1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Онлајн радио преку Shoutcast

Дискусија во форумот 'Туторијали' започната од Cika, 3 Септември 2011.

  1. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,415
    988
    8 Декември 2009
    По туторијалот на HijackHacker за онјалн радио, еве и јас да објавам еден, само сеа наместо преку edacst односно oddcast кој се чини недостапен за повеќето, ќе ви покажам како да креирате радио станица преку Shoutcast.

    Прво и основно, започнуваме со симнување на winamp.

    http://download.cnet.com/Winamp/3000-2141_4-10251792.html

    Инсталирајте го winamp. Во "Options" одберете "Preferences"

    [​IMG]

    а потоа одете на DSPplugin и кликнете на Nullsoft ShoutCast source...

    [​IMG]

    Ќе ви се отвори следниов прозорец:

    [​IMG]

    Оставете го отворен прозорезот и регистрирајте се на овој сајт.

    Откако ќе се регистрирате и логирате, кликате на "stream settings" и ви се отвара ова:

    [​IMG]

    На местото на localhost ја впишувате вредноста од првото поле, на местото на port вредноста од второто поле и password вредноста од третото поле. Штиклирајте го Use ShoutCast v1 mode.

    Со ова го завршивме подесувањето на конекцијата. Сега одиме на yellow pages. Внесете го вашето име и URL на радиото.

    [​IMG]

    Време е за енкодерот. Бидејќи сервер дава можност од максимум 128 kbps, толку и ќе одбереме. Поставете се како на сликата.

    [​IMG]

    Стартувајте го серверот. Вредноста над виолетовото кај вас ќе биде друга, тоа е URL-то кое што треба да го пратите на вашите слушатели. Над црвената линија ќе имате опција "start"

    [​IMG]

    Пуштете нешто преку winamp и кликнете на connect.

    Честитки, вашето радио се емитува на интернет. Споделете го линкот над виолетовата линија од сликата погоре со тие што сакаат да го слушаат вашето радио ( максимум 1000 ).

    Забелешки, критики се добредојдени.

    Некои слики се позајмени од туторијалот на HijackHacker.
     
    1 person likes this.
  2. RedEvil

    RedEvil
    Баниран/a

    123
    8
    17 Мај 2011
    Баш си направив едно радио интересна работа.
    Благодарам на тут :D
     

Сподели

Вчитување...