1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Онлајн лихва... дали е легално?

Дискусија во форумот 'Интернет Маркетинг' започната од petelko23, 3 Јануари 2017.

  1. petelko23

    petelko23
    Intern

    31
    18
    5 Август 2011
    Во последно време се намножија многу е-лихва платформи:

    https://forza.mk/
    https://credissimo.mk/
    https://www.mcash.mk/
    https://moneymax.mk/

    Сите овие се нудат да ти префрлат пари на трансакциска ако им дадеш пар информации за тебе (лична карта, матичен, трансакциска, итн...). Од твоја страна треба да им ветиш дека ќе ги вратиш парите назад, со лихварска камата.

    Прашањето ми е колку е ова легално во Македонија, и дали се корисниците легално обврзани да ги вратат тие пари. Колку што видов никакви договори не се потпишуваат, се се базира на клкик на "се согласувам" копче.

    Дури и да е легално, што ако некој друг аплицира во мое име, со мои податоци и партие стигнат на моја сметка? На пример, пар луѓе со кои што соработувам ги имаат сите податоци за мене со кои би можеле да аплицираат во мое име. Дали сум легално обврзан да вратам пари за кои што не сум аплицирал?
     
  2. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,259
    1,282
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Добро де, сите копи пејст, дај споделете лично мислење и искуства што како... од копираниов текст погоре во глобала ништо неможеш да сватиш.
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,294
    917
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Ова ти е легална лихва. Законот во мк вели дека камататите несмеат да бидат поголеми од 12%. Тие ова го почитуваат. Никој не ти бара камата поголема од 12%, "само" бараат трошоци кои во зависност од периодот го надминуваат неколкукратно износот што си го позајмил.
    За жал нашле дупка во законот и си го молзат народот. Ако побараш детални информации ќе видиш дека сите имаат одобрување за работа од министерство за финансии.

    А за злоупотреба на податоци се знае, казна затвор. Лесно се докажува тоа.
     
    На igor_igor и borcep им се допаѓа ова.
  4. NERD.

    NERD.
    Gaining Experience

    1,411
    350
    19 Април 2010
    Машко
    Клик договорите, "се согласувам" исто тежат како и твој потпис црно на бело.
     
  5. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,366
    3,240
    12 Јануари 2016
    Машко
    Значи можно е во твое има да „потпише“ лихварски заем било кој што има лични информации за тебе (лична карта, матичен број, број на трансакциска сметка, итн)?
    Не мора мотивот да е финанскиски, ете заради зијан и наштатување некој може да го направи тоа. А голем е списокот на тие што им се достапни личните податоци, обичен чиновник во банка, вработени во јавна администрација.

    Ова ако е вистина, е голема можност за малверзации. Не би смеело ова да е можно без иницијално физичко потпишување договор, заверување на нотар, итн...
     
    На Глупав му/ѝ се допаѓа ова.
  6. NERD.

    NERD.
    Gaining Experience

    1,411
    350
    19 Април 2010
    Машко
    Да, ама соодветни казни си има и за крадење на идентитет. Не тропам глупости, информациите ми се од правен факс, само не ми пишуваат многу долги постови.
     
  7. undergrounde

    undergrounde
    Gaining Experience

    416
    313
    11 Декември 2009
    Ти стига смс, без неа ништо. Доколку некој ти го украде и мобилниот, тогаш може да ти наштети доколку не реагираш на време
     
  8. Harrabed

    Harrabed
    Practice makes perfect

    1,466
    1,473
    22 Април 2013
    Машко
    Не му се работе
    Кој преваранти само, зимаш 20000 враќаш 45000[​IMG]

    Sent from my Redmi 3S using Tapatalk
     
    На DrMTR и igor_igor им се допаѓа ова.
  9. viktorce

    viktorce
    Gaining Experience

    342
    245
    13 Март 2015
    Машко
    Овие фирмички се општо познати по тоа што зад нив стојат политичари со сомнителен капитал.
    На пример некој функционер бивши или сегашен од партииве дрпнатите пари од државата си ги реинвестира во лихва со ненормални камати. Се разбира заштитени се како волци па нив ги држи и полиција.

