1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Општо за фотографија

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од gokica, 24 Март 2016.

  1. gokica

    gokica
    Модератор

    8,406
    10,246
    13 Јуни 2009
    За 60 евра е steal па макар и да не е оштар како што треба. Бар имаш подобро видео. Ама 140-150 е веќе пореална цена кај нас а и за светски пазар која не би ја платил за лоша копија.

    Но колку што знам ти си покриен на широкоаголно подрачје и 35мм одлично. Зошто не си купиш 50мм и да си ја завршиш работата ако веќе целта ти е најмногу да го покриеш и тоа подрачје покрај имање на зум без потреба од промена на објективи кога си на надвор т.е. патуваш.
     
    На Војвода му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,171
    3,518
    26 oктомври 2012
    Машко
    Сакав зум објектив со фиксна бленда, за во случај ако во иднина се поклопат коцките и испадне да сменам професија и од Аматер да преоѓам полека накај Професионалец, и да си бев покриен со асален 2.8 зум објектив, за да не се брукам со кит објективи. Реално мене не ми треба таков објектив, освен во ваква варијанта, за која што би сакал да сум спремен. :)
    Ќе чекам следна прилика. :)
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gokica

    gokica
    Модератор

    8,406
    10,246
    13 Јуни 2009
    Ако веќе отидеш натаму многу е веројатно дека ќе тежнееш кон фул фрејм (за да не се брукаш ;)).

    Жалосно е твоето високо ниво на познавање во областа да тлее со кроп и посебно со некој си лоу рејнџ тамрон како некои самонаречени свадбари кои и со кроп + кит бркаат зделки со неедуцирана раја која се што е подобро од телефонска фотка сметаат дека е фантазија.

    Јас мислам дека и кит со добар блиц ќе те покрие добро во тој преоден период. Ако е така наместо инвестиција во некој кежуал кроп објектив јас би си ги ставал тие пари на страна секогаш кога има можност. Тамронот го користат и професионалци но генерално и двајцата знаеме дека е далеку од таа категорија.
     
  4. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,171
    3,518
    26 oктомври 2012
    Машко
    Tака си е, но неможе да се почне одма со FX, големи пари се тоа. Вака како за почеток солидно е со DX, иако се разбира правата ствар е FX, ама тука веќе станува збор за влог од...барем 3-4 илјади евра. :) А тоа би го направил, ако увидам дека имам потенцијал и дека имам можност за просперитет. Времето ќе го покаже тоа. :)
    Во глобала разликата меѓу FX и DX за обичниот народ ќе е, заматената позадина. Со добар блиц, и кит објективите си се океј, ама немаат добро bokeh, кое е она што им делува “професионално“ на луѓето. :)
    Фала на убавите зборови, но сепак само една година сум во фотографијата, и доста далеку сум од високо познанство во неа, би рекол.. солидно. :) За човек да се изгради во добар фотограф потребно е активно фотографирање од барем 10тина години. :)
    Иако Тамронот е доста помек објектив, сепак при фотографија на луѓе, ќе делува малце попрофи во нивните очи, бидејќи пооделени ќе бидат од позадината. :)
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    528
    565
    15 Септември 2012
    Машко
    Јас го имав тој објектив и на крај го поклонив.
    Tamron-от е прилично остар, ама кога е нов. Ако интензивно го користиш - за година, најмногу две - таа „многу квалитетната“ пластика внатре се троши и почнува да не фокусира точно, знае да се растегне зумот (ако го завртиш надоле), се појавува „луфт“ и станува кандидат за продажба.
    Ем башка како нов и не е многу скап, 250 евра...
     
    На gokica и Војвода им се допаѓа ова.
  6. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,171
    3,518
    26 oктомври 2012
    Машко
    Ауу.. што збориш бе друже... па тоа е ужас...
    Сигурен си во ова, пошто во вакви нешта ниту кинеските копии не треба да потфрлат а не па Тамрон кој е еден солиден 3rd party производител на објективи...
    Ова општо важи за сите тамрони, или конкретно за овој модел ? А Сигма пример ? И тие ли се исти во тој дел ?
    За џабе не се продаваше тамронот за 60 евра на фотоберза ... xD
     
  7. gokica

    gokica
    Модератор

    8,406
    10,246
    13 Јуни 2009
    [​IMG]

    Вчера земен. Сликнати неколку фотки колку што се има време но сум задоволен. Оштар, брз и тивок фокус, солидна и тивка стабилизација. Зумот е тврдокорен и треба навикнување. Никоновите зумови се путер во однос на овој што може да биде негативност при видео.

    Ќе информирам подетално штом најдам време да го поиграм.
     
