1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Организирање на Chrome bookmarks

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од Глупав, 31 Јули 2019.

  1. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    368
    172
    20 Април 2008
    Машко
    Имам веќе некоја поголема колекција на статии во Chrome bookmarks,
    па ме интересира следново:
    дали некој знае да постои или пак користи
    некоја алатка која соработува со Chrome bookmarks
    на начин на кој би се означувале клучни реченици во web pages страници
    да не мора да се претражуваат рачно
    или барем да не мора да се чита два пати иста статија
    туку да се маркираат лично преферирани информации.
    Однапред благодарам за посветено внимание и информација.
     
  2. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,689
    3,070
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    моментално
    не знам за таква
    екстензија
    ама изгуглај, и
    провери, можда ќе се најди
    нешто.

    хаику поезија пишуваш другар.

    не знам за таква екстензија дека постои, ама ако не најдиш, зошто не би направил своја?
     
    На Глупав му/ѝ се допаѓа ова.
  3. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    568
    218
    28 ноември 2015
    Машко
    Сними ги веб страните и барај во нивниот текст/код со Notepad++ -> Find in files ???
     
    Последна промена: 4 Август 2019
  4. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    368
    172
    20 Април 2008
    Машко
    @JensenInterceptor мислам дека првиот одговор ти беше посериозен...
    иначе ми треба "нешто" да го маркира текстот во bookmarks кога ќе го отворам
    и постојано да е маркиран на секое отварање...
    за организирање по фолдери се снаоѓам... за ова второво послабо...
     
  5. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    568
    218
    28 ноември 2015
    Машко
    Хмм, го тргнав првото оти не беше баш тоа што бараш.
    Можеш да правиш папки со одредени линкови.

    Хром ги снима линковите во XML формат и можеш да увезуваш линкови од Интернет Експлоудер, Фајрфокс и слични прелистувачи.

    Notepad++ е текст уредник со отворен код, и стално има надградби. Јас го користам чат пат при програмирање заради добрата алатка „Find in Files“ што означува каде и колку пати нашол даден збор/реченица.

    Иначе управителот за линкови на Хром, доаѓа со самиот Хром.
    Еве најдов некој додаток за Хром што подобрува барање во снимените линкови:

    Bookmark Manager Plus

    Ама дали е ова додаток или баш го менува вградениот управител за линкови не знам.

    Пробај па кажи.

    Еве и некакво си АПИ за работа со зачувани линкови
    chrome.bookmarks - Google Chrome

    Можеби би можел некако да скриптираш што да се случи при стартување на Хром, односно, барање зборови во страници и нивно бележење ако се нашло нешто.

    ДОДАТОК:
    Само што видов, има метода

    Код:
    chrome.bookmarks.search(string or object query, function callback)
    
    и метода

    Код:
    chrome.bookmarks.move(string id, object destination, function callback)
    
    што на пример би било, барај текст во сите снимени линкови/сајтови. Ако најдеш, префли го линкот/сајтот во папката „прочитани“.

    Вака некако??

    Значи може да куцаш ЈаваСкрипт. Еве го примерот наведен во линкот:
    chrome/common/extensions/docs/examples/api/bookmarks/basic/popup.js - chromium/src - Git at Google

    Хмм, ама сеа работава е, треба да куцаш код :)

    Ај, ако можам после ќе седнам да видам за што се работи. Сигурно е едноставно, треба при стартување на Хром да се уштека скрипта што ќе се изврши.
     
    Последна промена: 4 Август 2019
    На Глупав и Avid им се допаѓа ова.
  6. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    368
    172
    20 Април 2008
    Машко
    @JensenInterceptor ова е веќе подобро...
    иначе не ми е замисла да претражувам зборови, туку клучни концепти
    (што повеќе би значело означување маркирање на некои реченици, ама не и сите,
    исто како при учење од скрипта, само што на овој начин повремено би можело да се менува што маркираш)...
    можно е после некој месец и јас да го изведам сево ова преку код (сега за сега не е опција)
    затоа благодарам за пронајденото API, ако не ми послужи мене, може ќе му послужи на некој друг...

    NOTE: искрено јас би платил и 10тина долари годишно да ја има некаде готова функцијава... оти е lifesaver...

    на пример во форумов да може да се означува со маркер, во многу големи теми, што е добро за читање
    (додека да не се маркираат и да не мора пак да се листаат обични незначајни ради реда коментари или тролања)...

    catch my idea???
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,302
    11,413
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Можеби нешто како ова за обично хајлајтирање на страници. Не знам дали го зачувува хајлајтираното и по долго време (на пример месец), ама можеш да бараш слична екстензија ако оваа не врши работа. Термин за пребарување: "extension chrome highlighter", со него најдов многу слични.

    А не знам како замислуваш да ти хајлајтира делови од букмарЦите кога тие не се чуваат на твојот компјутер (целите страници). Екстензииве се обидуваат, но често страницата може да се смени, па да не го најде тој дел. Ако сакаш да хајлатираш делови од насловот на букмаркот, едитирај го (пиши си што сакаш). Еве некои идеи за организирање на букмарЦите (особено тагирањето, што ми личи дека е дел од тоа што го сакаш).
     
