1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Oтварање е-продавница

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од rade, 11 Мај 2008.

  1. alex-st

    alex-st
    Gaining Experience

    147
    76
    1 Декември 2010
    Машко

    70 евра/час поддршка ? Тоа некој од Мајкрософт ќе ти асистира или ... ?
    Велиш дека ќе требало некој да се грижи за техничкиот дел... а сега на твојата продавница кога ќе се направи порачка, вработен од Укион се логира во админ панелот за да ја процесира нарачката или некој твој човек го прави тоа ?

    За тоа што велиш “отчет на сработеното“, не барам јас од тебе финансиски извештај за 2013 година, едноставно те прашувам по што се разликуваат твоите уникатни продавници од другите ?

    Во врска со модулите за наплата, многу грешка си ги сфатил работите.. не се креира посебен модул за секоја банка, туку ти треба една банка која што нуди е-комерција или некоја друга фирма (од типот на касис) која што ќе ги процесира трансакциите и ќе ги префрла средствата на твоја сметка. А ваков интегриран модул за наплата од било која банка/фирма ќе ги прифаќа СИТЕ картички од било која банка во светот.

    50те долари што ги споменав се однесуваа на темите за опенкарт (коишто ги има на страни како teamforest) а не дека 50 долари чини дедикејтед сервер, така да ако веќе реплицираш, реплицирај како што треба.

    Велиш дека сево ова (се мисли на тема/дизајн) веќе си го имал од фирмата понудувач, па ајде постирај линкови до твоите продавници баш да ги видиме како изгледаат. Баш ме интересира што е она “custom“ изработено во нив затоа што нели кажа дека дизајнот го менуваат по твој избор asap.

    За крај, си напишал дека сето ова го добиваш за цена помала од 20 евра месечно, е како бе тоа кога најефтиниот пакет им чини толку пари а во него не е вклучен англискиот јазик кој сигурно го има на твојата продавница затоа што нели и самиот напомена дека добар дел од твоите клиенти се странци ???
     
  2. Perduf

    Perduf
    Intern

    71
    15
    4 Декември 2012
    Машко


    Aleks eve uste ednas so modifikacija:
    -----------------------------------------
    Aleks, neznam dali so tebe paravev ednas muabet za izrabotka na webshop, mislam so tebe razgovarav za izrabotka na webshop - uste na pocetokot, i ti kazav deka mi trebaat moduli za plakjanje kon TUTUNSKA(ako povrzes kasis tuka javi mi da ti platam), Komercijalna i kon STB. Ti mi kaza deka ne moze da se napravi taka lesno i deka jas treba sam da se vrzam so bankive a posle tebe da ti prakjam nesto - ova ona - ne te razbrav, pa si barav drug dobavuvac.

    Ti ja vidov i tvojata stana za da se zapoznam so referencite tvoi, gledam deka nemas mnogu i povekjeto se za web dizajn, nema e-comerc, povekjeto opcii ti se kako vo sekoja platforma za webshop, nema nisto plus tvoe, a vo ponudata nemas ni SSL, ni moduli za plakjanje vo MK banki, ni hosting, i uste mnogu raboti, a sepak baras pari kako sto gledam 25000. Toa samo za instalacija na webshop platformata ili i za postavuvanje na dizajn sto e (vekje i jas nauciv) 2 sekundi rabota? Ma ne me zaebavaj! Ti pozeluvam vo idnina nekoj od tvoite klienti da te pofali no zasega uste treba da rastes.

    Zal mi e sto ne te odbrav, no sekako barav i referenci od drugite dobavuvaci a UKION ja odbrav kako najadekvatna so najmnogu realizirani e-comerc proekti i mnogu pobogata ponuda od tvojata, a mozam da kazam i poeftina.

    E pa sega neznam shto ti e muabetov, mozda nekoja konkurentska politika tvoja zosto ne te odbrav tebe pa sega hejtas - shto ne e voopsto pravilen pristap kon konkurencijata i od toa mozam da zaklucam samo neprofesionalnost, izvini no taka e.
     
  3. alex-st

    alex-st
    Gaining Experience

    147
    76
    1 Декември 2010
    Машко

    И пак не ми одговори на ниту едно прашање што ти го поставив, туку ја влечеш дискусијата кон друга насока.
    Нема врска, штом ти се добри укион тогаш остани со нив и со среќа во бизнисот.
     