    Братучед зема од овие М-кеш наводно некоја фирма од Охрид. ГО беа заглавиле до гуша со камати.
    Имаше порано на диво работеа ваквите лихвари, но сега се колку толку регистрирани и сето тоа од причина да извршат проверка во македонско кредитно биро дали и колку должите пред да ви дадат пари

    ВО секој случај противник сум на вакви лихвари, особено што на нив става потпис зоран Ставрески па ги прави да изгледаат и легални.

    А Игор Џамбазов дури сега сфатив кој мајмун бил.
    Едно време го лажеше народот со Бинго и лото, а сега со ова форца кредити
    Нека си најде некоја жена и нека си има деца. ТОлкаво магаре а уште лаже народ.
    Болен човек
     
    На Rac58, Petar86, Psycore и уште 2 други им се допаѓа ова.
  10. ThundeR

    ThundeR
    Gaining Experience

    240
    54
    7 oктомври 2009
    Машко
    Џамбазов си е најмен за атл кампањи - они дали понуда, тој се согласил.
    Не гледам ништо лошо тука :)

    Форца и кредисимо си се легални, ова се бизниси со пресметан ризик можат многу лесно да затворат. Моментот со "се согласувам" копчето е - ти го даваш твојот ЕМБГ, а со него те проверуваат во КИБС - ако поминуваш зелено ти префрлаат пари, жолто некој ќе мора да те провери рачно (имаат рокови), црвено јок.

    Edit: Исто има момент и некаква проверка со работодавачот, ова не го знам целосно како оди - го сфатив моментот со веб сервисот на кибс само :D

    Source: знам вработен во форца, соравиа
     
  11. viktorce

    viktorce
    Gaining Experience

    342
    245
    13 Март 2015
    Машко
    Мене ми станува се поодвратен. Уште од мал си искористувал што му давала државата и наместо да биде човек од него тој дојде на ова ниско ниво да лаже народ. Едно е реклама, а друго е да рекламираш ајдуци при свест дека некој утре ќе плаче од тоа

    Всушност ако подобро разбирам тој секогаш и се вртел околу коцката. Коцкариште право.

    ЛЕгално е бидејќи државата направила така. Но има ли некој да види од каде доаѓаат тие пари.
    Дали се украдени па реинвестирани ? Дали се црни па се обидуваат да се обелат ?
    Или се стварно легални?

    Од искуство знам дека месечно даваат огромна сума на пари на луѓе-пациенти.
    Ќе споменам бројка од над 500000 евра на една од фирмите.

    Годишно тоа се над 6.000.000 евра
    Али јбг нека си тера работава. Мора нешто да се работи, а и секој работи така овде
     
    На Lokvan и Petar86 им се допаѓа ова.
  12. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,210
    3,564
    26 oктомври 2012
    Машко
    Зошто превара, се си пишува транспарентно.
    10% ако е месечна камата, тоа се 2000 денари камата секој месец + околу 1600 денари рата од првичната сума. И така испаѓа сумата од над 700 евра.
    Финтата е во зборот камата, не е исто 10% месечна и 10% годишна или вкупна камата. Демек зимаш 20к, а враќаш 22к се на се.
    Добро е што тука однапред е напишано, не ти праат манипулација како погорната демек 10% камата и си мислиш дека ќе вратиш само сумата што си ја земал +10% се тоа на рати, а уствари таа сума од 10% ја враќаш секој месец.
    Реално каматата е 120%, но пошто звучи како огромна бројка, ја расцепкуват на 10% секој месец, за да звучи како подобра зделка.
    Па ако некој нема грам памет и му е фино да враќа 120% од сумата што ја земал, бујрум...
    Што е разликата од банка и лихвар? Тоа што едниот има малце помала камата, но повеќе го тупи, додека другиов има повисока камата но помалце отупувачка процедура.
    Попрво би позајмил пари од близок роднина/пријател, одколку од било каква "легална" институција.



