1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Огласи во Нови мислења

Дискусија во форумот 'Ваши сугестии / забелешки / проблеми' започната од gOJDO, 16 Март 2018.

Огласи во нови мислења?

  1. Да се листаат во нови мислења

  2. Да НЕ се листаат во нови мислења

  3. Да се филтрираат по желба на корисникот

Резултатите ќе бидат видливи по гласање.
  1. DaVoRkNe

    DaVoRkNe
    Unstoppable

    3,588
    3,619
    1 Септември 2011
    Машко
    Јас сум да се укине купи,продај темите и да си фураме форум здрав.
     
    На Daniel86 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cgfreak

    cgfreak
    Gaining Experience

    253
    240
    1 oктомври 2010
    CG Artist
    Да се филтрираат по желба можеби е најприфатливо решение за оние што не сакаат да ги гледаат во 'Нови мислења'. Инаку сметам дека е најдобро да се листаат таму, од причини што знае да излезе нешто интересно што обично не го пребаруваш на дневна база по огласи, а сите сме нашле некое добро парче хардвер во даден момент, по добра цена и најбитно со реална информација за состојбата. Така да мислам дека се битен дел од форумот, никој од членовите не оди прво на 'реклама5' или 'пазар3' да бара хардвер.
     
    На NecrotoX и Oktar им се допаѓа ова.
  3. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,534
    11,242
    23 Јануари 2008
    Манга
    Да не бидам скромен, да беа 10% членови ко мене на форумов ќе ја оправеа државава.... :D
     
    zipi123, tupacan, Fredy и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,366
    3,240
    12 Јануари 2016
    Машко
    Moжност за филтрирање е најдобра опција за сите. Подфорумот за продавање го следам и добивам известување кога има нов оглас, ретките огласи кои ме интересираат - и нив ги надгледувам и добивам известување за нови постови.

    Но ако/кога ќе се уведе можноста за филтирање во Нови Мислења, тогаш ќе одберам да НЕ се гледаат новите мислења од подфорумот за огласи. Затоа што има подфоруми кои не ги следам, и фино е да можат е видат работи во Нови Мислења кои инаку би ги видел многу подоцна (ако воопшто). Сега Нови Мислења е затрупано со огласи, и дефинитивно се на место поплаките за тоа.

    Всушност и во делот од сајдбарот со Последни теми, би требало да се воведе опција за филтирање на содржината. И таму би одбрал да не се покажуваат огласите, пошто како што реков подфорумот за продавање го следам и добивам известување кога има нов оглас.

    Вака целиот сајдбар, и делот со Нови Мислења, и делот со Последни теми, се затрупани со огласи. Можноста за филтрирање на истите, позитивно би ги задоволила сите засегнати страни.



    П.С. Зошто да не се воведе и можност за да се одбере покажување на Нови Мислења и Последни теми, од офтопик подфорумот? Ете, со дифолт сетинг да НЕ се покажуваат истите.
     
    mrkela2009, DareDevil, crash и на уште 1 им се допаѓа ова.
  5. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,301
    9,533
    23 oктомври 2012
    Машко
    Бидејки статистиката вика дека 8% од народот сака да се кријат тие постови, мене ме интересира каква ке биде статистиката кога ке се направи могуќност да се кријата или не, ама дифолт да биде да се покажуваат. Баш ме интересира колкумина ке ја искористат опцијата да не ги гледаат огласите.
    Мене ми се корисни тие постови, ем ги пратам кои се цените и како се движи пазарот а воедно и постојано купувам глупости кои не сум ни знаел дека ми требаат, јеби га конзумеризам.
    Патем, јас никад не сум купил АјТи стварчици од пазар3, секад сум купил од форум и секад било само затоа што сум ги видел и начекал а не е дека сум барал.
     
    На boro1, ekonomist, igor_xxxx и уште 3 други им се допаѓа ова.
  6. igor_xxxx

    igor_xxxx
    Practice makes perfect

    1,228
    1,288
    10 Септември 2010
    Јас од солидарност за овие што нејќат огласи сум во тие што сакаат опција за криење, ама нема да ја искористат :)
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,366
    3,240
    12 Јануари 2016
    Машко
    Фасцинантни се поедини размислувања овде. :)
    Тоа што статистиката од анкетата кажува, не е дека 8% од корисниците сакаат криење на постови со огласи. Статистиката од анкетата всушност кажува дека 66.4% сакаат да постои можност секој поединачно да одбере за себе (дали ќе гледа огласи, или не).