  4. username

    username
    Gaining Experience

    526
    66
    4 Јули 2009
    Машко
    Кратко ке се надоврзам.

    Се согласувам со Perduf од гледна точка на бизнисмен на кого не му е гајле какви се модули биле поставени или каква била структурата на кодото и дали имало ебан англиски во продавницата.

    Човекот очигледно си е зафатен со неговиот бизнис и не сака глава да го боли со било што надвор од тоа вклучувајќи ги и е-продавниците. За тие пари го добива она што го побарал и тоа е тоа.

    Алекс може до утре да го убедува дека дизајнот на продавницата не е ни уникатен ни па посебен ниту па има некој екстра модули и функции, али па затоа си функционира беспрекорно и проверено, нешто што на Perduf му треба и го бара.
     
    На Perduf му/ѝ се допаѓа ова.
  5. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,225
    1,513
    5 oктомври 2007
    Машко
    Mene sqmo edno ne mi e jasno. Imas 3 moduli posebni za plakanje kon 3te banki ??? Ova e nonsens. Kako i veke kazaa so Kasis samo naprimer mozes da prifakas kartici od Zambija ako sakas. Ili isto so tutunska naprimer i ne ti treba drugo nisto. I uste nesto. So kasis ne ti treba ni dedicated server, ni ssl ni nisto, taka da trosocite se naluvaat drasticno.

    I jas bas sakqm da gi vidam 3te sajta, mnogu me interesira reklamava dali vredi.
     
    На stefan_v и alex-st им се допаѓа ова.
  6. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    707
    2,349
    27 Јануари 2014
    Машко
    Ќе се приклучам и јас на дискусијава затоа што и јас дојдов на форумов претежно ради помош за овој "проблем" со онлајн продавница.
    Се согласувам со alex-st затоа што е во право. Пердуф ако е трговец ќе гледа што е подобро, поисплатливо и што повеќе ќе му трае.

    Значи услугите на Укион:
    1.Одстранување на нивниот линк 180д.
    2. Дополнителен јазик 250д.
    3. Печатење на нарачка 490д.
    4. Договор на 3 месеци 2480д.
    И користење на нивни сертификати, прекинеш договор и губиш се. Башка што си ограничен со дизајн нешто што веќе сите нивни клиенти го имаат(само сменети бои). Да не збориме за ограничувањето на продукти.

    Годишната пресметка е 40.800, а има уште многу додатоци што ќе увидиш дека ти требаат, а не се понудени и тука дополнително одат пари.

    Со почетен хостинг еве од Ухост да речеме добивам AMD Athlon64 3700 процесор со 2гб DDR2 рам и HDD 640gb, конекција од 100mbps и 10 терабајти сообраќај со една ip адреса. Додека кај Укион добивам 10гб трансфер, 1гб простор ограничен со производи, а што хардвер користат подобро и што не е наведено. RapidSSL сертификат е 2500 денари годишно и е на твое име.

    Доаѓаме до заклучок:
    Перформанси/услуги
    Ухост > Укион
    Цени
    Укион > Ухост
    Е, сега на кој до што му е кој сака квалитет, а кој квантитет. А, како што рече Пердуф 20 евра не ти прават разлика нели?

    Да земеш opencart темплејт од themeforest.net нема да те чини повеќе од 60 долари. Да најдеш некој друг да ти го среди по твој вкус и како ти сакаш нема да те чини повеќе од 500 евра, секако ако не бараш некој чуда.

    Значи за 40.800 годишно добиваш нешто што кога ќе го раскинеш договорот ќе испари како да не постоело, а со инвестиција од 34.300 денари добиваш дизајн кој ќе биде твој доживотно, ssl сертификат на годишно ниво како и хостинг.
    Месечните трошкови ти се 2500 за хостингот и 2500 годишно за ссл сертификат.
    1. Сертификат 2500
    2. Хостинг 2600
    3. Темплејт 1800
    4. Модификации на темплејтот 30.000(+, -)

    Кога би израчунал колку те кошта годишно укион и се ова сам да си завршиш и ги споредиш услугите ќе сфатиш дека грешиш.
    Згора на се, секој што би ти ја модифицирал страната ќе се нафати да ти среди некоја грешка ако ти се јави. А, ретко кога би се јавила кога користиш готов темплејт со измени и готов e-commerce систем. И тоа не би те коштало колку што те кошта Укион.
     
