1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Оптички нет од Телеком, проблем со рутер

Дискусија во форумот 'Wi-Fi' започната од alsas01, 16 Септември 2014.

  1. alsas01

    alsas01
    Intern

    3
    0
    16 Септември 2014
    Машко
    Здраво на сите, корисник сум на оптички онтернет од Т (3 макс оптик), но имам проблем со рутерор, како лаик за мрежи решив да побарам совет тука. Значи рутерот е Huawei тие белите двоантенските,
    проблемот е што на растојание од десетина метри имам сериозен пад на брзината додека сигналот не е толку лош (имам брзина и испод 3 Mbps во некои периодот на денот).Пробав со промена на каналите и фреквенцијата ги пробав сите комбинации, но не ги добив очекуваните подобрувања,
    Друго додека го сетирав рутерот (од ЛАН) приметив дека e страшенo спор. Прашањата ми се:
    Можно ли е да се јавува интерференција пошто живеам во зграда во густо населена населба со милион други вифи сигнали, но не ми е јасно ова со спороста преку ЛАН
    • Дали кај Телеком постои варијанта да си купам сопствен оптички рутер,подготвен сум да издвојам пристоен буџет???
    • Друга варијанта дал може некако стариот D-link dir 500 да го поврзам со Hauwei-то и преку него да добивам вифи сигнал, бидејќи до скоро бев корисник на нет од друг провајдер и немев никакви проблими со брзината на истота далечина?
    Благодарам..
     
  2. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,224
    6,352
    27 Март 2014
    1. Јави им се во Телеком и извести ги за проблемов. 3мб за оптика е смешна бројка.
    2. Рутерот може да работи. Од Huawei-то од LAN во WAN во DLink-ов и ке завршиш работа. Потоа исклучи го wifi-то од Huawei-то и бркај работа.
     
  3. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,300
    2,584
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    Рутерот е тиња. Наместо очекувањето подобрување, кога преминав на оптика добив влошување на интернетот (со исклучок на брзината на торенти, на пример). Лош сигнал, слаба брзина на отворање страни, рутирање и општо корисничко искуство.

    Колку што знам не можеш да стави свој ONT. А инаку можеш да го врзеш стариот рутер преку лан порта, најдобро да се јавиш во телеком да ти сетираат
     
  4. Vampo

    Vampo
    Gaining Experience

    347
    233
    24 oктомври 2010
    Машко
    Истиов проблем го има и еден другар, исто со оптика и Хуавеј рутер. Вика коа идам до ВЦ има мрежа али интернетот е мн спор, додека жена му вика дека на нејзиниот телефон е во ред. Можеби е нешто до твојот телефон, пробај со некој друг уред што има WiFi да видиш што е работата. Исто така можеш и да пријавиш на техничка поддршка, зашто би купувал нешто што тие се должни да ти го обезбедат.
     
  5. alsas01

    alsas01
    Intern

    3
    0
    16 Септември 2014
    Машко
    Испробано е се, проблемот е 100% до рутерот, нетов го користам претежно на PC, брзината е ОК само во мал радиус околу рутерот, јас сум на десетина метри што и не е некоја дистанца. Можно е да ти го заментат стариот рутер со некој посаглам тие ѓубxxxx?
     
  6. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,114
    1,352
    5 Септември 2008
    Машко
    Дур ти го уважат барањето од Телеком може да помине помеѓу 1ден и неколку месеци, имај го тоа на ум. Јас лично за да заштедам нерви и време би си купил асален wifi рутер преку кој ќе го хендлам вајрлес покривањето на станот.
     
  7. smole

    smole
    Unstoppable

    2,956
    3,297
    18 Април 2007
    Да и јас ќе си земам башка рутер од оптичкиот, тапа е.
     
  8. alumen :)

    alumen :)
    On your way to fame

    1,125
    596
    6 Јануари 2012
    Машко
    Пријави на 080012345 кажи им што е како е. Иначе тој белиот рутер е тапа невидена, предходниот топ е.
     
