1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Отварање на фирма во Македонија

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од bojanxmk, 26 Февруари 2020.

  1. bojanxmk

    bojanxmk
    Intern

    22
    11
    10 oктомври 2019
    Почитувани,

    Би сакал да се информирам повеќе во врска на отварање на ДООЕЛ за моите потреби. Ќе се потрудам да ви објаснам кој е мојот бизнис модел што подетално, и во однос на тоа би сакал од вас да добијам повеќе информации/предлози како (или можеби и кој начин) би било најбезболно и најприфатливо да започнам со процедурата на отварање на мојот бизнис.

    Работам како програмер за фирма од Америка - во моментов како contractor, меѓутоа поголем дел од фирмите од странство бараат правно лице за соработка, т.е имаат полесен начин за оправдување на нивните финансии кога станува збор за однос помеѓу две правни лица, и кога исплатата би била на фактура од правно лице, а не на физичко лице. Со фирмите фирмата би имала договор за давање на програмерски услуги (ИТ) во вид на програмерски код.

    Значи, мојата фирма би соработувала само со странски фирми. Знаејќи ги сите овие информации, би ве замолил доколку можете да ми одговорите на следниве прашања:
    - Дали фактурите кои се издадени за странство подлежат на оданочување?
    - Дали е можно фирмата да има само еден вработен - јас (како директор) , бидејќи во моментов не ми се потребни други вработени?
    - Кои се' даноци постојат кои фирмата треба да ги плаќа - само во однос на добивката (заработката) на фирмата? Дали постојат некои гранични вредности на заработка на фирмата при кои се менува данокот кој што треба да се плати (пример до 1 милион денари 10%, од 1-2 милиони 12% …)?
    - Кои други трошоци фирмата ги има на месечно ниво?
    - Дали е потребно да се има адреса на работа на фирмата, или дали е можно тоа да биде мојот дом - бидејќи работата ќе ја извршувам од дома?
    - На кој начин јас како физичко лице и сопственик можам да располагам со добивката на фирмата? Дали при исплата на добивката потребно е само да се плати персонален данок на тие средства?
    - Дали е можно како дел од средствата што се заложуваат да бидат лаптоп, компјутер, телефон и слично?

    Ви благодарам на времето,
    Срдечен поздрав

     
  2. Најдобар одговор:
    Пост #5 од goce03, 26 Февруари 2020
  3. kristijan_m75

    kristijan_m75
    Gaining Experience

    525
    357
    22 Март 2016
    Машко
    -да,ако нешто не е сменето во меѓувреме оснивачкиот влог беше еур 5.000,00 или готовина или средства.

    најубаво ти е да си платиш адвокат,има листа на сертифицирани адвокати за отварање на фирми и секако некое сметководствено биро.
     
    На bojanxmk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bojanxmk

    bojanxmk
    Intern

    22
    11
    10 oктомври 2019
    Ти благодарам на одговорот! Веќе контактирав неколку адвокати за отварање на фирми, меѓутоа сакав да слушнам и мислења од луѓе што веќе можеби имале слично искуство :)
     
    На kristijan_m75 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kristijan_m75

    kristijan_m75
    Gaining Experience

    525
    357
    22 Март 2016
    Машко
    слободно прашај ако те интересира нешто друго,немам фирма од областа на ит/од друга дејност имам фирма,но овака генерално можам да ти дадам некои одговори.
     
    На bojanxmk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    912
    1,579
    20 Јануари 2015
    Машко
    Би сакал да се информирам повеќе во врска на отварање на ДООЕЛ за моите потреби. Ќе се потрудам да ви објаснам кој е мојот бизнис модел што подетално, и во однос на тоа би сакал од вас да добијам повеќе информации/предлози како (или можеби и кој начин) би било најбезболно и најприфатливо да започнам со процедурата на отварање на мојот бизнис.

    Работам како програмер за фирма од Америка - во моментов како contractor, меѓутоа поголем дел од фирмите од странство бараат правно лице за соработка, т.е имаат полесен начин за оправдување на нивните финансии кога станува збор за однос помеѓу две правни лица, и кога исплатата би била на фактура од правно лице, а не на физичко лице. Со фирмите фирмата би имала договор за давање на програмерски услуги (ИТ) во вид на програмерски код.

