1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Општо за фотографија

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од gokica, 24 Март 2016.

  1. gokica

    gokica
    Модератор

    8,550
    10,639
    13 Јуни 2009
    Во оваа тема сакам да ги разјасниме основните поими.

    Најчесто сите фотографираме на автоматски сетинзи со нашите апарати или телефони. Често наидуваме на написи кои говорат за мануелна контрола. Но дури и нашата камера да поддржува таква можност многу е веројатно дека не знаеме што да правиме со сетинзите.

    Ќе се потрудам да објаснам наједноставно со цел да не навлегувам во покомплексни технички детали.

    Основните поими кои треба да се знаат се:

    1. Апертура или отвор на бленда:

    [​IMG]


    Колку е помало f толку поголем е отворот и пропушта повеќе светлина.

    Поширок отвор на бленда овозможува поплитко поле на фокус односно на одредени апарати и леќи ја оддвојува позадината од објектот на фокус.

    Помал отвор прави поголем дел од кадарот да е во фокус односно подетално да е претставен поголем дел од сцената а не само објектот на фокус. Но најважно е дека поширок отвор дозволува повеќе светлина на сензорот па така помага при фотографирање во потемни услови.

    [​IMG]

    2. Shutter speed или брзина на окинување:

    Изразен е во секунди и делови од секунда. На пример 1/200, 1/100, 1/50, 1 итн.

    1/200 значи двестоти дел од секунда.

    [​IMG]

    Колку е помало толку помалку светлина пропушта на сензорот.

    Побрз шaтер спид овозможува да се слика добро објект во движење. Елиминира негативни ефекти од тресење на рацете при фотографирање. Но бидејќи кратко го држи објективот отворен не дозволува влез на повеќе светлина на сензорот. И обратно за сцени во темни услови полезен е поспор шатер. Но тогаш мора да внимаваме да нема тресење на камерата зашто на сликите ќе се појави заматување т.е. сензорот подолго запишува што гледа.

    [​IMG]

    [​IMG]

    3. ISO односно осетливост на сензорот на светлина. На пример ISO 50, ISO 100, ISO 200, ISO 400 итн. Колку помало ISO толку помала осетливост на светлина.

    [​IMG]

    Колку е пониско ИСО толку е пооштра фотографијата. Но нема можност да регистрира детали во потемни сцени. И обратно, повисоко ИСО дозволува фотографија во потемни услови но се колку е поголемо толку се јавува и повеќе шум т.е. фотографиите се пикселизирани.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Има и фактор white balance кој треба да се спомене во основните поими но за да биде сето поедноставно нема сега да се задржувам.

    Соодносот на овие фактори е презентиран на следната табела:

    [​IMG]
     
    Последна промена: 19 ноември 2016
    На SiPy`, red dragon, Boce! и уште 70 други им се допаѓа ова.
  2. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,642
    12,998
    2 Август 2012
    Машко
    Еве ти лајк друже gokica
     
    На PandaBomber и gokica им се допаѓа ова.
  3. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,273
    4,782
    4 ноември 2013
    Машко
    Браво!
     
    На PandaBomber и gokica им се допаѓа ова.
  4. Govedo

    Govedo
    Gaining Experience

    67
    170
    29 Септември 2015
    Машко
    Filmmaker, Photographer, Graphic Designer
    лајк и од мене за темата, дали можеш да кажеш кои би биле најдобри сетинзи за портрет фотографии со блиц во светла соба со користење на два рефлектори на не бела позадина, кога сликам портрети обично подесувам на 1/260 f4.0 iso 400 сликам со телефото 55-250 и блицот ми е на TTL, но сакам уште покристални да ги правам, дали имаш некој совет да споделиш :D
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. gokica

    gokica
    Модератор

    8,550
    10,639
    13 Јуни 2009
    Дали имаш некоја кристална чаша по дома или во студио? Вметни ја во кадар и сигурно ќе добиеш покристален резултат. :oh: А и земи си фиксен објектив да те види господ. ;)
     
    Војвода, Arabian и на Govedo им се допаѓа ова.
  6. Govedo

    Govedo
    Gaining Experience

    67
    170
    29 Септември 2015
    Машко
    Filmmaker, Photographer, Graphic Designer
    Ќе земам некој поголем бокал за вино да биде најкристална :D, а треба во скоро да си земам некој 50мм :)
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,749
    27,428
    4 Септември 2008
    Браво, важна нормално :)
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DarkEnchanter

