Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Општа тема за монитори

Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.532
4.505
Скопје
hackitfree.github.io
Еј океј е мониторов бе (G2724D), го имам веќе неколку месеци, го купив од ИТ маркетот.
HDR му е само слаба точка, некако ептен без врска е сликата.. се друго е топ.
Убав квалитетен панел има.

1725911554482.png
400нитса осветлување - ХДР400 сертификуван - 4 ленти позадинско осветлување .
У ХДР ко ќе пуштиш болат очи а ? :D

За споредба мојот Samsung G50A иако со LG панел треба да дојде - нас овде ни протнале некои монитори со поефтина варијанта панели BOE

1725911829466.png

И ете поради само една лента позадинско осветлување (а веројатно и други причини) мојот е фејк-ХДР . Важно пак - доволно светол 400нитса ..

Иначе треба со овој панел да дојде ЕлЏи

1725912098398.png

кој има ХДР400 со 4 ленти позадинско .
Гледаш некогаш човек рисрч прави до коска и пак ќе го за*бат :ROFLMAO:
Дури ни пристап до системско мени у продавница не ми го кажа панелот (а и не се сомневав) .
На многу монитори системското мени го покажува типот и призводителот на панелот .
 
Последна промена:

JamesKirk

Practice makes perfect
12 февруари 2015
2.124
1.871
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1215u
Motherboard
Lenovo
Storage
Solidigm P41 Plus 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
MSI
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Шо страна е оваа со инфово за монитори?
 
Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.532
4.505
Скопје
hackitfree.github.io
Шо страна е оваа со инфово за монитори?

Исто многу корисна страна за да дознаеш кој панел кој монитор има DisplaySpecifications - Specifications and features of desktop monitors and TVs
Еве конкретно за мојот каде ме излажаа
1725913602298.png
Ама нема баш за сите назначено произведувач и шифра на панел - за некои има и по 2 панела ако доаѓа во 2 различни варијанти (се апдејтира инфо константно - можеш и да предложиш едит ако ете на пример како мене си добил поразличен панел )

А за тестови се знае РТИНГС Dell G2724D Review
 
20 август 2024
62
35
Yugoslavia
Еј океј е мониторов бе (G2724D), го имам веќе неколку месеци, го купив од ИТ маркетот.
HDR му е само слаба точка, некако ептен без врска е сликата.. се друго е топ.

Проблемот со моделот е што не сите парчина го имаат истиот панел. Некој парчина се одлични, некој имаат катастрофа контраст и блидинг. Така велат, сум немал лично искуство. Мило ми е што ти се паднало добро парче.
 
Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.532
4.505
Скопје
hackitfree.github.io
Ја купив еден EX2710Q | MOBIUZ 1ms 27" IPS 165Hz QHD Gaming Monitor . Сега за сега - монгу добар е -утре подетално ќе го анализирам и испробам .

1726009504591.png

Овој пат проверив дали е ЛЏ панелот ;)
Па ќе видиме утре разлика од Самсунгот ...
 
Последна промена:

terryes

Intern
10 мај 2022
3
2
Здраво дечки, сакам да земам монитор, почнав да гледам различни монитори со различни спецификации и типови на панели и можам да кажам дека по overwhelmed за купување на било каков хардвер не сум бил. Затоа пишам тука ако сака некој да ми препорача монитор во price range 150-250eur.
Мониторот ќе го користам најмногу за гејминг и ќе биде приклучен во лаптоп (Zephurys G14, 2023 model, rtx4060, ryzen 9)
 
Кажи прво дали 1440п или 1080п сакаш монитор .
Второ дали 144хц ти се доста или сакаш 165 - 180 - 240хц .
И трето 24 или 27 инчи
 
terryes

Intern
10 мај 2022
3
2
Лаптопот е 165hrz па мислам дека и на монитор би бил задоволен со толку (освен ако разликата во цена не е голема за монитор со 180/240 hrz.
Поради тоа што би се задоволил и со помал 24 инчен монитор, 1080 резолуција е доволно
 
