1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Отварање на фирма во Македонија

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од bojanxmk, 26 Февруари 2020.

  1. bojanxmk

    bojanxmk
    Intern

    22
    11
    10 oктомври 2019
    Претпоставувам или Пејпал или примање на пари како физичко лице и плаќање само на персонален данок. Пејпал имам, со некои фирми веќе соработувам на база на физичко лице, меѓутоа ниту си кредитоспособен, ниту добиваш здраствено осигурување (знам, здравството е катастрофа), ниту пензионо (знам, пензија нема да дочекаме), странските фирми имаат потешкотии да ги оправдаат парите кај нив кога се испратени на физичко лице итн итн. Поради сите овие причини се одлучувам на овој чекор.

    ---

    Во склоп на дискусијава, добив одговор од една агенција која врши регистрација + сметководство, и воглавно се' се совпаѓа со досегашната дискусија. Еве го одговорот:
    - Фактурите за странство не подлежат на ДДВ,
    - Фирмата може да има 1 вработен + да е регистрирана на домашна адреса,
    - Во општ случај се плаќа ДДВ (кој што не постои во мојот случај), исто така се плаќа данок на добивка и персонален данок (исто како што е објаснето претходно во дискусијава)
    - Други трошоци се плата + придонеси, сметководител (3-4к), фирмарина, радио дифузна, одржување на сметка во банка, надокнади за завршни сметки и слично,
    - После завршена година и предадена завршна сметка може да се исплати дивиденда на која се плаќа 10% персонален данок.
     
    Последна промена: 27 Февруари 2020
  2. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,644
    1,430
    27 Јануари 2011
    Машко
    Не постои Радио дифузна такса, укината е.
     
    artweb, igor_igor и на bojanxmk им се допаѓа ова.
  3. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    346
    263
    13 Март 2017
    Машко
    Јас колку што знам, не постои начин да примаш пари како физичко лице, освен ако не е директна уплата на твоја сметка.. или незнам, вестерн јунион, риа или пајонер..

    Ако некој има инфо како можеш да регистрираш мрчант акаунт само како физичко лице и притоа да имаш пристап до пејмент гетавеј, нека сподели.. Го частам ручек :)
     
  4. bojanxmk

    bojanxmk
    Intern

    22
    11
    10 oктомври 2019
    Тие мене ми исплаќаат пари на база на договор на дело (со мене, како физичко лице), директно на сметка. И не, имам истражувано и за себе и мислам дека не постои начин.
     
    На coNNectMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  5. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,015
    2,557
    21 Јануари 2011
    Машко
    @coNNectMKD гледам погоре сам наброја неколку начини а и пејпал е опција.
    @bojanxmk данок може да си платиш а здравствено секако имаш, немора да си вработен.
     
    На coNNectMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  6. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    346
    263
    13 Март 2017
    Машко
    У превод, незнаеш друг начин?
     
  7. kristijan_m75

    kristijan_m75
    Gaining Experience

    522
    357
    22 Март 2016
    Машко
    Обрни ГОЛЕМО ВНИМАНИЈЕ на опцијата регистрирана дејност/приходна шифра при регистрацијата на фирмата тоа ти повлекува основни средства за работа бла бла...Консултирај се со агенцијата.

    Sent from my SM-N950F using Tapatalk
     
    На bojanxmk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,015
    2,557
    21 Јануари 2011
    Машко
    Значи има многу начини да се примаат средства. Запознаени сте со повеќето од нив.
    Данок може да се пријави и плати без разлика на кој начин се примаат средствата!
    Радиодифузна такса нема но ако сакаш да платиш бујрум плати!
    Здравственото осигурување за секој државјанин на РМ е бесплатно, небитно дали е вработен или не! Сакаш подобро здравство оди на приватно или у странство, бујрум плати си!
    Сакаш да плаќаш пензиско наместо сам да си одвојуваш, плаќај!
    Зашто би зимал кредит ако на годишно ниво ја имаш заработката што си ја пишал? Ако ти е мерак кредит да земеш со таа заработка може да земеш кредит. Прашај во банка ќе ти објаснат како. Не треба да бидеш вработен. Сакаш да плаќаш камати? Плаќај!
    За девизните приливи прашај во банка ќе ти кажат дали и колку време треба да стојат пред да ги повлечеш во денари или девизи. Има разлика од банка до банка.
    Америчката фирма може да си ги пријави средствата ако сака да соработува со тебе тоа не е проблем.
    Си се одлучил на отварање фирма уште пред да ја отвориш темава.
    Си пишал:
    "Во склоп на дискусијава, добив одговор од една агенција која врши регистрација + сметководство, и воглавно се' се совпаѓа со досегашната дискусија. "
    Од агенцијата ќе ти средат они се и добро ќе те информираат. Бујрум плати и!
     
