1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Општо за фотографија

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од gokica, 24 Март 2016.

  1. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    765
    2,555
    27 Јануари 2014
    Машко
    Со апарат. Теоретска шанса нема да извади вакво bokeh некој телефон. Башка и боите поготово зеленота делува дека е едитирана т.е. бустнат saturation. И го има оној природен bokeh изглед (фокусот е на него, но не сите делови се исто фокусирани).

    Така што убеден сум дека ова не е телефон.
     
    На Скоти и Oktar им се допаѓа ова.
  2. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,324
    2,058
    13 Јануари 2014
    Машко
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  3. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    4,175
    3,899
    5 Декември 2009
    Машко
    Не сум стручњак, но мене ми личи на апарат. Телефоните не се стигнати до овој степен, барем не сеуште.
    Башка, ако зумирате на наочарите иако не се гледа добро (барем преку тапаталк), позицијата на рацете е како да држи апарат, не телефон.

    Sent from my Mi 9T using Tapatalk
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,667
    10,931
    23 oктомври 2012
    Машко
    Дефинитивно ДСЛР. Сликите отворени на фулл сајз покажуваат перфектни линии, дури и влакната на дланките се гледаат, ама бокето е главниот показател, сите линии се остри и идеални. Патем, на фул сајз, во очилата за сонце го има сликарот каде на првата од сликтие ептен очигледно е во позиција на сликање со ДСЛР т.е. гледа низ вјуфајндерот. Вакви детали сеуште нема кај телефон, без разлика дали ке направи 200 слики и ке ги стакува.
     
    Скоти, fuzzjaw, flashgordon007 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  5. TheMarshal

    TheMarshal
    On your way to fame

    646
    991
    3 Јануари 2019
    Машко
    На првата слика, на долниот дел од левиот ракав, има некој чуден артефакт (outlined) - но тоа може да е од компресија или да е лошо тргнат color fringing. Ја типувам дека таа е со телефон. Иако, bokeh-то е остро, далува малку чудно. За тие што го пратат Christopher Frost, он би рекол "busy bokeh". Но лошо bokeh, е карактеристично е и за ефтини леќи...


    Untitled-1.png

    Ништо чудно и двете да се со телефон.
     
    На flashgordon007 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    640
    649
    15 Септември 2012
    Машко
    Напротив, мислам дека е телефон. Отсјајот на очилата покажува дека фотографот со едната рака го држи мобилниот а со другата рака си прави сенка на екранот - сонцето му бие од позади и претпоставувам дека сликата на екранот му е тапа. Ем башка висината на таа другата рака е или за сенка или за држење на мобилен од горната страна.

    Према времето од ексифот, ова е фотографирано пред неколку часа далеку источно од нас и сонцето е прилично ниско пред заоѓање...

    Втора работа што ме насочува на телефон е што влакната на косата не се баш толку остри. Ако е со дслр би биле маааалце поостри, или пак објективот што е намонтиран на тој дслр е жив резил. Ај што рамнината на фокусот ја нема никаде (па и најќумур објектив подобро ќе ја прикаже)... ама ова е дефинитивно сликано со телефон.

    Боите? Во јпг и онака се добиваат пресметковно, преддефинирано, софтверски...
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheMarshal

    TheMarshal
    On your way to fame

    646
    991
    3 Јануари 2019
    Машко
    This! Низ целата слика bokeh-то е со ист интензитет.

    Инаку, прегледани преку мобилен, мислев дека двете слики се со камера. Али на PC се приметуваат повеќе маани.
     
  8. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,667
    10,931
    23 oктомври 2012
    Машко
    Сликата е компресирана и затоа е намален квалитетот и изгубено е на детали, а позицијата на ликот од одсјајот е скроз поглед низ вјуфајндер... скроз! Вообичаено со телефон сликаш од пониско, не го ставаш на ниво на главата, ова зборам за во портрет, затоа што објективите на телефоните се пошироки и имаш поголема дисторзија кога сликаш од повисоко. Ваква фотка би требало да го држиш телефонот некаде околу стомакот. Гарантирам дека е ДСЛР.