  9. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,224
    6,352
    27 Март 2014
    izvesti gi sepak telekomci, a vo meguvreme koristi go I dlink-ot preku lan.
     
  10. alsas01

    alsas01
    Intern

    3
    0
    16 Септември 2014
    Машко
    Ги поврзав huawei-то i D-linkot, princip LAN - WAN(кај мене пишува интернет),дезактивирав DHCP ,но немав нет, пробав повторно и ми се случи некој квар,веројатно настана некој конфликт пошто после приметив имаа исти IP , сега немам пристап во D-linkot со неговата IP,
    Некое решение...??
     
  11. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,224
    6,352
    27 Март 2014
    iskluci dhcp na edniot od rutetite. nemoze dvata da dodeluvaat ip adresi. zatoa nastanuvaat konfliktite. ne si napravil steta, bez gajle ;)
     
  12. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,992
    25,235
    4 Септември 2008
    10 метри не е далечина? ако има 3 ѕида помеѓу тие 10 метри и тек како е далечина.
     
  13. smole

    smole
    Unstoppable

    2,956
    3,297
    18 Април 2007
    Зашто неможе двата рутери да имаат уклучен DHCP?
     
  14. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,871
    6,479
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Може, ако едниот DHCP е на друг сабнет.
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  15. smole

    smole
    Unstoppable

    2,956
    3,297
    18 Април 2007
    Фак, а мене телекомец по телефон ме убедуваше сега дека ок е и двата да работат...
     
  16. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,095
    631
    2 Мај 2011
    Ако имаш проблем со брзини во лан, тогаш до нив е? Какви брзини имаш во лан?
     
  17. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,224
    6,352
    27 Март 2014
    kako sto kazaa pogore, moze ama na razlicen sabnet. sekako, nema potreba I dvata ruteti da dodeluvaat ip, taka da praktikata veli deka ako prviot ruter ima aktivirano dhcp, vtoriot pozelno e da ima isklucen dhcp. :)
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  18. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,114
    1,352
    5 Септември 2008
    Машко
    Bump на старава тема: Ми е случува истиов проблем, се преселив во нов стан и добив од белите Huawei рутери. За да не се малтеретирам со бушење ѕидови за кабли (помеѓу мене и рутерот има 5 метри оддалеченост, ама и 2 ѕида во тие 5 метри), одлучив да купам wifi картичка за десктопот.

    Проблемот:
    Имам 5/5 цртки јачина на сигналот, но брзината е смешна (во прилог резултати од speedtest и pingtest). Сегашниот резултат од pingtest е одличен, вчерашниот имаше околу 130ms jitter... Пробав да играм (WoW) и имав околу 280ms пинг, што веќе е доволно приметливо за да нервира (во претходниот стан на оптика пингот не надминуваше 50ms). Пингав google.com, имаше packet loss.Не знам дали се исплати да се малтретирам да тестирам канали или да купувам рипитер на сигналот или едноставно да засукам ракави и да палам бормашина :) Единствено сценарио кога имам 50+ мегабити брзина на wifi е ако стојам до 2 метри оддалеченост од рутерот и нема никаква пречка помеѓу апаратите.

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  19. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,521
    15 Јануари 2011
    Машко
    Јави им се, може е до оптичкиот вод. Доколку се е во ред со него, а не ти се буши, купи си 2 х PoE адаптери (power over ethernet) кој дозволуваат до 200/500мбити зависно од моделот интернет преку домашната инсталациона електрична мрежа.

    [​IMG]

    Јас користам нешто слично со години, не сум нешто а-у презадоволен бидејќи реално оди до кај 120-150 мбити/секунда но тоа е што е, не копав по ѕидови на време.

    Кај мене конфиг. е следна:

    хуавеи онт (црн) - PoE ------------- PoE - TpLink WD3600 --- работна машина
    ||
    тв / конзола / хтпц

    И двата рутери делат мрежа дома. Врши работа како што реков но доколку сега би правел се би ставил по пропис Cat6 кабли насекаде и би одел со Микротик/Ubiquity AP уреди.



