• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Оглас за вработување - Професор/webmaster

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Горазд

Intern
10 јануари 2008
1
0
Бизнис академијата Смилевски (во основање) бара лице од IT-фелата, со обучувачки афинитети и практично познавање и владеење на WEB-поврзани апликации и софтвер. Станува збор за вработување во редовен работен однос со полно работно време на позицијата Наставник по компјутерска писменост.

Обемот на работниот ангажман на ќе вклучува:
1. Обука на студенти за користење на компјутери (Windows/Office) на две нивои – основно (1) и напредно (2) – во I и II студиска година.
2. Постојано одржување на мрежата (~20 компјутери) и WEB сајтот на Академијата.
3. Комуникација со и употреба на WEB-апликација (во фаза на дизајнирање), според потребите на академијата (пријавување испити, водење досиеа на студентите, ЕКТС и сл.)

Потребно е кандидатите да имаат завршено високо образование од ИТ областа, како и практично искуство во одржување на WEB страници.

Предност имаат кандидати кои имаат практичен наспроти теоретски пристап, изразена желба за поучување (работа со млади луѓе) и учење за себе и за другите, како и потенцијал и желба за развој во сферата на e-learning.

Идниот вработен се очекува да соработува со јадро од околу 12 соработници, во однос на техничкото функционирање на опремата и мрежата. Во однос на обучувачкиот дел од работата, ќе биде дозволена широка слобода во дизајнирањето на програмата за обука на студентите.

Сите заинтересирани кандидати можат да ги достават своите CV-ја и писма за мотивација (заедно со копија од дипломата) на E-mail: [email protected].
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Работно време и плата? Одприлика од колку до колку?

Ова е еден од пресудните фактори, добро би било да се напомене.

Edit: Исто така, многу е важна локацијата на работното место, ве молиме да ја наведете.
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Исто така пожелно е да наведете до кога трае огласот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,570
Мислења
820,725
Членови
28,229
Најнов член
redstone
На врв Дно