1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Официјална тема за помош и дискусија за програмирање

Дискусија во форумот 'PHP, ASP, JSP (JavaServer Pages)' започната од Pulse, 30 oктомври 2016.

  1. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,186
    1,221
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    неможам да сватам каде грешам, сакам да ги изберам сите записи што се запишени во тековниот месец.
    PHP:
        $dates = array();
        for(
    $i 1$i <= date('t'); $i++){
          
    $dates[] = date('Y') . "/" date('m') . "/" str_pad($i2'0'STR_PAD_LEFT);
        }
        
    $getSalesMonth $db->queryAll('SELECT `quantity`, `total_price` FROM `sale` WHERE `store` = \'' $this->location '\' AND `date` IN ("' implode(','$dates) . '")');
    ми враќа 0 резултати а сигурен сум дека во табелата има резултати овој месец.
    знам дека во IN вредностите треба да бидат во наводници но дали треба да бидат
    ('2017/05/05','2017/05/04')
    или
    ("2017/05/05,2017/05/04")
     
  2. mrce

    mrce
    Intern

    172
    24
    2 ноември 2009
    pa majstore vidi koj format se koristi: select distinct `date` from sale
    inace e ('{date}','{date}')
     
  3. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,186
    1,221
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    форматот на датите мислиш? Y/m/d е секогаш.
     
  4. pLaToOn

    pLaToOn
    Gaining Experience

    227
    189
    24 Јануари 2012
    Машко
    Зошто користиш IN а не споредуваш со < и > ? Ако споредуваш со IN можеби треба да споредуваш во формат yyyy-mm-dd а ако е datetime тогаш и времето треба да се додаде па и ако е 0 (yyyy-mm-dd 00:00:00).

    ....
    ('2017/05/05','2017/05/04')
    или
    ("2017/05/05,2017/05/04")

    првото 100%
     
  5. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,186
    1,221
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    временска определба по часови нема, и форматото секогаш ми е Y/m/d. Да седнам на компјутер па ќе видам што сум напраил.

    едит:
    незнам зошто си тупам мозокот да ги вртам сите дати во тековниот месец. еве чиста работа.
    ма знаете насабајлечки поубаво се размислува.
    $first_day = date('Y/m/') . '01';
    $last_day = date('Y/m/t');
    и во кверито додавам WHERE `date` BETWEEN '$first_day' AND '$last_day' :)
     
    Последна промена: 8 Мај 2017
  6. pLaToOn

    pLaToOn
    Gaining Experience

    227
    189
    24 Јануари 2012
    Машко
    Апсолутно, не ти треба IN, туку <>, BETWEEN и сл. Оптимално во твојот случај, пошто е за тековен месец ти треба само >= од date('Y/m/') . '01' ... еден оператор помалку, штеди процесор :) Зошто воопшто би додавал краен датум кога тој е секогаш од тековниот месец? :)
     
  7. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,186
    1,221
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    затоа што тековниот месец е case default другиве можеш да избереш за кој месец сакаш :)
     
  8. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,186
    1,221
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Може ли некој да ми посочи JS/JQuery плагин за принтање што ќе ги задоволи овие барања и да ми даде совет како да оптимизирам форма во која ќе има вредности што треба да се испринтаат на А5 формат НО ВО точни координати на листот.
    Дека листовите што ќе се користат имаат веќе принтани полиња, сакам наместо рачно да се пишуваат, од компјутер да се принтаат.
     
  9. Andrejrulz

    Andrejrulz
    Gaining Experience

    55
    59
    14 oктомври 2014
    Машко
    JavaScript Developer
    А да си исцрташ ти еден canvas со JavaScript? Имам искуство со креирање пдф од канвас, и внесување текст по твои потреби, права ствар... до милиметар си местиш каде што да ти биде.

