• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Осигурување на електронска опрема

  • Ја почнал/а темата
  • #1

gokica

Модератор
13 јуни 2009
8,667
11,028
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
Дали некој има повеќе податоци околу тоа која електронска опрема може да се осигура во Македонија и кои се условите.

Дали може да се осигура стар компјутер, телевизор или фото опрема на пример? Дали исплаќаат уредно и без трзавици?

Што се случува доколку опремата ја оштетите самите во тек на ракување? Дали и тоа би го покриле осигурителни компании?

Ве молам споделете информации доколку сте имале вакво искуство.
 
flashgordon007

On your way to fame
15 септември 2012
694
698
Здраво,
јас се распрашував минатиот месец за осигурување на компјутерска опрема и одговорите што ги добив ме натераа повеќе да не се распрашувам.
Мене ме интересираше што се случува доколку ми ја украдат опремата од фирма.
Тетката објасни дека исплаќаат штета за украдена опрема стара до 4 години, затоа што компјутерите имале степен на амортизација од 25% годишно.
Бидејќи целата опрема што планирав да ја осигурам беше многу блиску до лимитот, тука завршија моите разговори...

Напредок, во однос на осигурувањето од пред 10-тина години е што сега осигуруваат и лапситопси компјутери. Фотографска опрема сеуште не ја констатираат...

За штети во тек на употреба не се распрашував, затоа што повеќе ми беше страв од крадење на опремата.

За исплаќање на штета не бев убеден дека без врски ќе помине поедноставно... Кај нас е секаде се сложено... па дури и наједноставните работи...
 
kjosmofon

Баниран/a
7 октомври 2011
3,742
5,634
skopje
k2laptop.mk
Зависи од многу работи, ако ти е прво осигурување во фирмата тешко ќе ти биде, проценките и исплатата исто многу тешко со непотребни комплицирања. Ако во фирма имаш голема премија, осигурани и машини и друга опрема , а ИТ опремата биде само мал дел од тоа ќе ти биде полесно. Работев 4-5 год во голема фирма и јас го водев осигурувањето на комплетна фирма, исплаќаја штети со големи намалувања. Имавме осигурување со 2 различни компании и горе долу исто беше. Кај нас осигурителните компании не може да се во загуба со тебе како клиент, ако имаш штета првата година во втората ќе ти покачат премија за да им се исплати. Ако опремата не е многу скапа мој совет е да не се замараш.
 
Во осигурителната компанија имаме осигурано повеќе лиценци (оти мораме според закон).
Таму и сите приватни осигурувања на вработените ги правиме (стан, регистрација на коли...)
Немаше математика: компјутерите иако постари, имаа вградено повеќе меморија, повеќе дискови (и ссд), поголеми монитори (27 и слични), ама сето тоа пред 2, 3 и 4 години. Тие компјутери се во функција.
Во случај на кражба, мислам дека пресметаа, дека би исплатиле најмногу 6000 денари по компјутер.
За повторно да се оспособи тоа работно место со компјутер потребни се многу повеќе пари (макар и користени компјутери да бидат).
Најјаката информација беше дека аларм, сигурносни камери, чуварска служба, воопшто не влијаеја на цената...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

gokica

Модератор
13 јуни 2009
8,667
11,028
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
Значи на кратко Македонија е one happy place!

Баш ме заинтересира зашто при купување на телевизор од Нептун ми беше понудено осигурување за некои ситни пари. И тоа со муабет дека ако децата играјќи го оштетат дека осигурителната компанија ќе надомести штета. Ми звучеше премногу добро да е вистинито и не прифатив баш од причина што бев скептичен колку сето тоа не е само млатење пари од купувачот.

А и читам на нет дека низа физички лица во светот си осигуруваат фото опрема што ми звучеше примамливо.

Инаку и јас бев одговорен за осигурување на имот на фирма поодамна но за среќа немавме прилика да се повикаме на полиса (освен за едно возило кое беше макотрпно патешествие - но мислев дека се смениле работите до сега).

Мислам дека треба да ја разбудиме свеста на населението и да се преземе нешто во оваа насока.

ИТ опрема си има гаранција од фабрички дефекти но сепак кражба и физичко оштетување не се покриени. Би било добро да се доближиме до современиот свет на ова поле.
 
krema

Professor
24 јуни 2009
11,537
10,947
youtu.be
Осигурителните компании ќе те убедат на триста можни начини да осигураш кај нив ова-она за толку и толку пари притоа давајќи ви примери како некој му се запалило возилото и добил 100% одштета и ред други пример се' со цел замо да ви извлечат пари.
Но кога ќе дојде ред (недај боже) да бараш одштета повикувајќи се на полиста, ќе ти изведат триста правилници, членови, статути на компанијата каде ќе ве убедуваат дека за тие работи не ѓи опфаќа полисата и дека сте требале дополнително да доплатите за да можело да ве обештетат.

Абе со нив нема играчка, за да ти продадат - прават се', а кога треба да направат обештетување се кријат во глувчешки дупки :)

Ова е мое видување и мислење, пре би инвестирал во добри стабилизатори на напон и UPS-и отколку во осигурување.
 
Харви

Intern
7 ноември 2017
6
3
Не знам дали ја погодив темава, ако сум утнал нешто, молам модераторите да ја префрлат на соодветното место.

Ваква случка имав: пред неполн месец купив телевизор од Нептун, за 20 000 ден. Платив и осигурување во Uniqa за истиот, 500 ден, за случаи кои не ги покрива гаранцијата, како механички оштетувања, кражба и сл. Два дена подоцна, син ми го удри со тап предмет и го скрши панелот. Го однесовме во Uniqa, го сликаа, побараа проценка за цена на сервис од овластен сервисер, и рекоа дека осигурувањето го покрива оштетувањето, но проценката им треба за да утврдат дали оштетувањето е целосно, или да дел од телевизорот, за да ја утврдат висината на надоместокот. Го однесовме на сервис, по две недели чекање ни направија пресметка за сервисот: 19 800 бил панелот и уште 900 за работна рака = 20 700 што е поскапо од цената на телевизорот.. Uniqa пресмета дека ќе ме обештетат со 9 900 ден. според не знам, некои нивни математики: куповна цена - учество на купувачот (50 евра) - амортизација, и 70% од тоа што ќе остане. Е сега, прашањето ми е, дали по обештетувањето, јас сум обврзан да го поправам телевизорот, или можам да правам што сакам со парите: на пример, да си купам нов, што реално, би ми било поисплатливо? Или пак, дали смеам да го поправам кај друг сервисер, или морам кај овластениот?
 
Tajson

On your way to fame
25 февруари 2016
653
861

Ако ти даваат пари земај и бегај, и со парите прави си што сакаш.
 
Харви

Intern
7 ноември 2017
6
3
Само како информација за следните купувачи: од Уника ми ги исплатија парите за телевизорот, 9900 ден, што значи - функционирало. :D
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,560
Мислења
820,542
Членови
28,218
Најнов член
macika
На врв Дно