1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Онлајн продавница - Drupal

Дискусија во форумот 'Drupal' започната од pLaToOn, 2 Јули 2013.

  1. pLaToOn

    pLaToOn
    Gaining Experience

    227
    189
    24 Јануари 2012
    Машко
    Ако има некој со соодветно искуство и слободен за работа еве интересна прилика. Во прва фаза се бара основна инсталација и прилагодување со некој готов модул од тип на eCommerce или Ubercart.
    Заинтересирани?
     
  2. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,772
    2,902
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    За почеток одма да те прекинам. Батали e-Commerce. Поарно земи VirtueMart на Joomla, отколку тоа некорисниот Drupal.
     
    На xenon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,731
    1,480
    22 oктомври 2012
    Машко
  4. stefan_v

    stefan_v
    On your way to fame

    1,414
    597
    3 Мај 2010
    Машко
    Јас ќе те прекинам и ќе кажам OpenCart.
    т.е. this:
    Не би препорачал ни Joomla. Joomla(VirtueMart), Drupal, Wordpress(WooCommece или други) се портали/блогови и нивната цел не е продавница, најубаво си работат за тоа што и се направени.

    OpenCart си е за продавници, едноставен и моќен. Сите платформи ги имам пробано, и PrestaShop, и Magento, и VirtueMart(Joomla) и WooCommerce(Wordpress) и OpenCart и кустом и други ако почнам да набројувам нема крај. Се е пробано и увидено.
    По стабилно решение од OpenCart моментално слабо(сите ги шие). Мое мислење пошто сум развивал како програмер решенија за системите, може и да не се согласите со мене(пошто е лично мислење).
    Темава е за комерц во Drupal(и цврсто си одлучен за него) и сеуште не те предомисливме, со среќа! :D
     
    На xenon и Alucard им се допаѓа ова.
  5. pLaToOn

    pLaToOn
    Gaining Experience

    227
    189
    24 Јануари 2012
    Машко
    Не е исклучено да има и промена во последен момент и да се премине на некое решение за продавници. Но ако се оди со CMS нема да има дискусија, ќе биде Drupal. Колку и да е за некои некорисен, моето искуство вели дека е есктремно моќен и практичен, пред се поради контролата која натаму би ја имале во прецес на интеграција со CRM, DMS, ERP и други поврзани системи.

    Од готови продавници имам работено со PrestaShop но многу малку, еден-два модули прилагодено и еден изработен. Не сум навлегувал во проблематиката која е битна за управувањето со производите (залихи, поделби по бои, броеви, дистрибуција и сл.). Тоа веројатно ќе биде предмет на анализа следниов период (OpenCart или PrestaShop или пак Drupal со Ubercart) и секако пресудно. Помалку битно, но не и за фрлање ќе биде и можноста за водење на блогови, форуми, тикет сервис и слични содржини, каде што веројатно продавниците ќе се покажат послаби од Drupal.
     
  6. stefan_v

    stefan_v
    On your way to fame

    1,414
    597
    3 Мај 2010
    Машко
    Добро, сепак твое е што ќе избереш. :)
     
  7. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,772
    2,902
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    OpenChart, има теми, модули и тракатанци за модификација и кастимизација како Joomla?
     
  8. D

    D
    Администратор

    3,226
    1,595
    31 Март 2007
    imho, Joomla sux.

    Ако веќе нејќеш custom решение, ондак барај сервиси како http://www.shopify.com/ или ако немаш доволно познавање најди си соодветна е-комерц тема (мој личен совет да не одиш со тема, подобро направи си саглам инвестиција некој да ти развие custom) за WordPress, Drupal... Joomla лично не би избрал.

    Доколку сакаш нешто како профи е-комерц решение, можеби треба да го разгледаш Magento (многу потежок за дев отколку гореспоменатите). Magento over Open Cart би играл јас.

    На крај на краиштата се зависи од за што ти треба продавницата. Ако ти е за еден продукт, ондак може и наједноставен CMS да ти заврши работа како WP. Ако сакаш поврзувања и чуда како тикетинг системи, CRM-и и сл. Зборуваш за поголем предизвик кој може да се развие едино на саглам е-комерц платформа.

    fyi: искуство со е-комерц продавници со $20.000+ месечни обрти.
     
  9. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,731
    1,480
    22 oктомври 2012
    Машко
    Ова е прашање, претпоставувам, така...? :) Ако е така, тогаш да, има се тоа што спомна...
     
  10. pLaToOn

    pLaToOn
    Gaining Experience

    227
    189
    24 Јануари 2012
    Машко
    И мене ми личи на прашање ... кое не заслужува одговор :)

    Лично не се сомневам во OpenCart и уште помалку во Magento, едино што незнам како ќе поминам со нив при интеграција со другите делови од порталот и екстерните системи.
     
  11. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,840
    1,093
    5 oктомври 2007
    Машко
    Еве пример интеграција на Wordpress со Openchart. Made by @Stefan_v . За други интеграции незнам што мислиш, ама ако ништо друго имаш доста добро организирана МySQL база, на која можеш да и пристапуваш да речам од некој ЕРП/ЦРМ/Финансиски кастм истем и да ја апдејтуваш.
     
  12. stefan_v

    stefan_v
    On your way to fame

    1,414
    597
    3 Мај 2010
    Машко
    Има има и многу појако се кастемизира. Многу е интересен за работа OpenCart-от. Имам екстензии за OpenCart најмногу направено и значи бев blown-away за работа од другиве.
    Мене ми е најтапа нешто кога да речеме треба да ставиш плаќање на продавницата ако одиш со пристапов со порталите, и сега продавницата уствари ти е плангин, и на плангинот плангин за плаќање.
    Некако ми е шашаво, може ќе работи али тој што ќе го прави и интегрира тоа он си знае.

    Кој работел продавници во друго нешто(некој систем), нека го проба opencart - мислам дека нема да зажали. :D
     
  13. pLaToOn

    pLaToOn
    Gaining Experience

    227
    189
    24 Јануари 2012
    Машко
    Е така ... излезе по твое, што е добро. Убаво е да имаш кого да псуеш (или да бараш за „помош“) кога ќе главиш со проблеми :)
     

Сподели

Вчитување...