    Едит: Интензитетот на бокето е генерално ист од проста причина што момаков намерно избрал таква сцена каде што нема објекти што се протегаат од предниот дел кон задниот, ликот е во фокус, се друго е далеку од него.
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  9. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,324
    2,058
    13 Јануари 2014
    Машко
    На двете слики има две ситуации кои телефон 99.9% би ги зезнал.

    1. На двете има ситуација со по едно-две влакна на главата кои се очигледно во фокус. Нема таков edge detection кој би ги задржал нив во фокус, а тие околу нив не.

    2. На двете, ама посебно на првата, ја има дупката помеѓу внатрешниот дел на раката, кај што е свиткана. Повеќето телефони ова ќе го зезнеа и тревата позади ќе беше во фокус наместо да е заматена.

    Овие мене ми се најочигледните, а и не верувам телефон да извади вака добар bokeh.

    EDIT:
    @TheMarshal , баш напротив, нема ист интензитет. Спореди ја тревата долу до нозете, со куќите во позадина. Не би го зел ова како одлучувачки фактор зошто има телефони кои се сосем солидни со portrait mode баш во такви ситуации.
     
    Последна промена: 29 Јануари 2020
    Скоти, TheMarshal и на Oktar им се допаѓа ова.
  10. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    765
    2,555
    27 Јануари 2014
    Машко
    Тој што има сликано со отворена бленда 1.8, 1.4 па и 1.2 лесно може да ги примети разликите. Телефоните ова ниво би го достигнале кога бокето нема да е софтверско. До тогаш, резултатите се повеќе и од очигледни.

    пс. Со малце гуглање дознав дека сликиве се од мирорлес Sony aIII. Дај друго дете сеа :D
     
    На Скоти, psyside, shooter и уште 2 други им се допаѓа ова.
  11. TheMarshal

    TheMarshal
    On your way to fame

    646
    991
    3 Јануари 2019
    Машко
    But what if... сака да не зеза и намерно така позирале. :)

    I'll cave in. Сепак, имаш повеќе искуство со фотофрафија за разлика од мене. Мислам во секој поглед, на повеќето мислења што ги дадовме сите има по нешто што држи вода. Ама еве, ја делот со дисторзијата не би го забележал.

    Се чека на Psy да не просветли.

    Edit: @M.Pix више не просветли.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  12. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,324
    2,058
    13 Јануари 2014
    Машко
    M.Pix, TheMarshal и на Oktar им се допаѓа ова.
  13. stefan_off

    stefan_off
    Gaining Experience

    358
    299
    29 oктомври 2009
    Фотограф
    1 Апарат, 2 Телефон
     
  14. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,749
    27,430
    4 Септември 2008
    Не требаше, чекав повеќето да кажат па ќе наведев....
    Едит, веќе кажал Pix :hay:

    Nope, 2-те се камера Sony A7III
     
    GGTT1, fuzzjaw и на stefan_off им се допаѓа ова.
  15. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    765
    2,555
    27 Јануари 2014
    Машко
    Има некој од членовите тука сликано со телескоп? Нешто во последно време многу ме пали астро фотографија, али до сега не сум сликал ништо освен млечен пат и метеорски дождови. Почнав да разгледувам телескопи, да би фатил нешто од кратерите на месечината, евентуално да сликам небула и слично. Тотален аматер сум за телескопи, и не знам што да гледам и што е битно да има.
    Го разгледувам Целестрон Астромастер 114EQ. Би рекол буџет докај 350-400 евра за почетник.
    Совети? @Oktar, @Astro ?
     
  16. Astro

    Astro
    Guru

    6,644
    9,320
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Да подзаврши карантинов уште месец-два, па ќе те земам со мене на терен. Во друштво имаме експерти за астрофотографија, чим те интересира ќе те спојам со луѓето па ќе ти објаснат. На есен ќе одиме и на натпревар по астрофотографија. Јас не сум толку по практичната астрономија, јас сум повеќе кон теоретската, по космологија, астрофизика па не би знаел да те советувам во детали. Пробај прво со нашите телескопи, па каков ќе ти фати око после ќе донесеме не е проблем.
     
    goranzoran, temelk4, mdeni и на уште 1 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...