1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Оглас за freelance работа, WordPress + Divi

Дискусија во форумот 'WordPress' започната од l1d0v1c, 23 Јули 2018.

  1. l1d0v1c

    l1d0v1c
    Practice makes perfect

    618
    1,183
    10 Март 2011
    Машко
    Designer
    Здраво на сите,

    Во потрага сум по некој кој би бил заинтересиран да работи со мене на проекти поврзани со WordPress и Divi. Задолжително е:
    • солидно познавање на Divi Builder-от, Divi и Extra, Monarch и Bloom,
    • солидно познавање на WordPress (плагини, multi-site network, бекап, мигрирање, child themes, etc),
    • одлично познавање на CSS, а плус би било доколку се има познавање и од JS.
    Работата најчесто би се состоела од поситни задачи, најчесто работи кои не можат by default да се средат во Divi, но во иднина и ќе има многу стандард дизајнирање користејки го Divi Builder-от. Се ќе си биде убаво објаснето, што како треба да се сработи и deadline до кога треба да се заврши. Комуникацијата додека сум во МК најчесто би се одвивала преку тел. и некој месенџер, а додека сум надвор скајп, whatsapp, било што, ќе се договориме тоа накнадно. Комуникацијата за задачите би се одвивала преку Asana.

    Работата на почеток би била така по-лабава (4-5 саати неделно), но со можност да стане, да речеме part-time job (20-тина саати неделно) за неполн месец. За понатаму, доколку се би било како што треба, вратите се отворени за било што, па зошто да не и партнер комбинација.

    Сите заинтересирани би ги замолил да пишат ПП, кратко и јасно што како знаат и умеат и колку. Портфолио не ми е потребно, бидејки со посериозните кандидати ќе направам како мини тест (нормално платен), кој ќе ми биде и повеќе од доволен да дознаам кој колку познавање има.

    Дојдовме до делот кој сите ги интересира :D а тоа е плаќањето. Тестот (1-2 часа) и пробниот период (кој не би траел повеќе од 5 часа) би биле платени по $5 на час. Доколку се е како што треба првата недела, од 6-тиот час па натаму сумата би била $10. Доволни ќе ми бидат месец дена за да проценам дали има заедничка иднина, и ако да, сумата тогаш би се зголемила на $12-$13 на час. За понатаму, како што кажав, вратите се отворени ;)

    Начинот на плаќање го оставам на вас. Upwork, директ на сметка, кеш, PayPal, сеедно ми е. Тајмер како на Upwork, искрено и не ми е потребен (освен вие ако сакате, или ако се решиме да одиме преку Upwork), бидејки и повеќе од добро знам да проценам колку време би требало за одредена работа да се заврши. Лично се сметам за Divi експерт, веќе 4-та година како дизајнирам сајтови ексклузивно со Divi (сигурно повеќе од 100 до сега), работам за Elegant Themes part-time веќе година дена, што би се рекло им ги знам производите inside-out и едноставно не може а да не приметам дека за некоја работа ви е потребно многу повеќе време отколку што е нормално за да се изработи.

    Се надевам дека би нашол некој со кој навистина би можел да делам бизнис во иднина ;)

    Поздрав
     
    На Tomica Jovevski, Benjamin, imperial и уште 9 други им се допаѓа ова.
  2. Benjamin

    Benjamin
    Intern

    1
    0
    13 Февруари 2019
    Машко
    zainteresiran sum pisimi u inbox za poweke
     
  3. 50MHz

    50MHz
    Intern

    2
    0
    29 Април 2019
    Машко
    Ако ви треба писател или бек-ап писател, на располагање сум да ви работам за бесплатно.
    Инаку, ви посакувам среќа и успех :)
     
Слични теми
  1. meri velevska
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    1,634
  2. NIKIHACK
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    754
  3. tomi
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    1,228
  4. Thomass
    Одговори:
    14
    Прегледи:
    1,394
  5. Zealot
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    336
Вчитување...

Сподели

Вчитување...