    Војвода, Oktar и на igor_xxxx им се допаѓа ова.
  8. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,171
    3,518
    26 oктомври 2012
    Машко
    Со здравје да го користиш. :) Колку пари од каде, и како се споредува во острина со кит објективот ?

    Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
     
  9. gokica

    gokica
    Модератор

    8,406
    10,246
    13 Јуни 2009
    Фала ти многу, поубав да си купиш. Купен е од кај нас по дилерска или уште подобро „форумска“ цена :oh:. За острина да не избрзувам со заклучоци, треба да седнам и да правам споредба зашто испукав само дваесетина фотки, ги разгледав на апарат и толку. Се нема време деновиве. Но прв ќе дознаеш штом најдам време. Како и да е дефинитивно не е полошо од китот. Може да е само подобро по моите први впечатоци.
     
    На Војвода му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gokica

    gokica
    Модератор

    8,406
    10,246
    13 Јуни 2009
    Знам дека звучи смешно но онака набрзинка во 5 минути фотки од чартот на компјутерски екран:

    Sigma 18mm ISO 200 f/3.5 1/80sec.

    [​IMG]

    Nikon Kit 18mm ISO 200 f/3.5 1/80sec.

    [​IMG]

    Sigma 35mm ISO 200 f/4.5 1/50sec

    [​IMG]

    Kit 35mm ISO 200 f/4.5 1/50sec

    [​IMG]

    Ако сакате оригинални (овој пат JPG) фајлови кажете каде да ги закачам без логин или пратете имејл па да пратам со wetransfer.

    Инаку немам време ама ич за фотографии но генерално сум многу задоволен од флексибилноста на сигмата. Единствен недостаток е должината на објективот па кога се слика со широк агол а нешто во близина истиот покрива дел од осветлувањето на фабричкиот блиц.
     
    На Војвода му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,171
    3,518
    26 oктомври 2012
    Машко
    АУУУУ,Сигмава партали правење!!!
    По сликиве што ми ги прати на е-маил...Во средина, е мнооогу поостар, по краевите има повеќе аберации од китот, поготово левата половина, но се средува тоа. Од аспект на оштрина би рекол дека е барем 2 стапки поостра. Китов некако, знам дека е многу остар, ама вака ептен слабо се покажува ? Ова е огромна разлика. Јас очекував сигмата да е послаба, ама испаѓа дека на f2.8 сигмата е поостра од китот на f3.5.
    Или пак, лоша копија на никонот, или па и можен front/back focus да имаш онака минимално, но доволно за да направи разлика.
    Едно знам, ти се погодила одлична копија на Сигмата, од ова што можам да го видам.
    На јутјуб имав гледано ривјуа каде сигмава е ептен тапа со острина, па после испадна демек лоши/добри парчиња.
    Тамронот на 2.8.... Благе везе нема со ова, неспоредливо послаб е.. барем тој што го пробував. Ми се чини дека со него, и на 8 бленда ќе е послаб од овој на 2.8...Среќа што не го земав.
    Ако ја продаваш некогаш Сигмава, извести ме. :D
    Мада, на твое место попрво би се разделил од жената отколку со сигмава. :p
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. gokica

    gokica
    Модератор

    8,406
    10,246
    13 Јуни 2009
    Ти благодарам. Со моето скромно искуство и јас забележав разлика во корист на сигмата но твоето стручно мислење ми значи многу за потврда. Не само оштрина туку и контрастот на бои ми е посоодветен иако и китот ми брка работа, посебно со оглед на тоа колку е лесен при патување или на улица.

    Следно ќе споредам со 50мм на 2.8. Со неа резултатите се стравично добри па ќе видиме како се држи сигмата иако не очекувам чуда на 50мм. Само да најдам време и ќе си ја продолжиме дискусијата и споредбите. Нареден пат ќе гледам фотките да бидат соодветни и изведени со многу повеќе посветено време и внимание.
     
    На Војвода му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DarkEnchanter

    DarkEnchanter
    Practice makes perfect

    1,759
    1,250
    17 Август 2014
    Машко
    Со кој Mode најчесто сликате?
    и да речеме како да знам без да пробувам кој shutter speed да го користам, кога некогаш сликам со мануел мод, а да немам време да пробувам... да речеме јас пробувам 2-3-4 пати и така си одредувам, ама некогаш се нема време и треба одма некоја акција брзо да се сликне...и затоа јас најчесто сликам во sports mode, (имам canon d700,со кит, и зум 55-250)..

    А и генерално за сите параметри во одредени случаеви како знаете кои да ги поставите, со тек на искуство или?
     
  14. FiC DoGG

    FiC DoGG
    On your way to fame

    828
    773
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Full manual ретко користам.
    Највеќе сум на Аperture priority, најпрактичен е за сликање без многу замарање.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DarkEnchanter

    DarkEnchanter
    Practice makes perfect

    1,759
    1,250
    17 Август 2014
    Машко
    Аха, баш сеа читам по интернет демек Av модот бил најдобар и најлесен за сликање...