    Последна промена: 27 Февруари 2020
    На artweb и StefAngel им се допаѓа ова.
  9. bojanxmk

    bojanxmk
    Intern

    22
    11
    10 oктомври 2019
    Не ја гледам потребата за толку "изреволтиран" одговор.

    Точно така, и поради тоа не ја гледам потребата од паметење (што е класично за нас Македонците), или предлози од типот на "отвори во Таџикистан, 0% е данокот таму", туку конкретен одговор на прашањата што ги имав и конструктивен дијалог поврзано со тоа (ако е можно и некој има информација, ако не да сме живи и здрави).

    Поентата на темата беше да слушнам дали веќе некој имал слично исксутво, да одам спремен во агенцијата и да знам што точно ми треба и како оквирно функционираат работите.
     
    smole, dddragan и на Sharlovski им се допаѓа ова.
  10. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,015
    2,557
    21 Јануари 2011
    Машко
    Па тоа и ја се чудам, што беше поентата на темата ако ти си решил да отвориш фирма пред да ги добиеш информациите и отвориш "конструктивен" дијалог? Не знаеше ништо и беше веќе одлучен? Како стигна до одлуката? Нема поента темата!
    Еве сега ги имаш информациите оди си во агенцијата плати си и ќе ти отворат фирма.
     
  11. bojanxmk

    bojanxmk
    Intern

    22
    11
    10 oктомври 2019
    Имав потреба да отворам фирма. Не знаев што се треба и како стојат работите и сакав да се информирам пред да продолжам со процедурата. Фала ти што учествуваше во дискусијата во секој случај.
     
  12. StefAngel

    StefAngel
    Practice makes perfect

    1,706
    1,110
    28 ноември 2015
    Машко
    Лесно да отвориш, тешко да ја затвориш :)
    Мој предлог е да не отвараш тука фирма затоа што си ограничен со начинот на прилив и одлив.
    Стави се е-резидент на Естонија и имаш контакт до цела Европа и нивниот финансиски систем и ќе намалиш трошици за фирма.
    Тука фирма да отвориш е само колку да имаш претставништво од друга земја, на свое име не би отворил зашто имаш доста трошоци и поголема одговорност.
    Вака со е резидент имаш пејпал, револут и доста начини за плаќање и примање фактури и се ти е систем автоматизиран.
     
    На bojanxmk, olikomerc, Futurelakimens и уште 3 други им се допаѓа ова.
  13. bojanxmk

    bojanxmk
    Intern

    22
    11
    10 oктомври 2019
    Има детално на форумов/нет некаде информации за ова? Регистрација, процедури, даноци, обврски, како ги вадам парите тука итн итн
     
  14. StefAngel

    StefAngel
    Practice makes perfect

    1,706
    1,110
    28 ноември 2015
    Машко
    Cost & fees
    Имаат конзулат тука прашај си има број на златна книга + нашата министерка е е резидент таму.
     
    На bojanxmk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    346
    263
    13 Март 2017
    Машко
    Брат отвори си фирма тука и не се замарај со ова .. 300 работи ќе прочиташ на нет што е подобро а што не. Тоа е резидент има да чекаш, ќе се утепаш.. Башка pick-up треба да направиш и колку што знам, Атина ти е најблиску за зимање. Башка се плаќа.

    Отвори си фирма, имаш консултанти, сметководители, ќе ти објаснат што треба што не. Па и кај нас има професионалци ебаго, не се сите дебили.. Знаат нешто.
     
    На smole и bojanxmk им се допаѓа ова.
  16. bojanxmk

    bojanxmk
    Intern

    22
    11
    10 oктомври 2019
    И јас така мислам дека најдобро. Направив и некоја оквирна пресметка, околу 17% на парите одат на трошоци доколку прометот е испод 3М денари (вклучено и плаќање на персонален данок на остварената добивка на фирмата), што е сосема океј.
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  17. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,288
    615
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    @goranzoran e во право.
    Фирма се отавара само реално ако имаш потреба да отвориш фирма, јас мојата фирма ја отворив само затоа што не сакав да ми порпадне стажот што веќе го имам, еден ден кога ќе го исполнам тој законски минимум од 15 години ќе размислам дали ќе продолжам со фирмата.