    На alex-st и smole им се допаѓа ова.
  7. smole

    smole
    Unstoppable

    3,060
    3,488
    18 Април 2007

    Најпрво да ти кажам дека се серам на клозетска шоља, а на други работи, па поготово пари не се серам.

    Супер што со продажбата на едно виски ти се враќа киријата.

    Еве гледај колку евра реално се 20те евра месечно што ги бараат, па после коментирај. Не збори на памет кога незнаеш.

    a-10.jpg
     
  8. alex-st

    alex-st
    Gaining Experience

    147
    76
    1 Декември 2010
    Машко
    Уште еднаш се обраќам на @perduf затоа што горната слика не ја видов порано која што и те како разјасни многу работи.

    1. Јазици: скоро сите познати европски јазици ги има како бесплатни на сајтот на опенкарт, дури и да ги не се, ги има преведени за сума од 10-20 долари

    2. 100 денари за едно сликање и внесување на производ
    За сликањето не коментирам затоа што не сум компетентен, ама за внесување производ можам да ти кажам дека за истото се потребни максимум 2 минути (внесување име, избор на категорија, додавање цена/тежина, прикачување на слика и слично)

    3. Дедициран сервер и SSL сертификат за ДОПОЛНИТЕЛНИ 100 евра, каде е муабетот дека се вклучени во цената ?

    4. Надградби, модули и интервенции 12 евра од час ? Каде е тогаш бесплатната поддршка и интервенција од нивна страна што цело време ја зборуваш ?

    5.ERP конекција - потребно време за имплементација од 200 до 600 часа, така да уште од старт ти кажуваат дека ќе ти земат уште 2400 евра (а може и многу повеќе)

    6. Модул за дизајнирање на маици од 390 евра ?

    Extension NameCustom Product Builder
    LicenseCommercial
    Price$79.99

    7. Модул за најава преку фејсбук од 50 евра ?

    Extension NameFacebook Login Module Opencart 1.5.x
    LicenseCommercial
    Price$10.00

    8. Модул за импорт/експорт на ексел фајлови од 250 евра ?

    Extension NameOpencart xls import (Product import )
    LicenseCommercial
    Price$10.00

    Extension NameOpencart xls export (Product export)
    LicenseCommercial
    Price$10.00

    Нема потреба што понатаму да коментирам....
     
    wolverine, smole, stefan_v и на уште 1 им се допаѓа ова.
  9. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,367
    3,075
    4 Септември 2008
    Чекајте полека мене не ми е јасен сеа муабетот, сакате да го разубедите човекот дека може се тоа сам да си направи што го нудат они или сакате да кажете дека вие го имате истото решение и можете да го направите поевтино од тоа што го нудат тие Укион?

    Мене се ми делува тука као ја плукаме конкуренцијата и нека му умре козата на комшијата. Лично јас воопшто и не ги гледам цените, цените секој сам си ги креира спрема своите бизнис планови, а крајните корисници сами одлучуваат спрема своите можности. Во оваа ситуација човекот дојде и кажа само пофални зборови за таа фирма што му ја завршила работата, а цело време го терате муабетот во друг правец.
     
    На Perduf и sumi им се допаѓа ова.
  10. sumi

    sumi
    On your way to fame

    1,126
    740
    8 Април 2007
    Машко

    Да те исправам. За помала online прованица не ти треба дедициран сервер освен ако немаш проблем со оптеретување можеш да биде сместен на shared хостинг за не повеќе од 50-60евра годишно, поготово за продавници кој продаваат по едно шише виски на ден.

    Ако сакаш изолација немораш дедициран, имаш ВПС кој што е поефтин а ти е сосема доволно решение.
     