    Последна промена: 4 Август 2019
    На Глупав му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    368
    172
    20 Април 2008
    Машко
    Значи организација на документи не ми преставува проблем...
    всушност една од појаките работни карактеристики (кога не брзам) ми е класификација на документи во фолдери итн
    (претпоставувам и на повеќето одговорни информатичари (ако така може да се изразам))
    значи можам да најдам што барам, кога е и при мој "таканаречен хаос"...
    потребно ми е класифицирање на информации кои повремено може да се по(т)сетуваат...
    значи од страница означувам концепти кои ми се допаѓаат,
    при повторно отварање на исти боокмарк стојат исто одбележани информации со можност за измена...
    (Идеален случај (што мислам дека е далеку од реалност сега)
    доколку сите тие информации од разни извори можат да се класифицираат, спојат, групираат,)

    или постручно изразено Web Within Web (пребарување на информации во личниот Web простор)

    најблиску до замислата (што најдов во зачуван букмарк од пред некој период) е следново
    (малку за мене прескапо а преeдноставно решение) Diigo
     
  9. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,302
    11,413
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Од страницата на Википедија за Diigo: Најдолу имаш 5 тагови за категории, од кои 3 мислам дека ќе ти користат да најдеш сличен софтвер. Или независно си бараш алтернативи.
     
    На JensenInterceptor и Глупав им се допаѓа ова.
  10. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    568
    218
    28 ноември 2015
    Машко
    Ова што бараш во суштина ти е на некој начин скрипта за „учење“(податочно рударење или едноставно ВИ(Вештачка Интелигенција)). Ама не е баш едноставно да се направи и ќе треба да се испрограмира.

    Не ни пиша, написите(статиите) ги снимаш на диск? Тоа се HTML страни? Или во кој формат?
    Пошто на крај краева линковите што се снимаат во Хром се обично URL и не кажува многу што да се бара.

    Јас користам Pocket за чување линкови. Ај ќе побарам дали има додатоци за барање во линкови?

    ДОДАТОК:

    Доста го гледам ова Diigo што го наведе @Metuzalem по сајтовиве.
    Можеби за Фајрфокс LINER | The Highlighted Internet
    Textmarker – Get this Extension for Firefox (en-US)

    За Хром Highlighter

    И ова нешто слично Tool to highlight and annotate text on websites?

    Треба да се пробаат. Но пак, ако сакаш да се најде и да се сними нешто ќе ти треба или алатка што го прави ова или да се испрограмира.

    Да би можело некако со тагови да се означи секој сајт што има или нема.
    На некој начин ова би дошло како SEO(Search Engine Optimization), само во мало, во кругот на сајтовите што само ти ги прегледуваш.
    Уствари секој сајт има мета податоци(податоци за податоците), горе во заглавјето(<head/> тагот). Гугл и остали пребарувачи ги користат овие податоци за да ги најдат и да им дадат ранкинг(скалило) во однос на сите останати веб сајтови на целиот веб.
    Значи ако бараш на пример зборот „куќа“, на вебот имаш многу сајтови што го содржат зборот „куќа“, но на тебе не ти требаат сите сајтови. Затоа треба при барање да наведеш и други клучни зборови кои ќе му кажат на пребарувачот кои сајтови ти се побитни на тебе лично од купот на сајтови кои го содржат зборот „куќа“.

    На некој начин SEO во купот на сајтовите(статиите) кои си ги зачувал во Хром?
     
    Последна промена: 5 Август 2019
    На Глупав му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    368
    172
    20 Април 2008
    Машко
    @JensenInterceptor
    Користам Chrome Bookmarks за чување на линкови (бидејќи ги чува на Cloud)
    и прилично ми е лесен за снаоѓање, со оглед на тоа дека градам фолдери и подфолдери,
    ама имам една маана дека повремено ми е потребно потсетување на информации (па макар и основни)
    или понекогаш продлабочување на тематика, отварање на нови линкови со нови информации,
    па се чудам во последно време како нема подобра алатка за градење на свој личен web,
    (бидејќи не е логично повторно да се прелистуваат сите информации на веќе посетени страни
    кога веќе си одвоил и заклучил што те интересира од таму)
    bookmarks се веќе застарена работа (во поглед на можности)
    и треба да се мисли на новите напредни побарувања на денешницата (да не речам дека само мои побарувања се)...
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    368
    172
    20 Април 2008
    Машко
    @Metuzalem Разгледував и размислував
    и после извесно користење на Diigo
    се испостави дека статијата што ми ја прати
    има добро објаснување на работите...

    Имено за сите оние што бараат слично решение Pocket е тоа што би им користело и вршело работа.
    Лична библиотека со апликација за сите платформи, па и add-in за сите позначајни browser-и...

    Благодарам и како наравоучение, бирајте си ги информациите и со време и внимателно обработувајте ги...
     
    На Metuzalem му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. lakimen
    Одговори:
    9
    Прегледи:
    1,106
  2. Lord
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    551
  3. NatalijaNatka
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    944
  4. Zabegann
    Одговори:
    30
    Прегледи:
    1,157
Вчитување...

Сподели

Вчитување...