    DarkEnchanter
    Practice makes perfect

    1,761
    1,250
    17 Август 2014
    Машко
    Одлично...
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Avid

    Avid
    Guru

    4,468
    6,721
    21 Јануари 2009
    E, ова е навистина корисна тема и убаво & кратко објаснето што е што.
    Браво Ѓокица.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ivanhoe

    Ivanhoe
    Intern

    55
    30
    24 Јуни 2015
    Машко
    факинг одличен пост ејј ми се разјаснија многу работи за фотографија....сеа можам ко пола ајвани у Нју Јорк да сликам глупости и демек сум многу јак фотограф хаххаахаааааааааа
     
  11. DaVoRkNe

    DaVoRkNe
    Unbeatable

    3,884
    4,120
    1 Септември 2011
    Машко
    Браво друже,одлично објаснето убаво детално :)
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,993
    503
    14 Април 2007
    Машко
    @Govedo прво како прво увек кога сликаш студиски, местиш на најмало исо(не 400), и не ми е јасно, имаш студио, блицеви,... и прашуваш за сетинзи, за почисти слики не ми иде некако, плус користиш TTL, :)

    и наместо 50mm, јас пре би земал 85мм или 100мм за портрети,

    инаку одлично објаснување @gokica, само би дополнил, DOF(Поле на фокус), како што зависи и од отвор на бленда толку и зависи од должина на објектив, пример на F2 Нема исто поле да бидне со 10mm,50mm,100mm,200mm објектив
    dof.jpeg
     
    На StalkeR, JasSum, Costigan_Jr и уште 8 други им се допаѓа ова.
  13. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,829
    26,030
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Ти благодарам Гокица. Од дамна се токмам да се подновам со еден така поубав апарат, ама никако да дојде ред. А ова ќе се најде секако.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Govedo

    Govedo
    Gaining Experience

    67
    170
    29 Септември 2015
    Машко
    Filmmaker, Photographer, Graphic Designer
    Немам студио поточно е импровизирана соба ама скоро ич не наликува на студио :D блицот скоро го земав и уште го чепкам за тоа е на ТТЛ, и сеуште чепкам/учам, за тоа барав некој совет за уште од почеток кои работи да ги запазам пошто немам мн искуство, а за објектив ќе биде нешто такво понатаму :)
     
    На MetalGear му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gokica

    gokica
    Модератор

    8,550
    10,639
    13 Јуни 2009
    Да благодарам за дополнувањето.

    Сакав да бидат презентирани основните работи. Затоа и не чепнав во полето на DSLR, различни фокални должини, објективи, блицеви и сл. Толку колку да се почне да се истражува.

    Скоро секој има поинт и шут камера која колку толку има некакви мануелни контроли. Или пак скоро секој има телефон со одредени мануелни контроли на камерата.

    Но дефинитивно е добро да се продолжи со појаснувања од искусни членови за различните области. И јас ќе се потрудам да напишам нешто повеќе подоцна.
     
    На MetalGear му/ѝ се допаѓа ова.
  16. krisbt

    krisbt
    Gaining Experience

    18
    72
    16 oктомври 2011
    Машко
    Одлична тема.

    Само имам една (и пол :D) забелешка.
    Правилно е Shutter speed (шатер, а не шутер) и не е исто со експозиција.
    Експозицијата зависи и е резултат од трите фактори: ISO, shutter и бленда.

    5387408926_22e961df0c_b.jpg
     
    На MetalGear и gokica им се допаѓа ова.
  17. gokica

    gokica
    Модератор

    8,550
    10,639
    13 Јуни 2009
    Да, точно. Впрочем е време на експозиција. Ти благодарам. Забелешка на место.
     
    На krisbt му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    959
    1,444
    6 ноември 2007
    Колква улога има Image Stabilizer-от кај одредени Canon објективи?
    Прашувам зашто сакам нешто да земам апаратче кое има 18-55mm IS ама сакам да вадам добар bokeh ефект а читам со тој обејктив не можам да го постигнам тоа. Сега меркам другa 35-105mm али нема IS па прашувам што вреди да се жртвува повеќе?
     
