Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Оптика за домашна мрежа

smole

Unbeatable
18 април 2007
3.813
4.478
Сакам да поставам оптички кабли по дома, за во иднина да не копам.

Каков кабел да купам - OM3 Multimode или ОЅ2 Singlemode?

Планирам кабелот и терминирањето на конекторите да биде од Fibernet / Trinity / All4net (последнава ако ептен мора).

Ќе идат кабли од рутер до некои соби + од соба до соба па до рутер.
 

DemoUser

Баниран/a
27 април 2010
1.457
1.629
Скопје / Автокоманда
Се што ќе правиш е џабе ако на крајот каде што ќе излага оптиката не оставиш доволно фазла и ја заштитиш од превиткување.
Фактички со ова ти во секоја соба ќе треба да имаш ормарче каде што ќе се собираат кабли коаксијалци оптички и лан мрежни и струјни и се живо и диво.
Ова го имам видено но човекот си жртвува дел мал од собата за тие кабли и е свесен.
Има луѓе им се крева косата од кабли и болни се кога ќе ги видат и ги фаќа несоница, гангрена , очобол и ред други работи , но потоа кога ќе сакаат нешто офкаат лелелелелелелеле зашто не пуштив што ќе правам сега.
Не заборавај некои од тие кабли и во чвор да ги врзиш немаат проблем но оптиката си бара свое.
Имам видено луѓе пикаат 35 кабли во дозна од 150 денари и мислат дека тоа е добро и завршиле топ работа.
 
Последна промена:

mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.830
5.735
Покрај оптиката пушти си 2 кабли за лан 10gbps и така само тие ќе ги користиш реално.
 

DrMTR

Guru
27 март 2014
7.373
7.574
mikrotikmacedonia.online
Покрај оптиката пушти си 2 кабли за лан 10gbps и така само тие ќе ги користиш реално.
Сериозно зошто некој би инвестирал во оптика доколку си пушти 2 Car6a кабли по дозна? Има некој потреба повеќе од 10gbps реално за дома?
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.471
12.828
Искрено и јас се замислив. Имам Cat 6 по ѕидови. А во моментов кај нас 1 гигабит е макс ако не се лажам. Не сум правел истражување но како да имам чуено дека во развиените земји веќе има планови со по 10 гигабити и чинат баснословни суми на пари.

Во иднина можностите ќе се зголемуваат. Како за интернет бендвајд и планови од провајдери, така и за опремата по дома која е поврзана меѓу себе за размена на податоци и складирање.

Не знам што се опфаќа ова и колку чини. Но ако сега во моментов копам по ѕидови дома, дефинитивно би размислил за побрзо од 10 гигабити.
 

KarajanN

Gaining Experience
2 јуни 2010
68
56
Јас преферирам пуштање на црева за кабли, па потоа според потребите да си влечеш какви сакаш кабли.
Реално многу тешко е да предвидиш точна конфигурација на кабли.
Што се однесува за оптика за домашна инсталација е нешто што е многу поскапо да се изведе, а реално не добиваш ништо повеќе од кат6 мрежа.
 

DemoUser

Баниран/a
27 април 2010
1.457
1.629
Скопје / Автокоманда
Јас преферирам пуштање на црева за кабли, па потоа според потребите да си влечеш какви сакаш кабли.
Реално многу тешко е да предвидиш точна конфигурација на кабли.
Што се однесува за оптика за домашна инсталација е нешто што е многу поскапо да се изведе, а реално не добиваш ништо повеќе од кат6 мрежа.
И ова е изводливо да пуштиш црева но проблемот какви црева.
Сапа е ребрасто кое лесно се притиска и воедно зависно како е пуштено тешко поминуваат низ него кабли.
Треба ептен пазење како е свиткано и како иде.
Е сега ако има друг излез некој во ред.
 

DrMTR

Guru
27 март 2014
7.373
7.574
mikrotikmacedonia.online
Искрено и јас се замислив. Имам Cat 6 по ѕидови. А во моментов кај нас 1 гигабит е макс ако не се лажам. Не сум правел истражување но како да имам чуено дека во развиените земји веќе има планови со по 10 гигабити и чинат баснословни суми на пари.

Во иднина можностите ќе се зголемуваат. Како за интернет бендвајд и планови од провајдери, така и за опремата по дома која е поврзана меѓу себе за размена на податоци и складирање.

Не знам што се опфаќа ова и колку чини. Но ако сега во моментов копам по ѕидови дома, дефинитивно би размислил за побрзо од 10 гигабити.
Нах, 10гбпс ке ти се доволни за,цел живот. Овде 10гбпс интернет брзина нема да видиме во следните 15 години најмалку, а не пак да правиме муабет за брзини поголеми од 10 гбпс. Реално бенефит од оптика гледам само во фирми или некој дата центар во земјава. За се друго е беспотребно фрлање пари и скапа опрема за истата.
 

mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.830
5.735
И ова е изводливо да пуштиш црева но проблемот какви црева.
Сапа е ребрасто кое лесно се притиска и воедно зависно како е пуштено тешко поминуваат низ него кабли.
Треба ептен пазење како е свиткано и како иде.
Е сега ако има друг излез некој во ред.
Тајната е кога пушташ црево да го пуштиш сосе неколку кабли во него. Така нема да се прецвика, ниту да се притисне.
 

