1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Олигарски договори за крадење мобилен интернет?

Дискусија во форумот 'Интернет провајдери' започната од TylerMkD, 9 Мај 2018.

  1. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,103
    3,464
    7 ноември 2014
    Машко
    Насловот можеби звучи претенциозно, но забележувам дека месецов ВИП и ТЕЛЕКОМ праќаат пораки до кориснициве за надминат лимит на мобилен интернет уште пред 10-тиот ден.

    Мене ми стигна завчера, а во рок од година дена откако сум корисник секогаш надминувам од 20-ти натаму...
    На сестра ми и стигна денес, а она има 10ГБ на ВИП и НИКОГАШ не надминала досега во рок од 2 години...
    Исто и кај некои пријатели...


    Имате и вие ваква порака/искуство деновиве? :)
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,316
    6,432
    27 Март 2014
    Стандардно, се краде додека покажеш заби.
     
  3. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,334
    987
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Досега сум немал проблеми ни со телеком ни со вип со крадење интернет. Нивниот бројач секогаш се поклопувал со мојот бројач.
     
    На Psycore, Isak Keyten, Sukhoi и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. Astro

    Astro
    Guru

    6,274
    8,684
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Сето тоа е автоматизиран процес, така да не ми се верува да е олигарски договор. Најверојатно некој нуб се учел по базите и направил хаос. Провери на сајтот можеби ина некои известување или појди до салон.
     
  5. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,334
    987
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Друга работа, досега тарифирањето на телеком беше од 1ви, на вип е различно.
     
  6. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,064
    2,308
    19 Јули 2013
    Вип ги сменија циклусите на тарифирање, без да ги известат корисниците. Случајно го открив тоа токму кога пред некој месец во ниедно време стигна ваква порака. Да не си стигнал и ти сега на ред? И да не почнале и телеком по тој терк?
     
  7. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    844
    904
    9 Декември 2015
    Машко
    "олигархиски"
     
    На itstheigyg, farkizz, Bravo и уште 5 други им се допаѓа ова.
  8. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    844
    904
    9 Декември 2015
    Машко
    Ај уште малку да тупам - всушност да ти било олигополски. Очигледно дека ВИП и Телеком се во дослух и си прават пазари на грб на корисниците. Златните времиња беа кога се скина монополот на Телеком и влегоа Уан и Вип и имаше јака борба со намалувања, со премини од еден во друг оператор ама откако се стабилизираше пазарот и се виде кој колку може да привлече како да дигнаа раце сите и почнаа да забушаваат и наместо конкурентен пазар стана олигополски пазар.
    Long story short - па нели има на мобилен да видиш Data колку си истрошил?
     
    acikaaa, Krkac и на farkizz им се допаѓа ова.
  9. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,452
    10,330
    23 oктомври 2012
    Машко
    Screen Shot 2018-05-09 at 12.49.21.png
    Screenshot_20180509-095933_Settings.jpg

    Периодот на тарифирање ми е од 26ти до 25ти наредниот месец и така и ми е подесен бројачот на телефонот. Досега не сум имал проблем, не велам дека неможе да е некој проблем и кај нив, ама барем дата каунтерот на андроид е одличен.
    Инаку според мене вистинското "крадење" интернет го прават сајтовите и апликациите со своите реклами и видеа и банери и остали глупости, каде јас за да прочитам некоај информација мора да лоадирам еден куп лајна. Пример е Инстаграм со треиот па натака секој 6ти пост е реклама и секад е видео и е аутоплеј, а такви се и еден куп страни посебно мк сајтови кои се неоптимизирани и лоадираат контент, банери, видеа како од на баба им имањето да е мојот интернет. Е тоа се правите лопови, кои продаваат рекламен простор и трошат мој скапо платен мобилен интернет за нешта кои не ме интересираат.
     
    На moongose, stefan_off, Avid и уште 4 други им се допаѓа ова.
  10. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    1,072
    1,182
    11 Март 2011
    Да е олигопол добро ќе беше, дуопол е :)
     
    На Avid и Ragnar им се допаѓа ова.
  11. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,718
    7,097
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Кај мене секогаш е таман, вип дури и доцнат малку со тарифирањето.
     