  11. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    707
    2,349
    27 Јануари 2014
    Машко
    За поврзување со банка мислам дека бараат уникатна ип адреса и сертификат стирктно на дедициран сервер, бар од НЛБ така ми кажаа. И ете со сликата што ја поставија пак се доаѓа до заклучок дека нудат услуги кои се многу поскапи, а не се прикажани јавно туку се си е подмачкано дека е се така ефтино. На крај се си мислам дека Пердуф уствари им прави само реклама на Укион, а воопшто не користи нивни услуги. Само ги фали, а никаде не ја покажува својата страница.

    Iynx
    Никој не ги плука Укион секој си има своја цена точно т.е. овде никој никого не плука, проблемот е во тоа што Пердуф се обидува да прикаже нешто што не е така, и зад тоа има милион скриени трошкови кои одпосле ќе дојдат кога ќе дојдеш на пола и сакал нејќеш мораш да платиш. Таквите "трговци" се најлошите. Ти нудат услуги за една цена и како демек бесплатно ова бесплатно она и на крај сфаќаш дека си се изгорел.

    Нека си тераат Укион со бизнисот, ама нека објават се јавно кои се цените и што добиваат корисниците.
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sumi

    sumi
    On your way to fame

    1,126
    740
    8 Април 2007
    Машко
    Немора дедициран сервер, треба дедицирана IP адреса само и SSL сертификат. Можеш и на обичен хостинг
     
    Perduf, smole и на M.Pix им се допаѓа ова.
  13. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    707
    2,349
    27 Јануари 2014
    Машко
    Значи ем за помала цена и ем подобри услуги добиваш кога сам ќе си ја завршиш работата. Понатака се е до корисниците што и кого би избрале.
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Triology

    Triology
    Gaining Experience

    155
    171
    30 Јуни 2008
    Машко
    Премногу скриени трошоци има Укион,а вака сам ако го средиш сајтот на еолгорпчен план фајка далеку поефтино.
     
    На alex-st и smole им се допаѓа ова.
  15. Perduf

    Perduf
    Intern

    71
    15
    4 Декември 2012
    Машко
    Дечки, мислам дека немам толку време да ви разјаснувам и да ви одјансувам за мојот бизнис модел и техничкото што го барате - зошто и не го знам. Мислам и дека го зрешив форумов кој е ИТ, за ваква дискусија.

    Секако можам да кажам дека @Марв, @Алекс со кои и мислам претходно разговарано за понуда, и не ги прифатив, зошто имаше еден еден куп прос и конс - се технички спремни, но секако и треба да растат уште многу што имаат ваков став кон сопствената конкуренција. И на двајцата ви го пратив сајтовите во инбокс кога разговаравме кои не сакам да ги публицирам воопшто тука после тоа што го видов и чув - only hate!

    @Smole, ти мислам дека си правиш се сам со вебшопот и си го користиш комерцијално. Секако за почит, но не ми е тоа идејата мене, немам толку време и затоа барам добавувач со супорт. Дури мислам дека и со УКИОН си имал некој дил па не сте се договориле па сега само плукаш зошто си имаш време, но тоа е во МК, да му умри козата на комшијата, тоа си е твое.

    И уште нешто, УКИОН ми го посочија сите 3 банки како компанија за работа со вебшопи и го рејламираат на своите сајтови како една од МК фирмите за развој на веб бизнис:
    http://stb.com.mk/ns_article-e-commerce.nspx
    http://www.unibank.com.mk/categories/view/252

    а воедно УКИОН и се и официјални представници за Македонија за опенкарт - тое што нон стоп го спомнувате:
    http://www.opencart.com/index.php?route=partner/partner#country126

    Мислам за еден претприемач како мене ова погоре значи дека е реномирана компанија препорачана од банки и од платформата која ја застапува.
    И сега треба да се мислам дека тоа не е доволно и треба да одберам некој друг зошто вие викате така. Ма дајте бре децоо. Јас би ви предложил да побарате таму работа да научите нешто повеќе од технички ствари.

    И тоа што не сум технички вичен и сум нашол компанија како УКИОН да ми даде тоа што го сакам и дури и да ги пофалам, не значи дека се сам треба да учам и да правам. Самиот факт дека си плукате на конкурентите ве прави вас неконкурентни, тоа е сигурно и сум го научил на ист начин како вас и самиот јас, затоа се трудам да имам подруг - позитивен став.