JamesKirk

Practice makes perfect
12 февруари 2015
2.124
1.871
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1215u
Motherboard
Lenovo
Storage
Solidigm P41 Plus 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
MSI
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Греота е на 1080 да играш кога можеш барем 1440
 
Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.532
4.505
Скопје
hackitfree.github.io
Лаптопот е 165hrz па мислам дека и на монитор би бил задоволен со толку (освен ако разликата во цена не е голема за монитор со 180/240 hrz.
Поради тоа што би се задоволил и со помал 24 инчен монитор, 1080 резолуција е доволно

Јас би избрал Гигабајт ама ете и Аоц има -види ги па одлучи (тој првиот е 2024 модел и подобар е - 8 битен (подобри бои а и побрз 180хц) )
150е ќе ти завршат работа. Сем ако не сакаш на старо пофтино
Тој првиот е 27 инчи -не е баш погоден за 1080п - ама пак ако не ти смета - зошто да не . Јас користев 27 1080п толку години ..
Сите ти се ИПС панели без гоустинг - погодни за брзи шутерски игри ..
Мислењето е автоматски споено:

Греота е на 1080 да играш кога можеш барем 1440
Да ама треба и лаптопот да може да извади 140-160 фрејма на 1440п - што не е лесно . И 24 инча 1440п - „њама„ :D
 
Последна промена:

Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
1.114
1.442
Лаптопот е 165hrz па мислам дека и на монитор би бил задоволен со толку (освен ако разликата во цена не е голема за монитор со 180/240 hrz.
Поради тоа што би се задоволил и со помал 24 инчен монитор, 1080 резолуција е доволно

Gigabyte G27Q на жирафа е 12к. За 2к екран мислам тешко нешто подобро да најдеш. 1080п ти е праисторија веќе.
 
Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.532
4.505
Скопје
hackitfree.github.io
Ја купив еден EX2710Q | MOBIUZ 1ms 27" IPS 165Hz QHD Gaming Monitor . Сега за сега - монгу добар е -утре подетално ќе го анализирам и испробам .

Погледнете го атачментот 140720

Овој пат проверив дали е ЛЏ панелот ;)
Па ќе видиме утре разлика од Самсунгот ...

Само да кажам дека Бенкјуто со ЛЏ панел мноогу подобри бои има. Црвената и зелената се многу поквалитетни некако (за разлика од Самсунгот кој тера на плава боја или на магента ) - ама не може да ги извади боите на Бенкјуто . Пробав и температура на бои да сменам на 6300К - пробав и соодносот на боите да го наштелувам за да ја извади истата боја - Нема шанси ! Не е исто - црвената е некако по помаранџаста на Самсунгот - не е така „Кримсон ред„ како што е на Бенкјуто. Тоа повлекува и другите мешани бои што се да влечат на нијанса плаво - нијанса зелено - но никогаш прецизни и неутрални како Бенкјуто што дава..

Друго текстот почитлив. По неутрални бои на бела (без прејак тон на сина како што е на Самсунгот...)

И трето - риспонс тајм - одличен (само во некои случаи повеќе овершут има премин од бела во сива) инаку идентичен риспонс тајм имаат - нема гоустинг ни трошка . Искрено очекував повеќе ама тоа е - сите панели такви 4-5мс реален риспонс тајм имаат (сега зависи и од драјверите и фабричките тајминзи - може и супер панел да имаш - електрониката на драјверите ако е лоша - лош резултат ќе има) ама како што реков за тој калибар 165хц - монитор - одлично.

Дефинитивно ако некој бара монитор - ЛЏ панел ако има - ќе биде презадоволен од него . Самсунгот наместо ист ваков панел да има - дојде со БОЕ панел кој ете послaби бои има , Инолукс немам тестирано .Викаат добри се по боја исто, Dell G2724D има AU Optronics - генијални се. ТПВ стариот што ми е од АОЦот -има задоволителни бои но е 6+ФРЦ битен и не е задоволителен во поглед на денешниве монитори - треба 8 битен или 8+ФРЦ да е за да нема проблем при преливање бои „градиент „
И ХДРот - многу подобар - три различни профили -сите одлични во некои сценариа ..
И ете во Анхоч на попуст се 15 000ден - земете дур има -првичната цена на овој монитор беше 600 евра !
 