    Sent from my SM-G935F using Tapatalk
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  13. krema

    krema
    Professor

    8,986
    8,744
    24 Јуни 2009
    Машко
    Нема превари,
    ова е легално лихварство и подалеку од нив!
     
  14. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,259
    1,282
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    а демек као банките не се лихвари, само со поголеми суми работат :)
     
  15. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,238
    2,933
    24 Септември 2012
    Имаат згради поголеми да се осеќаш дека не те лихварат. А кредит за кола од 12000 и исплата 17500 не е лихва.
    Глупости.
     
  16. Ivancho

    Ivancho
    Intern

    1
    0
    8 Февруари 2018
    Ovie firmi gi ima sekade vo svetot, se vikaat FinTech companies ( Financial technology company ) bidejki svoite finansiski uslugi gi nudat on line.
    Nekolku pati sum kooristel vakvi kreditcinja od ovie:

    избришано од модератор, спам дел


    mislam firmata e ..... od Bitola.
    Mi isplajkaat za 1 cas ne baraat dokumenti.
    Jas sum zadovolen bidejki ednas pobarav vo banka 40.000 denari, mi ponudija karticka i cekav 3 nedeli i na krajot mi kazaa deka sepak me odbivaat bidejki sum bil vraboten na opredeleno.
    Taka da mislam deka se korisni kompanii dokolku ti trebaat pari brzo.
     
    Изменето од модератор: 9 Февруари 2018
  17. borcep

    borcep
    Practice makes perfect

    767
    1,233
    12 Септември 2013
    Машко
    Иванчо, кажи дека работиш кај лихварите, не туку ми ги рекламирај. Се надевам ќе ве снема комплет еден ден.
     
    На Krkac, Daniel86, Dave1 и уште 17 други им се допаѓа ова.
  18. DarkEnchanter

    DarkEnchanter
    Practice makes perfect

    1,771
    1,258
    17 Август 2014
    Машко
    Заборави кога е основана фирмата да кажеш
     
    На Astro и JasSum им се допаѓа ова.
  19. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,366
    3,240
    12 Јануари 2016
    Машко
    Во кои ситуации би било „корисно“ човек да позајми 20 илјади, ако потоа за една година треба да врати 45.7 илјади денари?

    Јас гледам само две можни ситуации, кои позитивно одговараат на моево прашање.
    1. Ако човекот не планира да живее повеќе од една година (и нема имот на свое име).
    2. Ако некој најблизок е киднапиран и му држат пиштол вперен во слепоочница, и бараат пари за да не го убијат, и тоа во рок од неколку часа.
     
    На The-spiki му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    682
    717
    9 Декември 2015
    Машко
    Лихварство Член 260
    (1)Тој што за услугата што му ја прави на некое лице прима иди договара за себе или за друг несразмерна имотна корист искористувајќи ја неговата тешка имотна состојба, тешките станбени прилики, нуждата, недоволно искуство или лекомисленоста, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
    (2)Со казната од став 1 ќе се казни и што неовластено се занимава со давање пари или други потрошни предмети на заем со договор и притоа договара несразмерна имотна корист.

    Да платиш повеќе од два пати во рок од една година мислам дека е несразмерно.
     
  21. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,665
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    3. Aко некој има коцкарски долг што треба да го плати веднаш или рекетари му тропаат на врата :).
     
  22. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,366
    3,240
    12 Јануари 2016
    Машко
    Па тоа исто му доаѓа под ставка 1.
    Ама ете нека биде подставка 1а. ;)
     
  23. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,294
    917
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Да го ставиш терминот FinTech companies и овие "легални лихвари" во една реченица, заслужува бан.
    Компанијата што ја рекламираш е избришана од твојот пост. За реклама контактирај ги Маркетинг ⋆ IT.mk
     
  24. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,224
    6,352
    27 Март 2014
    Подалеку од овие брзи кредити . Кожата ке ви ја симнат после. Толку.
     
  25. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,665
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    E само вакви зимаат пари од фирмиве :D



    Original version :)
     
    На Војвода и Lokvan им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...