  19. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,993
    503
    14 Април 2007
    Машко
    IS според мене ти е непотребен на тој распон, може над 150-200мм да видиш бенефит

    генерално е земено брзина да е поголема од фокално растојание, пример за 50mm, треба да сликаш најмалку со 1/50s да ти е оштра слика. ова земено како некое генерално правило, ако некој е стабилен во раце може да слика и доста поспоро

    за добар боке само prime, пример 50mm f1.4, Или 85mm 1.8 100mm f2
     
    На Jedah му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    959
    1,444
    6 ноември 2007
    Ахам значи оваа фотка http://www.stanc.net/mod/IMG_2844.JPG
    е фатена со shutter speed 1/2000 или? Работата е што ова е дејствие од дистанца... а добар боке со фиксни објективи само за портрети и свадбарски фото...
    Слики од растојание сепак мора со 100+ мм?
     
  21. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,993
    503
    14 Април 2007
    Машко
    Мешаш поими батка (земи основи прочитај), за боке е отвор на бленда и фокално растојание не шутер спид,
    оваа слика е со f6.7 и 1/500s, сликана со 200mm објектив.

    зависи колку пари сакаш да потрошиш, можеш 50mm f1.8, 50mm f1.4, 85mm f1.8, 100mm f2
    овие неколку се најдобри за генерална употреба како short telephoto

    200mm е по манијачки објектив
     
  22. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    959
    1,444
    6 ноември 2007
    Теорија без пракса не се врзува лесно... Ништо ќе земам нешто колку за старт за учење па ако ми влезе чивијата ќе си фрламе пари :)
     
  23. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,137
    3,480
    26 oктомври 2012
    Машко
    Момци го има ли некој од вас Tamron 17-50 2.8 без стабилизација ?
    Прееска сакав да го купам за 140, ама некако не ми делува воопшто остар ? Ни на 2.8 а и на 4. Пример nikon 18-105 3.5-5.6 е најмалку двојно поостар, до толку што две слики една до друга без зумирање се приметува разлика.
    По ривјуа читам дека е доста остар тамронот, али очиве некако не ми го кажуваат истото.
    Дали е така генерално, или се погодила лоша копија на објективот ?
    Кит објектививе партали прават со остринава... А им се смеам на свадбариве од околниве градчиња што сликаат со 18-55/18-105. :)
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  24. gokica

    gokica
    Модератор

    8,550
    10,639
    13 Јуни 2009
    И јас го мислам деновиве него или сигма со иста фокална должина. Баш ме погоди.

    Очигледно зависи многу од копијата но генерално оштрината на најголемиот дел од фокалното растојание кое го покриваат не им е најака страна. Од тоа што сум читал тој примерок што го гледаш очигледно е полош од стандардот па ќе се потсмири на 5.6 и натаму. И ваква ситуација воопшто не е ретка со овие објективи. Најдобро човек да може да си проба во продавница пред да купи ама во нашава државичка такво нешто е невиден луксуз. А кај тебе сега е ситуација take it or leave it. Јас би leave it!

    Инаку не знам дали е маркетинг но генерално за сигмата има повеќе позитивни мислења.

    Доколку си пицаизла за оштрина ваквите објективи нема да те задоволат. Јас ги меркав пред се залажувајќи се со цената и со фактот дека при снимање на видео ќе нема промена на светло со зум. Но за оштрина никоновите зумови се по сигурни.

    Од Сигма како зум варијанта го меркам Art 18-35 1.8 за кој веќе има многу позитивни рецензии. Си има недостатоци како зум но сепак е одличен за тоа што мене ми треба. Но се разбира е посолен.
     
    На Војвода му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,137
    3,480
    26 oктомври 2012
    Машко
    Ако е за 5.6 ќе си користам 18-55 :)
    Иначе истиов објектив се продаваше на фото берза за 60 евра!!!
    Али одма отиде, инстантно. Се објави огласот, ставаш лајк, и читаш коментар подоле - продадено. xD
    Баш ги гледам сликите што ги тестирав, не дека се лоши, ама слаба е острината. Во некои ситуации би рекол и телефон како г4, ќе е драстично поостар од тамронов.... Со обработка, се подобрува така солидно но сепак пак е зад кит објективот.
    Никоновиот 17-55 2.8, e 1500 евра и не вреди за парите. Тој што има 1500 евра за објектив, нема да користи DX. Треба упола цена да е, па да може да се земе предвид...
    Aјде ќе чекаме друго парче, може се погодило ова да е лоша копија. :)
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...