    Некои пишуваат дека тука биле големи трошоците за работење на една фирма.
    Споредено со и без фирма реално не е голема разликата во поглед на трошоците ако се работи со фирма.

    Тука повеќе проблемот е системот, во смисла те гњават институциите (банки, ујп, централен, сметководители) со глупости.
     
  18. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,288
    615
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Јас од ова што го гледам на линков излегува дека во Естонија е поскапо водење бизнис.
     
    На bojanxmk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    619
    632
    15 Септември 2012
    Машко
    Има мои коментари и во текстот. Не е на одмет да се прочитаат
     
  20. bojanxmk

    bojanxmk
    Intern

    22
    11
    10 oктомври 2019
    Ти се заблагодарив и ќе земам во предвид при регистрација. Веќе и гледав од прилика која дејност би можел а бидам :)
     
  21. Astro

    Astro
    Guru

    6,399
    8,872
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Ќе треба да финансираш кампањи и да плаќаш рекет со фирма.
     
    На StefAngel и Trtka им се допаѓа ова.
  22. StefAngel

    StefAngel
    Practice makes perfect

    1,706
    1,110
    28 ноември 2015
    Машко
    Тоа ви е единствениот начин за да имате пејпал и Sepa трансфер што е доста добро и за него и за работодавачот зашто еден трансфер до Македонија е 50 евра. Вака еден трансфер преку СЕПА е 2-3 евра.
    Заштедува време и има други можности за соработка со фирми во Европа, плус нема плаќање рекет :)
     
  23. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    619
    632
    15 Септември 2012
    Машко
    Исто е во сите банки.

    Дополнително, за плата, плаќање во државава ќе ти треба да продадеш дел од девизите - т.е. размениш да денари. Девизите можеш да ги вадиш во готово ако патуваш во странство, можеш со нив да плаќаш стока во странство... Можеш да ги орочиш и да добиеш некаква камата.
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  24. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    619
    632
    15 Септември 2012
    Машко
    Ако си ддв обврзник сите твои издадени фактури подлежат на ддв. Странство, дома, сеедно. Во Законот за ддв во член 14 се дефинирани случаите кога не се додава ддв на фактура. Провети си убаво, Законот го имаш на нет, не верувај целосно што ќе ти кажат. Појди во регионална канцеларија на УЈП и таму прашај.

    Дивиденда се исплаќа доколку фирмата е акционерско друштво (А.Д.). За нив важат малку посложени правила, емисија на акции, ревизии, дрн-дрн-дрн. Ти ќе регистрираш д.о.о.е.л. - друштво со ограничена одговорност единечно лице и таму по правилата можеш да имаш добивка по завршната пресметка. Во првите неколку години исплатата на добивката не подлежи на даночења. Внимавај да не те наговорат да регистрираш Т.П. - трговец поединец, тоа е бааѓи зае*ано ако имаш било каков имот на твое име или ќе го имаш во иднина.
     
    На bojanxmk му/ѝ се допаѓа ова.
  25. bojanxmk

    bojanxmk
    Intern

    22
    11
    10 oктомври 2019
    ДООЕЛ планирам да отворам, да. Читам законот и не можам да најдам тоа што го кажуваш. И да сум регистриран како даночен обврзник, на фактурата може да пишува ДДВ ама тоа ДДВ ќе биде 0 во случајот кога се извозуваат услуги - барем така разбрав од ова што го читам.

    Едит:
    Услов за даночен обврзник: Даночните обврзници кои во текот на календарската година остварат вкупен промет над 2.000.000 денари, обврзани се за регистрација за целите на данокот на додадена вредност.
    Ослободување од ДДВ (измеѓу другото) можно е кога се врши: Испораки на добра кои се превезуваат или испраќаат во странство од страна на даночниот обврзник, примателот на доброто или од страна на трето лице по нивен налог, ако примателот на доброто е со седиште во странство.
     
    Последна промена: 27 Февруари 2020

Сподели

Вчитување...