    Прикачени датотеки:

    На Isak Keyten му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    1,042
    629
    8 Август 2017
    Машко
    Исто и јас сум немал проблеми со интернетот, секогаш се совпаѓале бројките од телефонското мерење со нивното во апликацијата (ако им дадеш време да ги ажурираат). Screenshot_20180509-161749.png
     
    На stefan_off му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Avid

    Avid
    Guru

    4,173
    6,215
    21 Јануари 2009
    @xenon те поздрави.
    НЕМАМЕ ВАКВА ПОРАКА, ДО ВАС Е



    Не може да биде повеќе on spot видеово.
     
    На farkizz му/ѝ се допаѓа ова.
  14. xenon

    xenon
    Guru

    3,790
    9,501
    15 Јануари 2011
    Машко
    Истиве луѓе од каде иде видеово, Џумерика, одат во Сирија, Косово, Македонија и рандом Афрички земји, каде ослободуваат кутри угнетени хрчки: Албанци, умерени Сиријци, сироти жени пипнати за г'з оддалеку итн. и се борат против тероризмот свет во кој Авгани што играле MS Flight Simulator у пештера на соларен панел научиле да киднапираат авиони и да уништуваат згради недопрени од авион со телекинеза.

    Мешање здрав разум, со нездрави корпоративни стари пари, заговори и рационализација во иста манџа, не секогаш дава логички издржани заклучоци доволно добри за дигестија на новопечениот пичласто-хеланкаст метросексуален 21вековски мажо-жена твитерско-влијателен трани кладилничар и збунет балкански шфицарец.


     
    The-spiki, petkotrajko и на ivsss им се допаѓа ова.
  15. 123456

    123456
    On your way to fame

    973
    530
    12 Април 2013
    Машко
    Мене првпат месец април брзината ми се намали на 8.5гб, а имам 9гб месечно, се јавувам во вип ми викаат потрошени ти биле, провери на сајтот на вип што ти пишува,и викам стои на 8,5 и викам плус смс не ми стигна дека ми се потрошени, таа ми вика не стига секогаш смс за потрошен интернет,и викам вие сте дрчни за пари нема шанси да не стига смс и тоа секогаш при крај и после потрошен стига смс и викам во задни 4години, добро ке пријавам за да видиме што е проблемот,дојде 1мај се ресетира интерентот све е ок,ама не добив повратен одговор зошто ми беше намален интернетот на 8.5гб.
     
  16. Avid

    Avid
    Guru

    4,173
    6,215
    21 Јануари 2009
    Сугерирај му веднаш да го напушти операторот, не смеат вака да си играат.
    Нека се префрли на... Lycamobile.
    :D
     
  17. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,476
    12,647
    2 Август 2012
    Машко
    Се уклучи и attention whore..
    Работава станува интересна.
     
    На ivsss му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,833
    3,948
    5 Јули 2013
    Засега ниту еден лајк нема добиено...
     
    На ivsss и FLEGMA им се допаѓа ова.
  19. Sonic.01

    Sonic.01
    Gaining Experience

    120
    251
    5 Јули 2016
    Штом сумљаш дека те крадат иди извади си детална сметка, види кога имаш и колку имаш зборувано и трошено интернет, па ако не штима пушти еден приговор.
     
  20. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,202
    781
    8 Мај 2010
    Машко
    Што е ова картелско работење на ВИП и Телеком?!!!1
    Ајде на избори Доста е!
    Ајдеее!!


    Онтопик:
    Телеком сум, и секогаш ми е точен потрошениот интернет на телефон со апликацијата.
     
    Последна промена: 10 Мај 2018
  21. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,122
    601
    12 Април 2017
    Машко
    Јас сум на вип, имам 10 гигабајти и до сега не сум ги поминал, не сум добил никаква порака. Месечно трошам отприлика 5гб и податоците се точни, не се ме излажале.
     

Сподели

Вчитување...