    Ве поздравувам сите и ви пожелувам пријатна дискусија. Мислам дека не сум јас за оваа ИТ-хате дискусија па и се одјавувам и нема да ви реметам повеќе. Останете ми со многу здравје,
     
  16. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,225
    1,513
    5 oктомври 2007
    Машко
    Ова е дефинитивно дека си згрешил време, место и форум, на кого да му продаваш реклама и народски што би се рекло „м**а за бубрези“.



    Овде никој не хејташе, само дебатиравме за пакет понудата која ти толку многу ја фалеше, а никад не ја покажа. Сајтовите што мене ми ги прати бар, не беа твои него некои на кои сакаше твоите да личат. И никад не се ни договоривме ни преговаравме. Едноставно остана да се јавиш после Нова година кога ќе си бил демек у Македонија за да се договараме. НИКАД не се јави ниту пиша.


    Ова е толку смешно, но ќе оставам @Smole да си одговори.

    Во ред е некого да пофалиш, ама и да бидеш спремен за контра кометари па дури и негативни искуства со нив. Освен ако не е твоја фирмата, што па толку им удри бранење (или можеби сајтовите ти ги дадоа FREE да изиграваш дрвен адвокат овде, како и неколку други пред тебе).

    П.С. Никој од нас не виде ни 1Бајт од твоите фалени УКИОН сајтови.

    П.С.С. Пошто јавно ме прозва, ако сам не ги објавиш (во рок од 24 часа) онда јас ке ги објавам сајтовите што барем мене ми ги пушти, изворно сосе пораката.
     
    Perduf, M.Pix и на smole им се допаѓа ова.
  17. Perduf

    Perduf
    Intern

    71
    15
    4 Декември 2012
    Машко
    Баш ти фала Марв, навистина си профи!
    Незнам само што има врска обајвување на сајтовите кој ти ги споделив лично. Но прави што сакаш, ова само го оправдува моето излагање за твоја непрофесионалност погоре.
     
  18. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,225
    1,513
    5 oктомври 2007
    Машко
    Епа дебатираме и спориме 3 месеца за иста работа, а никако да го видиме, устврари видиМЕ резултатите.
    Плус изнесе невистина ЛИЧНО за мене погоре, дека сме договарале понуда, што не е точно, па сега нека оценат другите кој е сериозен/несериозен и кој е професионал или не. Конверзацијата од ПП, ќе си покаже се.
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  19. uwemi

    uwemi
    Unbeatable

    4,759
    4,314
    20 Февруари 2011
    Машко
    Напишете и докажете што имате но ке ве замолам без лични навреди.
     
    На Perduf и smole им се допаѓа ова.
  20. smole

    smole
    Unstoppable

    3,060
    3,488
    18 Април 2007
    Јас навистина не сфаќам што сакаш да кажеш.

    Ако сме имале дил значи дека сме се договориле.Но, ние не сме се договориле бидејќи цените им се такви какви што се, постирани погоре и не беа спремни на компромис околу цената, макар на краток рок. Затоа не добија ни динар од мене.

    Јас во моите постови никаде не ги плукам, само кажувам како работат. Ако ти си го сфатил како плукање, тоа е твој проблем. А незнам и зашто би ти сметало бидејќи ти, нели не си од Укион и освен што "имаш сајтови хостирани од нив" на друг начин со нив не си поврзан. Или барем така тврдиш низ твоите претходни постови.

    Ако ти е се топ со нив зашто би се мислел и би требал да одбереш некој друг?

    Твојот нареден пост ја поби одјавата спомната во овој. И да, и јас сметам дека не си за во оваа дискусија бидејќи никаде не постираше линкови од сајтовите што наводно погореспоменатата фирма ти ги хостира.

    И упорно одбиваш да ги постираш линковите од твоите сајтови и покрај инсистирањето на повеќе членови, вклучувајќи ме и мене.

    Тука некој нешто крие, а тоа не сме јас, @marv и останатите него си ти.
     
    На Perduf му/ѝ се допаѓа ова.
  21. burce

    burce
    Intern

    268
    38
    1 Април 2009
    Интересна тема за фаќање сеир :)

    Не сакам да се мешам, само сакам да кажам дека заканата (затоа што личи на закана) од marv кон Perduf за јавно објавување на информација што била приватно споделена, во најмала рака е несоодветна. Независно што некој бил прозван. Доколку сакаше да ги сподели сајтовите, ќе ги споделеше. Штом не сака, негово право.

