• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Откриен нов начин за следење на лаптопите

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Open source експертите од универзитетот во Вашингтон пронашле начин за следење на украдените лаптоп компјутери, што не вклучува константно следење на корисникот.



Иако можете да платите за 24-часовно следење на компјутерот, негативната страна, покрај тоа што таквото нешто е прескапо, секој ќе знае каде сте и што правите. Тимот научници го осмисли Adeona системот, наречен по римската божица за сигурно враќање, за кој се верува дека на луѓето ќе им овозможи да го следат нивниот лаптоп, без притоа да се потпираат на корисничките или пак на комерцијалните софтвери.

Тадајоши Конои и Габриел Маганис соопштија дека Adeona е првиот бесплатен open-source систем за следење на лаптопите, кој корисниците ќе можат сами, без помош од други компјутерџии да го инсталираат. Експертите во моментот работат и на слична верзија, наменета за системот на iPhone.



Adeona работи како LoJack сервисите, но овдека целото следење не се одвива преку централните сервери. На овој начин, како што истакна Конои се обезбедува приватност и независност на корисникот од компаниите за следење.

Системот ќе ја објави IP адресата која ќе открие каде компјутерот се користи, а доколку лаптопот има вграден камера, тогаш софтверот ќе го фотографира крадецот секои триесет секунди. Исто така може да се открие и SSID wireless мрежата што крадецот ја користи, што може да биде особено корисно при утврдување на локацијата на лаптопот.

Извор: ИДИВИДИ
 

StarBuck

Intern
16 февруари 2008
1,295
48
Берлин
StarBuck's setup  
Processor & Cooler
Quad-Core Intel Xeon E5 3,7
Storage
256 GB SSD
RAM
12 GB DDR3-RAM
Video card
Dual AMD FirePro D300 GDDR5 4GB
Monitor
IPS
OS
Yosemite

trakilaki

Intern
15 мај 2008
1,084
18
Jas na primer bi napravil drugo.............
Bi vgradil self destruction komanda ....... i ako nekoj mi go ukrade laptopot stiskam na privezokot od klucevite(niv potesko ke gi ukrade) ......... i otide batkoto vo vecnite lovista :LOL::LOL::LOL:
 

TheSpeedy

Intern
4 септември 2007
279
2
Хахах :)) тоа trakilaki , ама сепак добра идеја е и затоа ќе најдат лек
 

Banzai

Intern
3 март 2008
637
8
Копче за самооуништување за мене не е решение... Ќе го изгубам своето, а целта е да си го вратам лаптопот назад, а не да го убијам крадецот...
Ако постот ти беше шала(како што го сватив првиот пат), тогаш не го читај горенапишаното :)
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Интересна замисла, мислам дека може да се следе нешто и ако му се вгради бикон и 2 кули да имаме на поример, и да се измери расојанието од секоја кула до биконот и каде схто се вкрстуваат таму е предметот

Лесно 1 2 3 :))
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,498
Мислења
821,869
Членови
28,042
Најнов член
Puffy
На врв Дно