, односно нема да плаќаш никакви придонеси како пензиско здравствено...
фирмата слободно ќе ја регистрираш на домашна адреса со непаричен влог кој ќе ти го изготви проценител (беше околу100 еур за проценка)
За вадење на парите 11,11 посто данок на добивка и тоа е тоа.
Се зависи од висината на приходите и дали е довочно висока за да се ова погоре се исплати (дај Боже да е :) )

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
 
Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
44,086
Мислења
877,278
Членови
30,685
Најнов член
Blaze Ivanov
На врв Дно