    Токлку од мене.
     
    На Perduf му/ѝ се допаѓа ова.
  22. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    707
    2,349
    27 Јануари 2014
    Машко
    Тоа не му дава право да изнесува тука некои информации кои не се вистинити, и да не залажува нас и останатите како Укион биле ефтини и имале добри услуги. Кога се дебатира, се дебатира со факти и докази. А, Пердуф освен топ се стварно ништо друго не покажа за да се увериме, туку е упорен со неговото мислење. Неможе некој да те убедува дека е така кога не е така.

    Секој што продава нешто би го споделил, од кај знае може ќе купи некој од тука од кај него, ама пак ќе кажам само реклама е ова, ништо повеќе.
     
    На goranski и smole им се допаѓа ова.
  23. username

    username
    Gaining Experience

    526
    66
    4 Јули 2009
    Машко
    Батка, за него тоа е ефтино, нема ти што да се залажуваш, ако сакаш да отвориш e-продавница појди прашај за цени како е во тоа Укион и ако ти е ефтино купи ако не немораш. За добри услуги е релативна работа, тој што се побарал добил независно колку пари платил и дали некаде ќе нашол поефтино, битно тој е задоволен.

    Вие му посочивте ако го правел сам ќе поминел поефтино, што донекаде е така, али заборавате битна ствар, а тоа е СИГУРЕН САПОРТ па макар тој бил и дополнително наплатен.

    Ако сакал тој да помине поефтино ќе нашол некој фриленс кој ќе му го направел сајтот а притоа ќе имал 300 главоболки и кога проектот ќе завршел суппорт рачки од тупан. Па оди барај друг човек или фирма, па дали таа фирма ќе се нафати да го доработува и слично. Има доста заебанции. Ваков тип на сајт не се дава на секому.

    И ајде ако мислите дека има поефтини од Укион посочете фирма. Немора специјализирана за е-трговија туку понуда од ИТ фирма во мк која за истите услуги би била поефтина. Немојте само од типот "ја ќе ја направам поефтино" ако сте индивидуа и ако немате фирма и бакгроунд позади вас која кажува дека сте сериозна личност со сериозно CV.
     
    На Perduf му/ѝ се допаѓа ова.
  24. smole

    smole
    Unstoppable

    3,060
    3,488
    18 Април 2007
    Повели

    Повеќе членови ми понудиле изработна на е-продавница, меѓу кои постојат двајца за кои не би се двоумел да им ја доверам задачата, иако можеби немаат огромно CV позади нив. Сум соработувал со двајцата за различни работи и биле сосема ок. Малку е неблагодарно да ги именувам.
     
  25. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    707
    2,349
    27 Јануари 2014
    Машко
    Кој support ти треба бе на opencart светска платформа ? Башка и на готов темплејт? Да користи некоја рачно кодирана скрипта со темплејт негов па да му прави проблеми да, ама за ова што support му треба? Згора на се цената за support е ужасна.

    Еве нека посочи бар 2 проблеми кои неможел да ги реши па интервенирале од Укион. Од програмерски аспект секој што се разбира од opencart и има искуство ќе може да му помогне за помала цена, а чисто се сомневам дека има такви проблеми ако воопшто постојат и тие фамозни сајтови. Да не се лажеме дека поддршка даваат само Укион, секој фриленсер што ќе ја изработи ќе му помогне за дополнителна пара или гратис зависи од договорот што ќе го склучат.

    Споредбите за цена и квалитет беа чисто онака направени за да му се докаже дека Укион не се баш најдобри како што ги рекламира, и дека тоа што го прават они секој фриленсер од оваа област може да го сработи.
     
Слични теми
  1. Hoze
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    1,830
  2. Forumko
    Одговори:
    8
    Прегледи:
    2,163
  3. Aleksandar-x
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    1,208
  4. smole
    Одговори:
    66
    Прегледи:
    8,728
  5. prichina
    Одговори:
    10
    Прегледи:
    1,915
Вчитување...

Сподели

Вчитување...