1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Онлајн продавница

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од mkextremer, 22 Август 2019.

  1. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    1,023
    839
    4 Февруари 2014
    Машко
    Планирам да отварам онлајн продавница. Компанијата е регистрирана со фирма итн итн.

    Кои опции за плаќање се достапни во државава кои можат да се имплементираат на еден таков вебсајт? Може да се воведе пејмент опција за плаќање со Visa/MasterCard?
     
  2. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,994
    3,980
    18 Септември 2013
    Машко
    Колку што знам треба да идеш преку банка. Веројатно треба сметката на фирмата у која банка ти е у таа, па тие да ти кажат како и кои опции ги нудат.
     
  3. Tomislav96

    Tomislav96
    On your way to fame

    658
    697
    7 Февруари 2013
    Машко
    Студент, Информатика
    Мислам дека треба да стапиш во контакт со твојата банка прво, треба да имаат они нивен оддел кај што ќе го проверат вебсајтот и да помогне нивниот тим на твојот тим, или тебе, во имплементирање на нивниот софтвер со твојата веб страна. Дека може може 100%, земи за пример Групер и еден куп онлајн веб страни кај нас што имаат плаќање на нет, и сите картички им се возможнo.

    ПС Сигурно некоја банка е лидер на ова поле и нуди подобри можности од останатите, во нивен интерес е ова, кај нив ќе вртат парите. Еве кај мене на работа Халк ПОС неприма Дајнерс и Американ Експрес, а бидејки работиме со доста странци често ни е тоа, па имаме друга сметка во Тутунска, кај што има поголема провизија и понеубави ПОС али барем ги прима тие картици.

    ППС
    Македонски - Е-трговија
    Еве разгуглај ги вака сите банки кај нас што имаат на нивна страна.
     
    Последна промена: 22 Август 2019
    На mkextremer му/ѝ се допаѓа ова.
  4. toshex

    toshex
    Unstoppable

    3,994
    3,980
    18 Септември 2013
    Машко
    Финтата е дека некои од системиве се pain in the ass да се имплементираат у некои технологии, пошо се назад системите на банките. Некои треба да се доста едноставни, и дури има и плагини за вордпрес и останати популарни платформи.

    У секој случај ќе ти треба кодови од самата банка за да работи системот (нешто ко API клучеви), така шо директива у банка и таму ќе ти кажат се.
     
    На mkextremer и Sherminator им се допаѓа ова.
  5. Futurelakimens

    Futurelakimens
    Gaining Experience

    903
    479
    12 Април 2017
    Машко
    Контактирај ги 2Checkout или оди преку банка и користи cPay (кој е многу грд). Искрено, ти ги препорачувам 2Checkout, иако имаат малку повисоки даноци.
     
  6. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    814
    367
    5 Јуни 2007
    Машко
    Cpay си е супер за кај нас. На која платформа ти е шопот?
     
  7. ekstrakt

    ekstrakt
    Intern

    4
    3
    10 Јули 2012
    Машко
    За македонски системи се можни три опции (толку беа последно кога јас лично барав информации и имплементирав, и колку што имам забележано на македонскиве сајтови):

    - cPay:
    не можеш директно да работиш преку овој систем, туку тие имаат договор со банки, а ти како продавница поднесуваш барање до банката, а потоа тие ти праќаат документација. Имаше листа на банки кои работат преку нив, ама не знам кои се сега, јас лично имам разговарано со УниБанка (пред околу 5 години). клиентскиот интерфејс им е заостанат во времето (го поправија малку пред некое време, ама ...), кога го имплементирав пред 5-6 години за клиент имаа грешки во документацијата па едвај најдов што е проблемот, се надевам се имаат поправено

    - НЛБ Тутунска Банка:
    На нивниот сајт има информации, барај e-commerce, го користат матичниот систем од Словенија, не се комплицирани за имплементација (последно пред 2 години имплементирав), само се малку гњаважа додека одобрат

    - Халкбанк
    Низ годиниве неколку пати имам пратено маил со барање за информации, не ми имаат одговорено, па немам лично искуство со нив

    Со македонски провајдер средствата одат директно на сметка на фирмата бидејќи склучуваш договор со банка.

    Друга можност ти е со странски payment gateway, ама досега не сум работел имплементација за македонски клиент, па не би знаел да кажам како одат процедурите.
     
    mkextremer, gOJDO и на bxxxn им се допаѓа ова.
  8. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    1,023
    839
    4 Февруари 2014
    Машко
    Фала ви на сите за одговорите, сега знам каде да се обратам. :)
     
Слични теми
  1. pLaToOn
    Одговори:
    12
    Прегледи:
    4,194
  2. Ajvio
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    4,427
  3. Costigan_Jr
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    1,341
  4. Inbox
    Одговори:
    11
    Прегледи:
    1,213
  5. Новица
    Одговори:
    8
    Прегледи:
    1,132
Вчитување...

Сподели

Вчитување...