1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Официјална тема за повраток на данок(Tax Free) од Држави членки на Европска Униа

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од BorisSapphire, 21 Септември 2019.

  1. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    695
    492
    11 ноември 2015
    Машко
    Официјална тема за тоа како функционира повраток на данок од Држави кој што се членки Европска Униа, како се рачуна, се што е потребно за да вратиме данок (Tax Free).

    1.Држави кој што се членки на Европска Униа се обврзени да вратат данок на Државјани кој што не припаѓаат на Европска Униа, зависно од тоа за каков производ се работи. Во зависно од производот варира и самиот процент на враќање на данок.

    2.Државјани кој што се во Европска Униа неможат да вратат данок.

    3.Бела техника, ит опрема и слично се враќа 24% данок, облека и слично, од 5 до 17%, зависно од продавницата. Убаво е да прашаме и да знаеме.

    4.Во зависно од продавницата, некој продавници треба минимален промет да направиме за да можеме да вратиме данок. Некој работат над 60евра некој над 90евра, се зависи од самата продавница. Убаво е да прашаме и да знаеме.

    5.Како се рачуна данокот,
    Пример:
    -Производ кој што чини 100евра
    -Звисно од тоа колкав е процентот, ќе земеме за пример 24%
    -100 го делиме со 1,24 = 80,64 (доколку процентот за повраток е 15%, сумата ја делиме со 1,15)
    -Доколку сакаме да знаеме колку треба да ни вратат данок, сумата која што веќе ни е израчуната, примерот од горе 80,64евра ја помножуваме со 0,24 и веќе знаеме колку имаме за повраток, во наштиот случај излегува 19,35евра. Доколку процентот е 15% го помножуване со 0,15.

    6.Се што е потребно за повраток на данок,
    -Пред купување на производ, убаво е да прашаме дали продавницата работи со повраток на данок, овде на Балканот има продавници кој што не сакаат да се замарат со таква работа и од старт ни велат дека неможат да вратат, а погоре убаво спомнав дека секоја Држава Членка на Европска унија е обврзена да врати данок. Затоа нај убаво да си прашаме.

    -Пред да го платиме производот, треба да го имаме пасошот при рака, ќе ни го бараат да запишат податоци како, Име и Презиме, број на пасош, Држава на клиентот, итн. После издадениот документ треба да се потпишеме.

    -Во зависно од самата продавница, некој продавници издаваат два документи А и Б. Некој издаваат два листа како ПП30 налог, некој издаваат само еден лист, се зависи од самата продавница.

    -Со веќе потпишаниот лист од самата продавница, на излез од Државата која што сме го купиле производот, прво одиме на пасошка контрола, а после одиме на царина со пасошот и документот да бараме печат на самиот документ за повраток на данок.

    -Доколку имаме два документи, да земеме за пример А и Б. Секој пат кога имаме два документи, првиот лист е секој пат за нас, а вториот Б го задржуваат на самата граница.

    -По секое купување задолжително е да прашаме како работат со повраток на данок. Има проданвици кој што треба да се вратиме во самата продавница и да го подигнеме. Има продавници кој што се врзани со Free Shop, со веќе удрениот печат одиме Free Shop и го подигнуваме, кој што ќе ни задржат некоја мала провизија. Има продавници кој што ќе ни дадат лист со упатство се што треба да направиме за тоа како да ни го вратат данокот преку девизна сметка. Доколку одиме преку девизна сметка треба да им испратиме на мејл слика од документот за повраток на данок со удрен печат од царина и девизна сметка на која што ќе треба да ни стигнат парите.

    -Убаво е да прашаме и да знаеме колку време имаме за да го вратиме данокот. Има продавници кој што даваат рок од еден месец за повраток, има некој што даваат и до три месеци.

    Мислам дека нема нешто не јасно во погоре напишаното. :)
     
    Последна промена: 21 Септември 2019
    На Speedster, tomaso, Tomislav96 и уште 7 други им се допаѓа ова.
  2. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    204
    170
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    Ако производ чини 100е, повратокот не е целосно на тие 100е, туку на 100е - (профитот на продавницата) = (процент од остатокот)

    На пример:
    Производот чини 100е
    Продавницата има 20е ќар

    80/1.24 = 65.5e враќаме

    ако е 15% тогаш 1.15 нели

    ^ нека потврди некој за ова, оти сум 80% сигурен
     
  3. GGTT1

    GGTT1
    Gaining Experience

    304
    250
    1 Февруари 2017
    Машко
    Ako e 100 evra si vrakas 20 evra I nemas garancija na proizvodot
     