Глупав

On your way to fame
20 април 2008
1.271
785
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
а да си напрајш есап колку чини Optic-a колку Lan и разликата да си ја инвестираш во нешто што ќе добие на цена до тогаш кога евентуално а прашање е и дали ќе се користи некогаш?

ко што рекоа освен за датацентри логично ли е воопшто за еден нетфликс и еден Chrome да се фрлааат толку пари...

Да софтверот ќе расте со време ама не верувам дека ќе има нешто од типот на "Beam me up Scotie" барем не во догледно време и не со оптика
 

DrMTR

Guru
27 март 2014
7.373
7.574
mikrotikmacedonia.online
а да си напрајш есап колку чини Optic-a колку Lan и разликата да си ја инвестираш во нешто што ќе добие на цена до тогаш кога евентуално а прашање е и дали ќе се користи некогаш?

ко што рекоа освен за датацентри логично ли е воопшто за еден нетфликс и еден Chrome да се фрлааат толку пари...

Да софтверот ќе расте со време ама не верувам дека ќе има нешто од типот на "Beam me up Scotie" барем не во догледно време и не со оптика
Ова,истото и го мислев. Нема реална исплатлива потреба за,оптика по дома, освен ако не работи обемни работи или работи на големи проекти каде што има потреба од огромни брзини. Ако се земе фактот дека освен каблите, ке му требаат и трансцивери и рутер со SFP трошоците стануваат огромни.
 

smole

Unbeatable
18 април 2007
3.813
4.478
Мрежната опрема која ја имам има SFP порти.

Најверојатно ќе одам првенствено со CAT6, a ако најдам оптика на метро и тоа ќе ставам па нека стои.
 

DrMTR

Guru
27 март 2014
7.373
7.574
mikrotikmacedonia.online
Мрежната опрема која ја имам има SFP порти.

Најверојатно ќе одам првенствено со CAT6, a ако најдам оптика на метро и тоа ќе ставам па нека стои.
Која,е идејата да ставаш оптика на RB2011? Тој чип би хендлал 1гбпс без проблем ама над тоа не баш. Ке имаш тесно грло.
 

gdamjan

Unstoppable
3 април 2008
3.572
2.543
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
a ако најдам оптика на метро и тоа ќе ставам па нека стои.
не е баш тоа така просто. ти треба сплајсање итн. коа ќе сакаш да поврзеш.

искрено, не би препорачал за дома оптика, осим ако имаш нешо сервер и сториџ, и евентуално ако имаш некои електро-магнетни интерференци доволно јаки за рак да фатиш.
 

Astro

Epic
20 јуни 2012
9.396
14.612
Само да потсетам дека 10gbps мрежа значи 1,2Gb/s трансфер на податоци, што е дупло повеќе од SATA3, само да нема забуни.

Продолжете со разговорот.
 

wolverine

Practice makes perfect
27 јуни 2012
1.252
1.467
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Intel i5-13600K / Arctic Liquid Freezer II 360
Motherboard
Gigabyte Z790 GAMING X AX
Storage
2TB Samsung 980 Pro | 2x Samsung 980 PRO 500GB | 1TB MX500
PSU
NZXT C750
RAM
2x32GB G.Skill TridentZ 6400
Video card
ASUS 7800 XT 16G
Case
Phanteks Eclipse P600s
Mouse
Logitech G502
Keyboard
FL ESPORTS F12 - Kailh Box White Switch
Monitor
2x Dell 27" S2721DGFA 166Hz
OS
Ubuntu / Windows
За кабел јас вакви користам OM3 LC-LC UPC Multimode Duplex, имаш од OnTi на Aliexpress... Не се лоши, не сум имал проблеми.

Инаку...

Во америка и многу други држави има 10gbps пакети за дома. Мое мислење е дека rj45 ќе се елиминира со тек на време. Tака да иднината е оптика, само ние што доцниме 5-10 години.

За тие што викате дека 10gbps по CAT6/a е можно, да можно е ама тотално не-ефикасно. 10-15w трга преку тој сетап и ептен многу загрева, така да ова не е баш добар опција. Да не зборам дека кај многу свичеви и рутери не се препорачува повеќе од 1 или 2 порти на 10gbps преку RJ45 ради загревањето.

Ако бидеме реални нема потреба од 10Gbps за обични корисници, али тоа го налага развојот на технологијата... Јбг.
 
Последна промена:

stefan

Gaining Experience
13 април 2007
456
202
Прилеп
Еве јас имам пуштено кабли низ цела куќа cat 5e ftp во секоја соба имам мерено трансфер на Synology ds216j(SSD drive) и микротик rb750gr3

Запишување од еден уред до друг оди со 890mbs. Каблите ми се доста долги така да мислам дека трансферот е ок за домашна употреба.
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
47.082
Мислења
974.214
Членови
35.390
Најнов член
lefkova.e
На врв Дно