• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Оптимизирање на services.msc во Windows

  • Ја почнал/а темата
  • #1

maximilian

Gaining Experience
26 март 2008
1,064
74
Services (услуги) се програми кои работат во заден план. Доста луѓе не знаат дека барем половината од нив се тотално излишни и без потреба трошат ресурси. Нема ништо страшно во тоа да ги исклучите (а и секогаш можете пак да ги вклучите).

Од Start изберете RUN и напишете: services.msc
Во отворениот прозорец е списокот со услуги:



Со десен клик се избира опцијата Properties



Избирањето на опција за стартирање на дадена услуга станува од отворениот прозорец:



Видовите на услуги се следниве:

Alerter – информира корисници и компјутери за административни дејности. Не е потребно. Кликнете два пати и од менито изберете Disabled

Application Management – бришење на програми од Add-Remove. Оставете го на Manual

Automatic Updates-Ви троши интернет сообраќај. Ако не го сакате тоа, но сакате update од сајтот на Microsoft, направете го рачно – Disabled

Background Intelligent Transfer – Потребна е само за Automatic Updates. – Disabled

Computer Browser – список со компјутерите во локална мрежа. Слободно – Disabled

ClipBook – споделува информации од клипбордот со други компјутери во локалната мрежа. – Disabled

COM+ Event System – услуга која сигурно нема никогаш да ви затреба. – Manual.

COM+ System Application – услуга која ја контролира претходната – Manual

Cryptographic Services – се грижи за инсталација на апдејти од Microsoft. – Disabled.

DHCP Client – потребно е само ако сте со динамична IP – Disabled.

Distributed Link Tracking Client – Врски меѓу фајлови на одделни компјутери. За РС не се користи. – Disabled
Distributed Transaction Coordinator – сврзана со претходната услуга. – Disabled

DNS Client – најдобро е да не ја променувате.

Error Reporting – така или иначе веќе се сопрени, сега ги искоренуваме – Disabled

Event Log – дневникот на дејности за Windows. Таа услуга не може да биде сопрена.

Fast User Switching Compatibility – слободно може да се исклучи ако не се користи. – Disabled.

Help and Support – ако не користите Help and Support, слободно можете да ја исклучите оваа услуга. – Disabled/Manual

Human Interface Device Access (HID Input Service) – таа си е исклучена. Слободно можете да ја оставите така.

HTTP SSL – сигурни врски по HTTP, за секој случај, можете да ја оставете на Automatic.

IMAPI CD-Burning COM – ако користите Nero или друга програма за запис на дискови, тогаш оваа услуга е безкорисна. – Disabled

Indexing Service – тоа е веќе исклучено, сега е време да се искорени. – Disabled

Internet Connection - Firewall (ICF) / Sharing (ICS) Service – Ако ја имате, подесете ја како што сте ја подесиле Application Layer Gateway Service.

IPSEC Services – проверка за автентичност на даден хост при префрлување на фајлови. Реално непотребна услуга – Disabled

Logical Disk Manager – Важна – Аutomatic

Logical Disk Manager Administrative Service – Работи заедно со претходната услуга. НЕ СЕ ЧЕПКА!

Messenger – се користи за пренесување на сообштенија од Alerter, може да се исклучи – Disabled

MS Software Shadow Copy Provider – се користи од Microsoft Backup Utility. Ако го користите туку што спомнатиот инструмент, оставете ја услугата на Manual. Ако не, тогаш слободно можете да ја исклучите – Disabled.

Net Logon – ако компјутерот ви е дел од домејн, тогаш таа услуга ќе ви е потребна – Manual. Aко немате домејн, услугата слободно може да биде исклучена – Disabled.

NetMeeting Remote Desktop Sharing – Ако не го сакате ова, слободно – Disabled
Network Connections – услугата ги контролира мрежните можности. По принцип е важна. – Automatic

Network DDE – сврзана е со ClipBook, така да, ако сте ја исклучиле, слободно исклучете ја и оваа. – Disabled

Network DDE DSDM – истиот случај како и претходната.

Network Location Awareness (NLA) – дел од Firewall, оставете ја оваа услуга на Automatic.

Network Provisioning – услуга која би требало да ја има само во ЅР2. Следи XML фајлови за конфигурација на домејни. Ако не користите такви нешта, можете да ја исклучите – Disabled, ако да, тогаш оставете ја на Manual.

NT LM Security Support Provider – поддржка на Telnet и Message Queuing. Слободно може да се исклучи – Disabled.

Performance Logs and Alerts – Aко сакате да следите се – Manual, ако не ви е гајле- Disabled.

Plug and Play – Автоматски распознава различни уреди сврзани со вашиот компјутер. ПОТРЕБНО Е – Automatic

Portable Media Serial Number – ги чита сериските броеви на mp3 плеери сврзани со компјутерот. Слободно – Disabled

Print Spooler – се грижи за правилна работа на принтери. Ако имате принтер – Automatic

Protected Storage – ако не сакате да се спомнуваат пасворди и слични работи – Disabled.