    Последна промена: 21 Септември 2019
  4. RoninMK

    RoninMK
    Gaining Experience

    91
    95
    20 Април 2016
    Машко
    @zdravkovskii Нема врска ќарот на трговецот со данокот односно ДДВ. Тоа е исто како тука, доколку го извезуваш производот имаш излезно ДДВ од 0% (незнам дали е за така за се ама за софтвер например е така). Значи ти враќаш назад од данокот на државата затоа што производот излегол надвор од нејзините граници односно е извезен.
    @GGTT1 Зошто да немаш гаранција на производот? Ако производот има гаранција и истата е интернационална можеш истата да ја искористиш секаде, односно во овластен сервис во било која држава каде што има. Ако не е интернационална тогаш ќе мораш да го вратиш таму каде што си го купил.
     
    GGTT1, zdravkovskii и на Oktar им се допаѓа ова.
  5. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,324
    9,666
    23 oктомври 2012
    Машко
    Премногу грешни податоци има во секој пост досега во темава а многу е пишувано за ова на форумов. Само јас неколку пати имам и пишувано и објаснувано и цртано и формули и математика и пак... аххх... ако не ме мрзи ќе пишам после од компјутер, вака од телефон нема шанси да објаснам.
     
    На Zippo, ТАТА_МАТА, DonFrozex и уште 9 други им се допаѓа ова.
  6. RoninMK

    RoninMK
    Gaining Experience

    91
    95
    20 Април 2016
    Машко
    Така е Oktar. Има доста пишувано и треба поновите членови да пролистат и прочитаат и наназад што се е пишувано.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    695
    492
    11 ноември 2015
    Машко
    Избришете ја целата тема, веке 15 години купувам од Држава Членка на Европска Унија и гледам има многу по паметни од мене и многу што ја разбираат. ИЗБРИШЕТЕ ЈА.
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,384
    935
    8 Декември 2009
    Јас пак се понадевав на тема со искуства за секоја земја посебно, пример германија, холандија, бугарија.
     
    На DonFrozex му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    695
    492
    11 ноември 2015
    Машко
    Имаш слики во линкот, израчунај по мојата математика и види дали е точно.
    Поздрав.
    Набавка на хардвер од Грција
     
  10. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    695
    492
    11 ноември 2015
    Машко
    Ако може да ми објасниш каде грешам, посто веќе 15 години враќам данок па ме интересира каде грашам?
     
  11. zdravkovskii

    zdravkovskii
    Gaining Experience

    204
    170
    14 Јануари 2011
    Видео/Анимација
    Океј е, гледам не сум бил во право. Пред година дена така некако мислев дека испадна, ама ете сум згрешил некаде
     
  12. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    166
    195
    3 Јануари 2019
    Машко
    До сега имам вратено данок од неколку држави. Процедурата е секаде иста, единствена разлика е во процентот што го добиваш како повраток на данокот.

    1. Германија:

    Барем ја од државите кај што сум купувал, Немците враќаат најголем процент на данок. Од Германија, во два наврата имам купувано фото опрема и нешто облека. Од сите продавници кај што сум пазарел било со Global Blue.

    Пред една недела купив Sony Alpha 7 Mark 2 од Сатурн. Цената на производот беше, 1259 евриќи, процентот на данок кој го враќаат е за овој вид на роба е 12%.

    Чекор 1: Фино културно кога ќе завршиш со плаќањето на каса, идеш на инфо деск каде што ти даваат плик и формуларче што треба ти да си го пополниш.

    Чекор 2: Кога ќе ти е средена цела документација, на излез од ЕУ (ако си со кола) или на Аеродром бараш од царина да ти заверат дека производите ги изнесуваш од ЕУ.

    Чекор 3: За да си ги вратиш парите имаш три опции:
    1. Директно на Аеродромот, ако има канцаларија на Global Blue (или друга фирма посредник). Обично зимаат ситна провизија од 3-5% во зависиност колкава е сумата.
    2. Испраќање на чекот по пошта (бесплатно е). (ја немам испробано оваа опција)
    3. Има неколку менувачници во Скопје кои враќаат данок. Истата провизија како да си ги подигнал парите од free-shop или од официјана канцаларија.
    4. Да се вратиш во продавницата (било која од нивниот ланец) за одредено време. (ја немам испробано оваа опција)

    Финалниот чекор: Си купуваш пиво и по стандард се жалиш дека цените кај нас е неразумни.

    2. Полска:

    Сосема истото е како од Германија. Но парите мислам дека не ги враќаат во Македонија - или пак курсот е премногу лош, зашто ти се конвертира од злоти во евра, од евра во денари.