     
  20. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,114
    1,352
    5 Септември 2008
    Машко
    Ова се оние адаптерите што спроведуваат податоци преку струјната мрежа така? Мене не ми треба да оди повеќе од 60 мегабити едноставно затоа што таа е брзината на нетот. Меѓутоа ме интересира е колку е ова стабилно? Под стабилно не мислам дали паѓа, туку дали ја одржува константно брзината? Дали играш онлајн игри на машината, и ако да, колку ти е просечен пинг и колку тоа варира. Како што реков претходно, во претходниот стан со оптика на кабел, пингот секогаш се движеше помеѓу 30 и 50ms, што е солидно. Исто така, дали треба штекерите да се на иста фаза за ова да функционира? И дали ги има овие кај нас да се купат и колку коштаат? (те избомбардирав со прашања) :)
     
    Последна промена: 7 Декември 2014
  21. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,730
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    И онака си слободен денес, приближи го компјутерот до рутерот и заштекај лан кабел и види резултати. Ако не го бива, пријавувај одма на 0800 да ти помагаат. Ако го бива, трк у Анхоч у Сити Мол пошто работи у недела и купи од овие http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?search_str=powerline што ти треба. Дома пробај, ако работи - терај. Ако не, у вторник назад да ги вратиш и да ти дадат пари (законско право до 7 дена, Анхоч увек го поштујат) и барај хилта...
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  22. dangthe

    dangthe
    Practice makes perfect

    1,114
    1,352
    5 Септември 2008
    Машко
    Ако пуштам партизански кабел по земја од рутерот до десктопот, се си работи перфектно, исто така кога сум со лаптопот во дневна (каде што е рутерот) се е ок со брзините. Проблемите се случуваат кога се појавува ѕид помеѓу рутерот и дивајсот кој сака интернет.
    Би пробал, ама имам чуено дека треба да се на иста фаза штекерите, држи вода тоа? И колкави интерференции има во самиот сигнал со оглед на тоа што оди преку струја? Дали се понаша како wifi, или како кабел?
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  23. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,730
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Не знам, ама има логика. А ја скоро открив дека толку им паднале цените, иначе беа изгор. :)
    Пробај, не се наплаќа за пробање. Ако ти успее, ќе ќариш два дена играње раат
     
  24. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,521
    15 Јануари 2011
    Машко
    Ова се оние адаптерите што спроведуваат податоци преку струјната мрежа така?
    - Да

    Тоа што ме интересира е колку е ова стабилно?
    - Стабилно е, не сум имал некој проблем. Користам DeVolo 200 јас веќе 6 години.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Дали играш онлајн игри на машината, и ако да, колку ти е просечен пинг и колку тоа варира.
    - WoW играм, 55ms (home) 58ms (world) е некој просек што го гледам обично.

    Исто така, дали треба штекерите да се на иста фаза за ова да функционира?
    - Да, би требало, кај мене функционира, дали се на иста фаза врска неам, 5 метри се разлика.


    И дали ги има овие кај нас да се купат и колку коштаат?
    - Ги има насекаде. 900 ден па нагоре.

    http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=393&pid=34478
     
  25. lumixoid

    lumixoid
    Gaining Experience

    115
    128
    22 Септември 2008
    Power over Ethernet не е тоа што му треба. PoE е стандард за пренос на ел. енергија преку една од париците на етернет кабелот.

    Ethernet over power-line е тоа што му треба.
    Нека побара некои од овие на листава http://www.cnet.com/topics/networking/best-networking-devices/power-line-adapters/ ако се реши за таа варијанта.
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. Ivicakmk
    Одговори:
    10
    Прегледи:
    2,631
  2. Cevi
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    3,065
  3. Belco15
    Одговори:
    11
    Прегледи:
    1,063
  4. Aleksandar6665
    Одговори:
    16
    Прегледи:
    1,180
  5. Mayson
    Одговори:
    12
    Прегледи:
    1,079
Вчитување...

Сподели

Вчитување...