• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Основни давачки кон брзите пошти

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Gilfoyle

Practice makes perfect
10 септември 2009
468
1,533
Во склоп на темата „Царинење на компјутерска опрема, ја отварам и оваа тема за „основните “давачки према брзите пошти.

Овие информации се во врска со основните давачки но секогаш кога ќе сакате да нарачате нешто најсигурно е да ги исконтактирате истите и убаво да се распрашате дали тој одреден продукт има некакви плус давачки освен основните.

Кога велам основни давачки мислам на давачки према самата компанија а не према државата. Такви давачки може да бидат: Шпедиција, лежарина/складишнина, поштарина итн.

DHL Express – Македонија
Доколку сами си ги платите шпедитерските услуги се наплаќа складишнина: 1.000 денари + давачките кон државата.

Доколку оставите на DHL Express преку нивната шпедиција да се наплатат давачките кон државата(данок + ддв) се наплаќа: 1.593 денари + давачките кон државата.
Контакт телефон
: (02) 15333

UPS / Ин Тиме Мк
За секоја пратка имате основица за лежарина од 780 денари и на таа основица во зависност од килажата се доплаќа плус.
За пакети до 5кг. на основицата се додава: 408 денари.
За пакети до 30кг. на основицата се додаваат: 580 денари.
Шпедитерските услуги
се фиксни и изнесуваат: 2.300 денари.
Контакт телефон:
(02) 311-7664

ЕМС - Брза пошта
ЕМС е во склоп на Македонски Пошти, тука немаме шпедитерски услуги.
Поштарина: 30 денари + 1,5% од цената на царината и ддв-то.
Контакт телефон: (02) 15000

Федекс Македонија
Како што ми беше кажано, тука имаме само лежарина која чини: 1.100 денари.
Контакт телефон: (02) 311-1116

Важно:
Кога испраќачот е правно лице, односно се работи за пратка порачана преку интернет, при пресметката на царинските давачки се применуваат стапките согласно Законот за царинска тарифа. (Извор: Царинска управа на Република Македонија)

Тоа значи да не верувате во се што ќе прочитате. Секој еден произовд што по било каков пат ќе влезе во Република Македонија дали тоа било авионски транспорт, поштенски транспорт, воз, кола, пеш ќе биде царинет според законот за царинска тарифа и според тарифникот на Р.М.

Сите информации се добиени и потврдени од вработени лица во фирмите наведени во постот на ден 14.3.2017.
 

stavrov69

Gaining Experience
26 ноември 2008
433
217
Еве и копија од маилот што ти го праќа ДХЛ доколку пристигне пратка за вас.


Pocituvani,

Pristignata e pratka za Vas. Za istata potrebno e da se sprovede uvozna postapka so plakjanje na davachki. Moznosta da Ve zastapuva pred Carinskite organi mozete da ni ja doverite nam DHL, ili pak na bilo koja druga licencirana spediterska kukja. Dokolku sakate da Ve zastapuva drug spediter, vo toj slucaj dostavata na pratkata treba da ja izvrsi ovalsteniot zastapnik ili pak Vie da ja podignete od prostoriite na DHL - zavisno od dogovorot pomegju Vas i Vasiot zastapnik I pritoa ke bide potrebno da se plati skladisnina od 1000,00 mkd. Dokolku sakate da carini DHL, dostavata ke bide od nasa strana do Vasata adresa i zatoa ke treba da ni gi dostavite dolu navedenite dokumenti:

• Polnomosno( attach) pecateno vo kirilicno pismo /potpisano vo tri originali ( carina ne go prifakja skenirano na e-meil ) i kopija od Vasata licna karta ili pasos

• Detalno objasnuvanje po mail ili na hartija na makedonski shto ima vo pratkata (ne e potrebno prevod od sudski preveduvac).

• Dokaz za plakanjeto prema isprakjachot (izvod od banka, plakjanje od paypall, western union I sl), a fakturata koja e potrebna za carinskata postapka treba da e so ista vrednost so taa kolku ste platile.

