1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Ограничен пристап на компјутер

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од dejan_str, 19 Февруари 2014.

  1. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,150
    4,860
    8 Април 2011
    Машко
    Сакам да направам секој човек да има посебна шифра за влез во PC,вкупно сме 6 луге.Исто сакам да направам одредени фолдери-документи да бидат со пасворд заштитени за да неможе едниот јузер да ги отвора документите од другиот јузер на тоа PC.Исто треба да ограничам пристап до НЕТ,да неможе да се влегува од тој ПЦ на фејсбук и ред други сајтови.
    Прашањето ми е како најлесно да го изведам тоа,на кој начин па би ве замолил за помош.
    Благодарам
     
  2. shooter

    shooter
    Gaining Experience

    545
    353
    2 Март 2010
    Машко
    На еден компјутер или тоа ти е серверче некое?
    Ако е на еден компјутер најдобро е на секој јузер да му доделиш пасворд и да ги енкриптираш корисничките профили така што тие фајловите би си ги снимале во Documents, Pictures... и никој друг освен нив нема да има пристап.
    За блок на фејсбук најдобро е со едитирање на hosts фајлот, таму ќе доделиш забрана за одредени страни.
    Ако е некој фајл сервер најдобро е да креираш кориснички профили на тој компјутер и да отвориш папки за секој јузер со тоа што ќе им дадеш ограничувања во пристап на папките само на тие јузери. Кога корисникот ќе сака да пристапи на тој шеринг ќе му побара јузернејм и пасворд.
    Пиши ако ти треба помош.
     
  3. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,535
    12,784
    2 Август 2012
    Машко
    Едниот корисник мора да биде администратор а другите power user-и (или пониско) затоа што еден на друг можат да си ги превземаат овластувањата или да прават take ownership.
    После ова е лесно - ќе ги ограничиш овластувањата по фолдери. Перо или ќе може да ја листа содржината или ќе има забранет пристап, нормално со забрана за бришење. Или може да ја види содржината но нема д аможе да отвора фајлови.
    Опции како во приказна.

    Задолжително еден делен фолдер ако имате намера да си оставате фајлови помеѓу себе. Public фолдерот е добар пример за ова.

    Ако имаш повеќе партиции постапката се повторува по фолдери или по дискови (забрана/дозвола)


    [edit]
    Овој туторијал е идеален за почетници
    http://www.howtogeek.com/howto/wind...-access-to-files-or-folders-in-windows-vista/

    Претпоставувам дека сите 6 сте од доверба и никој нема да употреби Hirens Boot CD да го скрши админ пасвордот.
     
    На PandaBomber и dejan_str им се допаѓа ова.
  4. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,150
    4,860
    8 Април 2011
    Машко
    Благодарам флегма,направив 1 админ и 5 стандард јузери,Е сега сакам документите од админот да ги поделам кај секој јузер,пример од перо документите да ги ставам кај перо но и кај АДМИН да бидат и така натака.
    Фала за советот
     
  5. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,535
    12,784
    2 Август 2012
    Машко
    Со делен фолдер или подеси го фолдерот и правата каде што се документите. dejan_str има право да чита, менува и листа а Перо и другарчињата имаат право само да читаат и листаат содржини во фолдерот

    Или конкретно, Перо и другарчињата имаат право да ги менуваат документите само во делениот фолдер.
    Ако на пример сакаш секој да работи на своја верзија на документот тогаш документите мора да им се најдуваат во нивните кориснички профили на пр. C:\Users\Pero\Documents

    Дејан од Струга, пошто е администратор, може да влага секаде и да менува што саака. Перо, кој е стандард корисник, по дефиниција не може ништо.
     
    На dejan_str му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...