    Јас повеќе би рекол дека тие 25% од анкетата кои се за бескомпримисно покажување на постови со огласи, дека сакаат да го диктираат својот избор врз сите останати. Практично сакаат да ги форсираат сите други да гледаат работи за продавање кои другиве не ги интересираат, нешто што со други зборови се нарекува и спамирање.
    Истото важи и за тие другите 8%, тие па сакаат на сите да диктираат да не се гледаат огласите.


    Инаку сметам дека тезата дека воведување на можност да се одбере дали даа се гледаат огласите некој ќе го спречи да начека нешто за купување, е погрешна. Прво затоа што секој ќе може да одбере да ги гледа постовите со огласи. И второ затоа што дури и целосно да се исклучи можноста за покажување на огласите во сајдбарот за Нови Мислења, сепак секој поединачно може да одбере да го следи подфорумот за огласи (и поединачните теми со огласи кои го интересираат).
    На пример: podforum.png <---- !
    Или: izvestuvanja.png <---- !


    Најпосле сето ова е само од конверзациски интерес. Пошто анктета прилично јасно покажува што сакаат повеќе од две третини на коринсниците на форумов.
     
    На gOJDO, Tajson, toplel и уште 4 други им се допаѓа ова.
  8. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,301
    9,533
    23 oктомври 2012
    Машко
    Затоа реков нека прикажува се по дифолт па да видиме колкумина ке ги тргнат огласите. А кога сме веќе кај демократија зошто да не се воведе тоа и во другите теми, на пример електронски цигари, фотографија, што музика слушате денес, криптовалути и остали багери. Не разбирам што е со хајкава против огласи од единаесетмина корисници на форумов.
    Се слагам дека најдемократско решение е сам да одбереш дали сакаш да ги гледаш или не, ама тогаш треба да се прошири на сите теми/подфоруми.
     
    На Трајче Дрварчето му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,366
    3,240
    12 Јануари 2016
    Машко
    Ако не е проблем од технички аспект, од мене имаш подршка во тоа го бараш за сите форуми да може да се одбере дали ќе има известување во сајдбарот. Но сметам дека правиш cherry-picking кога ситуацијава ја претставуваш како да се засегнати само 11-мина. Од анкетата се гледа дека 66+% сакаат ова да може да се регулира, што значи не се само тие единаесетмина корисници на кои во сајдбарот им смета спамот од огласи.

    Јас лично немам ништо против огласите, напротив го следам подфорумот и добивам известувања за секој нов оглас. Но претпочитам десно во сајдбарот да можам да видам известувања за дискусии од форумите кои не ги следам активно. Не да гледам огласи кои не ме интересираат само затоа што таму некој напишал „бамп“.
     
    На Tajson му/ѝ се допаѓа ова.
  10. l1d0v1c

    l1d0v1c
    Practice makes perfect

    640
    1,275
    10 Март 2011
    Машко
    Divi Expert
    Искрено, анкетава ми нема никаква поента (иако гласав). Зошто?

    Бидејки е ставена опцијата "Да се филтрираат по желба на корисникот". Чим тоа е ставено во анкетата, тогаш е изводливо да се направи, така. Епа чим е изводливо да се направи, која е тогаш поентата на анкетата, односно што се очекуваше од неа? Бидејки со таква опција на форумот, трите, односно двете "засегнати" страни ќе бидат задоволни. Тој што гласал да не се листаат во нови мислења ќе си одбере да не се листаат. Тој што гласал да се листаат ќе си одбере да се листаат.
     
    Трајче Дрварчето, Lokvan, igor_xxxx и на уште 1 им се допаѓа ова.
  11. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,868
    6,466
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Тој што гласал да не се листаат, не дека му сметаат него да цркне козата на комшијата :)
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  12. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,665
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    А што правиме со тој што мисли дека со воведување на таква опција ефективно се намалува потенцијалната публика пред која ќе бидат изложени новите и освежените огласи? Или било кој друг одреден тип на теми, зашто гледам погоре се разговара и за такви апсурдни филтрирања?