• Izjavata za vrednost vo prilog na porakata kje treba da bide popolneta I potpishana

• Dokolku transportot vekje Vi e platen vo stranstvo, na fakturata treba da ima edna od slednite oznaki DAP, CIP, CPT, a dokolku ne se napisani na fakturata, ke treba da se dodade vrednosta na transportot po cenovnik I na vkupniot zbir od vrednosta na pratkata I transportot se presmetuvaat davachkite prema drzhavata.

Usluga za carinenje na DHL e vo iznos od 1593,00 MKD vo koja spagja skladisninata, prijavata na pratkata kon carinskite organi i nadomest za zastapuvanje i dostava do Vasa adresa (dokolku imame agent vo vashiot grad). Visninata na carinskite i DDV davackite koj treba da se platat kon drzavata ke se presmetaat dopolnitelno. Otkako ke gi dobieme dokumentite vo orginal , ke Vi pratime profaktura po e-mail kade ke bidat vkalkulirani troshocite za DHL uslugata ( 1593,00 MKD) + carinskite davachki kon drzavata. Stom kje uplatite, virmanot pratete ni go po e- mail.

Dokumentite mozete da gi dostavite vo gradovite kade shto vrshime I dostava i toa na slednive adresi:

Skopje: na bul.Ilinden bb-karshi Vlada na RM – tel. za kontakt: 02/3112-753, Ohrid – 072/204-716; Bitola – 078/ 413 766
; Tetovo – 078/385597; Prilep – 070/308-382; Gevgelija – 070/218-345; Kumanovo – 075/404-480; Veles – 071/274-414; Shtip – 070/264-463; Kichevo – 070/223-790; Strumica – 071/264-166, Gostivar 078/392-327 I Kavadarci – 071304500.

Vremeto na carinenenje e 2-3 rabotni denovi otkako kje bide platena profakturata. Dopolnitelno Ve molam I za informacija na koja adresa da Vi ja dostavime pratkata dokolku istata se razlikuva od adresata na tovarniot list .

ZABELESKA: Zakonski rok za cuvanje na neocarineta pratka, soglasno CZ na RM e 15 dena od denot na pristignuvanje, a po izminuvanje na ovoj rok, pratkata se vrakja nazad, se odstapuva vo korist na drzavata ili se unistuva.

Vo prilog na meilot e i izvadok od web stranata na Carinska Uprava kade vo detali e objasneto za koi pratkitreba, a za koi ne carinska postapka.
 

JasSum

Practice makes perfect
8 мај 2007
1,824
1,920
Искуствено:
Не нарачувајте по брзиве пошти оти одма праќаат на царина за да наплатат лежарина. Тоа е криминал невиден. Плаќаш лежарина за во пошта, за пратка која ќе стои на истото место ако не ти биде доставена во првиот момент, а за тоа не се наплаќа.
Ако има некој правник присутен, го повикувам да направиме случај против вршителите на услуги, кои ја злоупотребуваат својата позиција за да наплаќаат дополнителни средства.
 

xenon

Guru
15 јануари 2011
3,792
9,206
Erga Gomnes
xenon's setup  
Processor & Cooler
i7 5960X 4300mhz
Motherboard
Asus X99 Deluxe
Storage
intel 750 400gb / 2 x 8tb seagate, 4 x 6TB WD, 3 x SM951 512gb, 4 x 4TB WD
PSU
Antec 1300W
RAM
64GB DDR4 @ 3200mhz
Video card
SLI (2 x Asus 1080Ti Strix)
Case
Coolermater Cosmos II
Mouse
Sentinel III
Keyboard
Coolermaster Master Keys Pro L
Audio
Asus Xonar STX, Adam A7x (2), Adam A3x (2), TC Electronic BMC-2 (DAC)
Monitor
43" Samsung KS7500 4К HDR
OS
W10P
Имавме неколку вакви теми веќе, потребно е да го актуелизираме ова прашање и да привлече медиумско внимание каде јасно и гласно овие локални агентури на т.н. брзи пошти ќе бидат разоткриени за она што навистина се: КРИМИНАЛЦИ. Нема ни Б од брза, процедурите траат со денови, пратки кои законски не подлежат на царинење (<30E вредност) скоро секогаш завршуваат за царина каде износот (давачки кон држава, шпедиција и лежарина и куротресина) скоро секогаш е минимум 50Е плус изгубено време, нерви и патни трошоци за доставување на документи! UPS/DHL/TNT - со сите сум имал исто непријатно искуство и освен регуларна достава по М.Пошти или ЕМС исто преку М.Пошти, не советувам никој, во никој случај да проба било што да нарачува преку т.н. брза пошта.
 