    Значи, мојата фирма би соработувала само со странски фирми. Знаејќи ги сите овие информации, би ве замолил доколку можете да ми одговорите на следниве прашања:
    - Дали фактурите кои се издадени за странство подлежат на оданочување?
    Ако мислиш на ДДВ, НЕ прометот кон странство е ослободен од ДДВ.
    - Дали е можно фирмата да има само еден вработен - јас (како директор) , бидејќи во моментов не ми се потребни други вработени?
    Да може само со еден вработен-Управител

    - Кои се' даноци постојат кои фирмата треба да ги плаќа - само во однос на добивката (заработката) на фирмата? Дали постојат некои гранични вредности на заработка на фирмата при кои се менува данокот кој што треба да се плати (пример до 1 милион денари 10%, од 1-2 милиони 12% …)?
    ДА постојат, до 3 милиони промет 0 денари данок на добивка, од 3-6 милиони ти си бираш дали ќе плаќаш данок на вкупен промет од 1% или ќе плаќаш данок на вкупни приходи - признаени расходи по стапка од 10%.
    - Кои други трошоци фирмата ги има на месечно ниво?
    Сметководител, на годишно фирмарина.
    - Дали е потребно да се има адреса на работа на фирмата, или дали е можно тоа да биде мојот дом - бидејќи работата ќе ја извршувам од дома?
    Да, може да регистрираш фирма на домашна адреса.
    - На кој начин јас како физичко лице и сопственик можам да располагам со добивката на фирмата? Дали при исплата на добивката потребно е само да се плати персонален данок на тие средства?
    ДА при исплата на добивка покрај редовниот данок од 10% данок на добивка, плаќаш и + 10% пероснален данок.
    - Дали е можно како дел од средствата што се заложуваат да бидат лаптоп, компјутер, телефон и слично?
    ДА, не мора основачкиот влог од 5.000 евра да биде во пари, може да во средства (лаптоп,ПЦ, биро....), ова ќе те кошта при самата регистрација уште 100 евра за проценител на средствата. Не мораш одма ова да го направиш можеш да о упишеш капиталот после 1 година откако ќе ја регистрираш фирмата.
    Ви благодарам на времето,
     
    На Blagojce, Astro, Sharlovski и уште 6 други им се допаѓа ова.
  7. bojanxmk

    bojanxmk
    Intern

    22
    11
    10 oктомври 2019
    Па кога веќе се понуди - со оглед на тоа дека сакам се легално да биде, без сиви економии или како и да ги викаат, дали има премногу обврски поврзано со фирмата - во смисла одење по банки, шалтери и слично или можат голем дел од тие работи и онлајн да се завршат?

    Има периоди кога не сум во земјата и по месец дена, па ме интересира колку присутен ќе треба да бидам за сите обврски да можам ефективно да ги завршам.
     
  8. gamon

    gamon
    On your way to fame

    506
    506
    15 Септември 2014
    bekrija
    - приливот од странство се води како извоз, нема ддв, доколку ги извадиш парите како профит имаш персонален данок
    - да 1 вработен може
    - придонеси во зависност од палта, книговодител, фирамрина ова се општи трошоци
    - фирмата треба да ти биде ддв обрзник подобро е бидеќи ќе имаш извоз, нема лимит за промет
    - даноци не плаќаш на прилив, се плаќа доколку имаш профит или по друг основ користиш средства од фирмата
    - со парите правиш што сакаш, ако купиш компјутери остануваат на фирмата, ако ги извадиш како профит плаќаш персонален
     
    На Sharlovski и bojanxmk им се допаѓа ова.
  9. bojanxmk

    bojanxmk
    Intern

    22
    11
    10 oктомври 2019

    Се што ми беше потребно ми објасни и одговори. Ти се заблагодарувам на одвоеното време, ми помогна премногу.

    Би сакал само уште нешто да те прашам - очекувам од 3-6 милиони денари на годишно ниво, значи би плаќал или 1% на сиот приход или 10% на вкупни приходи - признаени расходи тоа ми е јасно, дали овие 10% данок на добивка се уствари овие 10% што ги плаќа фирмата, или при исплата на добивка плаќам дополнителни 10% данок на добивка? (се надевам ме разбра што сакав да те прашам)
     
  10. kristijan_m75

    kristijan_m75
    Gaining Experience

    525
    357
    22 Март 2016
    Машко
    Па ти лично не би требало да имаш,бидејќи си фирма поединец.Ќе си земеш електронско банкарство(од банката која ќе ја избереш) и ќе си пушташ плата и сите други тековни плаќања кои ќе ги имаш по електронски пат.Сега сите банки ти нудат опција за бизнис дебитна или кредитна картичка и сите пазарења поврзани со потребите на твојата фирма ќе си ги правиш со таа картица,сакам да кажам немаш потреба од дремење пред шалтери за подигање на материјални трошоци и такви работи...
     
    На goce03 и bojanxmk им се допаѓа ова.
  11. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    912
    1,579
    20 Јануари 2015
    Машко
    Ќе плаќаш 10 % данок на добивка (вкупни приходи-вкупни признаени расходи) или 1% на вкупниот промет секоја година. Ако сакаш да ги повлечеш парите од сметка на фирма на твоја лична сметка треба да платиш уште 10% Персонален данок на доход.
     