    How can I write text on a HTML5 canvas element?
    Drawing text
     
    На Pulse му/ѝ се допаѓа ова.
  10. icemaher

    icemaher
    Intern

    28
    15
    27 Мај 2009
    Машко
    Ако овој пост е на погрешно место се извинувам, преместете го.
    Отворив вордпрес сајт со инфо за филмови и серии и имам волја истиот да го работам но барам една помош која ќе ми ја олесни работата.
    Постот ги содржи сите битни иформации и секако најбитните - улоги. Нив буквално ги копирам од имдб.
    Она што ми треба, видете од сликата е втората колона (вертикала):

    ulogi.png
    е пред да го внесам копираното, со помош на некоја апликација или што и да треба, сите улоги да бидат линкувани НЕ кон имдб како што тоа обично оди кога ќе копираш од таму, туку кон мојот сајт, со тоа што исто како да си извршил пребарување за тој актер.

    ime na sajtot ?s=Martin+Scorsese

    значи целата колона одеднаш да добие свој линк, и каде што има празно место или точка зад името да стави +, а каде што има - да си остане цртка.

    http://blockbuster.rs/?s=Nikolaj+Coster-Waldau (овој сајт како пример само како би изгледал линкот)
    ?s=Martin+Scorsese Martin Scorsese
    ?s=D+B+Weiss D. B. Weiss

    Со тоа во постот внесувам со ист изглед табела како што изгледа на имдб, но актерите(само актерите) се кликабилни, и со самиот клик врз нив те води на постовите кои го содржат неговото име. Дали е возможно ова?

    Свесен сум дека понекогаш ќе се појавуваат исти имиња на актери(имдб си ги означува со ID), и ќе има збунување, но тоа е. Подобро решение е да креирам своја датабаза, секој актер да си има свој ид, ама тоа се многу заебанции.
     
  11. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,186
    1,221
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    за ЧНМ:
    ова со пребарувањето сигурно може да се среди, wordpress си има search опција, пробај искористи ја истата. За кликањето на актерите, тебе те води кон imdb затоа што при самото копирање од таму, ти го пастираш во wysiwyg едитор и ти се копира и линкот.
    -------
    дали постои некое решение за проблемов...
    Се работи на Unity апликација која зема информации од API напишано во PHP. Се е во ред, си работи, но проблемот настанува кога апликацијата ќе се експортира во веб верзија(WebGL) и барањата од апликацијата се гледаат во Console на browser-от.
    Пример: domain.com/api?set=user&table=test итн итн...
    Моментално најдов солуција со htaccess(password protected directory), но при секое вчитување од API-то треба да се испраќаат логин информациите, со тоа што се успорува апликацијата.
     
    Последна промена: 5 Септември 2017
  12. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,186
    1,221
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Што е штосот со џејкверито?
    HTML:
    jQuery:
    на кое било поле да изберам дата, форм ми е пополнето со form-1.
    знам дека дуплирање на ИД не е практика и не е добро, но така се погоди.
    не сваќам каде грешам, навидум логички е вака, а не работи :D
     
  13. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,497
    2,512
    14 Мај 2008
    Машко
    $("input[id=select]").datepicker(blabla) функцијата се извршува само на првиот елемент од селектираната низа. За да ја извршиш таа функција за сите, ти треба $("input[id=select]").each(function(index, element) {$(element).datepicker(blabla)})

    Нормално, се ова ќе профункционира океј само откако ќе се отарасиш од дупликатите и ќе ги претвориш во класи на пример.
     
    На Pulse му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,186
    1,221
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Да ја банмпнам темава,
    постои ли веќе готов снипет за превод од бројки во зборови на мк.
    најдов нешто на енг но треба доста да се промени во алгоритмот за да биде како што треба.
    јазик: јаваскрипт(фронт) или пхп(бек)
    пример: внесуваш 23.512
    ти принта: дваесет и три илјади петстотини и дванаесет денари.
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,393
    25,027
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Ај пингај ме попладне да проверам, да не те заборавам
     
    На Pulse му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,186
    1,221
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,393
    25,027
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Ова го имам, се надевам ќе ти заврши некаква работа.
     

    Прикачени датотеки:

    На Pulse му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Frozen.

    Frozen.
    Gaining Experience

    93
    82
    4 oктомври 2015
    Машко
    Кога веќе сте ја отвориле темата, да Ве прашам дали користите JSON кога враќате некаков резултат од страна на back-end-от, дали местите Headers, и сл. чисто ме интересира како останатите го прават ова.
     
