1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Оптички интернет - t-home

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од pocttopus, 27 Јуни 2011.

  1. pocttopus

    pocttopus
    Gaining Experience

    458
    100
    21 Мај 2010
    ме интересира дали некој се приклучил на оптичкиот интернет на t-home и какви впечатоци има? дали има некакви проблеми или t-home си имаат соодветна опрема и вреди да се има. цените се поволни па затоа сум заинтересиран дали некој веќе е приклучен...

    башка опремата ја давале така на подарок во овој промотивен период кој траел до крајот на месецов. повеќе >>тука<<
     
  2. Luidgi

    Luidgi
    On your way to fame

    866
    891
    24 Февруари 2008
    Јас користам 3Max Optic Start со 20/20Mbps :bravo: и 60GB сообраќај :ua: од Јануари 2011. Досега сум немал никакви проблеми со интернетот, освен со телевизијата една недела откако го приклучивме оптичкиот, сецкаше, но пријавивме во T-home и си се среди. Генерално сум задоволен, иако мислам дека лимитот од 60GB е премал за парите, барем 100тче рамно. После надминат лимит се намалува брзината на 1/1Mbps.
     
  3. goaty

    goaty
    Gaining Experience

    363
    189
    5 Февруари 2010
    Call & Surf Optic Comfort + корисник (40/40Mbps линк), освен еден проблем на почетокот што рекоа дека имало фабрички дефект во опремата, па немав интернет и телефон 5 дена, и фактот дека upload-от е упола од рекламираниот (~20Mbps, не дека и ваков го искористувам), немам никакви замерки.
    Сепак, верувам дека за цената на оптичкиве пакети постојат и попримамливи понуди кај другиве Интернет провајдери (барем на хартија).
     
  4. pocttopus

    pocttopus
    Gaining Experience

    458
    100
    21 Мај 2010
    сега го користам "max adsl 60GB" и за него плаќам 1.200 денари + претплата од 400 и кусур денари и + разговори + идентификација на повик + детална сметка. брзината е 8mbps и по надминување на лимитот паѓа на 30 килобајти во секунда. се на се, месечно ми се собира околу 2.000 денари. тука башка муабетам само 100 денари на фиксен. значи не го користам многу-многу. да не речам колку да ми се јават само.

    а со оптичкиот се добива истиот капацитет од 60GB, 1.500 денари месечно, без претплата и + 200 минути разговор. доколку вртам на некој што веќе има некаков optic или trimax пакет, разговорите ни се бесплатни. брзината веќе ја напишавте погоре.

    мислам дека разликата во цена/карактеристики на пакети е евидентна. најверојатно ќе го нарачам optic пакетот бидејќи во првите три месеци имало некаков попуст од 300-400 денари. месечен надоместок би бил 1.100 или 1.150 денари. а за брзината по надминатиот лимит мислам дека и тука ќе добијам во споредба со сегашните 30 килобајти. овде барем оди до 1 мега во секунда. :)
     
  5. Speedy

    Speedy
    Gaining Experience

    593
    202
    21 Август 2010
    Машко
    (2) Доколку месечниот сообраќај надмине 60 GB (download + upload), или во случај на злоупотреба, Македонски Телeком АД го задржува правото да ја ограничи брзината на пристап на ниво до 1 Mbps /1 Mbps (download/upload). што значи дека трансферот се намалува на 1 Мегабити/секунда или 0.125 МегаБајти/секунда, а ти си пишал 1 мегабајт во секунда па да те поправам..
     
  6. pocttopus

    pocttopus
    Gaining Experience

    458
    100
    21 Мај 2010
    да...сеа видов. се извинувам за грешката. ;)

     
  7. pocttopus

    pocttopus
    Gaining Experience

    458
    100
    21 Мај 2010
    дали и некој друг корисник на оптички интернет ја има оваа времена опција? дали тоа значи дека за корисниците на оптичкиот интернет ќе следат подобрувања или не, или пак станува збор за нешто трето, времето ќе покаже.

    [​IMG]
     
  8. KalEl

    KalEl
    Gaining Experience

    467
    72
    20 Август 2011
    Машко
    Оверклокер
    Они се уште број 1 кога станува збор за брзина и стабилност,ама не ми се допаѓа што нудат многу малку сообраќај за парите што се даваат.Моментално Cabletel имаат нови понуди,најаката е 120 дигитални канали,телефон со вклучени 600 минути и 50 Mbps интернет со неограничен трансфер цената на овој пакет е 1999 денари.
     
    1 person likes this.
  9. stefan_v

    stefan_v
    On your way to fame

    1,417
    598
    3 Мај 2010
    Машко
    Веќе гледам низ градов реклами на Blizoo за оптика, па види си. Инаку разговарав со човек кој работи во CableTel(Сега Blizoo) и стабилноста на оптиката не е иста со тој обичен интернет, бидејќи надворешните фактори многу многу не засегале на квалитетот.
     
  10. NoizSkopje

    NoizSkopje
    Intern

    3
    0
    6 ноември 2011
    Вака може ова нема врска со темата но би бил благодарен доколку некој ми помогне.
    3 пат во годината ми се дешава до 5 или 6 ден од месецот да имам направено нет до 40 ГБ а јас имам симнато само 1 гб , еве баш денес проверив 34 гб нет сум направил а во Downloads фолдерот само 1 гб , а Youtube не сум го пипнал дали ме крадат или е до мене ако некој знае нека пише фала
    поздрав. :( :(
     
  11. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,026
    1,640
    30 Мај 2010
    Ако те крадат, нема сигурно да крадат толку приметно :D

    Имаш нешто вклучено во позадина што ти троши интернет 100%.

    Нешто провери торент, вирус и сл.
     
  12. pocttopus

    pocttopus
    Gaining Experience

    458
    100
    21 Мај 2010
    се извинувам вака што влетувам во муабетот и што ќе ве прекинам. дали да отворам друга тема па таму да добијам некој одговор на моето [отворено прашање] поврзано со темава која за чудо јас сум ја отворил!? [​IMG] [​IMG]
     
  13. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,026
    1,640
    30 Мај 2010
    Каде го доби ова известување ?
     
  14. pocttopus

    pocttopus
    Gaining Experience

    458
    100
    21 Мај 2010
    прво на фиксен телефон ми се јавија да ми кажат, а потоа проверив и на мојот профил.
     
  15. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,026
    1,640
    30 Мај 2010
    Штом си добил такво известување по телефонска линија сигурно е точно.
    Мислам дека T-Home нема да лажат и шират дезинформации бидејќи сепак се угледна и голема компанија.
    Јас не користап Optic пакети и кај мене нема ништо пристигнато :)
     
  16. CHIMPANZEE

    CHIMPANZEE
    Gaining Experience

    362
    111
    23 Февруари 2011
    Машко
    Проблемот е тоа што многу каснат со понудите и цените, си го ценат квалитетот на понудите, и цените не ги пуштаат така лесно...
     

Сподели

Вчитување...