    На bojanxmk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bojanxmk

    bojanxmk
    Intern

    22
    11
    10 oктомври 2019
    Ти благодарам на појаснувањето и на одвоеното време!

    Одлично! Ги имам сите потребни информации. Ви благодарам на сите на одвоеното време!
     
    На a.miroslav и goce03 им се допаѓа ова.
  13. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,027
    2,563
    21 Јануари 2011
    Машко
    Не ти треба фирма Бојане.
     
  14. bojanxmk

    bojanxmk
    Intern

    22
    11
    10 oктомври 2019
    Може да објасниш?
     
  15. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,289
    615
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Одличен одговор...
    Само да дополнам дека покрај трошоците што ги наведе плус има трошок еднократно 100 еур за адвокат при основањето и секоја година 2100 денари на централен регистер за завршна сметка.
     
    bojanxmk, igor_igor и на goce03 им се допаѓа ова.
  16. Trtka

    Trtka
    Gaining Experience

    86
    59
    11 Април 2018
    Отвори на Косово. 3% ти е персоналец :D .
     
    На StefAngel и bojanxmk им се допаѓа ова.
  17. gamon

    gamon
    On your way to fame

    506
    506
    15 Септември 2014
    bekrija
    или на Белизе 0%
     
    На Trtka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bojanxmk

    bojanxmk
    Intern

    22
    11
    10 oктомври 2019
    Не ми е целта да плаќам помал данок, иако знам дека парите што ги плаќаме како даночни обврзници не одат на местата кај што треба да одат :)
     
  19. Trtka

    Trtka
    Gaining Experience

    86
    59
    11 Април 2018
    Парите со кои плаќаме данок секако завршуваат на Белизе ... Ама тоа е за друга тема ^^.
     
    На DonFrozex му/ѝ се допаѓа ова.
  20. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    620
    633
    15 Септември 2012
    Машко
    Дополнително разговарај со твојот регистрационен агент (РА) и твојот сметководител (С) да во почетокот издејствуваат во УЈП (затоа што ќе работиш само со странство по основа на... они (РА+С) тука ќе ти најдат објаснување) да НЕ бидеш ДДВ обврзник. Малку е напорно, ќе треба неколку пати да одиш во УЈП и да се докажуваш со тоа бирократските баби. А државата сака да ти грабне 18% од приливот...

    Најди си постар (поискусен) сметководител, најдобро да ти е член на пошироката фамилија.
     
    На bojanxmk му/ѝ се допаѓа ова.
  21. bojanxmk

    bojanxmk
    Intern

    22
    11
    10 oктомври 2019
    @goce03 имам едно дополнително прашање - Дали при прилив на девизи од странство девизите мора да бидат прокнижени во денари пред да можат да се користат? Или може еден дел да се конвертираат (за плата, сметководител, итн) а останатите да останат во девизи?
     
    Последна промена: 27 Февруари 2020
  22. bojanxmk

    bojanxmk
    Intern

    22
    11
    10 oктомври 2019
    Ти благодарам на пораката. Веќе контактирав неколку агенции за регистрирање па чекам нивен одговор (се надевам утре ќе добијам).
     
  23. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,289
    615
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Тие ќе ти стигаат на девизна и во девизи ќе бидат, за да може тука да ги корситиш мора да се сменат во денари и да се префрлат на денарската сметка на фирмата.
     
    На goce03 и bojanxmk им се допаѓа ова.
  24. kristijan_m75

    kristijan_m75
    Gaining Experience

    525
    357
    22 Март 2016
    Машко
    јас имам сметка во нлб и таму се поделени на денарска и девизна сметка(2 различни сметки).Девизите ти легнуваат на девизната сметка и на секој прилив стига известување од банката дека е стигнат девизен прилив,доколку сакам да ги префрлам на денарската морам да ги продадам девизите/сменам во денари и да легнат на денарската сметка.Можат и да си останат како девизи на девизната,незнам како е кај другите банки.
     
    goce03, igor_igor и на bojanxmk им се допаѓа ова.
  25. bojanxmk

    bojanxmk
    Intern

    22
    11
    10 oктомври 2019
    Супер, фала ви!
     
  26. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    350
    264
    13 Март 2017
    Машко
    Би елаборирал повеќе? Како можеш да примаш девизии на веб ако не си веќе регистрирана компанија? Т.е како да регистрираш „мерчант“ акаунт а да не си правно лице?

    Пејпал одпаѓа, ако мислеше за тоа.
     

Сподели

Вчитување...