  19. Frozen.

    Frozen.
    Gaining Experience

    93
    82
    4 oктомври 2015
    Машко
    Работи до негде, пример за 123 дава "сто дваесет денари 00 дени" односно последната едница (три) не ја испишува и додава 00 дени.
     
  20. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,186
    1,221
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    во повеќето случаеви кога се работи за поголема дата-трансфер, практикувај ЈСОН.
    ако ти е само симпле проверка, постои/не постои/тру/фолс, нема потреба.
    во пхп пример иде вака:
    Код:
    <?php
    header('Content-Type: application/json');
    $value = array(1,2,3,4,5);
    echo json_encode("IDs" => $value); // itn itn.
    ?>
    
    топ, си работи, само на #14 имаш 2 запирки што крашнуваат, и на #30 ми дава
    Notice: Undefined index: денари in C:\xampp\htdocs\NumToString.php on line 30
    поточно на ова
    if ($i2>1) $out[]= $tens[$i2].' '.$ten[$gender][$i3]; # 20-99
    а резултатот го дава како што треба.
    бтв сумата секогаш ќе ми биде цел број, дека имам додадено +-0.5 порамнување.
     
    На Frozen. и Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  21. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,393
    25,027
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Супер! Испегалј го како ти треба и терај...
     
    На Pulse му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,186
    1,221
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    благодариме, се надевам и на некој друг ќе му користи ова.
    викендов ќе го испеглам, има да вришти :D правам некоја сметководствена програма и ова е неопходно.
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  23. pecko95

    pecko95
    Gaining Experience

    91
    66
    5 Април 2018
    Машко
    Видов дека била активна темава скоро, па си викам тука да прашам за мислење...

    Што се однесува на front-end веб програмирање, дали и колку треба познавање од алгоритми и дата структури? Во план ми е во секој случај да пројдам низ тоа малку по темелно подоцна, ама поконкретно ми е прашањево за дали воопшто е потребно по темелно познавање за да усепам да добијам пракса, па дури и работа во некоја компанија тука кај нас? Инаку self-taught сум, немам ИТ диплома.
     
  24. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,186
    1,221
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    за фронт-енд не многу, но пак "логиката" треба да ти работи.
    пример во бутстрап треба да знаеш да собереш редици-контењери и сл. со вкупна должина 12 :D :D
     
    На pecko95 му/ѝ се допаѓа ова.
  25. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    885
    1,059
    9 Јуни 2011
    Машко
    Види, алгоритмите се во принцип основа на било кое програмирање.
    Гледај на тоа како азбуката за зборување.

    Во кој програмски јазик и да земеш на програмираш, потребно е она што го викат "програмерска логика" или такозвано алгоритимаско размислување, за да знаеш како да му пристапиш на проблемот, како да го разделиш, како најефективно да го имплементираш и други работи поврзани на тема.

    Она што е денес овозможено со сервиси како Wordpress и слични со drag-n-drop решенија, избирање и користење готови Теми... тоа да не се лажеме, не е програмирање, тоа е повеќе дизајнирање на сајтот/сервисот како сакаш да ти изгледа.

    Поправете ме ако грешам, ама јас така го гледам ова.
    Е сега ако имаш пристап до source-kodot на што и да работиш и од таму правиш измени - тоа е програмирањето.

    Е сега за фронт-енд веројатно не ти треба толку длабоко размиславање и креирање на релации, бази, тригери, имплементација со 3-rd party apps, но пак би ти било фино да знаеш да размислуваш програмерски/аналитички и да знаеш како да ги поделиш колоните, како тоа би изгледа на мобилен/таблет и слично.

    Најтопол совет до сите идни програмери кои го читаат ова:
    Ако сакате да бидете (добри) програмери а сте пример решени да бидете фронт-ендаши, поминете барм еден месец во учење од онлајн бесплатни курсеви/туторијали за како функционира бекендот и како да научите да кодирате, научете да размислувате логички, наместо да нафрлате елементи на позадина и да ги подредувате. (No offense)
     
    Napoli, Fatal1ty_, pecko95 и на уште 1 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...