QoS RSVP – баланс меѓу врската на апликациите сврзани со интернет. Реално, нема корист – Disabled.

Remote Access Auto Connection Manager – Дозволува со еден клик да влезете во мрежата. Може да има потреба од оваа услуга при DSL или кабловски интернет врски. Можете да ја оставете на Manual. Aко сакате да експериментирате, исклучете ја и видете дали има проблеми. Ако нема – Disabled.

Remote Access Connection Manager – создава мрежна врска. Ако користите Dial-Up достап под некаква форма, оставете ја оваа услуга вклучена – Manual.

Remote Desktop Help Session Manager – Ако ја користите – Manual, ако не – Disabled.

Remote Procedure Call (RPC) – Kритично важна услуга. НЕ СЕ ЧЕПКА!

Remote Procedure Call (RPC) Locator – Важна за претходната – Manual
Remote Registry – промена на регистрите оддалеку. Излишно, дури и опасно – Disabled.

Removable Storage – се користи за Zip апликации, лентови апликации и графички пенкала. Ако не користите ништо од ова – Disabled

Routing and Remote Access – дозволува LAN и WAN достап по Dial-up до компјутерот. Ако сте VPN сервер и некој се сврзува со вас – Manual. Иначе – Disabled.

Secondary Logon – Дозволува стартирање на процеси од името на друг корисник. - Disabled.

Security Accounts Manager – Aко не ја користите претходната – Disabled.

Security Center – ја има само во ЅР2. Непотребна е – Disabled.

Server – дозволува споделување на папки и принтери. Ако немате LAN мрежа или не споделувате ништо – Disabled.

Shell Hardware Detection – Autorun функцијата на дигитални камери и фотоапарати. Ја оставате вклулена – Automatic

Smart Card – ако користите слични нешта на компјутерот, оставете ја на Manual.

Smart Card Helper – што и да важи за претходната услуга, важи и за оваа. – Manual

SSDP Discovery – дозволува откривање на UPnP (Universal Plug and Play) уреди по локалната мрежа. Препорачливо – Disabled

System Event Notification – Најбезопасно е да ја оставите вклучена на Automatic.

System Restore – ако сте ја сопреле System Restore, нема потреба од оваа услуга. – Disabled.

Task Scheduler – задавање на задачи со тајмер. Можете да ја сопрете – Disabled

TCP/IP NetBIOS Helper – Eдвај и ќе имате потреба од ова, но ако сакате да сте спокојни – Manual

Telephony – ја контролира целата Dial-Up aктивност. Ако користите Dial-Up, VPN и др. слични, оставете ја услугата вклучена – Manual. Во спротивен случај – Disabled.

Telnet – може да се смета за дупка во сигурноста. Препорачливо – Disabled

Terminal Services – се користи од: Fast User Switching, Remote Assistance и Terminal Server. Ако користите барем една од нив – Manual, ако не користите ниту една – Disabled.
Themes – Се грижи за графичкиот интерфејс на Windows. Може да ја оставите – Automatic

Uninterruptible Power Supply (UPS) – корисна е само ако користите UPS, кој има потреба од неа. Ако UPS нема потреба од неа (зашто не сите имаат), или немате UPS – Disabled

Universal Plug and Play Device Host – oсигурува поддржка за UPnP уреди. Aко не користите такви – Disabled

Upload Manager – реално погледнато, нема потреба од услугава – Disabled

Volume Shadow Copy – само ако користите Microsoft Backup Utility. Иначе – Disabled.

WebClient – нема разлика дали е Automatic, но вклучете си ја на Manual.

Windows Audio – го регулира звукот. НЕ СЕ ЧЕПКА! – Automatic задолжително!

Windows Firewall/Internet Connection Sharing – само во SP2. Оставете ја на Automatic.

Windows Image Acquisition – управува камери, веб камери и скенери. Ако имате некој од овој хардвер, оставете ја на Manual, иначе – Disabled

Windows Installer – Оставете на Manual за да се стартира по потреба.

Windows Management Instrumentation – важна услуга за работата на Windows. Оставете ја на Automatic.

Windows Management Instrumentation Driver – Windows XP Home. Оставете ја на Manual.

Windows Time – го синхронизира часовникот на компјутерот со сервери. Ако сметате дека немате потреба од точно време – Disabled

Wireless Zero Configuration – потребна е за повеќето безжични мрежи, а исто и некои обични. Тргнете ја, но ако имате проблеми, пак вклучете ја-Disabled.

WMI Performance Adapter – Доставува информација за производителноста од WMI HiPerf доставки. За секој случај – Manual

Workstation – TУКА НЕ ЧЕПКАЈТЕ!

превземено и преведено од бугарски од www.uroci.net
URL: www.urok/1838/Оптимизиране-на-servicesmsc-в-Windows.html
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,507
Мислења
822,159
Членови
28,046
Најнов член
hittrajkovski
На врв Дно