    Пример: во даден момент јас сум видел во нови мислења 5 теми од огласи, сум се изнервирал и сум одбрал да не ми се прикажуваат мислењата од таков тип. Тоа го прават и 10-тина други членови. После неколку дена се објавува оглас кој можеби би ми го привлекол вниманието, или пак оглас во кој бара проценка за нешто а јас би можел да му проценам. Ама бидејќи сум ставил филтер, таквиот оглас не ми се ни појавува ни мене а ни на другите што ставиле таква опција.
    Со тоа огласот е изолиран и не допира до сите членови на форумот подеднакво. Што според мене не е фер и ја убива поентата на сајдбарот и на функцијата "Нови мислења", па затоа јас гласав да се листаат и затоа анкетата сепак има поента.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  13. l1d0v1c

    l1d0v1c
    Practice makes perfect

    640
    1,275
    10 Март 2011
    Машко
    Divi Expert
    Држи вода за одредени работи, али и не држи.

    Дали ова е форум, или огласник?

    Искрено, пола од новите мислења или последните теми се за огласи. Сега во моментов 4 од последните 10 теми се оглас. Член сум од поодамна, да, не сум многу активен, но редовно го посетувам (под редовно мислам, неколку пати во денот). Вака не било порано. Период имаше, фрштеа огласи со графичкиве и ригови, од 10 нови мислења/теми 7,8 беа огласи. И некој едноставно не сака да седи на форумов и да се осеќа ко да се наоѓа на реклама5. А тој што сака да купува нонстоп, дал импулсивно, дал по потреба, ќе си има опција да си ги листа огласите. Верувај, голем број ќе го имаат тоа штиклирано.

    Али не му го скратувајте правото на тој што едноставно не сака да гледа огласи.
     
    На toplel и Lokvan им се допаѓа ова.
  14. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,301
    9,533
    23 oктомври 2012
    Машко
    Јас пак би гласал за еднаквост, јас не сакам теми за биткоини и за електронски цигари. Нека има филтер и за нив. Баш во копачкиот сегмент има најмногу активност и членови кои се само во таа тема и никоја друга. Колку личи на огласник толку личи и на бавча форумот.
     
    На Potop, moongose, esquimaux и уште 9 други им се допаѓа ова.
  15. l1d0v1c

    l1d0v1c
    Practice makes perfect

    640
    1,275
    10 Март 2011
    Машко
    Divi Expert
    ^ И јас би за тоа, али повеќе како утопија ми делувa, отколку реалност :D
     
  16. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,030
    3,340
    7 ноември 2014
    Машко
    Мислам дека грешите, ретко форуми имаат селективно гледање на теми во „нови мислења“, едноставно нема поента.

    Јас би ја искористил мантрата на Стив Џобс кога му рекле да ставам повеќе портови на Macintosh, за корисниците да имаат избор...

    Одговорот бил - „Имаат избор, може да го купат или да не го купат компјутерот“.
     
    На Oktar и NecrotoX им се допаѓа ова.
  17. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,366
    3,240
    12 Јануари 2016
    Машко
    Thou shalt not avoid spam! ;)

    Колку што знам ова првенствено е форум, а секундарно (или терциерно) е огласник. Зошто воопшто разговараме за огласите како за примарна цел на форумов, и веодно за игнорирање на желбите и потребите на над две третини од форумџиите?

    Ова му доаѓа нешто слично како пред некој ден кога гласно малцинство изнуди бришење на банер (во потпис) со кој мнозинството овде немаме никаков проблем.

    Звучи како дека не знаеш што сакаш. Но не само што секогаш ќе можеш да се предомислиш, и да си ја промениш одлуката... Туку зошто сметаш дека ТИ (и малцинството овде) си тој кој треба да одлучиш за мене, и за мнозинството, што НИЕ сакаме (или што не знаеме дека сакаме)? :)
     
    На Tajson му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,030
    3,340
    7 ноември 2014
    Машко
    Народот не знае да гласа. Еве ти статистика, бидејќи гледам се фокусираш на бројки:

    Позитивни искуства со продажба на предмети - 152,098 прегледи.

