Туторијал Основно запосзнавање со C++

Дискусија во форумот 'C // C++' започната од Илија Ристов, 2 Февруари 2018.

  1. Илија Ристов

    Илија Ристов
    Intern

    2
    22
    2 Февруари 2018
    Машко
    „ Пред се здраво. Јас сум Илија Ристов, малд програмер. Сакам многу да програмирам имам само 15 години, со програмирање се занимавам уште од 10 години. Сакам многу да помагам бидејќи некој кој сам учи, кој што нема поддршка од ништо, никој најдобро знае колку е мачно како и да е.. да започнеме. “

    Знаеме дека процесорот разбира само машински јазик односно децимали што се разбилви за него. Програмскиот јазик ни служи за комуникација помеѓу корисникот и компјутерот, помеѓу кумпјутер со друг компјутер и сл. Програмерите кој што пишуваат програма во одреден програмски едитор знаат дека има логичка и синетичка грешка. Синетичката грешка е исто како и граматиката(акцентирање, ставање апосторв, ставање запирка, точка итн) само овде се симболите кој што се користат не смеат тие да се испуштат. За да се провери да ли имаме грешка во програмерскиот код потребно ни е некој да ни го прегледа нели? Некој што разбира повеќе затоа тука е компајлерот(compiler) како ментор да ни ги открие грешките тој разбира само синетички грешки, неможе да распознава логички. За програмерот да не бара посебен едитор, компајлер па да ја теситра некаде програмата имаме програмерски пакети. Неколку најпознати програмерски пакети се „Dreamwaver(PHP, HTML, CSS), Eclips(C++, C#, Pascal, Python)“. Овие програмски пакети ги извршуваат сите функции кој што ги наведив погоре и програмскиот код го прави разбирлив за процесорот односно го претвара во машинскиот јазик(единици и нули).

    Во последниве години најистакнат програмски едитор за C++ е Code::Blocks :
    Screenshot_1.png

    За да ја симнете оваа пгорама стиснете овде.

    Откако ќе отидете на овој линк изберете го „codeblocks-17.12-setup.exe“ ќе стиснете на „Sourceforge.net“ за да го симнете.

    Screenshot_2.png

    Потоа слете ги ове чекори:

    Screenshot_3.png
    Screenshot_4.png

    Screenshot_5.png
    Screenshot_6.png

    Screenshot_7.png
    Screenshot_8.png
    Screenshot_9.png

    Тоа беше се, потоа само ја вклучувате програмата. Повеќе објаснување околку C++ во следниот туториал мило ми беше што решивте да ги следите моите инструкции. Се надевам ќе се дружиме од денес. Доколку има некој нејасни работи слободно пишете ми во коментар, пораката, на мојот фејсбук, на мојот емаил. Ќе ви одговорам штом можам. Поздрав.
     
    На Lokvan, igorimor, alekcackko и уште 19 други им се допаѓа ова.
  2. Ado1337

    Ado1337
    Intern

    1
    1
    24 Декември 2017
    Машко
    Само напред!!
     
    На Илија Ристов му/ѝ се допаѓа ова.
  3. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    418
    201
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Респект другарче!
    Одличен старт со C++. :)
     
    На Илија Ристов му/ѝ се допаѓа ова.
  4. alderson

    alderson
    Intern

    38
    22
    18 Јануари 2018
    Машко
    Developer
    Само напред другарче..
     
  5. stevo15

    stevo15
    Gaining Experience

    220
    165
    17 Септември 2012
    Машко
    Имам само една забелешка, не е „синтетичка“ туку „синтаксиска“ грешка.
     
    На Илија Ристов му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Илија Ристов

    Илија Ристов
    Intern

    2
    22
    2 Февруари 2018
    Машко
    Ти благодарам, не забележав.
     
  7. moongose

    moongose
    Practice makes perfect

    1,453
    1,588
    19 Јули 2013
    Синтаксична.
     
  8. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,385
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
  9. bokiscout

    bokiscout
    Practice makes perfect

    1,684
    1,942
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Не би рекол дека е нај користен, 7 од 10 користат QT Creator, 2 од 10 користат vim, 1 од 10 е на Coed Blocks (тоа е практикантот). Барем таков впечаток од комуникација со луѓе и фирми што користат C/C++.

    Јас лично корисам QT Creator.
     
    На Илија Ристов и Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  10. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    20,255
    20,607
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Boki пошто тој е почетник, текстот му е за почетници нека биде како што вика... лесно се прешалтува после на друго IDE
     
  11. DarkoG

    DarkoG
    On your way to fame

    715
    584
    27 Јуни 2012
    Мислам дека за почетнници Codeblocks е супер и не е пренатрупан, така да сугестијата му е на место. Сум бил во истото сра*е. :)

    Испратено од [device_name] преку IT.mk форум апликација
     

Сподели