    Лани кога купив слушалки, знам дека Пољаците ти бараат да им дадеш пасош и они ти го пополнуваат форумуларот. Јас со мене не го носев пасошот и документот беше на име на другарче, па затоа и не успеав да си ги вратам парите. (Не беше голема сума 6-7 евра).

    3. Грција:

    Соесема исто како се горе. Сем што у Грција, многу помал е процентот на данок што се враќа.

    4. Во сите држави низ ЕУ е истата процедура. Освен во Бугарија кај што си имаат нивен систем за повраток на данок.
     
    На Oktar и bxxxn им се допаѓа ова.
  13. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,324
    9,666
    23 oктомври 2012
    Машко
    Да не цитирам, вака ке пишувам како ке ми текнуваат стварите.
    Не е точно дека Грција враќа помалку, данокот е различен во грција и во германија. ВАТ во Германија е 19% додека во грција е 24%, барем за електроника, имаат исклучоци како и кај нас, али тл,др кога користите Глобал Блу, преедноставно е да утврдиш колку ке ти вратат. На нивниот сајт има калкулатор и не, не е процент, туку е табела од толку до толку враќаме толку пари. Зарем не сте ја виделе во тоа тефтерот кога пополнуваат? Иначе, бидејки данокот во грција е повисок, доколку истиот апарат си го нашол за иста цена во грција ке си добиел поголем поврат, од проста причина што данокот е поголем. Доказ во прилог:
    Screenshot 2019-09-21 at 22.10.37.png Screenshot 2019-09-21 at 22.12.47.png

    Мислам дека од ова тука е јасно како иде со глобал блу. Парите се подигаат од менувачницата во трговачки центар, таа кај нино и ти ја враќаат сумата која ти ја дава калкулаторот нема провизија нема ништо, затоа што они ке земат провизија од Глобал Блу.
    Закључок: Глобал блу, преферирана опција, калкулатор, табела, не барај процент, не му ја мисли имаш калкулатор.

    Другата опција со посредник е Премиер. Премиер се малку попедери. Се е исто од процедура, застапник за нив е мењачницата во трговачки, глобал екс се вика, во пролазот кај казниото. Е тие зимаат провизија на тоа твојот дел. Мислам дека беше 1.5 евра или две. Ама секако е поприфатливо од најлошата опција, да бараш пари на фришоп на грчка граница. Таму провизијата е 3 или 4 евра или без провизија ако таксфрито го потрошиш кај нив.
    Во секој случај, провизијата на фришопот и на мењачницата е фиксна сума, не е процент од твоите пари.

    Најдобрата опција е да продавницата нуди целосен поврат со враќање кај нив. Така се добива целата сума од данокот, ама тоа значи и дека треба да идеш до таму пак. Има некои што прифаќаат да им пратиш скен и да ти уплатат на трансакциска, ама ретки се. И ова обично го прават продавници кај кои ке потрошиш позначителна сума.

    Некои продавници работат со глобал блу до некоја сума после тоа нудат целосен поврат кај нив, за поситни суми едноставно превише замарање им е со државата за поситни суми, а на поголеми ке се позамараат затоа што така ке имаат поатрактивна понуда за купувачот. Ќар за сите.

    Бугарија имаат своја фирма за поврат на ддв а сега имаат и грците некоја нова таква, мада мислам дека не е грчка. Во бугарија таа фирма сега мислам дека е единствена опција, нема веќе глобал и премиер, а кај грците постојат сите три фирми. И бугарската и грчката исплаќаат во глобал екс во трговачки.

    Што се однесува до бројот на листиќи, две копии се и едната е со големи букви обележана кастомер копи, таа е копија за тебе и другата е за менувачницата. Ако некогаш сакаат да ти земат некој копија, не им ја давајте оригиналната! Инаку не им треба копија на нив, освен унгарците, они ти бараат да направи фотокопија од документот и од сметката и од... никогаш незнаеш кај нив како ке поминеш али убедливо се најтиња ко од џеб да ги вадат парите, кај нив секогаш сум заглавувал. Секогаш! Ми се има случено на грчка граница само да ми побараат да ми го евидентираат листот за такс фри, кај нив у тефтер затоа што беше повисока сума, ама не ми го зедоа листот, затоа што нема копија за нив таму.

    Што се однесува до висината над која даваат такс фри, таа зависи од земјата не од продавницата, неможе продавачот сам да си одреди. За германија е 25 евра (или 20) и е најниска, за грција е 50 евра, до лани беше 110, за бугарија е 150 евра итн итн итн...
    Screenshot 2019-09-21 at 23.54.09.png Screenshot 2019-09-21 at 23.54.19.png

    Како што може да се види од сликите, минималната сума не зависи од продавницата.