    Штелуваш само исо и бленда..

    А зш би ја штелувал блендата, мене секогаш ми е на најотворена... ретко ми треба заматена позадина,пошто не сликам само 1 објект... најчесто сликам повеќе и сакам сите да се у фокус...
     
  16. gokica

    gokica
    Модератор

    8,406
    10,246
    13 Јуни 2009
    Manual или aperture. Со sports mode шутерот ти е побрз со што замрзнуваш акција но исто си создаваш бариера во ситуации кога е потребно повеќе светло.

    Блендата ја штелуваш да биде отворена за заматена позадина а позатворена за оштра позадина.

    Генерално не треба да биде најотворена освен во ситуации кога ти треба светлина зашто оштрина на детали твојот објектив ќе постигне кога е со позатворена бленда.

    Инаку на мануал мод најлесно се учи:

    [​IMG]

    Онаа скалата ти покажува кога си најблиску до добра експозиција. Си штелуваш сетинзи (ИСО, шутер и апертура) се додека не се доближиш до нула. Во светол амбиент може и да излаже ама ќе го научиш. Е после тоа иде јачина на блиц ако го користиш. Но и тоа се совладува.
     
    DarkEnchanter, Oktar и на FiC DoGG им се допаѓа ова.
  17. Dinamit

    Dinamit
    Gaining Experience

    432
    353
    25 Мај 2013
    Машко
    мoмци сaмo дa ве известaм декa нa лaгер имa никoн д5500 пo нептoвтoрливa супер ценa oд сaмo 35900 денaри.Акo некoј се решaвa зa пoдoбрo пaрче нa aпaрaт oвa му е супер приликa
     
    На Војвода му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DarkEnchanter

    DarkEnchanter
    Practice makes perfect

    1,759
    1,250
    17 Август 2014
    Машко
    чекај ова со блендата не беше ако е поголем f-to, позадината е заматена а субјектот да е у фокус а ако е помала бројката или поотворена позадината не е заматена...

    малце ме збуни сеа
     
  19. gokica

    gokica
    Модератор

    8,406
    10,246
    13 Јуни 2009
    Поголем f значи позатворена бленда. Тоа те буни. f 3.5 е поотворена бленда од f 5.6.
     
  20. DarkEnchanter

    DarkEnchanter
    Practice makes perfect

    1,759
    1,250
    17 Август 2014
    Машко
    Да де .. и сеа поотворена бленда,прави заматена позадина?

    И иначе за white balance, штелувате ли, коа слиакте да речеме на отворено надвор на сонце, ставате daylight Или?

    Јас не сум приметил разлика кога е убаво осветлено..
    примеќам разлика коа е облачно, потемно и сл...

    Особено тоа ми врши работа у затворен простор ако има сијалица неонска си ставам на thugsten light или како и да се викаше..
     
  21. gokica

    gokica
    Модератор

    8,406
    10,246
    13 Јуни 2009
    Да, поотворена бленда, позаматена позадина. Извини не сум те сватил претходно.

    White balance е мошне значајно да се менува зависно условите каде се слика.
     
  22. FiC DoGG

    FiC DoGG
    On your way to fame

    828
    773
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Ми се чини дека не ти е баш најјасна врската помеѓу ISO, Aperture и shutter speed, изгледај го видеово, типот добро објаснува.

    View: https://www.youtube.com/watch?v=F8T94sdiNjc


    White Balance игра улога само ако сликаш во JPEG, со RAW не ти прави некоја разлика затоа што можеш после во Camera RAW во фотошоп да штелуваш white balance колку сакаш.
    Ако сакаш да имаш повеќе контрола врз сликите, само RAW му е мајката.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  23. DarkEnchanter

    DarkEnchanter
    Practice makes perfect

    1,759
    1,250
    17 Август 2014
    Машко
    А за фокусот, one shot, ai focus, ai servo?
     
  24. gokica

    gokica
    Модератор

    8,406
    10,246
    13 Јуни 2009
    One writer online summarized it like this (and I totally agree):
    • One-Shot is for when neither you, nor the subject, are moving.
    • AI Servo is for when either you, or the subject, is moving.
    • AI Focus is for when neither you, nor the subject care if your focus is accurate. :oh:
    http://improvephotography.com/2092/13-things-your-camera-wishes-you-knew/
     
    На Војвода и DarkEnchanter им се допаѓа ова.
  25. DarkEnchanter

    DarkEnchanter
    Practice makes perfect

    1,759
    1,250
    17 Август 2014
    Машко
    Аха, значи мене ми одговара серво најдобро :)
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...