causevd

Gaining Experience
4 октомври 2011
452
374
causevd's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7-4790K 4.0GHz Quad-Core Processor
Motherboard
Asus Z97-DELUXE(NFC&WLC) ATX LGA1150 Motherboard
Storage
Western Digital Caviar Blue 1TB 3.5" 7200RPM & Corsair Force LE 240GB 2.5" SSD
PSU
Cooler Master 650W 80+ Gold Certified Fully-Modular ATX Power Supply
RAM
G.Skill Sniper Series 16GB (2 x 8GB) DDR3-2400
Video card
Asus GeForce GTX 980 Ti 6GB STRIX Video Card
Case
Fractal Design Define R5 (White) ATX Mid Tower Case
Mouse
MSI Clutch GM50
Keyboard
G Skill KM570X
Monitor
IIyama G-master GB2488HSU-B3
OS
Windows 10 Pro

kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,481
3,792
Скопје

Metuzalem

Epic
28 ноември 2010
6,816
12,219
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Дечки некој искуство со EMS пошта? Какви се овие? Да не се само во стил на DHL. Еве линк од нив.

EMS News | EMS - Express Mail Service

Да знам што да очекувам кога ке нарачам. фала.
Можеби не е целосен одговор како што очекуваш, но мене поголемите пратки од обична пошта ми ги префрлаат во ЕМС и одам таму да си ги земам (не ми ги носат). Кај нас нели се дел од обична пошта и ептен соработуваат и си префрлаат работи меѓу себе. Не знам дали е така секаде во странство.

Иначе се многу опуштени и лежерни кога ќе одам таму. Се е исто како во обична пошта. Не ми наплатиле никогаш. Картончињата им се исти како од пошта, само со лого на ЕМС. Се наоѓаат зад Пошта2 на Железничка, до Достава.

Тоа е се` што знам. :)
 

DrMTR

Guru
27 март 2014
6,849
6,869
www.mikrotikmacedonia.net
Можеби не е целосен одговор како што очекуваш, но мене поголемите пратки од обична пошта ми ги префрлаат во ЕМС и одам таму да си ги земам (не ми ги носат). Кај нас нели се дел од обична пошта и ептен соработуваат и си префрлаат работи меѓу себе. Не знам дали е така секаде во странство.

Иначе се многу опуштени и лежерни кога ќе одам таму. Се е исто како во обична пошта. Не ми наплатиле никогаш. Картончињата им се исти како од пошта, само со лого на ЕМС. Се наоѓаат зад Пошта2 на Железничка, до Достава.

Тоа е се` што знам. :)
Незнам јас планирам да купувам нешто од странство и за нив пишува

EMS(5-7 BUSINESS DAYS)

па поради брзата достава си реков да прашам да не се како DHL,UPS, и останатите брзи пошти кои што дерат со давачки откако производот ке стигне овде.

EMS незнам дали има некаква врска со нивното EMS.
 

Metuzalem

Epic
28 ноември 2010
6,816
12,219
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Мене ми изгледа дека не е како ДХЛ и другите, но не можам да гарантирам. Претпоставувам дека би одело на нормална царинска постапка во Пошта.

А исто лого е, прилично сум сигурен дека е исто (ваљда здружение или нешто).
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,698
Мислења
862,547
Членови
30,046
Најнов член
Basket
На врв Дно