    Околу коментарот дека ако земаш такс фри немаш гаранција... ок, тогаш и земјата е рамна.
    Околу муабетот за заработката на продавачот... каква врска има данокот со заработката, продавачот одредува цена на производот со сите негови трошоци и заработка и на сето тоа се додава данокот и таа е цената што ја добива крајнииот купувач, а повратокот на данокот неможе да е повисок од самиот данок п да продавачот оди во була.

    Околу математиката како се пресметуваат проценти, не би се навраќал на ова по 23ти пати, сеуште сум во шок што проста математика и работа со проценти е толкава мистерија на ајти форум.

    Околу правата и обврските, продавачот нема обврска да врши повраток на данок, да повториме нема обврска! Тоа е поволност што се нуди на нерезиденти на земјата бидејки тие не живеат во таа земја и не мора баш сите даноци да ги платат а воедно и продавачот со нудење на таква опција која е на терет на државата а не на негов ,дава поповолна понуда за купувачот од некој кој не нуди такс фри. Вин-вин ситуација.

    Искуства има секакви, на пример во H&M во космос не даваат такс фри, а во центар даваат. Ваљда е нешто од техничка природа, а ако се фини ке ти речат со сметаката да појдеш во центар и таму ке ти дадат. Ми се десило и да прашам и да ми потврдат дека има такс фри и кога ке види пасош македонија нагло да се расипе системот а после мене србите да немаат таков проблем.
    Генерално, посебно за поголеми суми, сите ке сакаат да ти завршат работа.

    Правило на палец, rule of thumb, кога си некаде во продавница, ја гледаш цената и рачунај грубо околу 11% од вкупната цена, а ако е позначителна сумата, 12-13%. За точна сума, ке си провериш со глобал/премиер и остали.

    Тоа е тоа што ми текна додека пишував и затоа реков дека има многу грешни изјави погоре, најголем дел се паушални, а за поголем дел од работите си има точна математика и пресметка која не е тешко да се разбере а остатокот е од искуство, а нормално и дека има варијации.

    Препорака, немојте да барате такс фри од унгарски цариници, болна процедура е тоа кај нив.

    Едит: Сега ми текна, и бугарите бараат копија.
     
    Последна промена: 22 Септември 2019
    На omegaRED, Speedster, Sharlovski и уште 10 други им се допаѓа ова.
  14. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    166
    195
    3 Јануари 2019
    Машко
    @Oktar - always for the win.

    Обично од Грција стварите што јас сум ги купувал биле поевтини, па можеби и затоа имам импресија дека се враќа помалку пари.

    Инаку, на аеродромот во Берлин во канцалариајта што е на Global Blue - вработената ми кажа дека ако повратокот на данок е над 100 (или 120 евра) не се плаќа фиксна сума, туку 5% од сумата што треба да ти се врати. Нормално, тоа доколку сакаш одма да бидеш исплатен во кеш. Ма да мислам дека тебе ова што го кажа се однесува на Premier.

    Ова го кажувам бидејќи, вработената ми кажа дека 5% ќе ми одземат и наместо 144 ќе бидам исплатен 137 евра. А доколку сум сакал сите 144 може уплата на картичка или да го пратам пликот.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,324
    9,666
    23 oктомври 2012
    Машко
    Возможно е, глобал блу работат преку застапници и можно е тие да си вовеле некоја тарифа плус или па да имаат поинаков договор со нив. Постојат варијации, последен пат од глоабл блу земав точно 100 евра и немав провизии и не сум имал никогаш досега.
    Инаку сум ја користел и опцијата со праќање пликоа, и само од грција не ми вратиле пари, а сите други ми уплатиле на трансакциска.

    Побитно, како е животот со ФФ и што имаше претходно? Мене ми се виде како забележителен скок, ама незнам дали е до толку од сензорот или е до Л леќите? Типувам дека е повеќе до срчата.
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    166
    195
    3 Јануари 2019
    Машко
    Уште го немам расчепкано целосно. Не знаев како се подесува F-Stop до вчера, па после прочитав дека копчето било напред. :confused:

    Претходно имав D3200 со кит-ленс, 50мм 1.8г и Sigma 10-20 f/3.5. Мисам дека ти се видело како забележителен скок дека повеќето слики што ги имам ставано претходно беа во темата за слики со мобилен хаха.

    Али за разлика од D3200 е ненормален-добар upgrade, 14-бит raw, автофокусот е каде-каде, low-light... Мислам дека ми беше најдобриот избор за вовед у ФФ.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...