    Ретки се темите со повеќе прегледи од оваа. Али многу ми се свиѓа ова „кој си ти да одлучуваш за мене“, интересно како се дозволува тролање, се дозволува лошо модерирање и бришење теми, никој веќе не придонесува на темите...ама огласите се проблем. Така и град Скопје додека има 1000 проблеми, реши да гради зип-лајн...

    П.с. Кога одлучи администрацијата да воведе Верификуван огласувач како пола од неа да спиеше, сега гледам контра насоката си одат.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,292
    24,787
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Во наредниот период (Почнувајќи од Април) ќе правиме голема миграција на нова варзија на xenforo која користи сосема нов engine па затоа со тоа ќе се отвори и многу работа (да се прекуцуваат сите custom add-ons а ги има доста), па затоа оваа идеа и генерално Огласите ќе ги размислиме многу убаво. Гласањето во анкетата ќе биде земено во предвид за донесувањето на крајното решение. Како и да е новата 2.х верзија е далеку по флексибилна (веќе ја работам) и самата нуди поголема кастомизација за корисниците.

    Ви благодарам за предлозите.
     
    На gOJDO, Necromancer, Daniel86 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  20. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,665
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Не знам од каде заклучи дека се игнорираат било чии желби или дека јас треба да одлучувам за тебе или за било кој?? Мислам, во кој момент доби таков впечаток? Тоа со бришењето на банерот беше кршење на правила а не исполнување желби на малцинства, мислам дека разликата е јасна.

    Јас во темава во овој како и во претходните 2-3 поста го кажувам моето лично мислење и образложувам зошто мислам така. Доколку притоа успеам да предомислам или да поттикнам други членови да го споделат моето мислење добро, ако не - пак добро. Тоа слободно можеш да го направиш и ти и било кој друг, не знам што не е јасно.

    Ова е форум, да, на кој е дозволено и да се ставаат огласи од областа на технологијата. Доколку во даден момент не се случува ништо друго на форумот освен постирање и рефреширање на огласи, тогаш тоа е тоа, ќе гледаме огласи. Нека почнат членовите да отвараат повеќе други теми отколку огласи и ќе имаш друго што да гледаш.

    Пак ќе кажам, според мене, со ставање опција за филтер се ствара непотребна изолација, доведува до други захтеви како филтрирање на темите за е-цигари итн. и се нарушува функцијата на одделот "Нови теми" и "Нови мислења", кои што првенствено имаат за цел едноставно да ги листаат сите нови содржини а не да служат како custom feed на корисниците.
    Ова, и она во моите претходни 2-3 мислења е мојот став на темата, гласав соодветно и друго повеќе немам што да додадам, кој како мисли така нека гласа и чекаме имплементација :)
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,366
    3,240
    12 Јануари 2016
    Машко
    Не разбирам каква врска има првиот дел од мислата, со втората половина (и со темава).



    Сметаш дека не треба да постои можност за слободен избор: Со тоа твоето лично мислење се сублимира на тоа дека никој не треба да има избор да не гледа огласи во сајдбарот. Следствено, ти иако малцинство сакаш да одлучуваш за мнозинството (кое според анкетата повеќе од очигледно не се согласува со тебе).

    Банерот не кршеше правила на форумот. Кажано јасно и гласно од управа, под точка 2: Македонски потписи и сл.
    Објаснето е дека причината за бришење е пишување пријави од одредено вокално малцинство. Нека се спроведе анкета, па ќе се увериш колку мало малцинство се тие кои се против содржината на тој банер.

    Нема да одам повеќе офтопик со ова, но сметав дека е потребно да го потенцирам моментот со малцинството кое сака да се наметне на мнозинството. За тоа се работи и на оваа тема, гласното малцинство сака мнозинството да нема избор (дали ќе гледа, или не, огласи во сајдбарот).
     