Последна промена:

Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.532
4.505
Скопје
hackitfree.github.io
Викаш добар е за работа и со Word?:unsure:
Па ако земеш во предвид дека плавата најмногу смета - а мониторов има помалку и фабрички сите бои се балансирани да дадат хартија бела боја (еден јутубер збореше дека трик за да наштечлуваш бои на монитор е да земеш парче бела хартија лист и да го корегираш РГБ интензитетот да добиеш иста боја како хартијата) -ако немаш таков алат- спајдер за штелување , и и во ривјута велат дека многу добро се боите наштелувани - фабрички Color Gamut 95% P3 и со оглед дека најновиот фирмвер го има -значи е добар. Башка што има 10 мода И-пејпр , М-book мод итн .
За работа сигурно не е наменет пред Се - ама за гејминг и работа секако ;)

"The BenQ EX2780Q offers various 'Color Mode' presets; 'Low Blue Light', 'Rec. 709', 'Color Weakness', 'M-book', 'Standard', 'Gamer1', 'Gamer2', 'Gamer3' and 'User'. Additional 'HDR Mode' "presets are included; 'Game HDRi', 'Cinema HDRi' and 'Display HDR'.
 
comakot

Gaining Experience
23 февруари 2017
417
299
Предлог монитор буџет 20к макс, 1440п, 27'' и по можност да има горе долу, и тилт.
За сега два гледам кој едниот одамна го меркам ама ја немаат таа верзија со горе долу него само тилт АSUS TUF VG27AQ1A и другиот кој викаат некој рецензии дека matte coating не му чинело ASUS 27” XG27ACS ROG Strix
 
bufferover

Intern
5 април 2015
10
3
Сакам да купам нов монитор, ми треба за работа (не е дизајн) добар дел од денот го поминувам пред компјтер. Моментално користам Philips 22", но изборот за Philips монитор малку е "тенок" во моментов. Другиве брендови ги немам користено, така да секоја препорака е добредојдена. Направив мал избор, ако некој исто користи некој од овие модели нека сподели искуство.

27"

32"
 
Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.532
4.505
Скопје
hackitfree.github.io
Сакам да купам нов монитор, ми треба за работа (не е дизајн) добар дел од денот го поминувам пред компјтер. Моментално користам Philips 22", но изборот за Philips монитор малку е "тенок" во моментов. Другиве брендови ги немам користено, така да секоја препорака е добредојдена. Направив мал избор, ако некој исто користи некој од овие модели нека сподели искуство.

27"

32"
Јас ти кажав и на Редит - тој од 14.980 ти е супер ;)

LG 27UL500P-W​

bufferover

Intern
5 април 2015
10
3
Јас ти кажав и на Редит - тој од 14.980 ти е супер ;)

LG 27UL500P-W​

Фала друже (y)

Исто и овие денес ги разгледав, незнам само колку тоа за заштита на вид има ефект или само маркетинг тераат.

https://www.anhoch.com/products/mon...0-ips120hz-hdmi2xdpusbc3xusbadjstandrj45-6984

https://www.anhoch.com/products/mon...x1440-ips120hz-hdmi2xdpusbc3xusbadjstand-6983
 
marv

Unbeatable
5 октомври 2007
5.219
4.827
Фала друже (y)

Исто и овие денес ги разгледав, незнам само колку тоа за заштита на вид има ефект или само маркетинг тераат.

https://www.anhoch.com/products/mon...0-ips120hz-hdmi2xdpusbc3xusbadjstandrj45-6984

https://www.anhoch.com/products/mon...x1440-ips120hz-hdmi2xdpusbc3xusbadjstand-6983
Кое за заштита на вид? Овие монитори се професионални, за употреба во видео и графичка продукција, и сосема друго им е предноста и поради тоа и скапотијата.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk
 
Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.532
4.505
Скопје
hackitfree.github.io
Фала друже (y)

Исто и овие денес ги разгледав, незнам само колку тоа за заштита на вид има ефект или само маркетинг тераат.

https://www.anhoch.com/products/mon...0-ips120hz-hdmi2xdpusbc3xusbadjstandrj45-6984

https://www.anhoch.com/products/mon...x1440-ips120hz-hdmi2xdpusbc3xusbadjstand-6983
4K имаш повеќе простор за прозори и почист текст - инаку овие Дел се многу квалитетни и барани - иако 1440п барем корист ќе имаш од 120хц

Да има кај да си пробаш (у Анхоч Премиум на пример ) да ти вклучат монитор па да си видиш сам најдобро .
 
bufferover

Intern
5 април 2015
10
3
Кое за заштита на вид? Овие монитори се професионални, за употреба во видео и графичка продукција, и сосема друго им е предноста и поради тоа и скапотијата.

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Поминувам скоро 10+ часа на ден пред компјутер. Ми треба за работа, но не е видео едитирање, иако понекогаш користам CapCat. Сегашниот што го имам 22" Philips и со low-blue mode пак очите партал :) Користам и очила со заштита, но не гледам некое подобрување. Dell Ultrasharp моделите се certified by TÜV for 5-star eye comfort, некако ми звучи на Топ Шоп маркетинг :) too good to be true.
Мислењето е автоматски споено:

4K имаш повеќе простор за прозори и почист текст - инаку овие Дел се многу квалитетни и барани - иако 1440п барем корист ќе имаш од 120хц

Да има кај да си пробаш (у Анхоч Премиум на пример ) да ти вклучат монитор па да си видиш сам најдобро .

Не сум некој голем обожавател на Dell, но би размислил за некој од овие два модела.
 
Последна промена:

gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.529
13.005
Поминувам скоро 10+ часа на ден пред компјутер. Ми треба за работа, но не е видео едитирање, иако понекогаш користам CapCat. Сегашниот што го имам 22" Philips и со low-blue mode пак очите партал :) Користам и очила со заштита, но не гледам некое подобрување. Dell Ultrasharp моделите се certified by TÜV for 5-star eye comfort, некако ми звучи на Топ Шоп маркетинг :) too good to be true.
Мислењето е автоматски споено:

Не сум некој голем обожавател на Dell, но би размислил за некој од овие два модела.

Нема заштита за очи на никој монитор. Филтер за сина светлина може да помогне но сепак ако работиш со текст и детали битно е:

  • колку е осветлен мониторот
  • колку е оддалечен мониторот од тебе
  • кој е соодносот помеѓу резолуција и големина на екран итн.

Си работел на 22 инчи. Претпоставувам 1080p резолуција. За работа со карактери и детали тоа е многу мала површина. Можеби се напрегаш па се доближуваш до мониторот почесто. Многу е битно која осветленост е мониторот. Пробај да намалиш осветлување. Можеби ќе ти биде мрачна сликата на почеток но ќе се навикнеш.

Можам само да си нагаѓам а и не сум лекар. Но ако може да позајмиш поголем монитор пред да купиш би ти препорачал. Најверојатно поголем екран со помала резулуција би можело да ти помогне. На пример 27 инчен со 1080p резолуција. Или пак 32 инчен со 2К резолуција.

Обавезно користи темна позадина секогаш кога можеш.

Инаку Dell е бренд со експертиза во областа на монитори далеку над Philips кога станува збор за дизајн и графика. Не значи дека немаат утки. Но поскапите модели се прецизни при калибрација и имаат панели чие осветлување знае да трае со години без да се намали употребната вредност на истото. Дали за тебе тоа има некакво значење не знам.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.751
Мислења
984.921
Членови
35.930
Најнов член
Pro Art 123
На врв Дно