1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Организациски софтвер на фајлови / advanced file explorer or manager?

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од Noumenon, 4 Март 2017.

  1. Noumenon

    Noumenon
    Gaining Experience

    119
    68
    14 ноември 2009
    Машко
    Гугл постои меѓутоа и покрај екстензивна претрага не успеав да најдам нешто што ми ќе одговара.

    Барам организациски софтвер или напреден file manager / explorer кој ќе ми овозможи поголема слобода во мојата замислена организација од обична хиерархија.

    Сакам две главни функционалности. На одредени фајлови и фолдери да можат да им се доделат и тагови или лабели, уште подобро ако има и опција за боја. Исто (2) барам на секој фајл да може да се постават "мета податоци", најдобро слика, која би можела лесно да се пристапи за поставување и прегледување. На пример имаш панел на кој има preview кога ќе кликнеш на фајлот. Ова може да биде и посебно програмче да биде.

    Знам дека ова е премногу специфично, ама го опишува она идеално што го замислувам. Ако има некој препорака за некои слични програмчиња што мисли дека се најблиску до ова, или нешто алтернативно за слична намена, било од искуство или не, би било одлично.

    Користев Explorer++ кој ми се допаѓаше поради тоа што е портабл, има мултитаб, букмаркс и фајловите можеше да се обојат спрема дефинирани правила од нивното име, ама некако не ме воодушевува и не тоа што ми треба.

    Крајно, ако нема ништо слично на ова се мислам да седнам и да го направам, па може и за тоа совет :)
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,544
    10,592
    23 oктомври 2012
    Машко
    Ако најдеш нешто, обавезно пиши. Иако мислам дека ова е премногу специфично и не верувам дека е тукутака лесно да се изведе за општа употреба.
     
    На Noumenon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Astraion

    Astraion
    Unstoppable

    1,663
    2,515
    24 ноември 2012
    Машко
    Ps • Ai • Id • Ae • Pr
    Thank me later. :)
    XYplorer - File Manager for Windows

    Има 30 дена trial, пробајте го. Ако ви флезе под кожа и нема да можете без него, ќе ви дадам утеха во пп. ;)
     
    На moongose и Noumenon им се допаѓа ова.
  4. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,413
    11,643
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Тотален командант.

    (1) (оди и на next за другите можности)

    (2) (а мислам и дека descript.ion или друга екстензија на поединечни фајлови работи и без плагин)

    (3)

    (4) Опции за Thumbnails
     
    Последна промена: 4 Март 2017
    На shooter и Noumenon им се допаѓа ова.
  5. Zimrie

    Zimrie
    Gaining Experience

    473
    110
    11 Април 2008
    Машко
    На Noumenon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TMT89

    TMT89
    Gaining Experience

    44
    107
    23 Март 2011
    Машко
    На Noumenon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,116
    2,377
    19 Јули 2013
    Total commander, XYplorer и Directory Opus се тројката софтвери за менаџирање со фајлови. Се друго се играчки за мали деца во споредба со нив.
    Опусот отпаѓа во старт, затоа што го нема по тезги заради јака заштита. Со оглед дека веќе си користел xplorer++, заито е најдобар избор со оглед дека е најсличен на него и веќе има вградена функционалност за тагови и лабели. Во ТС треба истата да се исконфигурира.

    Што се однесува до додавањето мета податоци, може да се додава текст. До сега не сум имал потреба да додавам слика или друг тип на фајл. Може ли да пишеш поконкретно која ти е потребата за вакво нешто? Можеби ќе најдеме решение.
     
    На Noumenon и Astraion им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...