  22. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,301
    9,533
    23 oктомври 2012
    Машко
    Стандардно, малцинството е тоа што треба да се испочитува а не мнозинството, јер они се малцинство и се борат за нивните права. Така и во темава, 11-мина имаат проблем со огласите и поради нив ке треба да има опција да не се прикажуваат, а потоа за да не останат покусо и другите ке се направи и на другите потфоруми да може да се кријат мислењата, јер еднаквост. Наместо културно се да се прикажува и да има активност и не-селективност како и да се поттикнува развој на секоја тема ние идеме на опција да гасиме подфоруми само затоа што на неколкумина им смета нешто во моментов. Според мене, ништо не треба да се крие, нова тема е нова тема, ново мислење е ново мислење.
    Јас пак тврдам дека кога би имало опција да се искључи листањето на огласите, дали 20мина би ја искористиле таа опција. И според мене треба да биде опција да се гасат подфоруми, а не по дифолт да се изгасени па ти да палиш што сакаш да следиш.
     
    На Balanar и krema им се допаѓа ова.
  23. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,366
    3,240
    12 Јануари 2016
    Машко
    Секое ново мислење е еднакво со сите други?
    Друже Октар, зарем и еден банален „бамп“ во оглас е такво едно ново мислење кое го исто толку го заслужува местото каде може да има на линк кон некоја рецензија, или мислење кое некој го напишал за конструктивно да учествува во ај-ти дискусија?

    Најпосле, што има лошо во тоа сајдбарот да биде што повеќе конфигурабилен?
    Лошо е да можеш да одбереш точно што да гледаш во сајдбарот? Нели баш тоа го бараше, и не сакаше да гледаш нови мислења за криптовалути, електронски цигари, итн?
    Не си баш јасен што сакаш, конфузно некако работава. :)


    П.С. Упорно манипулираш кој е мнозинство, а кој е малцинство. Тоа барем се гледа многу јасно од анкетата, чуму спиновиве?
     
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,301
    9,533
    23 oктомври 2012
    Машко
    Не барам ништо да биде тргнато, мојот став е дека и копачите и вајпери треба да се појавуваат, ама ако веќе правиме да има избор за дали да се прикажуваат огласи или не, тогашт тој избор треба да биде на сите подфоруми не само на огласи. Мислам дека сега сум појасен.

    Не манипулирам, скроз е очигледно дека на колкумина им сметаат огласите, тоа се 11, колкумина мисла дека не треба да се тргнат јер не треба никоја тема/мислење да биде "санкционирана" и тргната, тоа се 36 лица и се гледа колкумина мислат "ок бе, нека имаат опција овие 11 да не ги гледаат огласите, зошто да не, демократија". Претходно некој пиша дека ја одбрал третата опција само за да бидат задоволени тие што имаат проблем со огласи а секако он не планира да ги тргне. Нема лаги нема измами нема спинови.

    Искрено, стварно ме интересира колкумина би ги тргнале огласите од фидот на нови мислења кога би имале таква опција. Јас тврдам дека тоа ке биде бројка од не повеќе од 20 лица. Дури и сигурен сум дека и ти би ја активирал таа опција и од што ке ти е досаден фидот со копачи, вајпери и остали желки што незнаат како да отворат кириличен документ или ликови што мислат дека множина од лаптоп е лаптопови. Ке сфатиш дека поинтересно ти е да си во тек со понудите на Динамит за телевизори и апарати или со компонентите на гојдо кои тазе купени и скоро некористени се продаваат за 20% поефтина цена.
     
    moongose, cele_x и на NecrotoX им се допаѓа ова.
  25. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,956
    4,097
    28 oктомври 2008
    Тоа што сум во 11-мината не значи дека ми сметаат огласите ниту дека имам проблем со нив (ги користам и самиот). Едноставно, мислам дека може и без нивно појавување во нови мислења, најповеќе поради честите бампови. Анкетата не е обврзувачка, и не треба да се угодува никому посебно, но селективно прикажување веќе има на форумот. На пример, интересна е темата каде што членовите пишуваат какви гаџетчиња си купиле, но таа не се појавува во нови мислења бидејќи е во оф-топик подфорумот.
     
    Daniel86, Lokvan, Costigan_Jr и на уште 1 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...